меѓународни награди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Dec 2021 13:05:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународни награди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трпчески со номинација за Меѓународните награди за класична музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/#respond Mon, 13 Dec 2021 13:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=607829

Во три етапи, жирито ги соопшти номинираните во секоја од 16-те категории за влез во Салата на славните на Меѓународните награди за класична музика - ИЦМА (ICMA – International Classical Music Awards). Меѓу трите проекти номинирани во категоријата „разновидна програма“ е и последниот компакт диск на кој македонскиот пијанист Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович, а што во мај годинава го издаде престижната британска етикета „Лин Рекордс“. Во изјавата за Македонското радио по повод ова издание, Симон Трпчески тогаш појасни: -Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со „Лин Рекордс“, Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава и романскиот диригент Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција, како и првиот трубач на овој оркестар - Андреј Кавалински од Белорусија, на моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност.“ – рече тогаш Трпчески. Имињата на добитниците на наградените ќе бидат соопштени на 18 јануари, а признанијата на лауреатите ќе им бидат врачени на свеченоста во Луксембуршката филхармонија на 21 април наредната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/feed/ 0