меѓународни патувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Jul 2020 08:41:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународни патувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Да се укинуваат мерките за меѓународни патувања, да се одредат приоритети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-ukinuvaat-merkite-za-megjunarodni-patuvanja-da-se-odredat-prioriteti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-ukinuvaat-merkite-za-megjunarodni-patuvanja-da-se-odredat-prioriteti/#respond Fri, 31 Jul 2020 08:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=384154

Светската здравствена организација (СЗО) им порача на земјите ширум светот дека треба постепено да ги укинуваат мерките за меѓународни патувања, врз основа на темелна проценка на ризикот, и тој приоритет треба да им се даде на итни случаи. СЗО препорача приоритет да се даде на патувања поради итни случаи, хуманитарни активности, патувања на неопходен персонал и враќање во матичната земја. Зголемувањето на бројот на заразени лица во многу делови на светот ги принуди многу земји да воведат ограничувања во патувањата. СЗО сега ги повикува сите земји да направат свои анализи за корист и ризик и да постават приоритети, пред да продолжат со меѓународните патувања. Агенцијата на ОН наведува дека, при донесувањето одлуки, државите треба да ја земат предвид епидемиолошката состојба на локално ниво и начинот на пренесување, националното здравство, како и социјалните мерки кои се во сила. СЗО додава дека доколку земјите одлучат да ги стават во карантин сите патници при пристигнувањето, тоа мора да го сторат откако ќе го проценат ризикот и ќе ги земат предвид локалните околности. СЗО исто така предупредува дека не постои „нулта ризик“ кога се разгледува можноста за увоз или извоз на случаи на коронавирусот во меѓународните патувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-da-se-ukinuvaat-merkite-za-megjunarodni-patuvanja-da-se-odredat-prioriteti/feed/ 0