меѓународно право – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Sep 2022 05:10:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународно право – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчко МНР: Доколку има потреба Грција ќе ги брани своите законски интереси и права https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-dokolku-ima-potreba-grcija-kje-gi-brani-svoite-zakonski-interesi-i-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-dokolku-ima-potreba-grcija-kje-gi-brani-svoite-zakonski-interesi-i-prava/#respond Thu, 29 Sep 2022 05:35:38 +0000 https://kurir.mk/?p=738792

Грција нема никакви претензии кон Турција и е за дијалог врз основа на меѓународното право. Меѓутоа, доколку се појави потреба, ќе ги брани своите законски интереси и права, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во врска со состанокот на Советот за национална безбедност на Турција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР велат дека „Турција има целосно право со секое законско средство да ги брани своите интереси, под основен услов да ги прифати правилата на меѓународното право“. -Сепак, нема никакво право флагрантно да го прекршува меѓународното право и да ѝ се заканува на Грција со војна (casus belli). Грција нема никакви претензии кон Турција и е за дијалог врз основа на меѓународното право. Меѓутоа, ќе ги брани своите законски интереси и права доколку се појави потреба, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција. Реакцијата од грчкото МНР е по одржаниот Совет за национална безбедност на Турција свикан од претседателот Реџеп Таип Ердоган, на кој се разговарало и за односите со Грција, а според соопштението од турската страна било истакнато дека нема да се воздржуваат „од употреба на секакви легитимни методи и средства во рамките на меѓународното право за заштита на правата и интересите на земјата“ и ги повикуваат „да се вразумат круговите кои ја охрабруваа Грција да ги вооружи островите со демилитаризиран статус“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-dokolku-ima-potreba-grcija-kje-gi-brani-svoite-zakonski-interesi-i-prava/feed/ 0
Лавров: Западот наметнува правила и го менува меѓународното право https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-zapadot-nametnuva-pravila-i-go-menuva-megjunarodnoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-zapadot-nametnuva-pravila-i-go-menuva-megjunarodnoto-pravo/#respond Mon, 28 Jun 2021 08:57:55 +0000 https://kurir.mk/?p=528808

Западните земји ги наметнуваат своите правила за замена на постојните инструменти на меѓународното право и со тоа потврдуваат дека се обидуваат да го „укинат законот“ на светската политичка сцена, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во авторска статија објавена во руските весници „Комерсант“ и „Глобал аферс“. – „Убавината на овие правила“ на Западот е што тие немаат специфична содржина. Кога некој постапува спротивно на волјата на Западот, тие веднаш возвраќаат со неосновани обвинувања, без докази за „кршење на правилата“ и се повикуваат на правото за „казнување на прекршителите“. Колку се помалку специфични обвинувањата на Западот, тие се послободни да извршуваат произволни потези и да применуваат валкани тактики како форма на притисок врз нивните ривали. Во текот на 90-тите години на минатиот век, во Русија, ние тоа го нарекувавме „потчинување (газење) на правата“, наведува Лавров. На владите на западните земји не им се допаѓа тоа што Москва се залага за земјите кои станаа жртви на западните политички коцкања, вели Лавров, потсетувајќи дека Западот ја обвинува Русија за „агресивно однесување“ во многу делови на светот. Според него, Русија и Кина се опишани како „авторитарни сили“ и главна пречка за реализација на плановите наведени за време на самитот во јуни, пренесува агенцијата ТАСС. Министерот за надворешни работи на Русијаистакнува дека Западот намерно ги избегнува правните норми и ги исклучува од правилата што наводно треба да се следат, но не дава валидни објаснувања зошто треба да се следат ваквите правила на Западот од други. „На крајот, сè уште има илјадници универзални меѓународни правни инструменти кои утврдуваат јасни обврски на секоја држава и транспарентни механизми за проверка на нивното спроведување“, заклучи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во авторскиот текст објавен од „Комерсант“ и „Глобал аферс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-zapadot-nametnuva-pravila-i-go-menuva-megjunarodnoto-pravo/feed/ 0
Британија очекува Кина да се придржува кон меѓународното право https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ochekuva-kina-da-se-pridrzuva-kon-megjunarodnoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ochekuva-kina-da-se-pridrzuva-kon-megjunarodnoto-pravo/#respond Mon, 06 Jul 2020 15:37:37 +0000 https://kurir.mk/?p=370129

Велика Британија очекува дека Кина ќе се придржува кон меѓународното право, изјави денеска портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон на прашањето што ќе преземе Лондон ако Пекинг ги спречи луѓето во Хонгконг кои имаат британски прекуморски статус (БНО) да го напуштат. Британија понуди пат до државјанство за околу три милиони луѓе во Хонгконг, нејзина поранешна колонија, откако соопшти дека Кина ги прекршила условите на договорот за примопредавање од 1984 година со наметнување на новиот закон за безбедност. – Веќе одредивме што ќе обезбедиме за БНО… Очекуваме Кина да ја сфати важноста на придржувањето кон меѓународното право, нагласи портпаролот на Џонсон. Тој повтори зошто Британија ги преземала соодветните чекори. – Усвојувањето и наметнувањето на законот за национална безбедност претставува јасно и сериозно кршење на заедничката декларација, односно се крши високиот степен на автономија на Хонгконг, додаде портпаролот на британскиот премиер. Претходно, кинескиот амбасадор во Лондон, Лиу Џиаоминг ја обвини Велика Британија дека се меша во внатрешните работи на Кина и дава несоодветни приговори откако во Пекинг беше усвоен законот за национална безбедност. Лиу, меѓу другото, наведе дека понудата на Британија да им даде државјанство на жителите на Хонгконг е „чекор што претставува сериозно мешање во внатрешните прашања на Кина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-ochekuva-kina-da-se-pridrzuva-kon-megjunarodnoto-pravo/feed/ 0