меѓународна мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 12:28:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меѓународна мрежа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката полиција во соработка со македонската разби меѓународна мрежа за трговија со дрога – запленети над 100 килограми кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-vo-sorabotka-so-makedonskata-razbi-megunarodna-mrezha-za-trgovija-so-droga-zapleneti-nad-100-kilogrami-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-vo-sorabotka-so-makedonskata-razbi-megunarodna-mrezha-za-trgovija-so-droga-zapleneti-nad-100-kilogrami-kokain/#respond Wed, 10 May 2023 12:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=832719

Грчката полиција во соработка со колегите од Северна Македонија и канцеларијата на американската служба за борба против дрога во Атина, разби меѓународна криминална организација за трговија со дрога и заплени над 100 килограми кокаин во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од полицијата во Солун денеска на прес конференција соопштија дека во Грција уапсени се десет лица, запленети се 104 килограми и 665 грама кокаин, како и 280.000 евра. Кокаинот во Солун пристигнал од Латинска Америка, скриен во специјални делови во контејнер со банани, а од пристаништето бил пренесен во магацин што го користеле членовите на криминалната мрежа. Грчки полициски извори за МИА брифираат дека токму од магацинот, дел од дрогата требала да стигне во Северна Македонија, а веројатно од таму да се испрати во други европски земји. Неофицијално, како што дознава МИА, паралелна акција била спроведена кај нас и уапсени се четири лица поврзани со фиктивна фирма која требала да го преземе кокаинот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-vo-sorabotka-so-makedonskata-razbi-megunarodna-mrezha-za-trgovija-so-droga-zapleneti-nad-100-kilogrami-kokain/feed/ 0