мекдоналдс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jul 2023 06:49:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мекдоналдс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мекдоналдс плати 800.000 долари отштета за изгореница од детски „Хепи мил“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-plati-800-000-dolari-otshteta-za-izgorenitsa-od-detski-hepi-mil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-plati-800-000-dolari-otshteta-za-izgorenitsa-od-detski-hepi-mil/#respond Fri, 21 Jul 2023 06:49:56 +0000 https://kurir.mk/?p=858620

Судот на Флорида (САД) пресуди дека „Мекдоналдс“ мора на осумгодишно девојче да му плати отштета од 800.000 долари, откако таа се здобила со тешки изгореници кога парче пилешко од посебниот „Хепи мил“ (среќен оброк) ѝ паднало на ногата. Несреќата се случила 2019 година, кога тогаш четиригодишната Оливија Карабало го отворила својот оброк во автомобил во возење. Нејзиното семејство бараше отштета од 15 милиони долари, а судот во мај утврди дека „Мекдоналдс“ е одговорен за повредата на девојчето. Беше покажано и дека девојчето има лузна од изгореницата, како и фотографии од „нејзиното врескање во тој миг“ и дека тужителите сакаат тоа да исчезне, т.е. да се отстрани белегот. Адвокатскиот тим на семејството изјави дека „оваа одлука е значајна“. - Среќна сум што Судот го слушна гласот на Оливија и што поротата успеа да донесе правична пресуда, изјави мајката на девојчето, Филана Холмс. Адвокатите на „Мекдоналдс“ пред Судот тврдеа дека семејството треба да добие 156.000 долари, бидејќи, како што велат, девојчето имало болки „само три недели“, по што раната ѝ зараснала и оти таа сè уште оди во нивните ресторани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-plati-800-000-dolari-otshteta-za-izgorenitsa-od-detski-hepi-mil/feed/ 0
Дали знаете за што служат испакнатините на капаците од чашите на Мекдоналдс? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaete-za-shto-sluzhat-ispaknatinite-na-kapatsite-od-chashite-na-mekdonalds/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaete-za-shto-sluzhat-ispaknatinite-na-kapatsite-od-chashite-na-mekdonalds/#respond Fri, 26 May 2023 10:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=839011

Дали некогаш сте се запрашале за што служат испакнатините на капаците на чашите на Мекдоналдс? Тие имаат јасна улога за која многумина не размислувале. Обожавателите на овој популарен ланец за брза храна беа изненадени откако ја дознаа вистинската функција на овие испакнатини. Имено, тие служат за означување кој пијалок се наоѓа во вашата чаша. Поконкретно, тие покажуваат дали чашите содржат стандардна Кока Кола, Зеро или диетална Кока Кола. Иако на клиентите не им значи многу, оваа карактеристика многу им помага на вработените да знаат кои пијалоци им ги даваат на клиентите. Некои луѓе беа заинтересирани за тоа како вработените одредуваат кој дел го притиснат. Наводно, испакнатините ги претставуваат броевите еден и два. Ако се притисне само една испакнатина, тоа значи дека треба да се служи диетален пијалок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-znaete-za-shto-sluzhat-ispaknatinite-na-kapatsite-od-chashite-na-mekdonalds/feed/ 0
„Мекдоналдс“ во Белорусија се преименува во „Мек.би“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-vo-belorusija-se-preimenuva-vo-mek-bi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-vo-belorusija-se-preimenuva-vo-mek-bi/#respond Wed, 19 Apr 2023 07:04:59 +0000 https://kurir.mk/?p=825287

Рестораните што претходно работеа под брендот „Мекдоналдс“ во Белорусија ќе бидат преименувани во „Мек.би“, соопшти тамошната компанија. Инаку, белорускиот одгранок го задржува пристапот до рецептите, а со тоа и се оддалечува од новиот бренд во соседна Русија, коментираат познавачите. Имено, сите 25 ресторани на „Мекдоналдс“ во Белорусија, управувани од фирмата-носител на лиценцата, „КСБ Виктори ресторантс“, требаше да бидат преименувани во „Вкусно & точка“ - наследник на рестораните на „Мекдоналдс“ во Русија, но се чини дека тој договор пропадна. Во ноември, американската фирма објави дека веќе не е можно да продолжи да работи во Белорусија, пред сѐ - поради големи проблеми со снабдувањето. „Како резултат на тоа, носителот на лиценцата ќе престане да работи како 'Мекдоналдс' и повеќе нема да го носи името на нашата марка или да служи на нашето мени“, соопшти „Мекдоналдс“. Белорускиот претседател Александар Лукашенко се приклучи на процесот на преименување со негови предлози во март, иако претходно изрази презир кон американскиот бренд, пренесуваат западните медиуми. - Ние самите треба да го правиме она што го правеше 'Мекдоналдс', уште подобро, затоа што претпоставувам, имаме некој што може да пресече лепче на два дела и да стави парче месо, компири и салата?!, рече тој. Од друга страна, со користењето на името „Мек.би“, белоруската компанија задржува одредено признание кон оригиналниот бренд. Во Русија не беше дозволено новиот синџир угостителски објекти да го користи зборот „Мек“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-vo-belorusija-se-preimenuva-vo-mek-bi/feed/ 0
Мекдоналдс се обврза подобро да ги штити вработените од сексуално вознемирување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-se-obvrza-podobro-da-gi-shtiti-vrabotenite-od-seksualno-voznemiruvane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-se-obvrza-podobro-da-gi-shtiti-vrabotenite-od-seksualno-voznemiruvane/#respond Wed, 08 Feb 2023 13:16:52 +0000 https://kurir.mk/?p=797918

Мекдоналдс беше принуден да потпише договор со ветување дека подобро ќе ги заштити своите вработени откако синџирот за брза храна беше погоден од „епидемија“ на тврдења за сексуално вознемирување во Велика Британија. Според правно обврзувачкиот договор со Комисијата за еднаквост и човекови права, шефовите на компанијата за брза храна во Британија ветија дека ќе разгледаат повеќе од 1.000 поплаки од персоналот за однесувањето на работното место, објави Тајмс. Комисијата постигна договор со рестораните на Мекдоналдс според Законот за еднаквост од 2010 година, кој вклучува обврска за обука на вработените за спречување на вознемирување и воведување обука за менаџерите за да ги идентификуваат областите на ризик и да преземат чекори за спречување на сексуално вознемирување. Договорот, објавен денеска, доаѓа речиси четири години откако претставници на синдикатот тврдеа дека добиле извештаи за „токсична култура“ во филијалите на Мекдоналдс во Велика Британија, при што најмалку 1.000 жени тврдеа дека биле малтретирани од колегите. Мекдоналдс е еден од најголемите работодавци во Велика Британија со повеќе од 120.000 вработени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-se-obvrza-podobro-da-gi-shtiti-vrabotenite-od-seksualno-voznemiruvane/feed/ 0
McDonald’s во Швајцарија почна да прифаќа биткоин https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mcdonald-s-vo-shvajcarija-pochna-da-prifakja-bitkoin/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mcdonald-s-vo-shvajcarija-pochna-da-prifakja-bitkoin/#respond Fri, 07 Oct 2022 09:22:20 +0000 https://kurir.mk/?p=742302

Фондацијата Plan ₿, која е заедничка иницијатива на швацарскиот град Лугано и компанијата која ја издава криптовалутата тетер, најави соработка со GoCrypto за официјално да почне да се прима плаќање со биткоин, тетер и официјалниот токен на градот Лугано, LVGA. Со тоа на граѓаните ќе им овозможат да ги користат своите криптопаричници во McDonald’s и кај други трговци. Од GoCrypto најавија дека со криптовалутите ќе може да се плаќа кај десетина локални трговци, меѓу кои има и уметнички галерии. Корисниците таму ќе можат да платат со Bitcoin Lightning Network, USDT и LVGA, додека градот ќе работи на тоа да донесе повеќе бизниси во текот на наредните 25 дена. До крајот на 2023 година фондацијата Plan ₿ сака да вклучи над 2.500 трговци во својата мрежа за плаќање со криптовалути. Во меѓувреме, очекуваат да услужат над 2.000 корисници на претстојниот Plan ₿ форум, односно конференција за биткоин која ќе се одржува на 28 и 29 октомври во Лугано. На Twitter беше објавено кратко видео на кое се гледа како човек нарачува оброк на дигитален киоск на McDonald’s и нарачката ја плаќа во биткоин преку мобилна апликација. Некои од производите и услугите кои сега граѓаните на Лугано ќе можат да ги плаќаат со криптовалути се јавни услуги, лични и корпоративни општински даноци, давачки за лични карти и пасоши, давачки за натурализација, школарина за јавни училишта и кирија за простори за изнајмување. фото: Piqsels]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mcdonald-s-vo-shvajcarija-pochna-da-prifakja-bitkoin/feed/ 0
„Мекдоналдс“ критикуван за смалување на хамбургерите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mekdonalds-kritikuvan-za-smaluvanje-na-hamburgerite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mekdonalds-kritikuvan-za-smaluvanje-na-hamburgerite/#respond Fri, 19 Aug 2022 06:53:59 +0000 https://kurir.mk/?p=720792

Светски познатиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ стана цел на критики на интернет откако некои купувачи од Австралија забележале дека големината на сендвичите значително се намалила. Откако почнаа масовните поскапувања, многу брендови за храна решија „тајно“ да ја зголемат цената, а да го намалат количеството и големината на своите производи, со што продаваат помалку за повеќе пари. Дебатата за „Мекдоналдс“ почна кога Австралиец спореди еден „Филе-о-фиш“, „Мекчикен“ и обичен хамбургер. Потоа се јавуваа и други купувачи кои се согласија дека понудените хамбургери сега се „значително помали“. Од раководстовото на „Мекдоналдс“ се огласија и изјавија дека нема промени во големината на прехранбените производи. „Ние сме посветени на нашите купувачи да им обезбедиме хамбургери со одличен квалитет и одлична вредност, кои содржат 100 отсто пилешко одобрено од РСПЦА и 100 отсто австралиско говедско месо“, се вели во соопштението. Ова не е првпат познатиот синџир за храна да биде обвинет за намалување на големината на своите хамбургери низ годините. Во 2020 година, незадоволен клиент фотографирал чизбургер за којшто рече дека е едвај поголем од неговиот палец… „Мекдоналдс“ тогаш призна дека ги променил своите лепчиња за чизбургери како дел новитетите и новите вложувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mekdonalds-kritikuvan-za-smaluvanje-na-hamburgerite/feed/ 0
Рускиот Мекдоналдс продал 120.000 хамбургери првиот ден https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ruskiot-mekdonalds-prodal-120-000-hamburgeri-prviot-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ruskiot-mekdonalds-prodal-120-000-hamburgeri-prviot-den/#respond Wed, 22 Jun 2022 16:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=694258

Првата филијала на руската верзија на синџирот ресторани Мекдоналдс, наречена Вкусно и точка, беше отворена во Москва пред десетина дена откако американскиот синџир за брза храна ја напушти земјата и го продаде својот имот во Русија. Оттогаш, околу 50 ресторани се отворени во и околу руската престолнина. Рускиот ребрендиран Мекдоналдс привлече големо внимание кај Русите и речиси 120.000 хамбургери биле продадени на денот на отворањето во Москва, соборувајќи ги сите претходни рекорди пред американскиот синџир да ја напушти земјата, пишува Дејли мејл. „Првиот ден продадовме речиси 120.000 хамбургери. Ваков дневен промет никогаш не сме виделе во целото време на работењето на Мекдоналдс во Русија“, изјави извршниот директор Олег Пароев. Тој вели дека не очекува ваквата побарувачка за хамбургери да трае, туку дека целта им е да отворат ресторани на што повеќе локации и да добро да работат. Тој признава дека е предизвик да се заменат некои состојки и да се најдат добавувачи. Иако 99 отсто од производите доаѓаат од руски добавувачи, Пароев вели дека „значителен процент“ од состојките се набавени во странство, што е комплициран процес поради санкциите. „Во моментов бараме нов добавувач на пијалоци бидејќи Кока-Кола ги исцрпува своите резерви во Русија“, вели тој. Новата фирма е решена да го задржи квалитетот на производите, но Пароев забележува дека е предизвик да се задржи познатиот вкус на храната на Мекдоналдс. „Нашите гости ќе се навикнат на новото име и ќе сфатат дека повеќе не се во „Мек“ туку во „Точка““, заклучува Олег. Новото лого, шема на бои и пакување без сите брендови на Мекдоналдс ги дочекаа илјадниците луѓе кои дојдоа на главното отворање на Вкусно и тпочка на плоштадот Пушкин во Москва, бидејќи новата компанија го загуби својот заштитен знак и правата на интелектуална сопственост на американската групација. Нов сопственик е Александар Говор, кој од 2015 година има лиценца на Мекдоналдс за 25 ресторани во Сибир. Од компанијата забележуваат дека вработувањето продолжува, пишува Индекс.хр. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ruskiot-mekdonalds-prodal-120-000-hamburgeri-prviot-den/feed/ 0
Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-prodava-restoranite-vo-rusija-poradi-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-prodava-restoranite-vo-rusija-poradi-vojnata-vo-ukraina/#respond Mon, 16 May 2022 11:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=677314

Мекдоналдс соопшти дека ја напушта Русија и започна процес на продажба на своите ресторани во земјата, јави Би-Би-Си. Гигантот за брза храна се одлучи на ваков чекор поради „хуманитарната криза“ и „непредвидлива работна средина“ предизвикани од војната во Украина. Компанијата појасни дека ова значи поседување бизнис во Русија „веќе не е издржано“ или во согласност со нејзините вредности. Во март, Мекдоналдс информираше за привремено затворање на своите околу 850 ресторани во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-prodava-restoranite-vo-rusija-poradi-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
ФОТО: Ја реновирале куќата па нашле помфрит од Мекдоналдс стар 60 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ja-renovirale-kukjata-pa-nashle-pomfrit-od-mekdonalds-star-60-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ja-renovirale-kukjata-pa-nashle-pomfrit-od-mekdonalds-star-60-godini/#respond Mon, 02 May 2022 09:07:20 +0000 https://kurir.mk/?p=670659

Брачниот пар Грејс и Роб Џонс неодамна при реновирање на својата куќа нашле помфрит од Мекдоналдс во обвивка стара 60 години. Добро сочуваните компирчиња наводно се направени меѓу 1955 и 1961 година, а биле најдени сокриени зад ѕидот од бањата во семејната куќа. На ќесичката се наоѓа логото на Мекдоналдс од тоа време, односно Спиди - оригиналната маскота на овој ланец на брза храна. При реновирањето во ѕидот пронашле мистериозна ќеса во која имало две обвивки за хамбургер и пакување помфрит кој не бил дојаден. -Кога го пронајдовме, со сопругот се погледнавме и се прашувавме дали да повикаме полиција бидејќи можеби сме откриле докази од место на злосторство, вели Грејс. Помфритот, како што појаснуваат, бил крцкав со кафена боја и не бил расипан иако е направен пред повеќе од шест децении. По откритието парот вели дека го пронашле човекот кој го јадел оброкот додека ја преправал бањата. Грејс и Роб велат дека планираат да го продадат оброкот на вистинскиот купец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ja-renovirale-kukjata-pa-nashle-pomfrit-od-mekdonalds-star-60-godini/feed/ 0
„Мекдоналдс“ ги затвара сите 850 ресторани во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-zatvara-site-850-restorani-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-zatvara-site-850-restorani-vo-rusija/#respond Tue, 08 Mar 2022 20:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=643623

Глобалниот синџир за брза храна Мекдоналдс објави денеска дека привремено ги затвора сите 850 локации во Русија, и им се приклучува на бројните западни бизниси кои ја напуштија Русија по нејзината неиспровоцирана инвазија на соседна Украина. - Конфликтот во Украина и хуманитарната криза во Европа предизвикаа неискажливо страдање на невините луѓе, рече извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински во изјавата до која дојде Радио Слободна Европа. Кемпчински додаде дека корпорацијата со седиште во САД продолжува да ги поддржува своите вработени во Украина, вклучувајќи исплата на „целосни плати“ и придонесување со 5 милиони долари во фондот за помош на вработените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-zatvara-site-850-restorani-vo-rusija/feed/ 0