Мекеле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Oct 2021 14:30:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мекеле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Етиопија го бомбардираше Мекеле – неколку цивили повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-go-bombardirashe-mekele-nekolku-civili-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-go-bombardirashe-mekele-nekolku-civili-povredeni/#respond Mon, 18 Oct 2021 14:30:14 +0000 https://kurir.mk/?p=581553

Неколку цивили се повредени во воздушните напади врз Мекеле, главниот град на регионот Тиграј во северниот дел на Етиопија. Во извештај на тиграјската телевизија се наведува дека нападот го извршиле премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед и владините сили кои тој ги предводи. Некои западни медиуми објавија дека не можеле да ја проверат веродостојноста на извештајот, бидејќи во тој регион нема новинари, но пренесени се зборовите на еден хуманитарен работник од Тиграј, кој потврдил дека нападот се случил. Војската на Етиопија и нејзините сојузници се борат против припадниците на Народноослободителниот фронт на Тиграј веќе 11 месеци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-go-bombardirashe-mekele-nekolku-civili-povredeni/feed/ 0
Етиопската војска подготвува опасада на градот Мекеле во Тиграј https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopskata-vojska-podgotvuva-opasada-na-gradot-mekele-vo-tigraj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopskata-vojska-podgotvuva-opasada-na-gradot-mekele-vo-tigraj/#respond Sun, 22 Nov 2020 11:44:15 +0000 https://kurir.mk/?p=432779

Етиопската војска најави дека ќе го опколи градот Мекеле, главниот град на провинцијата Тиграј, со тенковски единици и го предупреди локалното население дека градот ќе биде под артилериски оган. Денешните извештаи во локалните медиуми наведуваат дека претставникот на етиопската армија, полковник Деџена Цагаје, оценил дека следната фаза на конфликтот е клучна. – Со тенкови ќе го опколиме Мекеле, ќе ги завршиме борбите во планинските области и ќе напредуваме на бојното поле, изјави полковникот Цегаје за државниот медиумски сервис. Конфликтот во Тиграј избувна на 4 ноември, кога силите на Народноослободителниот фронт на Тиграј извршија ненадеен напад врз позициите на етиопската армија. Двете страни потврдија дека етиопската армија го зазела градот Адиграт, 116 километри северно од Мекеле. – Досега напаѓавме само позиции на бунтовници, но тоа наскоро ќе се промени. Сакаме да испратиме порака до граѓаните на Мекеле да се спасат од артилериски напади и да се ослободат од бунтовниците. Припадниците на бунтовничките сили користат цивили како штитови и граѓаните мора да се изолираат од нив. После тоа, веќе нема да има милост, соопштија од етиопската војска. Во меѓувреме, командантот на бунтовничкиот Народноослободителен фронт на Тиграј, Дебрецион Габримајкл, изјави дека неговите сили на јужниот фронт стојат цврсто на позициите и дејствуваат околу Адиграт на север. Портпаролот на етиопската армија Редван Хусеин изјави дека бунтовниците ги онеспособиле локалните патишта, урнале мостови и минирале патишта во јужната провинција Тиграј, но тоа не ги спречило федералните сили да напредуваат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopskata-vojska-podgotvuva-opasada-na-gradot-mekele-vo-tigraj/feed/ 0