мексико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 05:52:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мексико – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ураганот Отис го оштети системот за рано предупредување за земјотреси во Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-otis-go-oshteti-sistemot-za-rano-predupreduvane-za-zemjotresi-vo-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-otis-go-oshteti-sistemot-za-rano-predupreduvane-za-zemjotresi-vo-meksiko/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=893185

Ураганот Отис го оштети системот за рано предупредување за земјотреси на мексиканскиот брег на Пацификот, соопшти операторот со сензорот. Комуникацијата со најмалку 27 од околу 100-те сензори на мрежата за сеизмичко набљудување е прекината. Доколку се случи силен земјотрес во близина на оштетените сензори, населението не може да се предупреди навреме да преземе соодветни мерки на претпазливост, пренесе ДПА. Инженерите се подготвени за поправки, но важни сообраќајни правци во регионот се во прекин поради оштетувањата од Отис. Според локалните медиуми, најмалку едно лице загинало во невремето. Еден рибар загинал на брегот додека се обидувал да го заштити својот чамец, јави телевизијата Форо. Бурата од петта категорија, највисок интензитет на скалата Сафир-Симпсон, го погоди југозападниот брег на Мексико рано вчера во близина на познатото приморско одморалиште Акапулко – со постојани ветрови од речиси 270 километри на час и налети до 330 километри на час. Подоцна Отис беше намален на тропска бура. Телефонските и интернет врските беа во прекин, а повеќе од половина ден подоцна пристанишниот град се уште беше отсечен од надворешниот свет. Точниот обем на штетата се уште не е познат.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-otis-go-oshteti-sistemot-za-rano-predupreduvane-za-zemjotresi-vo-meksiko/feed/ 0
Трамп: Ако бидам реизбран, ќе испратам илјадници војници на границата со Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ako-bidam-reizbran-ke-ispratam-iljadnitsi-vojnitsi-na-granitsata-so-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ako-bidam-reizbran-ke-ispratam-iljadnitsi-vojnitsi-na-granitsata-so-meksiko/#respond Thu, 21 Sep 2023 08:04:53 +0000 https://kurir.mk/?p=880167

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека на границата со Мексико, доколку биде реизбран за шеф на државата, ќе испрати илјадници војници кои моментално се стационирани во странство. Трамп ова им го кажа на своите приврзаници на митинг во сојузната држава Ајова, каде во јануари ќе биде првото гласање за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември следната година. Бранот илегални имигранти кои ја минуваат границата на Мексико со САД Трамп го нарече „инвазија“ и за тоа ја обвини владата на актуелниот американски претседател Џо Бајден. „Откако ќе ја преземам функцијата, веднаш ќе ги поништам сите политики на отворени граници на администрацијата на Џо Бајден“, рече Трамп на настанот во Дубук. „Јасно ќе кажам дека ќе ги искористиме сите неопходни ресурси за да ја запреме инвазијата, вклучително и трансферот на илјадници воени лица кои моментално се стационирани во странство“, рече поранешниот претседател. Администрацијата на Бајден вели дека ги користи сите достапни алатки за да се справи со илегалната имиграција и го повика Конгресот да донесе закон за да ги реши проблемите во системот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ako-bidam-reizbran-ke-ispratam-iljadnitsi-vojnitsi-na-granitsata-so-meksiko/feed/ 0
Во Мексико запленет чамец со речиси три тони кокаин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-zaplenet-chamets-so-rechisi-tri-toni-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-zaplenet-chamets-so-rechisi-tri-toni-kokain/#respond Wed, 16 Aug 2023 08:17:47 +0000 https://kurir.mk/?p=867280

Мексиканската морнарица запленила отворен чамец со речиси три тони кокаин, на околу 360 километри од брегот на Пацификот, во близина на одморалиштето Акапулко. Морнарицата соопшти дека се приведени три лица кои биле во пловилото. Во чамецот биле пронајдени 80 вреќи во кои имало 2.800 килограми кокаин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-zaplenet-chamets-so-rechisi-tri-toni-kokain/feed/ 0
Силен земјотрес во близина на брегот на Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-blizina-na-bregot-na-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-blizina-na-bregot-na-meksiko/#respond Fri, 14 Jul 2023 10:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=856645

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето во близина на брегот на мексиканската сојузна држава Чиапас, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот, ккао што наведува центарот, се случил на длабочина од 10 километри. Други детали се уште не се објавени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-vo-blizina-na-bregot-na-meksiko/feed/ 0
Бомбашки напади во Мексико, убиени шест полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bombashki-napadi-vo-meksiko-ubieni-shest-politsajtsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bombashki-napadi-vo-meksiko-ubieni-shest-politsajtsi/#respond Wed, 12 Jul 2023 20:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=856042

Шест полицајци и агенти на обвинителството се убиени, а 12 други се ранети во координирана серија бомбашки напади покрај патишта во западно Мексико. Официјалните лица тврдат дека станува збор за заседа поставена од нарко картел. Гувернерот на државата Халиско, Енрике Алфаро, рече дека стапицата во градот Тлајомулко била поставена кога анонимен јавувач известил за локацијата на наводните тајни гробишта. На терен веднаш биле испратени сили за лоцирање на спорната локација. Додека полицискиот конвој минувал покрај местото на заседата, седум рачно поставени експлозивни направи, поставени на патот, експлодирале истовремено, пренесуваат британските медиуми. Осмата направа не експлодирала. -Ова е брутален терористички напад, рече Алфаро на прес-конференција, обвинувајќи за смртта неименуван нарко картел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bombashki-napadi-vo-meksiko-ubieni-shest-politsajtsi/feed/ 0
Во Мексико девет лица загинаа во пожар на пазар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-devet-litsa-zaginaa-vo-pozhar-na-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-devet-litsa-zaginaa-vo-pozhar-na-pazar/#respond Tue, 11 Jul 2023 07:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=855269

Девет лица загинаа во пожар на голем пазар во Толука, петтиот по големина град во Мексико, соопштија властите доцна синоќа. Едно лице е повредено и пренесено во болница, информираат надлежните од местото лоцирано на околу 65 километри западно од главниот град на Мексико. Пазарот на Толука е втор по големина во Мексико, со 26.000 посетители дневно. Според локалната власт, пожарот најверојатно е подметнат поради расправии меѓу продавачите, кај кои и претходно биле евидентирани инциденти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-devet-litsa-zaginaa-vo-pozhar-na-pazar/feed/ 0
ВИДЕО: Автобус падна во провалија во Мексико, најмалку 27 загинати, меѓу нив и бебе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avtobus-padna-vo-provalija-vo-meksiko-najmalku-27-zaginati-megu-niv-i-bebe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avtobus-padna-vo-provalija-vo-meksiko-najmalku-27-zaginati-megu-niv-i-bebe/#respond Thu, 06 Jul 2023 06:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=853381

Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите. Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака. Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро изјави дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едноиполгодишно дете. Тој рече и дека околу 20 лица се повредени, од кои некои се во многу тешка состојба. Според соопштението, возачот на автобусот очигледно изгубил контрола над возилото и паднал во провалија. „Се чини дека недостигот на вештина и замор ја предизвикаа несреќата“, рече Ромеро во изјава за локална телевизија. Автобусот тргнал од Мексико Сити за да превезе патници во голем број мали, оддалечени планински села во сиромашниот регион Миктека. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-avtobus-padna-vo-provalija-vo-meksiko-najmalku-27-zaginati-megu-niv-i-bebe/feed/ 0
Топлотниот бран во Мексико усмрти најмалку сто луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotniot-bran-vo-meksiko-usmrti-najmalku-sto-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotniot-bran-vo-meksiko-usmrti-najmalku-sto-luge/#respond Fri, 30 Jun 2023 07:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=851066

Најмалку сто луѓе починаа во изминатите две недели во Мексико поради топлото време. Температурата на воздухот во некои делови од земјата се искачи приближно до 50 степени Целзиусови, соопшти Министерството за здравство. Тринеделниот топлотен бран овој месец ја оптовари електричната мрежа со рекордна потрошувачка, а во некои области е прекината и наставата. Повеќе од две третини од смртните случаи се случиле во периодот од 18 до 24 јуни, а останатите претходната недела. Во истиот период минатата година регистриран е само еден смртен случај предизвикан од топлото време. Околу 64 отсто од смртните случаи се случиле во северната држава Нуево Леон, која граничи со Тексас. Изминатите денови температурата на воздухот се намали откако почна сезоната на дождови, но во северниот дел на Мексико сè уште преовладува топлото време. Во градот Акончи, мексиканската државата Сонора пред два дена измерени се рекордни 49 степени Целзиусови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotniot-bran-vo-meksiko-usmrti-najmalku-sto-luge/feed/ 0
Мексикo: Kиднапирани 14 полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-kidnapirani-14-politsajtsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-kidnapirani-14-politsajtsi/#respond Wed, 28 Jun 2023 08:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=850351

Група вооружени мажи вчера киднапирале 14 припадници на државната полиција во јужниот дел на Мексико, што предизвика интензивни активности и претреси на федералните и локалните безбедносни сили, објавија мексиканските власти. Секретарот за безбедност и заштита на граѓаните во државата Чиапас во соопштение изјави дека 14-те полицајци се мажи и дека во тек е воздушна и копнена операција за пребарување. Жените кои се наоѓале во возилото се ослободени, додека мажите биле однесени, се вели во соопштението на локален функционер. Киднапирањето се случило на автопат на југот на Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-kidnapirani-14-politsajtsi/feed/ 0
Гувернерот на Флорида испраќа повеќе од 1.100 војници на границата со Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-florida-ispraka-poveke-od-1-100-vojnitsi-na-granitsata-so-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-florida-ispraka-poveke-od-1-100-vojnitsi-na-granitsata-so-meksiko/#respond Wed, 17 May 2023 05:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=835039

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, соопшти дека планира да испрати повеќе од 1.100 војници на Националната гарда и службеници за спроведување на законот во Тексас за да помогнат во обезбедувањето на границата меѓу САД и Мексико. Републиканскиот гувернер рече дека испраќа 800 војници, 200 службеници од Одделот за спроведување на законот на Флорида, 101 државен војник и 20 службеници за чување на дивата природа. Флорида ќе испрати и пет авиони, 17 дронови, две командни возила и 10 чамци, според соопштението за медиумите. Државните и федералните власти се загрижени за можното нагло зголемување на бројот на луѓе кои ја преминуваат границата откако минатата недела завршија ограничувањата за азил воведени за време на пандемијата на Ковид-19. - По моја наредба, државните агенции, вклучително и органите за спроведување на законот и Националната гарда на Флорида, се испраќаат во Тексас, а ресурсите вклучуваат персонал, чамци и авиони, нагласи Десантис во соопштение. Десантис претходно испрати поддршка на јужната американска граница во Тексас и Аризона во 2021 година по барањата за помош од гувернерите на тие држави. Десантис, кој се очекува наскоро да ја објави својата кандидатура за претседателската трка во 2024 година, ја претвори имиграцијата во главен проблем за време на неговиот мандат како гувернер. Минатата недела, тој потпиша сеопфатен предлог-закон за имиграција кој ја зајакнува неговата програма за преселување мигранти и ги ограничува социјалните услуги за имигрантите кои немаат постојан законски статус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-florida-ispraka-poveke-od-1-100-vojnitsi-na-granitsata-so-meksiko/feed/ 0