мелничари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Mar 2023 07:57:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мелничари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цената на лебот 33 денари, пекарите ќе објават дали ќе прекинат со производство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenata-na-lebot-33-denari-pekarite-ke-objavat-dali-ke-prekinat-so-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenata-na-lebot-33-denari-pekarite-ke-objavat-dali-ke-prekinat-so-proizvodstvo/#respond Wed, 01 Mar 2023 06:37:06 +0000 https://kurir.mk/?p=806389

Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама на 33 денари до крајот на мај годинава, а ја укинува и субвенционираната струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи. Одлуката е донесена вчера на владина седница, а пекарската индустрија, која ден претходно, најави дека ќе прекине со производство на леб доколку биде донесена ваква одлука, ќе чека таа да излезе во Службен весник и ќе ги соопшти натамошните чекори. Ваквите одлуки на Владата следуваат откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажале дека дел од компаниите не ги намалиле соодветно цените на своите производи. Премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес-конференција во Владата порача дека нема да дозволи неоправдано покачување на цените. - Иако прехранбените компании добиваа субвенционирана струја, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Ова се однесува на дел од производителите на основни прехранбени производи. Дел ги намалија цените од седум до 12 проценти, рече Ковачевски. Според министерот за економија Крешник Бектеши, компаниите не се оштетени со тоа што ќе се замрзне цената на лебот. - Сметаме дека тоа е соодветна цена и може да го прашате секој производител на леб дали со таа цена на брашното и актуелните трошоци 450 грама леб треба да е поскап од 32 денара, вклучувајќи шест денари профит што останува кај пекарите. Значи, 32 денара со шест денара профитна маржа од страна на пекарите, пет отсто маржа од трговците или во малопродажба и пет отсто ДДВ, истакна Бектеши. Замрзнувањето на цената на лебот, како што посочи, е времена мерка за да нема злоупотреба на поддршката што ја добиваат компаниите од државата. Од пекарската индустрија најавуваат дека ќе причекаат одлуката да излезе во Службен весник, па потоа ќе се реализира најавата за прекин на производството. -Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализира и практично не е валидна, велат пекарите. Според претседателот на Групацијата на мелничко - пекарската индустрија Горан Малишиќ, зад одлуката да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки. -Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, изјави Малишиќ за МИА. Од април се укинува и субвенционираната струја за прехранбената индустрија што практично значи дека компаниите од овој сектор ќе мора да се снабдуваат со електрична енергија согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија. Одлуката за укинување на повластената цена на електричната енергија, според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, се очекува денеска да биде објавена во Службен весник.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsenata-na-lebot-33-denari-pekarite-ke-objavat-dali-ke-prekinat-so-proizvodstvo/feed/ 0
Бектеши ги повика мелничарите да најдат заедничко решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-gi-povika-melnicharite-da-najdat-zaednichko-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-gi-povika-melnicharite-da-najdat-zaednichko-reshenie/#respond Tue, 28 Feb 2023 13:37:31 +0000 https://kurir.mk/?p=806072

Максималната цена на 450 грама бел леб треба да биде 32 денара, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата откако премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека се укинува повластената струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на лебот на 33 денари. Бектеши ги повика мелничарите заеднички да најдат одржливо решение кое ќе биде поволно за сите - и за граѓаните и за компаниите. Воедно ги обвини дека вчера изнеле неточни податоци во однос на цената на лебот. Цените на белиот и полубелиот леб се движат од 28 до 45 денари зависно од производителите. Сметаме дека не е во ред да има толку голема разлика во производство на одреден леб, а зборуваме само за два вида. Затоа, поддршката од Владата треба да им се врати на граѓаните. Сакам да ја повикам Групацијата на мелничари, да седнеме, да разговараме за да се најде соодветно решение, да донесеме одржливи одлуки, да има вин-вин ситуација посебно за граѓаните, а не еднострана добивка. Да им олесниме, посебно на најранливите категории граѓани. Имајќи предвид дека последните 3 – 4 месеци можеби 10 – 20 пати имавме состаноци со мелничарите, не е фер, ниту транспарентно да се кажуваат невистински податоци зашто е проверено од сите надлежни институции. И претседателот на Групацијата, еден од двајцата што вчера излезе на прес-конференција како сопственик на една од најголемите компании за леб, има цена под 33 денари на бел и полубел леб. Тоа е утврдено од Ддржавниот пазарен инспекторат (ДПИ). Затоа, да не криераме хистерија кај граѓаните. Ако треба тоа и јавно ќе го објавиме како податок зашто сакаме отворено да дискутирмае со сите засегнати страни, но приоритет е интересот на граѓаните, подвлече Бектеши. Според ДПИ, како што додаде министерот, во некои градови цените на белиот и полубелиот леб се пониски од 32 денара.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bekteshi-gi-povika-melnicharite-da-najdat-zaednichko-reshenie/feed/ 0
Надлежните најавуваат замрзнување на цената на лебот, мелничарите прекин на производството ако тоа се случи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadlezhnite-najavuvaat-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-melnicharite-prekin-na-proizvodstvoto-ako-toa-se-sluchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadlezhnite-najavuvaat-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-melnicharite-prekin-na-proizvodstvoto-ako-toa-se-sluchi/#respond Tue, 28 Feb 2023 06:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=805817

Цената на белиот и полубелиот леб од денеска ќе се замрзне, а по донесувањето на ваквата одлука треба да изнесува максимум 33 денари. Но, ако тоа се случи, мелничарите најавуваат дека ќе го прекинат производството. Мерката за замрзнување на цената на лебот ја предложи Министерството за економија по анализите кои покажуваат дека повеќето компании од прехранбената индустрија, иако добиле субвенционирана струја, и по три месеци не ги намалиле цените на производите. Пекарите тоа го негираат и тврдат дека во целост ја почитувале мерката за субвенционирање на елекричната енергија. Цените на лебот, велат, се намалени повеќе од вредноста на субвенцијата што ја примаат. Воедно предупредуваат дека ако се замрзне цената на лебот ќе претрпат огромни штети, од 3.000 до 15 000 евра дневно и ќе бидат принудени да ги затворат производствените капацитети. -Во вторник ќе се замрзне цената и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Цените нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во саботата. Според него, не може да има разлика во цената и ист леб да чини од 28 до 38 денари. Бектеши потенцира дека ќе се прават инспекциски контроли и во делот на грамажата. -Утврдено е дека одредени производители и трговци ги намалуваат цените, но ги намалуваат паралелно и количините на тој производ. Затоа, под 450 грама бел и полубел леб не може да се продава и тоа ќе биде со утврдена цена. Под тоа може да биде, но над тоа не може да биде, рече министерот. Мелничарите вчера одржаа состанок во Стопанската комора и донесоа едногласен заклучок - ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот. -Дента кога ќе излезе одлуката за замрзнување на цените во Службеник весник, од наредниот ден нема да се произведува леб и да се носи на пазарот, истакна претседателот на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ. Тој објасни дека изминатите два месеца на пазарот цените се намалиле, но имало варијации, зависно од видот на лебот и грамажата, од 33, 35 до 50 денари. -Цените почнаа нагло да се намалуваат последниве 30 дена. Постои модел како треба Владата да направи социјална цена на социјален леб, како што е направено во Србија. Јасно и гласно е кажано уште пред две години – за да направите социјална цена на леб, и да го задоволите населението, треба да се фатите за џев, народски кажано. Во Србија државата субвенционира 30 проценти од цената на брашното на пекарниците за да има одредена цена која српската Владата ја покачи пред три дена. Постојат модели, да, тоа е трошок, но ако сакаме да имаме социјална цена со една цена на пазарот мора Владата да субвенционира, не можеме да бидеме ние општествено одговорни компании кои ќе бидат во загуба, рече Малишиќ. Со мерката за субвенционирана струја која се применува веќе три месеци, се опфатени компании што произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и месната и живинарската индустрија.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadlezhnite-najavuvaat-zamrznuvane-na-tsenata-na-lebot-melnicharite-prekin-na-proizvodstvoto-ako-toa-se-sluchi/feed/ 0
Народот ќе остане без леб доколку Владата не им помогне на мелничарите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodot-kje-ostane-bez-leb-dokolku-vladata-ne-im-pomogne-na-melnicharite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodot-kje-ostane-bez-leb-dokolku-vladata-ne-im-pomogne-na-melnicharite/#respond Sat, 13 Aug 2022 07:35:46 +0000 https://kurir.mk/?p=717887

По лавината реакции во јавноста околу поскапувањето на лебот, мелничарите велат дека и сегашната цена не е доволно висока доколку се земат предвид сите зголемени трошоци. Ако Владата не им помогне, предупредуваат дека е можно да дојде до целосно колабирање на дејноста и населението да остане без леб. Како што истакнува за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан Малишиќ, пекарниците се соочуваат со загуби и со недостиг на средства да ги обноват залихите навреме, а ќе бидат приморани да вршат и уште поголеми набавки од странство, по повисоки цени, зашто жетвата на домашната пченица потфрлила и во квантитет и во квалитет. Малишиќ апелира до вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, Владата да се потруди да ја изрегулира цената на електричната енергија за индустријата како што прават другите држави – со фиксирана цена или како во Србија – со загарантирана цена за индустријата со 72 евра за мегават час, како и да овозможат регулирани и евтини цени за гасот и другите енергенси. Мелничарите имаат и уште еден предлог за кој засега, велат, немаат согласност од Владата – земјоделците да добијат плус два денара по килограм за предадено и платено производство на пченица во лиценциран откупувач-преработувач за жетвата 2022. Целта на ваквата мерка, објаснува Малишиќ, е поттик за земјоделците да посеат повеќе лебно жито во октомври и ноември, со поквалитетен семенски материјал и подобри ѓубрива, за следната жетва во 2023 година да биде со подобар и поквалитетен принос. -Се додека како една од најважните индустрии за прехрана на населението сме оставени сами да се бориме со цените на електричната енергија и енергенсите, без помош од Владата, ние ќе одиме во загуби и ќе се соочиме со престанок на дејноста и што е најстрашно, ќе го оставиме населението без леб, потенцира Малишиќ. Според него, поскапувањето на лебот и белите печива е неминовно во ситуација кога континуирано се зголемува цената на електричната енергија и природниот гас. -Во август во однос на јули цената на гасот порасна 100 отсто, а на струјата го достигнува дневниот пик и до 500 евра за мегават час плус 10 отсто на отворениот пазар. Многу мали и микро пекарници кои беа на регулираниот пазар како домаќинствата, од јули годинава влегоа во блок тарифата од четврта група со највисоки цени со што им се зголемија сметките за струја за над 200 отсто. На сите овие поскапувања на енергенсите и електирчната енергија, цената на лебот е зголемена за околу 10 проценти од претходната цена во малопродажните објекти, истакнува Малишиќ. Тој потсетува дека зголемувањата на цените почнаа од октомври лани поради наглото поскапување на пченицата, брашното, електричната енергија, нафтата и гасот. -Пред оваа светска криза цената на пченицата се зголеми за 100 проценти, како и на брашното, на електричната енергија за 1 000 отсто, на нафтата за 90 проценти, а на гасот за 300 отсто. Ако лани пред октомври обичниот бел леб, сечен и несечен, се продаваше од 24 до 28 денари, денес, по сите овие зголемувања, истиот тој леб се продава за 45 до 55 денари или цената е зголемена за околу 100 отсто зависно од секоја компанија поединечно. Но, и оваа цена не е соодветна ако се земат предвид сите зголемени трошоци кои претходно ги наведов поради што пекарниците се соочуваат со загуби и најважно, со недостиг на средства да ги обноват своите залихи навреме за да продолжат со производството со исто темпо, подвлекува претседателот на Групацијата. Проценките на мелничарите не се најпозитивни. -Светската криза се продлабочува, а побарувачката на основни суровини за прехрана во светски рамки се повеќе се зголемува, поради што ќе се соочиме со идни проблеми околу цените на основните суровини. Жетвата на пченицата кај нас потфрли и во квантитет и во квалитет со што ќе бидеме приморани да вршиме уште поголеми набавки од странство со повисоки цени. Нашата економија не може да го издржи притисокот на цените на електричната енергија и енергенсите зашто ја става во несоодветна положба од истите производи од увоз каде што цените за струјата и енергенсите се поволни. Исто така, поради огромното и несоодветно зголемување на електричната енергија и енергенсите, компаниите воопшто не инвестираат во обнова или нови постројки само за да ги подмират долговите кон економските оператори за електрична енергија или енергенси. Истото се однесува и за странските инвестиции кои, ако не се реши овој проблем од страна на Владата соодветно, ќе ги напуштат зоните и ќе бараат соодветна земја каде што им се нуди евтина електрична енергија и субвенционирани енергенси, смета Малишиќ. Тотално е погрешно, вели, да се регулираат цени или маржи на основните продукти, а да не се регулираат цените на електричната енергија и на енергенсите, барем за компаниите на кои им се регулираат цените. -Нашиот предлог е ист како од октомври 2021 кога нагласивме дека следи криза со која тешко ќе се справуваме, односно кога предложивме да се изнајде начин за субвенционирање на индустријата во делот на енергенсите и електричната енергија за некако да се стабилизира производството со цените, напоменува претседателот на Групацијата. Поради лошиот принос на пченицата во квалитет и квантитет кој е помал за 25 отсто од жетвата лани, додава Малишиќ, мелничарите се приморани на зголемен увоз. -Во моментов се увезува пченица од Србија, Унгарија и Хрватска со цени од околу 21 денар за обичната меркантилна пченица и до 28 денари за премиум пченици кои се користат како подобрувачи или за специјално производство. Исто така, се прават напори да се увезе и од Украина, но во меѓувреме, откако се договорија со Русите за извоз, ги зголемија цените на пченицата. Увозот сега е слободен од горенаведените земји се додека тие сами не одлучат да стават забрана за извоз. Затоа, ние сме соочени како мелници со зголемена потреба од обртни средства како би набавиле што повеќе пченица од увоз, како би ги покриле потребите на граѓаните и индустријата во случај на повторно затворање на границите за пченицата, за кое затворање веќе некои држави најавија дека е можно од 30 септември, како на пример Србија, истакнува Малишиќ. За досегашните мерки што ги реализира Владата, Малишиќ потврдува дека се донесени во координација со Потсекторската група за жита на Министерството за земјоделство во која членуваат и мелничарите. -Сите мерки што се донесоа беа во координација со министерот и Владата. Мислам на оние како поддршката од 4.000 денари по хектар за ѓубрива и 5 760 денари по хектар без ограничување за принос над три тона за јачмен и четири тона за пченица. Беше побарано од наша страна да се доделат на земјоделците плус два денара по килограм за предадено и платено производство на пченица во лиценциран откупувач-преработувач за жетвата 2022 за тие земјоделци да посеат повеќе во октомври и ноември со поквалитетен семенски материјал и подоби ѓубрива, за следната жетва во 2023 година да биде со подобар и поквалитетен принос. За ова барање не наидовме на согласност, а за него Владата би требало да одобри околу три милиони евра повеќе субвенции кон земјоделците. Па, еве уште еден апел, а има се уште и време, да се доделат овие два денара на земјоделците за предадената и продадена пченица, како поттик уште повеќе да насеат за да се намали зависноста од увозна пченица, вели тој. МЗШВ: Нема најави за дополнително субвенционирање од плус два денара за предадена и платена пченица во домашните капацитети Министерството за земјоделство на прашањето на МИА во врска со предлогот на мелничарите – земјоделците да добијат плус два денара по килограм за предадено и платено производство на пченица во лиценциран откупувач-преработувач за жетвата 2022, одговори дека „до овој момент нема никакви најави за дополнително субвенционирање од плус два денара за предадена и платена пченица во домашните капацитети“. -МЗШВ презеде мерки за поддршка на производството на пченица преку Интервентниот фонд за набавка на вештачки ѓубрива за површини засеани со пченица и пченка на 4 000 денари, ако минимум се употреби 200 килограми ѓубриво по хектар. Воведовме и дополнителна субвенција од 5 760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, пченка, рж, овес и сончоглед, наведуваат од Министерството. Оттаму додаваат и дека „просечната откупна цена на пченицата изнесува 17,60 денари по килограм што е многу повисоко во однос на претходните години“. -Заклучно со 8.08.2022 година, пченицата е ожнеана на вкупна површина од околу 63 102 хектара, односно околу 84 отсто од вкупната жетвена површина која изнесува околу 71 953 хектари, а остварен е просечен принос од околу 3 460 килограми на хектар. Според податоците од Земјоделско-пазарниот информативен систем (ЗПИС), просечната месечна цена на пченицата за јули изнесува 17,60 денари за килограм, дополнуваат од МЗШВ. Министерството потсетува и дека објави јавен повик за давање под закуп државно земјоделско земјиште во 14 региони за одгледување житни култури на 5 722 хектара, за што се веќе склучени 258 договори. Владата на 14 јуни донесе одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи, вклучително и на лебот и брашното За да се заштити домашното производство, да се одржи снабдувањето на домашниот пазар и да се избегне раст на цените, на 20 јули на предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука до 31 декември 2022 да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица. Претходно, на 14 јуни, беше донесена и Одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи, вклучително на лебот и брашното. Согласно Одлуката, до крајот на годината е одредена највисока трговска маржа од пет отсто во трговијата на големо и трговијата на мало на бел леб сечен на парчиња или цел. -За да се избегне раст на цените одредена е и највисока трговска маржа од 10 проценти во трговијата на големо и трговија на мало на брашно од пченица тип 400 и тип 500. Во тој процент се вклучени сите трошоци на трговците во продажната цена. Според Одлуката, за овие производи исто така до крајот на годината нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и изложување на стоките на рафтовите, односно полици и примарни и секундарни производи, наведува Министерството за економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/narodot-kje-ostane-bez-leb-dokolku-vladata-ne-im-pomogne-na-melnicharite/feed/ 0
Мелничарите пред колапс, догодина ќе немаат капацитет да ја откупат пченицата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/melnicharite-pred-kolaps-dogodina-kje-nemaat-kapacitet-da-ja-otkupat-pchenicata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/melnicharite-pred-kolaps-dogodina-kje-nemaat-kapacitet-da-ja-otkupat-pchenicata/#respond Mon, 28 Dec 2020 12:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=449382

Мелничарите за почетокот на новата жетва 2021 ќе бидат тотално колабирани, ќе немаат можност да купат пченица. Откако почна корона панедмијата два млина ставија клуч на врата. Едниот од нив беше трет по големина на македонксиот пазар. Како што вели за МИА претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ, мелничарите моментно работат со преполовен капацитет. Поскапувања на лебот и пецивата досега немаше, но како ќе биде понатаму, дали ќе има евентуално некакви промени, не може да се каже со сигурост. -Од 70 млинови во земјава, работат само девет. Но, тие девет, ако лани работеле со 35 – 50 од капацитетите, сега работат со максимум 20 проценти. Не само поради нелојалната конкуренција од Србија која никако да се регулира со години, односно да се почитуваат законите и правилниците од страна на релевантните институции, туку и поради намалената потрошувачка на брашно. Пред КОВИД-от дневно 200.000 ученици и студенти одеа во школо и на факултет, плус 100.000 наставници и професори, дополнително и помошен персонал или вкупно околу 500.000 луѓе. Сите тие се хранеа со буреци, сендвичи, пецива, пици,… Таа потрошувачка денеска е преполовена, сведена на 50 отсто, објаснува Малишиќ. Групацијата на мелничари досега неколку пати имала средби со владини претставници на кои го изнеле свото барање за субвенции. -Три пати досега бевме кај министерот за земјоделството, еднаш кај вицепремиерот, а по божиќните празници треба да одиме и кај премиерот Заев. Бараме за 2020 година и редовно секоја година да бидеме субвенционирани зашто во спротивно, сме готови, а индиректно ќе изумре и домашната пченица која е заштитена со закон како најважна полјоделска култура за прехрана на населението во вакви светски кризни состојби, истакнува Малишиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/melnicharite-pred-kolaps-dogodina-kje-nemaat-kapacitet-da-ja-otkupat-pchenicata/feed/ 0
Мелничарите се заканија дека нема да откупуваат пченица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/melnicharite-se-zakanija-deka-nema-da-otkupuvaat-pchenica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/melnicharite-se-zakanija-deka-nema-da-otkupuvaat-pchenica/#respond Wed, 09 May 2018 12:09:02 +0000 https://kurir.mk/?p=52053

Мелничката индустрија нема да откупува пченица до претстојната жетва и во текот на неа  доколку во рок од 30 дена со Владата не се најде решение за неповолната состојба во која се најдоа мелниците поради непочитување на правилниците за увоз на брашно и нелојална конкуренција, рече денеска на прес-конференција Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија. Групацијата бара да остане во сила Правилникот за контролни маркички при увоз на брашно кој беше донесен во февруари. Инсистира маркиците на брашното да се лепат во Македонија, да се регистрираат трговците, робата да ја складираат во магацините, да се испита квалитетот и потоа да се пушти во промет. Според Малишиќ, мелничката индустрија е уништена поради несоодветни одлуки на претходната и сегашната власт, а од 30-ина активни мелници 20 се под хипотека. - На утврдените прекршувања на законите од извозниците на брашно од српска страна и нивното  исправање од нашите институции, по помалку од еден месец  Владата и вицепремиерот и ветија  на српската страна дека ќе ги укинат правилниците кои колку толку ги штитеа домашните потрошувачи како и  домашните мелници и земјоделци. Ваквата еднострана одлука на која се противевме и се противиме е донесена без да се земат предвид штетите кои се носат  на земјоделците, млиновите и на Буџетот на РМ, како и на здравјето и квалитетот на потрошувачите, рече Малишиќ. Со почитување на правилниците, како што истакнуваат од Групацијата, ќе дојдеме до некаква можност да бидеме конкурентни на српското брашно од кое пазарот е преплавен. - Не можеме да вршиме откуп заради тоа што сега влегува многу брашно од Србија, се прават  големи залихи, а ние не можеме да  обезбедиме средства за откуп и не можеме да бидеме конкурентни со нашата  откупна суровина, не можеме да направиме даадена вредност на нашиот производот кој ќе ги покрие трошоците и да  понудиме конкурентна цена на српското брашно. Затоа заклучивме да не вршиме откуп оваа година на пченица доколку Владата остане нема на нашите барања, рече Никола Ѓорѓиев од „Мак Млин Чешиново“. Како што информира Малишиќ, килограм македонска пченицита што е заостаната од минатогодишниот род се продава по 11 денари во место, а српско брашно веќе се продава на пазарот со сите  извозни трошоци по цена од околу 13 денари. - Тоа значи дека е невозможно да се купи македонската пченица да се донесе во преработувачки капацитет, да се сомеле, да се спакува, да се платат трошоци за плата, струја... и да се продаде во Македонија, појасни Малишиќ. Срмано е,  како што наведе, да се попушти на српскиот притисок,  иако докажано им се објасни дека нема никави забрани кон нивниот извоз на брашно во РМ, односно дека само се зголемува контролата кон увозниците кои претходно на штета на државата и корисниците остварувале поголем профит незаконски. Како што рече Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија  по стапувањето во сила на Правилникот на 8 февруари до крајот на март или за 40 дена увозот на брашно бил зголемен за 15 проценти, што значи дека измената на Правилникот не претставувала бариера. - Во континуитет увозот на српско брашно се зголемува  во Македонија, а тоа имплицира домашните мелничари да мелат помалку и да не можат да ја откупуваат домашната пченица. Во 2014 година во Македонија се  увезени 40.000  тони брашно од пченица, 2015 година 47.000 тони, а во 2016 и во 2017 година по 54.000 тони брашно од пченица, наведе Малишиќ. Тој истакна дека не сакаат да дојде до ситуација да не се врши откуп на домашната пченица затоа што тоа ќе се одрази и на земјоделците, со чија поддршка  бараат да се најде решение. Се очекува годинава да има добар род од околу 160.000 тони пченица, што, како што рече,  ќе направи многу поголем притисок за нејзина продажба и откуп. - Без решение не сме во  можност да откупуваме пченица и мора да седнеме со Владата и да најдеме солуција. Не сакаме да дојдеме до тоа затоа што змејоделците се наши  партнери, но од постапките од претходната влада  и од сегашна ветувања ние сме дојдени во ситуација да сме во колапс, порача Малишиќ. Според заклучоците од последната седница на Групацијата, решение мора да се најде во најкраток можен рок, бидејќи Србија годинава има рекордни приноси на пченица, цената на брашното моментно е 12,5 денари за килограм и се очекува цена на лебното жито од шест до седум денари за килограм. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/melnicharite-se-zakanija-deka-nema-da-otkupuvaat-pchenica/feed/ 0