меморандум за соработка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Jul 2022 07:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меморандум за соработка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Склучен Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија за спречување на корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/skluchen-memorandum-za-sorabotka-pomegju-narodnata-banka-i-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/skluchen-memorandum-za-sorabotka-pomegju-narodnata-banka-i-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata/#respond Mon, 18 Jul 2022 07:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=706788

Народната банка на Република Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува заемна размена на искуства и знаења, добра практика, како и стручна консултација за прашања од интерес. Меморандумот за соработка е резултат на долгогодишната успешна и отворена соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија, со цел да се спречат корупцијата и судирот на интереси што е определено и во Политиката за спречување појава на корупција, донесена од Народната банка во 2021 година. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот ќе биде многу значајно за двете институции, коишто преку директна и постојана соработка ќе придонесат за спроведување политика на нетолеранција на корупцијата. За спроведување на Меморандумот претстојат заеднички обуки за јакнење на капацитетите заради унапредување на професионалните капацитети на вработените на НБРСМ и ДКСК. Зајакнувањето на соработката со Државната комисија е една од активностите на Народната банка за поддршка на борбата за спречување на корупцијата, преку одржување високи правни и етички стандарди и преку примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/skluchen-memorandum-za-sorabotka-pomegju-narodnata-banka-i-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata/feed/ 0
Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Илинден и компанијата Џонсон Мети https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-ilinden-i-kompanijata-dzonson-meti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-ilinden-i-kompanijata-dzonson-meti/#respond Mon, 11 Apr 2022 14:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=661416

Општина Илинден и компанијата "Џонсон Мети" потпишаа Меморандум за соработка во областа на образованието, со кој англиската компанија за производство на катализатори ќе обезбеди практична настава и обука во сопствените капацитети за учениците од средното стручно училиште "Илинден". Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и генералниот директор на Џонсон Мети, Боријан Борозанов. - Потпишувањето на овој меморандум има за цел збогатување на знаењата на учениците преку практична настава и обука, каде учениците непосредно ќе имаат можност да го следат целокупниот процес на производство и преку нивните ментори да изведуваат практични обуки во просториите на компанијата. Учениците исто така ќе имаат можност да се запознаат со начините за работа како и со најнапредната технологија која ја поседува оваа компанија. Џонсон Мети е врвна англиска компанија за катализатори, каде целото производство е наменето за извоз и е еден од најголемите извозници во Македонија, информираат од кабинетот на градоначалникот Георгиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-ilinden-i-kompanijata-dzonson-meti/feed/ 0
Стопанска комора и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ ќе потпишат Меморандум за соработка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-i-univerzitetot-sv-kliment-ohridski-kje-potpishat-memorandum-za-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-i-univerzitetot-sv-kliment-ohridski-kje-potpishat-memorandum-za-sorabotka/#respond Fri, 06 Dec 2019 06:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=274023

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски”, Сашо Коруновски денеска ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора и Универзитетот. Со Меморандумот, како што соопштува Стопанската комора, ќе се утврди рамката со која ќе се унапреди заедничката соработката. Целта е искористување на заедничките кадровски потенцијали – наставни, научни и стручни, како и професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности, -Соработката ќе овозможи напредување на пазарното стопанство, претприемништвото и конкурентноста, како и промовирање на добри бизнис-практики. Воедно, ова ќе претставува и поддршка на приватниот сектор во интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ, особено во поттикнување и изградување на капацитетот за користење на ЕУ-програми и фондови, информира Стопанската комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-i-univerzitetot-sv-kliment-ohridski-kje-potpishat-memorandum-za-sorabotka/feed/ 0
Османи и норвешкиот амбасадор Бјорстад ќе потпишат Меморандум за соработка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-i-norveshkiot-ambasador-bjorstad-kje-potpishat-memorandum-za-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-i-norveshkiot-ambasador-bjorstad-kje-potpishat-memorandum-za-sorabotka/#respond Thu, 26 Jul 2018 06:09:48 +0000 https://kurir.mk/?p=81159

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и норвешкиот амбасадор, Арне Санес Бјорнстад, денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање за билатерална проектна соработка. Пред потпишувањето на Меморандумот за разбирање вицепремиерот Османи и амбасадорот Бјорнстад ќе имаат обраќање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-i-norveshkiot-ambasador-bjorstad-kje-potpishat-memorandum-za-sorabotka/feed/ 0
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за одбрана и Факултетот за безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-megju-ministerstvoto-za-odbrana-i-fakultetot-za-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-megju-ministerstvoto-za-odbrana-i-fakultetot-za-bezbednost/#respond Mon, 26 Feb 2018 10:41:03 +0000 http://kurir.mk/?p=24923

Меморандум за соработка меѓу Министерството за одбрана и Факултетот за безбедност во Скопје денеска потпишаа министерката Радмила Шекеринска и деканот Никола Дујовски. Министерката Шекеринска по потпишувањето на Меморандумот рече дека работат инклузивно и на вклучување на сите различни институции кои можат да бидат од полза на одбраната и даваат реална шанса на младите. - Во мала држава најголемата работа е да водите сметка за своите ресурси. Најголемите ресурси во Македонија се луѓето, нивното знаење и нивните компетенции. Не може да очекуваме дека сето знаење е внатре во институциите и треба да најдеме начин за подобро искористување на капацитетите на академската заедница, изјави Шекеринска. Посочи дека целта на Меморандумот е зголемување на тековната соработка и можност студентите од Факултетот за безбедност да се стекнат со практично знаење работејќи во Министерството. Деканот Дујовски рече дека сите во Македонија треба да дадеме придонес за подобрување на безбедноста и добро е што Владата и Министерството го имаат предвид значењето на Факултетот. Министерката Шекеринска пред студентите од Факултетот за безбедност ќе одржи академски час за иднината на трансатланските односи и кризата во меѓународната безбедносна архитектура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-megju-ministerstvoto-za-odbrana-i-fakultetot-za-bezbednost/feed/ 0