меморандум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 13:34:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меморандум – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Вилнус потпишан Меморандум за операционализација на Центарот за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vilnus-potpishan-memorandum-za-operatsionalizatsija-na-tsentarot-za-izvonrednost-na-nato-za-klimatski-promeni-i-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vilnus-potpishan-memorandum-za-operatsionalizatsija-na-tsentarot-za-izvonrednost-na-nato-za-klimatski-promeni-i-bezbednost/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=855868

Климатските промени се еден од клучните предизвици на денешницата и зголемените влијанија од промената на климата претставуваат директни и индиректни закани за безбедност на луѓето и државите ширум светот, па од тие прични НАТО реши да создаде свој Центар за извонредност за климатски промени и безбедност, за чија операционализација денеска беше потпишан Меморандум за разбирање на Самитот на Алијансата во Вилнус. Според оценките на НАТО, екстремните временски прилики и климатските промени може да ги загрозат човечкиот живот и благосостојба, економската безбедност, политичката стабилност, јавната безбедност, имотот и критичната инфраструктура. - Ефектите од климатските промени, исто така, го обликуваат однесувањето на државните и недржавните актери на различни начини, кои се уште не се целосно осознаени. Жените, девојките, домородното население, оние кои живеат во сиромаштија и другите ранливи или маргинализирани групи често се особено изложени на ризик од директните и индиректните ефекти на климатските промени, посочуваат од НАТО. Од тие причини, како водечка политичка и воена алијанса во светот, НАТО со формирањето на овој Центар има јасна цел за справувањето со безбедносните импликации од климатските промени. - Климатските влијанија може да ја тестираат отпорноста на воените инсталации и опрема, да создадат посурови или посложени оперативни услови и да ја променат природата на стратешкото опкружување, што претставуваат уникатни предизвици за воените и безбедносните актери задолжени да ја одржуваат нашата безбедност, додаваат од НАТО. Иницијативата за формирање на Центарот ја покрена канадскиот премиер Џастин Трудо на Самитот на НАТО во јуни 2021 година, по што лани во мај Алијансата официјално го прифати овој предлог. По ова, на Самитот на Алијансата во Мадрид минатата година беше решено седиштето на Центарот за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност да биде во канадскиот град Монтреал. Според најавите, во моментов Канада заедно со останатите сојузници од Алијансата, работи на воспоставување на овој Центар, кој би требало да почне со работа на есен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vilnus-potpishan-memorandum-za-operatsionalizatsija-na-tsentarot-za-izvonrednost-na-nato-za-klimatski-promeni-i-bezbednost/feed/ 0
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Сојузот на математичари на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skluchen-memorandum-za-sorabotka-pomegju-narodnata-banka-i-sojuzot-na-matematichari-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skluchen-memorandum-za-sorabotka-pomegju-narodnata-banka-i-sojuzot-na-matematichari-na-makedonija/#respond Tue, 20 Dec 2022 10:11:17 +0000 https://kurir.mk/?p=778045

Народната банка на Република Македонија и Сојузот на математичари на Македонија склучија Меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација, за потребите на Македонската економска олимпијада којашто се организира за првпат. Македонската економска олимпијада ќе се одржи во мај 2023 година, по што најуспешните ученици ќе се натпреваруваат на финалето на Меѓународната економска олимпијада, на крајот на јули 2023 година. Народната банка поддржува проекти за финансиска едукација на учениците и презема бројни активности за зголемување на финансиската писменост кај младите. За таа цел е и остварената соработка со Сојузот на математичари на Македонија, чија цел е откривање, поддршка и поттикнување на натпреварувачкиот дух на учениците со особен талент и знаења од областа на економијата, финансиите и бизнисот. Народната банка ќе сподели знаења, вештини и информации за учениците и за нивните ментори, заради зајакнување на финансиската едукација. Соработката ќе се остварува преку обуки и обезбедување едукативни материјали за подготовка на учениците од средното образование. Државната економска олимпијада, којашто ќе се одржува на годишно ниво како натпревар меѓу учениците од средното образование, е наменета за поттикнување и продлабочување на знаењата од економијата, финансиите, бизнисот и примената на математичките модели во економијата. Меѓународната економска олимпијада e престижен меѓународен натпревар по економија за учениците од средното образование, којшто се одржува од 2018 година наваму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skluchen-memorandum-za-sorabotka-pomegju-narodnata-banka-i-sojuzot-na-matematichari-na-makedonija/feed/ 0
Потпишан меморандум за соработка помеѓу општините Преспа, Пустец и Ресен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtinite-prespa-pustec-i-resen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtinite-prespa-pustec-i-resen/#respond Wed, 14 Dec 2022 15:41:57 +0000 https://kurir.mk/?p=775594

Во општина Преспа во Грција, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу општините Преспа во Грција, Пустец во Албанија и Ресен во Северна Македонија, објави Општина Пустец. Меморандумот го потпишале Панајотис Паскалидис градоначалник на општина Преспа, Пали Колефски на Пустец и Јован Тозиевски на општина Ресен. – Меморандумот предвидува меѓугранична соработка на трите општини и унапредување на соработката во областа на културата, спортот и туризмот. Градоначалниците изразија согласност заеднички да аплицираат пред европските фондови за проекти за развој на регионот на тромеѓата помеѓу Грција, Македонија и Албанија, стои во објавата. Според истиот извор признавајќи ја моменталната економска состојба со која се соочуваат граѓаните на преспанскиот крај во сите три земји, што доведе до помали можности за вработување и следствено иселување и депопулација што ја загрозува иднината поставени се неколку заеднички цели, за развој на прекуграничниот регион, врз основа на концептот на прекугранична соработка. Тоа со цел да се обезбеди „одржлив просперитет за нивните граѓани и да се зачува уникатната животна средина во областа Преспа”. -Конзервација, промоција и управување со извонредниот пејзаж на Преспа. Заштита, зачувување и промоција на културните вредности, вклучително и значајното археолошко и традиционално наследство, отворање на гранични премини и подобрување на патната инфраструктура кои обезбедуваат непречено движење на граѓаните и посетителите на преспанскиот крај меѓу трите земји, се дел од зацртаните цели. Предвидена е промоција на прекуграничниот регион Преспа како дестинација на светските туристички пазари. Постојана соработка за заштита на граѓаните, животната средина и инфраструктурата од природни непогоди пожари, поплави и слично. Воспоставување режим на локален граничен сообраќај во согласност со регулативата за локален граничен сообраќај на Европската унија (EC/1931/2006) која ќе обезбеди постојаните жители на областа Преспа да можат да се движат и да работат во прекуграничниот регион без непотребни пречки, се исто така цели за кои се заложиле градоначалниците. Потписиниците се согласиле за трансформирање на областа Преспа во модел за прекугранична соработка, мирен соживот и иновативен еко-пријателски развој преку создавање и проширување на нови и постоечки економски активности, како и исклучителен квалитет на живот, што ќе го направи привлечно место за живеење и работа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtinite-prespa-pustec-i-resen/feed/ 0
Египет и Грција се договорија: Потпишаа Меморандум за електрично поврзување https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egipet-i-grcija-se-dogovorija-potpishaa-memorandum-za-elektrichno-povrzuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egipet-i-grcija-se-dogovorija-potpishaa-memorandum-za-elektrichno-povrzuvanje/#respond Thu, 14 Oct 2021 18:09:48 +0000 https://kurir.mk/?p=579203

Преку подводен кабел што ќе пренесува зелена енергија, електрично ќе се поврзат Грција и Египет, по Меморандумот за разбирање што денеска го потпишаа министрите за животна средина и енергија на двете земји, Костас Скрекас и Мохамед Шакер, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за животна средина и енергија на Грција соопштија дека електричното поврзување ќе биде прво во регионот на Југоисточниот Медитеран и е проект со повеќе придобивки, меѓу кои и дополнително надградување на стратешкиот однос меѓу Грција и Египет, со создавање на заедничко, витално поле на економска соработка; зајакнување на енергетската безбедност на земјата; зголемување на употребата на обновливи извори на енергија; намалување на цените на електричната енергија, зајакнување на конкуренцијата и заштеда на ресурси итн. Потпишувањето на меморандумот, беше договорено во јуни, за време на официјалната посета на грчкиот премиерот, Кирјакос Мицотакис на Каиро и неговата средба со претседателот на Египет египетскиот претседател Абедел Фатах ал-Сиси. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/egipet-i-grcija-se-dogovorija-potpishaa-memorandum-za-elektrichno-povrzuvanje/feed/ 0
Меморандум за соработка меѓу УКИМ и Организацијата на работодавачи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorandum-za-sorabotka-megju-ukim-i-organizacijata-na-rabotodavachi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorandum-za-sorabotka-megju-ukim-i-organizacijata-na-rabotodavachi/#respond Thu, 15 Jul 2021 12:56:32 +0000 https://kurir.mk/?p=537238

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Организацијата на работодавачи на Македонија имаат Меморандум за соработка, кој денеска го потпишаа ректорот Никола Јанкуловски и претседателката на ОРМ, Владанка Трајкоска. Со овој Меморандум за соработка, како што информира УКИМ, договорните страни се стремат да го уредат својот меѓусебен однос и да ја предвидат својата долгорочна соработка и меѓусебна поддршка во понатамошните активности преку имплементирање заеднички проекти со цел да се задоволат потребите од високостручен кадар во сите сегменти на приватниот и јавниот сектор, континуирано приспособувајќи се на динамичните промени во овој домен, како и зголемување на интересот на приватниот сектор за дипломците на Универзитетот. –Со потпишувањето на овој Меморандум, договорните страни ја изразуваат подготвеноста за предметната соработка, врз основа на заемна доверба и разбирање и се согласни соработката да ја темелат врз начелата и постапките, предвидени со овој Меморандум, соопшти УКИМ. Во согласност со Меморандумот, ќе се изгради долготрајна партнерска соработка помеѓу договорните страни, која ќе се однесува на реализација на практикантска обука на студенти за времетраење на студиите; анализи за потребите од профили на кадар на пазарот на трудот; реализација на заеднички проекти и вклучување претставници на бизнис-заедницата во процесите на осовременување на студиските програми и креирање нови студиски програми во согласност со потребите на пазарот на трудот. Меморандумот за соработка предвидува и развој на форми на доквалификација и преквалификација за потребите на бизнис–секторот; заедничко учество и признавање на добиените крајни вредности од работилници, стручни семинари, конференции, трибини, форумски дебати и обуки; помагање преку специјализиран тренинг и едукација во областите: здравство, образование, право, финансии, банкарство, менаџмент, претприемаштво, ИТ, нови технологии и др.; заедничка партиципација во проекти финансирани од земјите членки на Европската Унија, како и користењето на останатите меѓународни фондови за развој на земјите од Западен Балкан; континуирано создавање креативна интелигенција која ќе биде водич или стимулатор за секој поединец во функција на креирање на успех.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorandum-za-sorabotka-megju-ukim-i-organizacijata-na-rabotodavachi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ без став за меморандумот на Бугарија, свитканата кичма на Заев со ново фијаско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-bez-stav-za-memorandumot-na-bugarija-svitkanata-kichma-na-zaev-so-novo-fijasko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-bez-stav-za-memorandumot-na-bugarija-svitkanata-kichma-na-zaev-so-novo-fijasko/#respond Fri, 18 Sep 2020 07:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=404919

СДСМ нема став за меморандумот на Бугарија кој е навредувачки за нашата држава и македонскиот народ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Политиката на свиткана кичма единствено што донесе се нови порази наместо ЕУ интеграција. СДСМ молчи, а МНР не реагира на ваквите меморандуми, додека мафијата на Заев продолжува да ја толчи и гмечи државата.  Меѓудругото спроведува мерки кои значат апартхејд СДСМ - ДУИ наместо да работат за европска иднина и подобри услови за живот на народот спроведуваат политика на поделби и сегрегација. Додека ја поскапуваат струјата за да испумпуваат милиони преку тендери, додека банки пропаѓаат и илјадници остануваат без своите примања, власта наместо на решение на нивните проблеми одговара со поделби во општеството преку субвенционирање на вработувања по етнички клуч, потенцираат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека субвенционирање на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо. Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат. Наместо политика на апартхејд, нека почнат да водат европски политики. -Сите плаќаат поскапа струја, сите се жртва на корупцијата и криминалот, сите се подеднакво небезбедни, сите ги делат истите маки. И власта наместо со политики на поделби треба да почне со политики на сплотување, европски политики на заедништво, стои во нивното партиско соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-bez-stav-za-memorandumot-na-bugarija-svitkanata-kichma-na-zaev-so-novo-fijasko/feed/ 0
Меморандум на албанските интелектуалци, 7 точки за решавање албанското прашање во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorandum-na-albanskite-intelektualci-7-tochki-za-reshavanje-albanskoto-prashanje-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorandum-na-albanskite-intelektualci-7-tochki-za-reshavanje-albanskoto-prashanje-vo-makedonija/#respond Thu, 12 Apr 2018 16:22:27 +0000 https://kurir.mk/?p=39791

Група интелектуалци во Македонија од денеска почнаа со потпишување меморандум со седум точки, додека пак барањата се: Промена на Уставот на Република Македонија, промена на името на ПЈРМ, исто така ја нагласуваат потребата од интегрирање на Албанците како приоритетен народ пред било која друга интеграција, вклучително и интеграција во ЕУ, одбиваат интересот на Албанците да остане заложник на регионалниот мир и стабилност, определување на албанските интереси и поставување на цели, исто така, силно ја осудуваат злоупотребата на криминални досиеја за експонентите на албанската политичка класа вклучени во коруптивни и криминални афери. Исто така бараа закон кој на албанскиот јазик ќе му овозможи еднаков статус со македонскиот јазик во Република Македонија. Исто така, групата албански интелектуалци, велат дека се одлучни постојано и во континуитет да се спротиставуваат на било каков вид на политика на штета на Албанците и дека ќе барат одговорност за таквата политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorandum-na-albanskite-intelektualci-7-tochki-za-reshavanje-albanskoto-prashanje-vo-makedonija/feed/ 0