меморијален турнир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 10:54:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png меморијален турнир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стартува меморијалниот турнир „Љубомир Рајчевски – Рајче“: Глуво(вуд) подготвен за 45-дневниот фудбалско-естраден спектакл https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/startuva-memorijalniot-turnir-lubomir-rajchevski-rajche-gluvo-vud-podgotven-za-45-dnevniot-fudbalsko-estraden-spektakl/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/startuva-memorijalniot-turnir-lubomir-rajchevski-rajche-gluvo-vud-podgotven-za-45-dnevniot-fudbalsko-estraden-spektakl/#respond Fri, 14 Jul 2023 10:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=856649

Во село Глуво, општина Чучер Сандево ќе се одржува еден од најголемите турнири во мал-фудбал. Во чест на легендарниот вардаров фудбалер „Љубомир Рајчевски – Рајче“, по 17-ти пат во ова скопско село, се организира меморијалниот турнир. Љубителите на фудбалската игра ќе може да уживаат и богатата забавно-естрадна програма која ќе биде дел од 45-дневното дружење. На турнирот ќе учествуваат 24 екипи поделени во 4 групи, а ќе бидат одиграни без малку 150 натпревари. Почнувајќи од вечерва (петок – 14 јули) од 20 часот, ќе се играат четири натпревари во ден. Само двете последно пласирани нема да обезбедат пласман во разигрувањето односно осминафиналето. Организациониот одбор, се погрижи да обезбеди и одличен награден фонд за трите првопласирани екипи во вкупна вредност од 300.000 денари. Како што самите мештани велат „GLUVO-WOOD“ е подготвен, дојдете да се забавувавме.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/startuva-memorijalniot-turnir-lubomir-rajchevski-rajche-gluvo-vud-podgotven-za-45-dnevniot-fudbalsko-estraden-spektakl/feed/ 0
17-ти меморијален турнир во фудбал – „Љубомир Рајчевски – Рајче“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/17-ti-memorijalen-turnir-vo-fudbal-lubomir-rajchevski-rajche/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/17-ti-memorijalen-turnir-vo-fudbal-lubomir-rajchevski-rajche/#respond Thu, 06 Jul 2023 12:47:37 +0000 https://kurir.mk/?p=853572

Oпштина Чучер Сандево, поточно село Глуво, несомнено делува и вложува во настан кој триумфираше со историски турнир во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар. Истиот е под генерално покровителство на општина Чучер Сандево, како и многуте соработки со бројни промотивни активности, забава и дружење на највисоко ниво. Покрај формалното здружение тука се и граѓаните на село Глуво кои секојдневно и неуморно се трудат да овозможат културни и рекреативни настани за поттик и успешност на младината и задоволството на граѓаните и посетителите. Организациониот одбор при здружението КУЛТУРЕН СПОРТСКИ ЦЕНТАР ГЛУВО, ги охрабрува сите љубители на фудбалот да бидат дел од традиоционалниот спортски настан, а најдобрите и публиката ги очекува големи изненадувања и награди. Спектакуларното отворање на настанот е закажано за 14.07.2023, петок. Ова се дел од агендата и наградите: Неверојатен, но реален награден фонд во вредност од 300.000 денари за заслужните екипи: 1-во, 2-ро и 3-то место; Ансамбли со традиционални ора и танци кои ќе не потсетат на вредностите кои треба да ги негуваме и почитуваме; Незаборавен забавен дел со комплетен бенд и перформанс со женски и машки вокал од нашиот сосед Србија, како и многу други изненадувања. „Пријавувањето на екипите е до 13.07.2023, со учество во вредност од 6.000 денари. Наше е да организираме, на Вас е да не почестите со вашето присуство и да уживате! 079 370 771 Maтеј – Ве очекуваме“ – порачуваат организаторите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/17-ti-memorijalen-turnir-vo-fudbal-lubomir-rajchevski-rajche/feed/ 0
Меморијален ракометен турнир во организација на Фондацијата „Марко Божиновски“ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/memorijalen-rakometen-turnir-vo-organizacija-na-fondacijata-marko-bozinovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/memorijalen-rakometen-turnir-vo-organizacija-na-fondacijata-marko-bozinovski/#respond Tue, 14 Jun 2022 05:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=690468

Фондацијата „Марко Божиновски“ од денеска до 17 јуни во Ново Лисиче ќе го организира првиот Меморијален ракометен турнир во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски. Осум екипи на момчиња, родени во 2004 година и помлади, од три држави и поделени во две групи, ќе се натпреваруваат за победничкиот пехар на премиерното издание на турнирот. Фондацијата „Марко Божиновски“ соопшти дека натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи, со систем на натпреварување секој со секого во својата група. Првопласираните екипи од групите ќе играат натпревар за прво место, второпласираните за трето итн. Во случај на ист број на поени ќе се применат пропозициите на РФМ. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на Јутјуб. -Помина една година откако младиот ракометар и член на македонскиот национален тим Марко Божиновски тивко си замина. Неговото заминување беше тивко, но веста за неговото заминување одекна далеку и гласно. Во негова чест и аманет, а имајќи предвид дека ракометот беше негов живот, љубов и животна определба, неговото семејство ја отвори Фондацијата „Марко Божиновски“ со визија вечно да живее неговиот лик и дело, поддршка на млади луѓе кои поседуваат талент, но немаат можност да инвестираат во себе, како и всадување спортски дух кај новите генерации, дух кој Марче го носеше во себе, велат од Фондацијата. Натпреварите од турнирот ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ во Аеродром, кој од минатиот октомври е преименуван во СЦ „Марко Божиновски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/memorijalen-rakometen-turnir-vo-organizacija-na-fondacijata-marko-bozinovski/feed/ 0
Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-vo-chest-na-zaginatite-braniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-vo-chest-na-zaginatite-braniteli/#respond Thu, 14 Nov 2019 07:11:51 +0000 https://kurir.mk/?p=263857

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – мала сала, денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе го отвори Меморијалниот турнир во мал фудбал кој се одржува во чест на загинатите бранители. На турнирот ќе настапат 16 екипи од ГШ на Армијата, МВР и победнички екипи од одржани локални турнири низ општините. Меморијалниот турнир е во организација на Здружението на членовите на семејствата на загинатите припадници на вооружените сили и во соработка со Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, а покровител на настанот е министерката Шекеринска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-vo-chest-na-zaginatite-braniteli/feed/ 0
Почнува меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ во тетовско Јанчиште https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochnuva-memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-bobe-junior-vo-tetovsko-janchishte/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochnuva-memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-bobe-junior-vo-tetovsko-janchishte/#respond Sun, 26 May 2019 07:53:15 +0000 https://kurir.mk/?p=202039

Меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ почнува вечер во 19 часот во тетовско село Јанчиште, во општина Јегуновце. -На отворањето ќе имаме почесна програма во чест на основачот на турнирот Бобан Симовски-Бобе и неговиот другар Александар Димчевски-Трска, во рамки на која ќе настапи културно-уметничко друштво „Извор“ од Јегуновце по што ревијален натпревар ќе одиграат екипите на ФК Тетекс и ФК Љуботен, изјави Бојан Симовски од организацијата на турнирот. По ревијалниот натпревар турнирот продолжува со еден натпревар од групите и средба на екипите Бобе Јуниор (Јанчиште) и Плаја Виста (Сиричино). На турнирот учествуваат 25 екипи од Тетовско поделени во шест групи. Првата фаза од натпреварувањето по групи ќе се игра по бод систем до 9 јуни по што се продолжува со елиминации во осминафиналето. Се играат по две полувремиња од по 15 минути. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochnuva-memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-bobe-junior-vo-tetovsko-janchishte/feed/ 0
Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители „Херои на Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-vo-chest-na-zaginatite-braniteli-heroi-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-vo-chest-na-zaginatite-braniteli-heroi-na-makedonija/#respond Tue, 18 Sep 2018 11:13:26 +0000 https://kurir.mk/?p=102551

Оддавајќи им должна почит на сите наши загинати припадници на безбедносните сили на Република Македонија, но и на нивните најблиски, чија што загуба ниту ќе може, ниту ќе се успее кога било да се надомести, ние истовремено оставаме и една силна порака - дека никогаш и заради ништо не смее да заборавиме кому и што му должиме, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на меморијалниот спортски турнир „Херои на Македонија“, денеска во салата Борис Трајковски во Скопје. - Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност која што не зближува едни со други, која што ја дава онаа важна нитка на благородна почит, и која што им помага на спомените да останат - бесмртни. Овој меморијален спортски турнир “Херои на Македонија“, ја има токму таквата возвишена цел: повторно да не собере, и сите заедно да си припомниме за луѓето што некогаш беа со нас, се радуваа и тагуваа со нас, и што храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината - нашите другари, соборци и колеги, рече Спасовски, соопшти МВР. Меморијалниот турнир во мал фудбал, традиционално се одржува по 11-ти пат во Скопје.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/memorijalen-turnir-vo-mal-fudbal-vo-chest-na-zaginatite-braniteli-heroi-na-makedonija/feed/ 0
Меморијален турнир во кошарка за Горан Димоски https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/memorijalen-turnir-vo-kosharka-za-goran-dimoski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/memorijalen-turnir-vo-kosharka-za-goran-dimoski/#respond Fri, 14 Sep 2018 06:22:14 +0000 https://kurir.mk/?p=100719

Меморојален турнир во кошарка во чест на прерано починатиот Горан Димоски ќе се одржи од денеска до недела во спортската сала „Македонско Сонце“ во ОУ „11 октомври“ во општина Ценар. На турнирот ќе учествуваат 20 екипи и ќе се одвива по формат и правила на ФИБА 3х3.  Почетокот е најавен за денеска во 17 часот, утре ќе се одвива од 18 часот, а задутре од 11 часот. - Горан го сакаше спортот, а особено кошарката. Беше хуман човек кој несебично им помагаше на сите оние на кои им беше потребна помош. Беше голем другар и беше секогаш тука за своите пријатели, соопштија организаторите на турнирот. Горан Димоски беше роден во Скопје на 3 јануари 1996. Студираше на Американ колеџ во Скопје. Почина трагично на 3 март годинава. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/memorijalen-turnir-vo-kosharka-za-goran-dimoski/feed/ 0
Викендов меморијален турнир во кошарка во чест на трагично загинатиот Горан Димоски- пријавување до утре https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vikendov-memorijalen-turnir-vo-kosharka-vo-chest-na-tragichno-zaginatiot-goran-dimoski-prijavuvanje-do-utre/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vikendov-memorijalen-turnir-vo-kosharka-vo-chest-na-tragichno-zaginatiot-goran-dimoski-prijavuvanje-do-utre/#respond Tue, 11 Sep 2018 07:37:17 +0000 https://kurir.mk/?p=99174

По повод шест месец од трагично загубениот живот на младиот Горан Димоски, кој загина во март во оваа година, во населбата Аеродром ќе биде организиран меморијален турнир во кошарка. -По повод шест месеци од трагично изгубениот живот на нашиот непрежален другар Горан Димоски, ќе организираме меморијален турнир во кошарка, во основното училиште „Браќа Миладиновци“- населба Аеродром, на датум 14, 15, 16 септември 2018 година. За да му оддадеме почит на нашиот Гого ќе се организираат тимови (еден тим ќе го сочинуваат 3+1), информираат организаторите. Котизацијата за учество на турнирот 600 денари од тим или 150 денари од играч. За да бидете дел од меморијалниот турнир потребно е име на играчите и тимот. -Сите заедно да се собереме и да му оддадеме почин на нашиот никогаш заборавен Гого. Засекогаш во нашите срца брат, порачуваат пријателите на Горан. Пријавувањето за учество на турнирот трае до утре, 12 септември. Сите заинтересирани може да се пријават на 078 217 225 и 078 247 805 или преку праќање порака на Фејсбук настанот на меморијалниот турнир во чест на Горан Димоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vikendov-memorijalen-turnir-vo-kosharka-vo-chest-na-tragichno-zaginatiot-goran-dimoski-prijavuvanje-do-utre/feed/ 0