Менг Ванжу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Dec 2018 07:11:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Менг Ванжу – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Финансиската директорка на Хуавеј ослободена со кауција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finansiskata-direktorka-na-huavej-oslobodena-so-kaucija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finansiskata-direktorka-na-huavej-oslobodena-so-kaucija/#respond Wed, 12 Dec 2018 07:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=138979

Суд во Канада ја ослободи со кауција од седум милиони долари финаниската директорка на Хуавеј, Менг Ванжу која пред десетина дена беше уапсена по налог на САД кои бараат нејзина екстрадиција.
Судијата изјави дека, според закон, САД имаат 60 дена да ги испратат сите неопходни документи за барањето за екстрадиција. Ако документите не бидат испратени до 8 јануари 2018, Менг Ванжу може да биде ослободена. Таа беше уапсена на 1 декември во Канада, по барање на САД поради сомневања за измами поврзани со наводно нарушување на американските санкции против Иран. Кина претходно ја предупреди Канада дека ќе има „сериозни последици“ ако итно не ја ослободи финансиската директорка на Хуавеј, која е ќерка на основачот на кинеската компанија, Рен Женгфеи . Ако биде екстрадирана во САД, Менг ќе биде обвинета за заговор со цел измама на повеќе финансиски институции. За секоја точка од обвинението се предвидува казна до 30 години затвор. Во САД уште од 2016 година е покрената истрага против компанијата Хуавеј поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД. Апсењето на Менг се случи во „чуден момент“, бидејќи американскиот и кинескиот претседател, Доналд Трамп и Си Џинпинг неколку дена претходно најавија 90-дневно „примирје“ во трговската војна. Апсењето на Менг би можело да ги закомплицира трговските преговори помеѓу Пекинг и Вашингтон. За САД, „Хуавеј“ и другите кинески компании се можен параван за кинеска шпионажа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finansiskata-direktorka-na-huavej-oslobodena-so-kaucija/feed/ 0
Уапсена финансиската директорка на „Хуавеј“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-finansiskata-direktorka-na-huavej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-finansiskata-direktorka-na-huavej/#respond Thu, 06 Dec 2018 08:21:36 +0000 https://kurir.mk/?p=136340

Потпретседателката и главна финансиска директорка на „Хуавеј“, Менг Ванжу е уапсена на 1 декември во Канада, објавија денеска американските медиуми. Менг, која е ќерка на основачот на кинеската компанија „Хуавеј“, Рен Женгфеи, е уапсена поради наводно кршење на американските санкции и и се заканува екстрадиција во САД. Во САД уште од 2016 година е покрената истрага против компанијата „Хуавеј“ поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД. Компанијата преку соопштение го потврди апсењето на Менг, истакнувајќи дека не е јасен прекршокот поради кој е уапсена потпретседателката на Хуавеј. – Немаме никакви сознание дека Менг сторила казниво дело. Амбасадата на Кина во Канада побара Менг да биде ослободена. Апсењето на Менг се случи во „чуден момент“, бидејќи американскиот и кинескиот претседател, Доналд Трамп и Си Џинпинг неколку дена претходно најавија 90-дневно „примирје“ во трговската војна. Апсењето на Менг би можело да ги закомплицира трговските преговори помеѓу Пекинг и Вашингтон. За САД, „Хуавеј“ и другите кинески компании се можен параван за кинеска шпионажа. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsena-finansiskata-direktorka-na-huavej/feed/ 0