менингитис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Aug 2023 13:09:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png менингитис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се зголемува бројот на случаи на менингитис во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemuva-brojot-na-sluchai-na-meningitis-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemuva-brojot-na-sluchai-na-meningitis-vo-kosovo/#respond Wed, 16 Aug 2023 13:09:16 +0000 https://kurir.mk/?p=867463

Министерството за здравство на Косово денеска ги повика граѓаните да бидат повнимателни и постојано да ја контролираат водата за пиење, поради зголемениот број на заболени од менингитис во последните два месеци. Во денешното соопштение, Министерството за здравство наведува дека, врз основа на извештајот на Државниот завод за јавно здравје, потребна е зголемена контрола на водата за пиење и на базените за да се спречат разни инфекции. Според извештајот на болничката служба на Универзитетската клиника на Косово, бројот на пријавени случаи на менингеален синдром во текот на јули и август е зголемен во однос на истиот период лани, соопшти Министерството за здравство. „Секој што ќе дојде во контакт со причинителот може да се разболи од менингитис, но одредени возрасни групи се изложени на поголем ризик. Според Светската здравствена организација, менингитисот најмногу ги погодува младите луѓе бидејќи имунолошкиот систем на младите, главно бебињата, децата и тинејџери, не е доволно развиен за борба против предизвикувачот на болеста“, посочуваат од Министерството за здравство. Бактериски или вирусни инфекции се причина за менингеален синдром. Место на ширење на инфекцијата може да бидат базени, места за освежување, контакт и вода за пиење, предупредуваат од Министерството. Министерството за здравство ги објави и симптомите на менингитис, кои се слични на симптомите на обичниот грип, но се влошуваат за многу кратко време.  Менингитисот може да се појави веднаш или 3-7 дена по инфекцијата, а се лекува само во болница. Симптоми на болеста се: повраќање, вртоглавица, висока температура, болки во мускулите, чувствителност на светлина, главоболка, конфузија, студени екстремитети, осип на кожата. Децата може да имаат и симптоми како што се забрзано дишење, иритација и продолжено плачење, губење на концентрација и недостиг на апетит.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-zgolemuva-brojot-na-sluchai-na-meningitis-vo-kosovo/feed/ 0
Мексико: Уапсен лекар обвинет за ширење менингитис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-uapsen-lekar-obvinet-za-shirene-meningitis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-uapsen-lekar-obvinet-za-shirene-meningitis/#respond Wed, 08 Feb 2023 07:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=797665

Мексиканската полиција приведе лекар обвинет за употреба на контаминирани лекови кои можеби предизвикале мистериозна епидемија на менингитис во државата Дуранго, откако болеста усмрти најмалку 35 жени во последните месеци. Уште 79 лица се хоспитализирани со знаци на инфекција. Полицијата уапси доктор специјализиран за анестезиологија во вторникот рано наутро под обвинение за нелегални активности, вклучително и повторна употреба на лекови во приватните болници каде што работел. Целосното име на докторот не е објавено. Менингитисот обично е поврзан со болно воспаление на мозокот и 'рбетниот мозок, често предизвикано од вирус или во некои случаи од бактериска или габична инфекција. Засегнатите пациенти во Дуранго најверојатно се заразиле со габичен менингитис додека биле подложени на процедури во истите болници каде што работел докторот, се вели во изјавата на државниот обвинител на Дуранго, Соња Гарза. „Овој специјалист вршеше процедури без ограничувања“, рече Гарза, додавајќи дека носи свои лекови за пациентите, вклучително и нелегални лекови. Гарза додаде дека притворениот лекарот е единствениот лекар кој вршел процедури во четири болници каде биле забележани инфекциите. Таа исто така додаде дека тој негирал дека користел сопствени лекови за време на сослушувањето пред обвинителите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-uapsen-lekar-obvinet-za-shirene-meningitis/feed/ 0
Мистериозна епидемија на менингитис, починаа 35 луѓе во Мексико https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misteriozna-epidemija-na-meningitis-pochinaa-35-luge-vo-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misteriozna-epidemija-na-meningitis-pochinaa-35-luge-vo-meksiko/#respond Tue, 07 Feb 2023 06:53:58 +0000 https://kurir.mk/?p=797095

Мексиканските владини претставници во северниот дел на земјата објавија дека уште едно лице починало од мистериозна епидемија на менингитис, со што бројот на жртви од болеста се искачи на 35. До денеска, здравствените власти во претежно руралниот дел на државата Дуранго регистрирале 79 случаи во изминатите неколку месеци. Првиот случај на менингитис во Дуранго беше потврден на крајот на минатата година, кога лекарите потврдија дека има неколку пациенти заболени од асептичен менингитис, исклучително опасно воспаление на мозокот. Заразените пациенти во Дуранго биле подложени на операции во приватни болници во главниот град на таа мексиканската држава, што уште се нарекува Дуранго, покажаа податоците на Светската здравствена организација. Оваа година, здравствените власти во Дуранго речиси секој ден забележуваат нови случаи - хоспитализирања и смртни случаи. Државната влада Дуранго го опиша избувнувањето на менингитис како „ситуација без преседан во светот“, нагласувајќи дека сите здравствени службеници на мексиканската федерална влада работат на решавање на проблемот и откривање на најдобриот третман за пациентите. Претставниците на СЗО во декември објавија дека ја следат и помагаат да се утврди причината за менингитисот, заедно со мексиканската влада. Не е познато дали инфекциите започнале во Дуранго и колку пациенти се опоравиле од болеста.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misteriozna-epidemija-na-meningitis-pochinaa-35-luge-vo-meksiko/feed/ 0
Епидемија на менингитис во ДР Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-meningitis-vo-dr-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-meningitis-vo-dr-kongo/#respond Wed, 08 Sep 2021 10:50:56 +0000 https://kurir.mk/?p=560939

Епидемија на менингитис е регистрирана во североисточниот дел на ДР Конго во провинцијата Чопо, соопшти регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО). – Во Чопо се регистрирани 216 случаи на менингитис, 129 лица починаа, се вели во соопштението за медиумите од регионалната канцеларија. Оттаму забележуваат дека стапката на смртност е висока и изнесува 50 проценти. Во провинцијата со поддршка на СЗО е распореден и почна да работи првиот тим за укажување помош на болните. Во исто време, формиран е и комитет за брза реакција за да се спречи ширењето на болеста. Менингитисот е опасна заразна болест предизвикана од микроорганизми што предизвикува воспаление на мозокот и ’рбетниот мозок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-meningitis-vo-dr-kongo/feed/ 0