менса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jan 2023 10:28:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png менса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Може да брои до 100 на шест странски јазици, почнал да чита на 2 години- Теди е најмладиот член на Менса https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mozhe-da-broi-do-100-na-shest-stranski-jazitsi-pochnal-da-chita-na-2-godini-tedi-e-najmladiot-chlen-na-mensa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mozhe-da-broi-do-100-na-shest-stranski-jazitsi-pochnal-da-chita-na-2-godini-tedi-e-najmladiot-chlen-na-mensa/#respond Tue, 24 Jan 2023 10:28:32 +0000 https://kurir.mk/?p=791063

Мало дете од градот Портисхед, југозападна Англија, кое научило да чита на свои две години, е најмладиот член на Менса во Велика Британија. Сега четиригодишниот Теди, исто така, може да брои до 100 на шест странски јазици, вклучувајќи го и мандаринскиот. Мајката на момчето, Бет Хобс вели дека тој научил да чита на само 26 месеци „гледајќи детски канали и повторувајќи ги буквите“ што ги гледал на екранот. – Почна да ги следи зборовите на екранот, а кога тргна в градинка по укинувањето на Ковид-мерките, им кажавме на наставниците дека веруваме дека научил да чита. Наскоро ни се јавија на телефон и потврдија дека тој знае да чита!, вели таа. Тоа било само почетокот на воодушевувањето кај родителите на Теди. – Потоа, тој свиреше на таблетот, испушташе некои звуци кои едноставно не ги препознавав, па го прашав што е тоа, а тој ми вели: „Мамо, бројам на мандарински“, раскажува Хобс. Неговите родители велат дека, сепак, сакаат Теди да има вистинско детство. – Тој почнува да сфаќа дека неговите другарчиња сè уште не знаат да читаат и не разбира зошто. Нам ни е многу важно тој „да не лета во облаци“. Треба да разбере дека има некои вештини, но и дека некое друго дете, на пример, може да трча побрзо од него – секој има одредена дарба, вели Хобс. Менса го признава членството врз основа на тест за интелигенција, каде што се потребни најмалку 98 отсто точни одговори на стандарден тест. Теди е примен во тоа здружение кога имал три години и сега тој е најмладиот член на тоа „високоинтелектуално друштво“ со седиште во Обединетото Кралство.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mozhe-da-broi-do-100-na-shest-stranski-jazitsi-pochnal-da-chita-na-2-godini-tedi-e-najmladiot-chlen-na-mensa/feed/ 0