ментална болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Dec 2022 07:36:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ментална болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Канада сака да ја продолжи непримената на законот за еутаназија на ментално заболените https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-saka-da-ja-prodolzi-neprimenata-na-zakonot-za-eutanazija-na-mentalno-zabolenite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-saka-da-ja-prodolzi-neprimenata-na-zakonot-za-eutanazija-na-mentalno-zabolenite/#respond Fri, 16 Dec 2022 07:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=776367

Канадската Влада планира да се продолжи изземањето од Законот за еутаназија на лицата кои страдаат од ментална болест, изјави канадскиот министер за правда Давид Ламети. Канада го усвои тој нов закон во 2021 година. Лицата кои страдаат од ментални болести биле изземени од него, но исклучокот истекува во март идната година. Доколку не дојде до дополнително одложување, Канада ќе биде една од шесте земји во кои лицето кое има ментална болест, а не е блиску до својата природна смрт, може да добие лекар да му помогне да почине. Законот предвидува здравствената состојба на лицето кое сака потпомогната смрт да биде непоправлива и да предизвикува неподносливо страдање, што мора да го потврдат двајца лекари. Некои лекари и застапници за спроведување на законот тврдат дека ранливите луѓе бараат помош за умирање само кога не можат да добијат поддршка, додека други велат дека не е познато кога менталната болест станува „непоправлива“. – Федералната влада има намера да разговара со парламентарците во Претставничкиот дом и Сенатот за продолжување на датумот за изземање и после март следната година. Сакаме да бидеме претпазливи. Сакаме да одиме чекор по чекор за да не правиме грешки, изјави министерот Ламети.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-saka-da-ja-prodolzi-neprimenata-na-zakonot-za-eutanazija-na-mentalno-zabolenite/feed/ 0
Истражување: Три четвртини од музичарите страдаат од одреден вид ментална болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-tri-chetvrtini-od-muzicharite-stradaat-od-odreden-vid-mentalna-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-tri-chetvrtini-od-muzicharite-stradaat-od-odreden-vid-mentalna-bolest/#respond Sun, 26 May 2019 07:59:56 +0000 https://kurir.mk/?p=202056

Истражувања покажаа дека 73 отсто од музичарите страдаат од некоја форма на ментална болест, додека само 19 проценти уживаат во условите што ги имаат во таа кариера. Ова истражување го спроведе „Ред Јуникорн“, компанија за дигитална дистрибуција, интервјуирајќи речиси 1.500 музичари од 21 март до 2 април. Таа куќа објави дека дури три четвртини од испитаниците чувствуваат стрес, анксиозност и / или депресија, додека ја работеле својата работа. Бројките се уште полоши кога станува збор за помладата популација на возраст помеѓу 18 и 25 години, бидејќи кај нив се појавуваат пореметувања што ги следат целиот живот и тоа кај 80 проценти од испитаниците. -Нашето истражување вели дека нешто мора да се промени, вели Јохан Сванберг, извршен директор на компанијата. Истражувањето укажува дека е голем процентот на музичари кои добиваат напади на паника, додека 57 отсто се многу загрижени за своето ментално здравје (дури 41 отсто велат дека постојано се грижат за тоа во текот на денот). Само 39 отсто од испитаните музичари велат дека се обиделе да побараат стручна помош, додека 51 отсто се обидуваат да го решат тој проблем на свој начин со примена на свои тактики. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-tri-chetvrtini-od-muzicharite-stradaat-od-odreden-vid-mentalna-bolest/feed/ 0