ментално здравје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Oct 2023 19:40:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ментално здравје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британец кој бил на боледување 15 години ја тужел компанијата затоа што не му ја зголемила платата во тој период https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/britanets-koj-bil-na-boleduvane-15-godini-ja-tuzhel-kompanijata-zatoa-shto-ne-mu-ja-zgolemila-platata-vo-toj-period/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/britanets-koj-bil-na-boleduvane-15-godini-ja-tuzhel-kompanijata-zatoa-shto-ne-mu-ja-zgolemila-platata-vo-toj-period/#respond Sun, 29 Oct 2023 20:02:20 +0000 https://kurir.mk/?p=892709

Иан Клифорд, 50-годишен ИТ вработен во технолошкиот гигант IBM ја тужел компанијата затоа што не му ја зголемила годишната плата од 62.000 евра во периодот од 15 години колку што бил на боледување. Клифорд тврделдека бил жртва на дискриминација поради инвалидитет бидејќи неговата плата не била покачена во 15-те години кога бил без работа. Тој смета дека „не е алчно да се сака зголемување на платата“. ИТ експертот добивал повеќе од 62.000 евра годишно според здравствениот план на IBM и гарантирано ќе зема плата до 65-годишна возраст. Сепак, Клифорд тврдел дека тоа „не е доволно дарежливо“, бидејќи неговата плата ќе „овене“ со текот на времето поради инфлацијата. 50-годишникот зел боледување поради ментално здравје во 2008 година, а во 2012 година му била  дијагностицирана леукемија во четврта фаза. Сепак, минатата година тој ја тужел компанијата за дискриминација на инвалидитет бидејќи IBM не му ја зголемила платата од 2013 година. Но, трибуналот за вработување во Ридинг, Беркшир, го отфрли неговото барање, при што судијата му кажал на Клифорд дека му била дадена „многу значајна придобивка“ и „поволен третман“. Зборувајќи за првпат по пресудата, Клифорд рече дека сака да се погрижи неговиот син да биде згрижен и дека шансата тој да живее до 65 години е „малку веројатна“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/britanets-koj-bil-na-boleduvane-15-godini-ja-tuzhel-kompanijata-zatoa-shto-ne-mu-ja-zgolemila-platata-vo-toj-period/feed/ 0
Кампања за поттикнување на младите отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampana-za-pottiknuvane-na-mladite-otvoreno-da-zboruvaat-za-predizvitsite-na-mentalnoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampana-za-pottiknuvane-na-mladite-otvoreno-da-zboruvaat-za-predizvitsite-na-mentalnoto-zdravje/#respond Fri, 13 Oct 2023 06:27:40 +0000 https://kurir.mk/?p=888296

Министерството за труд и социјална политика со поддршката на УНИЦЕФ, а во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, започнуваат низа од 16 настани во различни градови кои имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје воопшто преку пристап заснован на игра. Стартот на кампањата ќе биде означен денеска со пешачката рута во Струмица на која ќе учествуваат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, соопшти МТСП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kampana-za-pottiknuvane-na-mladite-otvoreno-da-zboruvaat-za-predizvitsite-na-mentalnoto-zdravje/feed/ 0
Трибина „Насилство и ментално здравје“: За навремено спречување на депресијата и стресот кај луѓето, потребно е подигнување на свеста и сфаќање на сериозноста со проблемот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-nasilstvo-i-mentalno-zdravje-za-navremeno-sprechuvane-na-depresijata-i-stresot-kaj-lugeto-potrebno-e-podignuvane-na-svesta-i-sfakane-na-serioznosta-so-problemot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-nasilstvo-i-mentalno-zdravje-za-navremeno-sprechuvane-na-depresijata-i-stresot-kaj-lugeto-potrebno-e-podignuvane-na-svesta-i-sfakane-na-serioznosta-so-problemot/#respond Thu, 06 Jul 2023 19:17:40 +0000 https://kurir.mk/?p=853805

„Доколку зборуваме за депресија во тек на бременост или после породување луѓето не знаат дека такво нешто се случува и многу често на жените им велат како си нерасположена и треба да е расположена бидејќи тоа е нешто најубаво што ќе стане мајка“, изјави психијатарот Славица Арсова – Хаџи Анѓелковска на денешната трибина насилство и ментално здравје кај децата / млади, жени и постари лица организирана од Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ. Таа додаде дека бројката од 15 проценти депресија кај населението не е реална бидејќи таа е 30 проценти Таа посочи дека дете која нема добра релација со мајката во текот на нејзината прва година ќе има потешкотии на психолошки план. „Доколку мајката кога ќе се породи не може да се грижи за себе односно има по драматични последици да не сака да го дои бебето тоа води кон ризик на детето да има потешко детство на емоционален план и да се соочи со сопствени потешкотии од анксиозни депресивни дејства“, рече Арсова Хаџи Анѓеловска. Во текот на трибината свое обраќање имаше и психијатарот Васка Митова. Таа истакна дека битна е средината дали ќе биде оддржувачка за тој одреден развој или толку фрустрирачка и постојан хроничен стрес за немање можност на адаптација во таа средина. „Стресот кај децата би го делела како акутен стрес, стрес од тргнување во градинка, оттргнување од фамилијата и во сите тие ситуации треба да имаме некоја личност кој ќе биде емотивен регулатор на детето кога тргнува во градинка или кога пак тоа паднало од точак и слично“, рече Митова. Таа истакна дека итен фактор е апаратусот на стрес. „Психолошкиот апарат кој е одговорен за нашиот стрес од самата природа. Почнувајќи од детството тој апарат го зајакнуваме тој апарат и така ги градиме своите когнитивни психолошки механизми на справување со одредени ситуации“, кажа Митова. Во текот на трибината свое обраќање имаше и психијатарот Александар Ристески. Тој посочи дека насилството кон возрасните лица прави длабоки штети на нивното физичко и ментално здравје, а пролонгираното дејство може да предизвика сериозни ментални растројства. „Раното препознавање, промоција на заштитни мерки, пружање на соодветна поддршка се клучни чекори. Заедничка обврска за обезбедување на општество кое ќе ги почитува и кое ќе се грижи за возрасните лица бидејќи тие тоа го заслужуваат“, рече Ристески. Тој посочи дека потребно е подигнување на свеста за сериозноста на проблемот и  дестигматизација. „Подигнување на нивото на грижа за возрасните како вулнерабилна група. Вклучување на здравствени работници, социјални служби, невладини организации. Градење на мрежа за социјална, правна и финансиска помош. Отворено зборување преку трибини, работилници, вклучување на медиуми и социјални мрежи во склад со ова модерно време“, вели Ристески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tribina-nasilstvo-i-mentalno-zdravje-za-navremeno-sprechuvane-na-depresijata-i-stresot-kaj-lugeto-potrebno-e-podignuvane-na-svesta-i-sfakane-na-serioznosta-so-problemot/feed/ 0
Европската комисија ќе одвои 1,23 милијарди евра за помош на менталното здравје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-ke-odvoi-1-23-milijardi-evra-za-pomosh-na-mentalnoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-ke-odvoi-1-23-milijardi-evra-za-pomosh-na-mentalnoto-zdravje/#respond Wed, 07 Jun 2023 14:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=843260

Европската комисија денеска објави дека ќе одвои 1,23 милијарди евра за помош на менталното здравје во земјите-членки на ЕУ, со цел менталното здравје да стане столб на здравствената политика. „Денес е нов почеток за сеопфатен пристап ориентиран кон превенција и повеќе засегнати страни кон менталното здравје на ниво на ЕУ“, рече еврокомесарката за здравје и безбедност на храна Стела Киријакидес. Беше објавено дека проблемите со менталното здравје веќе погодиле околу 84 милиони луѓе во ЕУ пред пандемијата на вирусот Ковид-19, предизвикувајќи економски трошоци од околу 600 милијарди евра годишно или четири отсто од БДП на ЕУ. Акцијата на ЕУ ќе се фокусира на соодветна и ефикасна превенција, пристап до висококвалитетна и прифатлива грижа и третман за менталното здравје и реинтеграција во општеството по закрепнувањето. Ситуацијата се влоши по пандемијата и војната во Украина, како и загриженоста за климатските промени и зголемените трошоци за живот поради зголемената инфлација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskata-komisija-ke-odvoi-1-23-milijardi-evra-za-pomosh-na-mentalnoto-zdravje/feed/ 0
БЛАГОДАРНА СУМ ШТО СУМ ЖИВА: Популарната пејачка проговори за своето ментално здравје https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/blagodarna-sum-shto-sum-ziva-popularnata-pejachka-progovori-za-svoeto-mentalno-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/blagodarna-sum-shto-sum-ziva-popularnata-pejachka-progovori-za-svoeto-mentalno-zdravje/#respond Fri, 14 Oct 2022 07:26:32 +0000 https://kurir.mk/?p=745114

Популарната пејачка Селена Гомез (30) го најави документарниот филм „Selena Gomez: My mind & Me“ во кој зборуваше за своето ментално здравје. Во 2020-та година, на Селена и беше дијагностицирано биполарно растројство, а пред тоа пејачката зборуваше за депресија и анксиозност. „Селена, биди тоа што си. Никој не се грижи што правиш. Важно е која сум јас. Благодарна сум што сум жива. Ветувам, ќе престанам да живеам вака“ - вели Гомез на почетокот на трејлерот. -Работам од дете, но не сакав да бидам славна. Но, ако сум веќе тука, морам да го искористам тоа за мое добро, изјави пејачката. Документарецот е објавен на 4-ти ноември, а е режиран и продуциран од Алек Кешишијан.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/blagodarna-sum-shto-sum-ziva-popularnata-pejachka-progovori-za-svoeto-mentalno-zdravje/feed/ 0
Исхраната и менталното здравје: Ако сте депресивни и ПОД СТРЕС, не треба да ги јадете овие намирници https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ishranata-i-mentalnoto-zdravje-ako-ste-depresivni-i-pod-stres-ne-treba-da-gi-jadete-ovie-namirnici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ishranata-i-mentalnoto-zdravje-ako-ste-depresivni-i-pod-stres-ne-treba-da-gi-jadete-ovie-namirnici/#respond Thu, 21 Jul 2022 09:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=708351

Не е тајна или мистерија дека храната што ја јадеме може да влијае на нашето расположение. Вистинската причина за толку силно влијание на храната врз расположението е исклучително тесната поврзаност на дигестивниот систем со мозокот. Човечкото црево е дом на трилиони живи микроби кои имаат многу функции во телото, како што е синтезата на невротрансмитери кои испраќаат хемиски пораки до мозокот за да го регулираат спиењето, болката, апетитот, расположението и емоциите. Според некои експерти, одредена храна може да влијае на проблеми како што се лошо расположение, анксиозност и стрес воопшто. Сите оние намирници кои би можеле да ги вклучиме во медитеранската исхрана се сметаат за одлична храна за луѓето со овие проблеми. Затоа, нашето дневно мени треба да биде исполнето со овошје, зеленчук, цели зрна и мешунки. Како што некои намирници, односно хранливите состојки во нив, позитивно делуваат на човекот и се ефикасни во борбата против стресот и другите споменати проблеми, постојат и оние намирници чии хранливи материи имаат негативен ефект, односно ја влошуваат состојбата. Се препорачува внесот на алкохол и храна богата со кофеин, како кафе и чај, кои се популарни кај многумина, да се сведе на минимум. Покрај тоа, не се препорачува ниту храна богата со шеќер. Во некои студии, забележана е поврзаноста помеѓу анксиозноста и високиот внес на заситени масти, нискиот внес на овошје и лошиот квалитет на исхраната како целина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ishranata-i-mentalnoto-zdravje-ako-ste-depresivni-i-pod-stres-ne-treba-da-gi-jadete-ovie-namirnici/feed/ 0
ТЕСТИРАЈ СЕ: Одговорете на овие четири прашања и ќе знаете во какво ментално здравје сте https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/testiraj-se-odgovorete-na-ovie-chetiri-prashanja-i-kje-znaete-vo-kakvo-mentalno-zdravje-ste/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/testiraj-se-odgovorete-na-ovie-chetiri-prashanja-i-kje-znaete-vo-kakvo-mentalno-zdravje-ste/#respond Wed, 13 Jul 2022 14:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=704490

Хроничниот стрес, анксиозноста, депресијата се предизвици со кои се соочуваат многу луѓе. Менталното здравје е исклучително важно, а кога ќе ги забележите првите знаци дека е нарушено, неопходно е да се консултирате со психолог и психотерапевт. Ваквите симптоми никогаш не треба да се игнорираат, менталната хигиена е неопходна за здрав, среќен и квалитетен живот на секој поединец. Одговорете си на четири едноставни прашања и дознајте дали вашето ментално здравје е нарушено: Како се промени моето однесување за време на краток или долг одмор? Кога ќе забележите дека вашето однесување наеднаш се променило во изминатите неколку денови, недели, месеци, тоа е причина за тревога. Некогаш одевте на планинарење, се среќававте со пријатели, спортувавте и танцувавте, но сега мирно седите дома, завиткани во ќебе? Дали се чувствувате одморено по одморот или уште полошо се чувствувате за време на викендот додека не дојде понеделник (или вториот прв работен ден по одморот)? Дали се плашите да бидете сами и не сакате да бидете опкружени со луѓе? Доколку се препознаете во овие ситуации, постои ризик од депресивно расположение за што е неопходно да се консултирате со експерт. Што почесто кажувате: „Да“ или „Не“? Дали сте подготвени да ги прифатите поканите или понудите на пријателите да одите некаде? Да научите нешто ново, да пробате нешто или видите нешто интересно? Или почесто одбивате предлози и можности и се затворате дома, само за да не ја напуштите вашата комфорна зона?Ова е сосема во ред доколку ја сакате осаменоста и чувствувате мир и хармонија во неа. Но, ако постојано избегнувате контакт, тоа може да биде сигнал дека нешто потиснувате. Ако некое лице се крие од целиот свет за да страда и да се грижи за својата вознемиреност и стравови (или само да седи и да не чувствува ништо) - ова е јасен симптом на ментални проблеми. Наведете нешто што ви носи вистинско задоволство Колку работи или активности можете да наведете одеднаш, без многу размислување? Отсуството на нормална човечка радост, способноста да се ужива во животот, другите луѓе и некои многу едноставни работи е јасна причина за посета на специјалист. Кога ништо не го прави човекот среќен и ништо не му носи задоволство, ова може да биде еден од првите симптоми на депресија. Каква личност гледате во огледалото? Ако не можете јасно да одговорите на ова прашање, прашајте ги вашите најблиски. Подгответе се за неочекувани, можеби дури и некои непријатни признанија. Ако неколку од нив велат дека во последно време е многу тешко да ве препознаат, можеби навистина се случуваат некои промени на психолошки план и во тој случај најдобро е да разговарате со специјалист.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/testiraj-se-odgovorete-na-ovie-chetiri-prashanja-i-kje-znaete-vo-kakvo-mentalno-zdravje-ste/feed/ 0
СЗО бара глобална промена во грижата за менталното здравје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-bara-globalna-promena-vo-grizata-za-mentalnoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-bara-globalna-promena-vo-grizata-za-mentalnoto-zdravje/#respond Fri, 17 Jun 2022 06:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=691974

Светската здравствена организација (СЗО) повика на глобална промена во грижата за менталното здравје, наведувајќи го наглиот пораст на проблемите поврзани со ова прашање од почетокот на пандемијата, јави ДПА. Депресијата и анксиозноста се зголемени за 25 отсто само во првата година од пандемијата од Ковид-19, информира организацијата. Во 2019 година, пред да започне пандемијата, околу една милијарда луѓе, или речиси еден на секој осми човек во светот, живееле со ментални здравствени проблеми. Лицата со тешки ментални болести умираат од 10 до 20 години порано од општата популација, се предупредува во извештајот. Дел од најзначајните причини за депресијата се сексуалното насилство во детството и вознемирувањето.Социјалната и економската нееднаквост, војната, климатската криза и здравствените закани, како на пример пандемија, се посочуваат како ризични фактори што допринесуваат за психички заболувања. – Инвестирањето во менталното здравје е инвестиција за подобар живот и иднина за сите, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-bara-globalna-promena-vo-grizata-za-mentalnoto-zdravje/feed/ 0
ТЕСТИРАЈТЕ СЕ: Одговорете на овие четири прашања и ќе знаете какво ви е менталното здравје https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/testirajte-se-odgovorete-na-ovie-chetiri-prashanja-i-kje-znaete-kakvo-vi-e-mentalnoto-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/testirajte-se-odgovorete-na-ovie-chetiri-prashanja-i-kje-znaete-kakvo-vi-e-mentalnoto-zdravje/#respond Fri, 10 Jun 2022 20:47:57 +0000 https://kurir.mk/?p=689370

Хроничниот стрес, анксиозноста, депресијата се предизвици со кои се соочуваат многу луѓе. Менталното здравје е исклучително важно, а кога ќе ги забележите првите знаци дека е нарушено, неопходно е да се консултирате со психолог и психотерапевт. Ваквите симптоми никогаш не треба да се игнорираат, менталната хигиена е неопходна за здрав, среќен и квалитетен живот на секој поединец. Одговорете на четири едноставни прашања за себе и дознајте дали вашето ментално здравје е нарушено: Како се промени моето однесување за време на краток или долг одмор? Кога ќе забележите дека вашето однесување нагло се променило во изминатите неколку денови, недели, месеци, тоа е причина за тревога. Порано одеше на планинарење, се среќаваше со пријатели, спортуваше и танцуваше, а сега немо седиш дома, завиткани во ќебиња? Дали се чувствувате одморено по празниците или се чувствувате уште полошо за време на викендот до понеделник (или вториот прв работен ден по празниците)? Дали се плашите од осаменоста и не ви се допаѓа кога не сте опкружени со луѓе? Доколку се препознаете во овие ситуации, постои ризик од депресивно расположение за што е неопходно да се консултирате со експерт. Што почесто кажувате: „Да“ или „Не“? Дали сте подготвени да прифатите покани од пријатели или понуди да одите некаде? Научете нешто ново, пробајте го или видете нешто интересно? Или сè повеќе одбивате предлози и можности и се затворате дома, само за да не ја напуштите зоната на удобност?Ова е добро ако уживате во осаменоста и чувствувате мир и хармонија во неа. Но, ако постојано избегнувате контакт, тоа може да биде сигнал дека нешто туркате. Ако некој се крие од целиот свет за да страда и да се грижи за својата вознемиреност и стравови (или само да седи и да не чувствува ништо) - тоа е јасен симптом на ментални проблеми. Наведете нешто што ви носи вистинско задоволство. Колку работи или активности можете да наведете одеднаш, без многу размислување? Отсуството на нормална човечка радост, можноста за уживање во животот, другите луѓе и некои многу едноставни работи е јасна причина за посета на специјалист. Кога човек не е среќен и ништо не му носи задоволство, ова може да биде еден од првите симптоми на депресија. Каква личност гледате во огледалото? Ако не можете јасно да одговорите на ова прашање, прашајте ги вашите најблиски. Подгответе се за неочекувани, можеби дури и некои непријатни признанија. Ако неколку од нив велат дека во последно време е многу тешко да ве препознаат, можеби навистина се случуваат некои промени на психолошки план и во тој случај најдобро е да разговарате со специјалист.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/testirajte-se-odgovorete-na-ovie-chetiri-prashanja-i-kje-znaete-kakvo-vi-e-mentalnoto-zdravje/feed/ 0
СЗО предупредува на влијанието на војната и пандемијата врз менталното здравје во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-na-vlijanieto-na-vojnata-i-pandemijata-vrz-mentalnoto-zdravje-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-na-vlijanieto-na-vojnata-i-pandemijata-vrz-mentalnoto-zdravje-vo-evropa/#respond Fri, 06 May 2022 09:52:21 +0000 https://kurir.mk/?p=672806

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на влијанието на војната во Украина и на пандемијата на коронавирусот врз менталното здравје во Европа, нагласувајќи ја важноста на дејствување на сите нивоа за справување со запоставените потреби за одржување на менталното здравје. - Нашиот регион претрпува големи пресврти и промени. Пандемијата стави фокус врз менталното здравје додека вооружениот конфликт во Украина влијае на менталното здравје на милиони луѓе, изјави Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа. - Десетте недели војна во Украина предизвикаа огромна неизвесност, несигурност, тага и загуба, рече тој нагласувајќи дека 190-те извршени напади врз здравствени установи во Украина лишиле безброј луѓе во земјата од надеж и пристап до здравствени услуги. Во средата во Копенхаген беше одржан првиот состанок на Паневропската коалиција за ментално здравје, инициран со цел да поттикне акција на сите нивоа за решавање на запоставените потреби за ментално здравје низ Европа. Континенталната коалиција беше формирана во септември 2021 година, составена од 53 земји-членки на Европскиот регион на СЗО, заедно со меѓународни невладини организации, експерти и луѓе соочени со ментални здравствени проблеми. Според СЗО, повеќе од 150 милиони луѓе во европскиот регион во 2021 година се соочиле со ментални здравствени проблеми. Само една третина од луѓето што страдаат од депресија моментално ја добиваат потребната помош. Организацијата посочува дека менталните здравствени проблеми ги погодуваат сите возрасни групи и сите сфери на општественото живеење. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-predupreduva-na-vlijanieto-na-vojnata-i-pandemijata-vrz-mentalnoto-zdravje-vo-evropa/feed/ 0