мепсо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 06:51:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мепсо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма? Се спрема ли нов бонбона бизнис? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-i-dui-sakaat-da-go-prodadat-mepso-na-grchko-kineska-firma-se-sprema-li-nov-bonbona-biznis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-i-dui-sakaat-da-go-prodadat-mepso-na-grchko-kineska-firma-se-sprema-li-nov-bonbona-biznis/#respond Sun, 22 Oct 2023 06:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=891766

СДС и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко - кинеска фирма? Се спрема ли нов бонбона бизнис? - прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Грција излегле информации во медиуми дека грчкиот електро преносен систем каде 24% сопственост има кинескиот електропренеосен систем во државна соспственост сака да го купи МЕПСО. Доколку власта се осуди на продажба на МЕПСО тоа ќе значи целосно губење на енергетската независност на Македонија. СДС и ДУИ беа тие кои ја продадоа ЕСМ на само неколку месеци пред изборите во 2006 година, посочуваат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС и ДУИ се тие чии бонбона бизниси ги чинат граѓаните милиони.

-Власта да не влегува во нови авантури, МЕПСО е од стратешко значење за државата и негова продажба не носи никаква полза за Македонија и граѓаните, се наведува во соопштението.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sds-i-dui-sakaat-da-go-prodadat-mepso-na-grchko-kineska-firma-se-sprema-li-nov-bonbona-biznis/feed/ 0
„Од тоа што се многу прозападни, Владата планира продажба на МЕПСО на кинезите, уште една зделка за милионски профит“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-toa-shto-se-mnogu-prozapadni-vladata-planira-prodazhba-na-mepso-na-kinezite-ushte-edna-zdelka-za-milionski-profit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-toa-shto-se-mnogu-prozapadni-vladata-planira-prodazhba-na-mepso-na-kinezite-ushte-edna-zdelka-za-milionski-profit/#respond Fri, 20 Oct 2023 07:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=891060

Во Грција има информации дека грчкиот електропреносен систем, е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем, сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин, Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава, односно ќе зависи во тој дел од друга странска држава, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Додека на власта и е полна устата со ЕУ, НАТО и Америка, во исто време 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина. Оттука излага дека на ДУИ и СДС им е важен само профитот, без разлика дали притоа соработуваат со Руси, Американци, Грци или Кинези. Тие имаат една главна звезда водилка во своето делување, а тоа е личниот профит, преку зделки, со тие што ќе понудат највеќе. Народот е свесен дека оваа криминална власт на ДУИ и СДС, ги продава националните интереси на Македонија, само да приграби што повеќе милиони за себе и своите роднини. Затоа народот на следните избори ќе ги порази, а потоа ќе дојде и одговорноста, подвлекуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-toa-shto-se-mnogu-prozapadni-vladata-planira-prodazhba-na-mepso-na-kinezite-ushte-edna-zdelka-za-milionski-profit/feed/ 0
Николоски ексклузивно: Се појави информација дека грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО, кого власта праша за ова? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-ekskluzivno-se-pojavi-informatsija-deka-grchkiot-elektroprenosen-sistem-e-zainteresiran-za-kupuvane-na-del-od-mepso-kogo-vlasta-prasha-za-ova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-ekskluzivno-se-pojavi-informatsija-deka-grchkiot-elektroprenosen-sistem-e-zainteresiran-za-kupuvane-na-del-od-mepso-kogo-vlasta-prasha-za-ova/#respond Thu, 19 Oct 2023 17:33:24 +0000 https://kurir.mk/?p=890925

„Сакам да кажам вечерва нешто ексклузивно, едно специјализирано издание за енергетика во Грција се појави информација дека грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. И тоа на начин или преку зголемување на основачкиот капитал, или преку преземање на удели“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Николоски додаде дека со тоа Македонија ќе ја изгуби својата енергетска независност.

„Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин Македонија целосно да ја изгуби својата енергетска независност“, рече тој.

„Сега што е проблемот, првиот проблем е што никој не води стратешки разговори дали на Македонија и одговара најголемиот производител на обновлива енергија во Македонија да е грчки капитал и дел од електропреносниот систем да е грчки капитал. И кој се согласил во Македонија? Затоа што тоа мора да е консензуална одлука да МЕПСО се продава. Затоа што на времето кога се продаде електродистрибуција или ЕСМ по старо, СДСМ ја продаде, а никој не даде согласност освен СДСМ. бројни држави на пример воопшто не ја продаваат дистрибуцијата“, појасни Николоски.

Тој посочи дека вториот проблем е што на власта полна и е устата со ЕУ, НАТО и Америка, но 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина. Може тоа и да се воочи и во бордот на директори, каде што тројца се од Кина.

„Значи овие нашиве големи прозападни европејци, натовци итн. кога им е за бизнис стануваат Кинези и Руси“, појасни тој.

Николоски нагласи дека секогаш доаѓа со докази и документи и дека се што говори е точно.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-ekskluzivno-se-pojavi-informatsija-deka-grchkiot-elektroprenosen-sistem-e-zainteresiran-za-kupuvane-na-del-od-mepso-kogo-vlasta-prasha-za-ova/feed/ 0
Братот на Цуфи Кока нов директор на МЕПСО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bratot-na-tsufi-koka-nov-direktor-na-mepso/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bratot-na-tsufi-koka-nov-direktor-na-mepso/#respond Tue, 12 Sep 2023 11:15:18 +0000 https://kurir.mk/?p=877247

Пораншниот пратеник Сурија Рашиди, на функцијата беше само 6 месеци, е заменет како директор на АД МЕПСО со Зуди Енузи Кока, дознава „Канал 5“. Според изворите на телевизијата до смената на директорот кој доаѓа од редовите на Алијанса на Албанците дошло поради превирања во партијата. Новиот директор, пак, претходно беше директор на Јавното претпријатие Комунална хигиена, а во јавноста е попознат како брат на бизнисменот Јусуф Енузи познат како Цуфи Кока, кој беше уапсен за време на ланските протести против францускиот предлог во Скопје, откако пукаше кон демонстрантите кои поминуваа пред неговиот хотел кај плоштадот Скендербег.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bratot-na-tsufi-koka-nov-direktor-na-mepso/feed/ 0
АД МЕПСО реагира на начинот на кој во дел од медиумите е презентиран извештајот на ДЗР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ad-mepso-reagira-na-nachinot-na-koj-vo-del-od-mediumite-e-prezentiran-izveshtajot-na-dzr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ad-mepso-reagira-na-nachinot-na-koj-vo-del-od-mediumite-e-prezentiran-izveshtajot-na-dzr/#respond Tue, 11 Apr 2023 17:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=822960

АД МЕПСО најостро реагира во однос на начинот на презентирање на информациите во медиумите по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои во одредени случаи се ставени во несоодветен контекст, АД МЕПСО ја дава оваа информација за јавност. Во интерес на објективно и целосно информирање на јавноста наместо половични информации и во дел од медиумите, додадени нестручни и паушални коментари, кои даваат поинаков тон за работата на компанијата, ги презентираме следните факти: – Членовите на Управниот одбор на АД МЕПСО се избрани лица со мандат од 4 (четири) години, и како избрани лица кои имаат статус на менаџери тие во согласност со Законот за трговски друштва на РСМ имаа склучено Менаџерски Договори во кои се уредени нивните права, обврски и одговорности, се до траење на нивниот мандат. Како едно од правата кои го имаат членовите на Управниот одбор на Друштвото е и правото на отпремнина во износ од 12 месечни плати, кои го остваруваат само доколку им биде прекинат мандатот, пред да истече истиот т.е. доколку мандатот им прекине пред истек на периодот од 4 (четири) години, за кој се избрани. Впрочем вакви Менаџерски Договори имаа сите избрани лица (менаџери) и во другите државни компании т.е. Акционерски Душтва во државна сопственост. Оттаму, не се точни наводите кои се пласираат во јавноста дека членовите на Управниот одбор на кои им прекинал менаџерскиот договор пред истекот на мандатот земале отпремнина само за еден или неколку месеци директорување (како што тврдат дел од медиумите). Вистината е дека согласно склучените Менаџерски Договори членовите на Управниот одбор на кои им прекинал менаџерскиот договор пред истекот на мандатот, можат да стекнат право на отпремнина само доколку имаат најмалку 6 (шест) месеци остварен мандат како менаџер во АД МЕПСО. Исто така не е точно дека членовите на Назорниот одбор на АД МЕПСО земале отпремнини, бидејќи тие немаат Менаџерски Договори и такви права не им следуваат. Во однос на тоа дека членови на УО ја тужеле компанијата и добиле отштета, го појаснуваме следното: –двајца бивши членови на Управниот одбор на АД МЕПСО, на кои им бил прекинат мандатoт пред истиот да им истече, поднесоа тужби за исплата на отпремнини согласно склучените Менаџерски Договори до Основниот граѓански суд Скопје. Само на еден од нив судот со правосилна пресуда му досуди отпремнина во износ од 12 месечни плати, но на другиот поранешен член на Управен одбор судот му го одби тужбеното барање, и таа одлука е правосилна. Во однос на тоа дека во текот на 2021 год. и 2022 год. има судска постапка од поранешен генерален директор го посочуваме следното: -станува збор за непроверена информација бидејќи името и презимето на поранешен член на Управен одбор кој го тужеше АД МЕПСО за отпремнина и судот го одби во тоа негово тужбено барање е исто со името и презимето на еден од подоцнежните членови на Управен одбор на АД МЕПСО кој ја вршеше функцијата Претседател на Управен одбор и Генерален Директор на АД МЕПСО, кој го нема тужено АД МЕПСО. Во однос на делот кој се однесува на ТЕЦ Неготино, АД МЕПСО дообјаснува дека согласно законската обврска за обезбедување на ладна резерва, компанијата беше задолжена од законодавецот по овој основ да врши плаќање кон ТЕЦ Неготино, како законска обврска која предходно законодавецот му ја имаше дадено на АД ЕЛЕМ (сега АД ЕСМ). Исто така невистинити се тврдењата дека Управниот одбор на АД МЕПСО отпишал, односно простил околу 14 милиони евра долг на свои должници, а сето тоа поткрепено во медиумите со исечок т.е дел од Одлука на Управниот одбор на АД МЕПСО каде што јасно стои дека се врши “резервација” на средства а не отпис или простување на истите, што се сосема различни термини кои мора да се разликуваат. Посочуваме дека ваквите написи во дел од медиумите фрлаат дамка врз успешното работење на Друштвото поради што сметаме дека во интерес на пообјективно информирање на јавноста е нужно потребна поголема соработка меѓу двете страни. АД МЕПСО]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ad-mepso-reagira-na-nachinot-na-koj-vo-del-od-mediumite-e-prezentiran-izveshtajot-na-dzr/feed/ 0
МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mepso-im-prostil-14-milioni-evra-na-trgovtsite-so-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mepso-im-prostil-14-milioni-evra-na-trgovtsite-so-struja/#respond Tue, 11 Apr 2023 14:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=822901

МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја, покажува најновиот ревизорски извештај. Пред стартот на енергетската криза, за потребите на овие трговци, преносниот систем влечел струја од Европската мрежа. За количините, 4 компании од Мепсо добиле фактура во висина од 15 милиони евра. Наместо да ги наплатат, истите со одлука на Управниот одбор во компанијата, биле отпишани. Овој износ МЕПСО го книжи како трошок на компанијата, кој потоа го пријавува во Регулаторната комисија на енергетика. Според ревизијата ваквиот трошок има влијание и во утврдување на крајната цена за електрична енергија, која ја плаќаат домаќинствата. Од отпишаниот долг во март година МЕПСО успева да наплати само мал дел, објави Телма. За целосно да се покријат потребите од струја, во 2021 година МЕПСО од европската мрежа извлечена е електирчна енергија во вредност од 68,5 милиони евра, пет пати повеќе од претходната година. Дел од струјата била за ЕСМ која не успеала целосно да го реализира својот план за производство. Телма претходно пишуваше дека три фирми трговци со струја, на МЕПСО му должат милиони за баласнираната енергија, „У Повер“, компанија на синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери, „Енергија гас и Повер“, и „Мист Енерџи“. Овие фирми добија и забрана да тргуваат со струја. Но, некои најдоа начин, го променија името и се вратија во игра. Тоа се случи со Мист Енерџи. Компанијата го промени своето име во „Мист Енерџи Еко ДОЕЛ“, и се врати на пазарот со електрична енергија. МЕПСО мака мачи да ги врати милионите од овие фирми во касата на компанијата. Според последните информациите, нивните сметки се блокирани, приливи нема, со месеци не е извлечено ниту евро од нив. Државната ревизија открива дека раководителите во МЕПСО (директорите и членови на Управниот и надзорен одбор) имале менаџерски договори за да земаат отпремнина во висина од 12-месечни нето плати на ниво на компанијата, по заминување од функцијата. Двајца членови на Управниот одбор ја тужеле МЕПСО во 2021-ва и добиле како оштета над 37 илјади евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mepso-im-prostil-14-milioni-evra-na-trgovtsite-so-struja/feed/ 0
Пратеникот Рушити поднесе оставка, именуван е за директор на МЕПСО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rushiti-podnese-ostavka-imenuvan-e-za-direktor-na-mepso/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rushiti-podnese-ostavka-imenuvan-e-za-direktor-na-mepso/#respond Thu, 16 Mar 2023 11:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=812678

Собранието на Република Северна Македонија денеска ја констатираше оставката на пратеникот Сурија Рушити од Алијанса на Албанците кој е именуван за директор на АД МЕПСО. Денешната 106. седница ќе продолжи во 14 часот во очекување на извештајот од ДИК за тоа кој пратеник ќе дојде на местото на Рушити. Претседателот на Собранието Талат Џафери на почетокот на седницата исто така кажа дека од дневниот ред е повлечена и одлуката за испраќање наши војници во мисијата во Либан. На оваа нова собраниска седница има предложени повеќе точки, а меѓу нив е и Законот за здравствено осигурување со чии што измени ќе се овозможи решавање на проблемот со набавка на лекот „трикафта“ за лицата болни од цистрична фиброза. Исто така, Собранието треба да расправа за избор на уште една уставна судијка Елизабета Дуковска, а на дневен ред е и законот за амнестија за лицата од настаните на 27 април во Собранието. Претходно денеска на прес-конференција пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе бара повлекување на Законот за игри на среќа и Законот за лекови и за медицински средства од дневниот ред на седницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rushiti-podnese-ostavka-imenuvan-e-za-direktor-na-mepso/feed/ 0
Пратеникот Рашиди ќе биде директор на МЕПСО, Абази на Македонски пошти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rashidi-ke-bide-direktor-na-mepso-abazi-na-makedonski-poshti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rashidi-ke-bide-direktor-na-mepso-abazi-na-makedonski-poshti/#respond Tue, 07 Mar 2023 10:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=809017

Пратеникот од Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди ќе го замени Орхан Муртезани во директорската фотелја во МЕПСО, пишува „Слободен печат“. Бујаре Абази, поранешна заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде нова директорка на „Македонски пошти“. Орхан Муртезани го напушта МЕПСО како кадар на Алтернатива која беше „исфрлена“ од владата по влезот на АА. Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-rashidi-ke-bide-direktor-na-mepso-abazi-na-makedonski-poshti/feed/ 0
Во тешка енергетска криза: МЕПСО ќе потроши 20.000 евра за перење возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-teshka-energetska-kriza-mepso-ke-potroshi-20-000-evra-za-perene-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-teshka-energetska-kriza-mepso-ke-potroshi-20-000-evra-za-perene-vozila/#respond Wed, 18 Jan 2023 17:11:26 +0000 https://kurir.mk/?p=789101

МЕПСО нарачува 5.600 перења на коли за две години, што се 233 перења месечно или дури 8 перења дневно ако се земат в предвид и викендите кои главно се неработни. Во време на најголема енергетска криза, државниот електропреносен оператор МЕПСО планира да потроши речиси 20 илјади евра на перење и чистење на службените возила. Пред една седмица компанијата склучила двегодишен договор со фирмата со седиште во Шуто Оризари Европа Турс ДООЕЛ. Она што е зачудувачки во овој договор не е цената од 185 денари по перење, туку бројот на перења. Во договорот не е наведено за колку возила ќе се платат речиси 20 илјади евра за перење и течности за дотур на брисачи. Се знае само дека ќе се потрошат 12 илјади евра за 4 илјади перења на коли и 4.500 евра за 1.500 перења на теренските џипови. Фирмата ќе плати и 35 хемиски чистења. Дополнително ќе се потрошат и три илјади евра за 6 илјади литри зимска и летна течност за брисачи, анализира АЛФА. Одговор и од МЕПСО. Тоа што Договорот гласел на 20 илјади евра , не значело дека во целост ќе се реализира. „Договорот по спроведена јавна набавка за услуги-перење на возила кои се во сопственост на АД МЕПСО е двегодишен сукцесивен договор со максимално предвидени количини што значи дека АД МЕПСО како Договорен орган нема обврска сите и во целост да ги исполни и реализира, а со тоа не е во обврска да ја реализира вкупната вредност на овој Договор. Договорот се однесува на 65 лесни патнички возила, 36 теренски возила ( џипови) и 4(четири) Фиат Дукато (патар)“ – велат од МЕПСО. МЕПСО е една од државните компании кои со години наназад беше посочувана во јавноста дека недомаќински троши пари. По скандалот со тендерот за купување фотелји од природна телешка кожа, следуваше и оглас за авионски билети во вкупна вредност од дури 84 илјади евра. Ништо подобро не стои ниту АД ЕСМ. Државните електрани се постојано во фокусот со набавките и ангажирањето фирми за астрономски суми за ископ на јаглен, поправки и оддржување на далекуводите, погонски материјали и слично. Последен скандал во низата беше подновувањето на возниот парк во време на енергетска криза. Преку 4 јавни набавки, ЕСМ при крајот на минатата година потроши 850 илјади евра за купување на 16 џипови и комбиња. ЕСМ лани доби 200 милиони евра, а годинава ќе добие и поголема сума од државниот буџет, односно од парите на граѓаните и фирмите за справување со енергетската криза. Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение:

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-teshka-energetska-kriza-mepso-ke-potroshi-20-000-evra-za-perene-vozila/feed/ 0
Муртезани: МЕПСО се уште нема добиено формална најава за зголемување на цената на струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/murtezani-mepso-se-ushte-nema-dobieno-formalna-najava-za-zgolemuvanje-na-cenata-na-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/murtezani-mepso-se-ushte-nema-dobieno-formalna-najava-za-zgolemuvanje-na-cenata-na-strujata/#respond Sun, 18 Dec 2022 13:31:45 +0000 https://kurir.mk/?p=777253

МЕПСО се уште нема добиено формална најава за зголемување на цената на струјата од јануари од страна на Регулаторна комисија, истакна директорот на АД МЕПСО, Орхан Мутрезани, по отпочнувањето на изградбата на 110 кв далековуд Велес-Овче Поле. -Откако ќе добиеме формална најава дека ќе се врши промена на цената МЕПСО ќе ги направи сите пресметки и навремено ќе бидат доставени до Регулаторната комисија, вели Муртезани. Прашан дали постои можност за повисока цена на струјата, поради зголемени трошоци, Муртезани со одговор дека тоа ќе зависи од пресметките. -Ако пресметките покажуваат дека треба да се зголеми преносната тарифа на МЕПСО, секако дека ќе побараме, вели Муртезани. Тој посочи дека МЕПСО нема никакви загуби или штети со вклучувањето на струјата на Железници. -Моментално македонски Железници и Транспорт бидејќи немаат снабдувач со електрична енергија влечат од мрежа, енергијата којашто ние ја користиме за балансирање. Секако дека за таквата енергија МЕПСО испорачува фактура којашто македонски Железници треба да ја плати, додаде Муртезани.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/murtezani-mepso-se-ushte-nema-dobieno-formalna-najava-za-zgolemuvanje-na-cenata-na-strujata/feed/ 0