Мерцедес-Бенц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Dec 2022 14:08:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мерцедес-Бенц – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Мерцедес“ во Полска ќе гради фабрика за производство на комбиња на електричен погон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mercedes-vo-polska-kje-gradi-fabrika-za-proizvodstvo-na-kombinja-na-elektrichen-pogon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mercedes-vo-polska-kje-gradi-fabrika-za-proizvodstvo-na-kombinja-na-elektrichen-pogon/#respond Mon, 12 Dec 2022 14:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=774480

„Мерцедес-Бенц“ планира во полскиот град Јавор да изгради фабрика за производство на лесни товарни возила придвижувани со двигатели исклучиво на елекричен погон. „Ќе изградиме фабрика за доставни возила придвижувани целосно на електричен погон во Јавор“, изјави Матијас Гајзен од „Мерцедес-Бенц ванс“. Деловниот потег е во согласност со плановите на компанијата за реорганизација на европската производствена мрежа и „означува нова пресвртница во нејзината трансформација во обезбедувач на локална мобилност со нула-емисии“, соопштено е од компанијата. Според изјавите од прес-конференцијата одржана со полскиот премиер Матеуш Моравјецки во Варшава, компанијата има намера да инвестира повеќе од милијарда евра во следните неколку години во фабрика што ќе биде фокусирана на производство на комбиња придвижувани исклучиво на електрична енергија. „Утврдената локација му овозможува на Одделот за доставни возила да ги оптимизира трошоците и синџирот на снабдување, како и енергетско ефикасно производство на комбиња од новата генерација“, соопшти компанијата. „Одлуката за локацијата и конкретната реализација на проектот сепак зависи од конечното исполнување на различни рамковни услови, вклучително и доделување грантови за инвестирање во Јавор“, додаваат тие. „Мерцедес Бенц“ веќе има фабрика за двигатели во Јавор со повеќе од 800 вработени. Во меѓувреме, американскиот производител на електрични автомобили „Ривиан“ ги одложи своите планови за заедничко производство на комбиња со „Мерцедес Бенц“. Иако партнерството беше објавено во септември, „Ривиан“ моментално се фокусира на други проекти, објавија и двете компании.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mercedes-vo-polska-kje-gradi-fabrika-za-proizvodstvo-na-kombinja-na-elektrichen-pogon/feed/ 0
Во Штутгард започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ за измама на потрошувачи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shtutgard-zapochna-procesot-protiv-mercedes-benc-za-izmama-na-potroshuvachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shtutgard-zapochna-procesot-protiv-mercedes-benc-za-izmama-na-potroshuvachi/#respond Tue, 12 Jul 2022 12:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=703895

Во регионалниот суд во Штутгарт денеска започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ поради сомнение за свесно мамење на потрошувачите односно со манипулирање на податоци за количеството штетни материи во издувните гасови. Федералната канцеларија за заштита на потрошувачи го обвини „Мерцедес-Бенц“ за свесна манипулација со дизел моторите со што извршено е кривично дело свесна измама на потрошувачи, кои во тој случај, имаат право на отштета. Пред три години, автомобилската компанија од Штутгарт ги повика сопствениците на моделите „ГЛК“ и „ГЛЦ“ во работилниците, со цел да се поправи грешката со резултатите и погрешните вредности на штетни материи во издувните гасови. Раководството тврдеше дека се работи за случајна, а не за намерна грешка. „Сметаме дека одредени барања за отштета како и тужба, се неосновани“, соопшти „Мерцедес-Бенц“ пред почетокот на процесот. Досега, поради манипулации со мотор против автомобилската компанија се поднесени над 25.000 тужби во Германија. Но, како што информираше „Мерцедес-Бенц“, тужбите се одбиени во 95 отсто од случаите. Во пресудите се заклучува дека во моторите се вградени уреди што манипулираат со податоци за издувни гасови, но, оти не може да се докаже намерата на „Мерцедес-Бенц“ да им се наштети на клиентите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shtutgard-zapochna-procesot-protiv-mercedes-benc-za-izmama-na-potroshuvachi/feed/ 0