мерцедес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 16:04:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мерцедес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Плусинфо: УРСУЛА СЕ ВОЗИ СО „ТОА НА М“, А ЃОКО ПОПОВСКИ ЛЕЖИ НА РОБИЈА Пендаровски се сети дека „Тенк“ е монтажа, ама осудениот и натаму е зад решетки 5 ипол години! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plusinfo-ursula-se-vozi-so-toa-na-m-a-goko-popovski-lezhi-na-robija-pendarovski-se-seti-deka-tenk-e-montazha-ama-osudeniot-i-natamu-e-zad-reshetki-5-ipol-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plusinfo-ursula-se-vozi-so-toa-na-m-a-goko-popovski-lezhi-na-robija-pendarovski-se-seti-deka-tenk-e-montazha-ama-osudeniot-i-natamu-e-zad-reshetki-5-ipol-godini/#respond Thu, 02 Nov 2023 16:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=895887

Со измените на Кривичниот законик, членот 353 став 5, по кој е осуден Ѓоко Поповски, сега е декриминализиран, а по останатите ставови максималната казна којашто сега би можела да му биде определена изнесува 5 години. Тие 5 години, Поповски, без никакви отпусти и помилувања, ги издржа уште во мај, но останува во затвор и понатаму (осуден за друго дело), без да му се дозволи да користи викенд отсуства и да го гледа семејството. А „мерцедесот“ се вози ли се вози..., пишува порталот Плусинфо.мк. Деновиве јавноста повторно имаше прилика да го види фамозниот владин блиндиран „мерцедес“, за кој во 2018 година Добрила Кацарска, тогашната перјаница на Кривичниот суд, спектакуларно подели неколку повеќегодишни затворски казни. Како што е познато, случајот доби публицитет, поради набавката на „тоа на М“, како што опозицијата го нарекуваше блиндираниот „мерцедес“, алудирајќи на еден разговор од „бомбите“ на Зоран Заев, во кое поранешниот премиер Никола Груевски дава инструкции какво треба да биде блиндираното возило што требало да се набави за потребите на владата. Тогашната опозиција ја обвинуваше владејачката ВМРО-ДПМНЕ за луксузирање, а приказната за набавката на блиндираното возило со највисок степен на заштита, какво што до тогаш државата немаше, дојде како кец на десетка. Во тоа време многу се зборуваше за тоа што значи тој луксуз и дали имало кражба, а опозицијата ветуваше дека по доаѓањето на власт „мерцедесот“ ќе го продаде и со парите ќе се купеле болнички возила. Потоа се слушна дека ова ветување мора да биде одложено, зашто „тоа на М“ наводно морало да остане во Македонија како доказ, но откако заврши целиот театар, возилото остана во употреба и очигледно е дека врши голема работа. Исчезнаа и гребаниците од мачките на Оливер… Пет ипол години подоцна, „мерцедесот“ не само што не е продаден, туку се користи при секоја посета на висок државник кој пристигнува во земјава, кога неговото обезбедување инсистира на повисок степен на заштита. Болнички возила не се набавени, а исчезнаа и наводните гребаници од мачките кои тогаш ги „откри“ министерот Оливер Спасовски. Доколку тоа возило не беше набавено, велат познавачите, тогаш Македонија за вакви и други прилики ќе мораше да изнајмува, како што сега ќе мора да изнајмиме 175 луксузни возила за 900.000 евра, за самитот на ОБСЕ. Во аферата „Тенк“ настрадаа три лица: поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски. Пет ипол години подоцна, Никола Груевски, кој беше главен таргет на овој процес, е во Унгарија во азил, поради политички прогон. Гордана Јанкуловска вчера го напушти „Идризово“, со условен отпуст, откако чесно издржа три години ефективна казна затвор. Но, првообвинетиот за набавката на блиндираниот „мерцедес“, Ѓоко Поповски, кој доби казна од 6,5 години затвор, уште е зад решетки. Цели 5 ипол години! Практично од мај 2018, поради висината на казната, па до денес, Поповски е прво во притвор, па потоа во затвор, на издржување на казната. Единствена добра вест за него е тоа што Апелација му ја намалила казната затвор, но Врховниот суд во септември 2020 година ја потврдил казната. Тогаш, како и сега, медиумските наслови се фокусираа на позвучните имиња, иако Поповски веќе беше две ипол години зад решетки. Инаку, Судот не утврди дека Поповски, како првообвинет, остварил каква било имотна корист, а не е утврдено ниту дека фирмата којашто го набавила „мерцедесот“ остварила екстра профит. Пендаровски проговори – никој не украл, нема штета врз буџетот! После шест години и претседателот Стево Пендаровски призна дека „Тенк“ е процес без основа. Пред нешто повеќе од две недели, во интервју за телевизијата Телма, тој ќе изјави: – Еве го „мерцедесот на Груевски“ по еден од тие ставови. Вели, прибавил имотна користа за себе, го оштетил буџетот или оштетил некој трет. Како е оштетен буџетот со возило кое се купува од безбедносни резони и не треба втор понудувач и ден денеска е во употреба? Како прибавил имотна корист за себе, Груевски или Гордана Јанкуловска, а ден денеска го возиме кога ќе дојде некој претседател или премиер? Еве, на 29-ти во Скопје ќе дојде (претседателката на Европската комисија) Урсула Фон дер Лајен. Ќе се вози во истиот „мерцедес“. Значи, не можете вие во таканаречени еластични норми, да бидам културен, да ставате сѐ, затоа што не можете на друг начин да осудите. После оваа изјава на Пендаровски, дојде и Фон дер Лајен во Скопје, се повози со „мерцедесот“, но Ѓоко Поповски остана да ја издржува казната за „мерцедесот“. Една од надлежностите на шефот на државата е да внимава на функционирањето на правдата и секој граѓанин да биде еднаков пред државата. Иако Пендаровски е убеден дека во предметот „Тенк“ нема криминал, три недели нема реакција од неговиот кабинет по јавно искажаниот став. Поповски останува единствениот осуден во затвор, за случајот за кој Пендаровски смета дека нема дело за кое е осуден. Може ли Ѓоко да се надева на помилување? Согласно Законот за помилување, токму Претседателот е тој којшто формира комисија и ослободува од гонење или потполно или делумно извршување на казната со поблага казна или ја укинува. Останува прашањето дали Пендаровски ќе реагира, бидејќи сега, после 5,5 години, јасно е дека нема веќе никаква оправданост Поповски и натаму да лежи робија во „Идризово“, како единствениот трофеј на поранешната власт за еден бесмислен случај. Со измените на Кривичниот закон, членот 353 став 5, по кој е осуден Ѓоко Поповски, сега е декриминализиран, а по останатите ставови максималната казна којашто сега би можела да му биде определена изнесува 5 години. Тие 5 години, Поповски, без никакви отпусти и помилувања, ги издржа уште во мај, но останува во затвор и понатаму (осуден за друго дело), без да му се дозволи да користи викенд отсуства и да го гледа семејството. Ниту кога судовите во разни инстанци ги изрекуваа казните за „Тенк“, а ниту сега, Поповски го нема во насловите во медиумите. Велат дека станува збор за непартиски кадар и за личност која никогаш не била во фокусот на вниманието на јавноста. Ако има среќа, а и правда, можеби претседателот Стево Пендаровски ќе се сети дека во „Идризово“ лежи еден човек и издржува казна за измислено кривично дело, со кое никому не му е нанесена штета, за еден „мерцедес“ кој и денеска развезува странски државници кои доаѓаат во Македонија и меѓу другото ни зборуваат за независно судство, за правна држава, за правда… Извор: Плусинфо.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/plusinfo-ursula-se-vozi-so-toa-na-m-a-goko-popovski-lezhi-na-robija-pendarovski-se-seti-deka-tenk-e-montazha-ama-osudeniot-i-natamu-e-zad-reshetki-5-ipol-godini/feed/ 0
Главниот технички директор заминува од Мерцедес https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/glavniot-tehnichki-direktor-zaminuva-od-mertsedes/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/glavniot-tehnichki-direktor-zaminuva-od-mertsedes/#respond Thu, 02 Nov 2023 05:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=895568

Главниот технички директор на Мерцедес, Мајк Елиот, по завршувањето на сезоната ќе го напушти тимот, потврдија од Мерцедес. „После 11 неверојатни години, главниот технички директор Мајк Елиот одлучи да го напушти тимот. Мајк беше еден од столбовите на достигнувањата на тимот и му благодариме за се што донесе во тимот. Му посакуваме многу среќа во твоето следно поглавје Мајк“, објави Мерцедес. Елиот, кој ги замени позициите со сегашниот технички директор Џејмс Алисон како дел од реструктуирањето на тимот пред Големата награда на Азербејџан во април, го напушта Мерцедес, каде што работи од 2012 година. „Една од најголемите привилегии во мојата кариера беше да се биде дел од овој тим на Мерцедес. За време на мојот мандат видов дека расте од група луѓе кои се собраа да победуваат на трки, до прва шампионска титула, до рекордни осум последователни конструкторски титули. Горд сум што придонесов за тоа“, рече Елиот (49).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/glavniot-tehnichki-direktor-zaminuva-od-mertsedes/feed/ 0
Хамилтон и Леклер се дисквалификувани https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-i-lekler-se-diskvalifikuvani/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-i-lekler-se-diskvalifikuvani/#respond Mon, 23 Oct 2023 08:18:18 +0000 https://kurir.mk/?p=892097

Возачите на Мерцедес и Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер се дисквалификувани по трката за Големата награда на САД одржана синоќа, објавено е на веб-страницата на Формула 1. Болидите на Хамилтон и Леклер не успеаја да поминат технички прегледи по финишот. Таканаречените лизгачки даски под дното на автомобилите не ги почитувале прописите. Ферари и Мерцедес го објаснија прекршувањето на правилата поради нерамна патека. Во согласност со одлуката на судиите, Хамилтон го загуби второто место на крајот на трката, Леклер - шестото. По оваа одлука Ландо Норис се искачи на втората позиција, Карлос Сајнц стана третопласиран. Победник на трката во Остин беше Макс Верстапен од Ред Бул.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-i-lekler-se-diskvalifikuvani/feed/ 0
Хамилтон казнет со 25.000 долари по Големата награда на Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-kaznet-so-25-000-dolari-po-golemata-nagrada-na-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-kaznet-so-25-000-dolari-po-golemata-nagrada-na-katar/#respond Mon, 09 Oct 2023 07:52:43 +0000 https://kurir.mk/?p=886756

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е казнет со 25.000 долари по трката од Формула 1 шампионатот возена вчеравечер за Големата награда на Катар поради небезбедно минување на патеката. На почетокот на трката Хамилтон се судри со својот тимски колега Џорџ Расел. Откако го напушти болидот, британскиот возач ја помина патеката за да влезе во боксот. И покрај фактот што Хамилтон го направи ова во време кога останатите болиди веќе поминаа покрај него, сепак постоеше одредена опасност - бидејќи Луис ја помина патеката неколку секунди пред неговиот тимски колега Џорџ Расел да се врати на патеката по застанувањето во боксот. Стјуардите решија да му издадат официјално предупредување на Хамилтон и да му изречат казна од 25 илјади долари.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-kaznet-so-25-000-dolari-po-golemata-nagrada-na-katar/feed/ 0
И тоа постои: Сопственикот го ставил својот „Mercedes“ на аукција, па сам го понудил најголемиот износ и морал да го плати https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-toa-postoi-sopstvenikot-go-stavil-svojot-mercedes-na-auktsija-pa-sam-go-ponudil-najgolemiot-iznos-i-moral-da-go-plati/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-toa-postoi-sopstvenikot-go-stavil-svojot-mercedes-na-auktsija-pa-sam-go-ponudil-najgolemiot-iznos-i-moral-da-go-plati/#respond Wed, 20 Sep 2023 07:55:41 +0000 https://kurir.mk/?p=879759

Не е познато дали сопственикот ги знаел правилата на аукцијата или само се заиграл со надеж да постигне повисока цена. Сепак, ќе мора да плати. Он-лајн аукциите последните години стекнале огромна популарност, а можеби најдобри понуди ќе најдете на „bring-A-Trailer. Таму неодамна се појавил интересен „Mercedes AMG G63“ кој го понудил продажниот специјалист „Switchcars“. Оригиналниот оглас можете да го погледнете ТУКА. Очекувано, интересот за скапоцената „G“ класа од „AMG“ била голема, но малку кој очекувал дека меѓу оние кои лицитираат ќе биде и самиот продавач. Тој не размислувал дека во доменот на таканаречени резервирани цени од претходно дефинираните 90.000 долари ќе влезе и ако понуди нешто помалку. Имено, во тој износ влегуваат и 5% проценти провизија која ја одбива организаторот на аукцијата. Нудејќи 86.000 долари, сопственикот по истекот на аукцијата станал и купувач. Кога видел што направил, за да го избегне плаќањето на провизијата од 4.300 долари (5 проценти од постигнатата цена), барал да контактира лицето кое ја понудило втората највисока понуда од 85.000 долари. Се разбира, специјалистот за продажба стапил во контакт со организаторот, кој веднаш одговорил. Сопственикот на автомобилот, кој се претставил како купувачот „nassin35“, добил сметка од 4.300 долари што мора веднаш да ја плати и притоа заработил доживотна забрана за продажба преку платформата за онлајн аукција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-toa-postoi-sopstvenikot-go-stavil-svojot-mercedes-na-auktsija-pa-sam-go-ponudil-najgolemiot-iznos-i-moral-da-go-plati/feed/ 0
Волф за излетувањето на Расел во Сингапур: Подобро е да имаш несреќа сега отколку при борба за шампионската титула https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/volf-za-izletuvaneto-na-rasel-vo-singapur-podobro-e-da-imash-nesreka-sega-otkolku-pri-borba-za-shampionskata-titula/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/volf-za-izletuvaneto-na-rasel-vo-singapur-podobro-e-da-imash-nesreka-sega-otkolku-pri-borba-za-shampionskata-titula/#respond Wed, 20 Sep 2023 07:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=879726

Претседателот на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, зборуваше за несреќата на тимскиот возач Џорџ Расел на Големата награда на Сингапур. - Се чувствувам лошо поради Џорџ затоа што тој 99,9% имаше фантастичен викенд, но за дел од секунда ја загуби концентрацијата, удри во ѕид и тоа се случи. Му реков дека е подобро да го направиме тоа сега додека учиме отколку кога се бориме за победа или шампионска титула. Ќе ја памети оваа грешка. Не смееме да заборавиме дека ова му е втора сезона во конкурентен болид. Тој се потруди да победи на трката. Во тој момент единствениот начин да се престигне Норис, а можеби и Сајнц беше да го искористи секој милиметар на патеката, изјави Волф за „Autosport“. Победник на Големата награда на Сингапур беше возачот на Ферари, Карлос Сајнц. Второто место го освои Ландо Норис од Мекларен. Трет заврши тимскиот колега на Расел, Луис Хамилтон. Самиот Расел изгуби контрола над болидот и излета од патеката во последниот круг и ја загуби шансата да биде помеѓу првите тројца. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/volf-za-izletuvaneto-na-rasel-vo-singapur-podobro-e-da-imash-nesreka-sega-otkolku-pri-borba-za-shampionskata-titula/feed/ 0
Хамилтон и Мерцедес договорија годишна плата од 64 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-i-mertsedes-dogovorija-godishna-plata-od-64-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-i-mertsedes-dogovorija-godishna-plata-od-64-milioni-dolari/#respond Tue, 22 Aug 2023 16:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=869654

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и следните две сезони ќе настапува во германскиот клуб. Актуелниот договор со седумкратниот шампион во Формула 1 е до крајот на 2023 година. Според „The ​​Sun“, страните се договориле за платата (околу 50 милиони фунти годишно - околу 64 милиони долари). Се известува дека Хамилтон и Мерцедес не постигнале разбирање за времето што возачот ќе треба да го посвети на спонзорите на тимот. Новинарите забележуваат дека германскиот тим е во неповолна положба, бидејќи всушност е лишен од избор. Резервниот тркач Мик Шумахер е „втора лига“, а правната борба за Ландо Норис од Мекларен „може да се претвори во хаос“. Претходно италијанскиот печат објави за претстојното потпишување на четиригодишен договор меѓу Хамилтон и неговиот тим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-i-mertsedes-dogovorija-godishna-plata-od-64-milioni-dolari/feed/ 0
Луис Хамилтон и Мерцедес ќе потпишат нов договор https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/luis-hamilton-i-mertsedes-ke-potpishat-nov-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/luis-hamilton-i-mertsedes-ke-potpishat-nov-dogovor/#respond Mon, 14 Aug 2023 04:14:49 +0000 https://kurir.mk/?p=866359

Луис Хамилтон и Мерцедес се договорија да потпишат нов договор. Според информациите, новиот договор на Хамилтон со својот актуелен тим ќе биде објавен веднаш по летната пауза во првенството, а непосредно пред трката за ГН на Холандија. Во исто време, „Кориере дело Спорт“ повикувајќи се на свои извори, забележува дека станува збор за четиригодишен договор, кој двете страни го договориле на последната заедничка средба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/luis-hamilton-i-mertsedes-ke-potpishat-nov-dogovor/feed/ 0
Хамилтон: Реалноста е дека не сме доволно брзи https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-realnosta-e-deka-ne-sme-dovolno-brzi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-realnosta-e-deka-ne-sme-dovolno-brzi/#respond Mon, 24 Jul 2023 10:01:41 +0000 https://kurir.mk/?p=859413

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги искажа впечатоците по трката во Формула 1 за ГН на Унгарија, споделувајќи го своето мислење за перформансите на тимот. Британецот призна дека немал доволно брзина за да се избори за победа, но шансата за подиум во голема мера ја пропушти поради лошиот старт. - Мислам дека е очигледно дека сме далеку од тоа да бидеме најбрзи. Ние го немаме најбрзиот болид, така што јас сум многу горд на тимот и себеси за тоа колку добро поминавме вчера, што успеавме да го освоиме полот пред светскиот шампион и два други болиди кои беа побрзи од нас. Ова е денешната реалност. Кога утрово разговаравме за стратегијата за трката, (инженерите) веднаш ми рекоа дека според симулациите ќе бидам најмалку 0,5 секунди побавен од Ред Бул. Значи, нашата борба не беше со Макс, туку се надевавме дека ќе можеме да се бориме со Мекларен, но еден од Мекларените исто така беше пребрз за нас. Мислам дека би можеле да завршиме на третото место доколку почневме малку подобро, изјави Хамилтон. Седумкратниот светски шампион трката на „Хунгароринг“ ја почна од пол-позицијата, но на крајот беше четврти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-realnosta-e-deka-ne-sme-dovolno-brzi/feed/ 0
Хамилтон: Ферари? Не! https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-ferari-ne/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-ferari-ne/#respond Fri, 26 May 2023 04:55:29 +0000 https://kurir.mk/?p=838830

Медиумите во Европа пишуваа дека Ф1 возачот Луис Хамилтон за 40 милиони евра од следната сезона ќе вози за Ферари. Меѓутоа самиот пилот ја демантираше информацијата. Директорот на Ферари, Фредерик Васер веќе ја негираше приказната околу понудата, а сега и самиот Хамилтон го повтори истиот став. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/hamilton-ferari-ne/feed/ 0