Мерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Aug 2022 10:26:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Училиштен округ во САД го враќа ќотекот како мерка https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uchilishten-okrug-vo-sad-go-vrakja-kjotekot-kako-merka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uchilishten-okrug-vo-sad-go-vrakja-kjotekot-kako-merka/#respond Thu, 25 Aug 2022 10:26:39 +0000 https://kurir.mk/?p=723724

Училишниот округ Касвил, Мисури, САД, одлучи повторно да го воведе физичкото казнување на учениците. Според новиот правилник, физичката казна – удирањето ќе се применува како последна мерка, пред суспензијата, односно доколку не успеат другите дисциплински мерки. „Тоа ќе се врши на начин каде нема можност за физичка повреда. Удирањето на ученик по глава или лице не е дозволено, туку само по задникот“, стои во правилникот. – Казната ќе се користи само на разумен начин и по препорака на директорот, објасни Мерлин Џонсон, началникот на училиштата во Касвил. Училишниот одбор ја одобри мерката во јуни и ги извести родителите дека ја враќа дисциплинска мерка што областа престана да ја практикува во 2001 година. Инаку, минатогодишно истражување откри дека родителите и старателите побарале дополнителна дисциплинска мерка. – Некои родители рекоа дека не сакаат учениците да бидат суспендирани. Тие сакаат друга опција, а ова (удирањето, б.п.) ќе се користи како можност пред суспензијата, објасни Џонсон. Родителите кои сакаат нивните деца да бидат удирани, можат да потпишат формулар во којшто се согласуваат со тоа. Телесното казнување во училишната област ќе се спроведува само од директорот и во присуство на сведоци. Никогаш нема да се спроведе во присуство на други студенти, велат правилата. Врховниот суд на САД пресуди дека физичкото казнување во училиштата е уставно и остави на надлежните да одлучат дали ќе го спроведуваат тоа. Во мигов, 19 сојузни држави, претежно на југот од земјата, сè уште дозволуваат физичко казнување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uchilishten-okrug-vo-sad-go-vrakja-kjotekot-kako-merka/feed/ 0
Филаделфија ја враќа мерката за задолжително носење маски во затворени простории https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filadelfija-ja-vrakja-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoreni-prostorii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filadelfija-ja-vrakja-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoreni-prostorii/#respond Tue, 12 Apr 2022 08:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=661733

Филаделфија е првиот поголем град во САД каде повторно се воведува мерката задолжителното носење маски во затворени простории, по наглиот скок на бројот инфекции со коронавирус. Шерил Бетигол, градската комесарка за здравство, предупредува на можен нов бран инфекции на подваријантата на омикрон-сојот на коронавирусот. Таа појасни дека потврдениот број заразени во градот е зголемен за повеќе од 50 проценти за последните десет дена, што е граница од која се воведува задолжителното носење маски во затворени простории. Здравствените власти веруваат дека неодамнешниот пораст на инфекцијата е поттикнат од високо преносливата омикронска подваријанта BA.2, што брзо се прошири во Европа и Азија, која последните седмици стана доминантна во САД. -Ако не дејствуваме сега, знаејќи дека секој претходен бран на инфекции беше проследен со бран хоспитализации, а потоа и бран смртни случаи, тогаш за многу наши граѓани ќе биде доцна, предупредува Бетигол. Таа смета дека сега е шанса да се оди пред пандемијата, да се носат маски превентивно, додека не се добијат повеќе информации за сериозноста на новата варијанта. Според официјалните податоци, околу 750 граѓани на Филаделфија починале во зимскиот бран на омикрон коронавирусот. Мерката за повторно задолжително носење заштитни маски во затворен простор, што градските власти претходно ја укинаа на 2 март, од 18 април повторно стапува на сила. По минатомесечното укинување на обврската за носење маски бројот потврдени случаи се зголеми на повеќе од 140 дневно. Повеќето американски држави и градови го укинаа задолжителното носење маски во февруари и на почетокот на март, следејќи ги новите упатства од Центрите за контрола и превенција на болести на САД кои посветија повеќе внимание на капацитетот на болниците отколку на бројот заразени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filadelfija-ja-vrakja-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-vo-zatvoreni-prostorii/feed/ 0
Чешка ја продолжи мерката за затворање на државата, рекорден број новозаразени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshka-ja-prodolzi-merkata-za-zatvoranje-na-drzavata-rekorden-broj-novozarazeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshka-ja-prodolzi-merkata-za-zatvoranje-na-drzavata-rekorden-broj-novozarazeni/#respond Thu, 07 Jan 2021 14:04:45 +0000 https://kurir.mk/?p=452648

Чешката Влада ги продолжи мерките за затворање на државата до 22 јануари, откако во изминатите 24 часа е регистриран рекорден број новозаразени, втор ден по ред. Министерството за здравство пријави рекордни 17.668 случаи на коронавирус, 300 повеќе од претходниот ден. Министерот за здравство Јан Блатни денеска изјави дека Владата ги продолжила мерките до 22 јануари, кои првично требаше да завршат во недела. Во Чешка, земја со 10,7 милиони жители, потврдени се 794.740 случаи, а починале 12.621 лице. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/cheshka-ja-prodolzi-merkata-za-zatvoranje-na-drzavata-rekorden-broj-novozarazeni/feed/ 0
Родилките и мајки на деца до шест години утре на протест пред Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkite-i-majki-na-deca-do-shest-godini-utre-na-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkite-i-majki-na-deca-do-shest-godini-utre-na-protest-pred-vladata/#respond Wed, 16 Sep 2020 05:28:04 +0000 https://kurir.mk/?p=403782

Од следната среда, односно на 23 септември на работа се враќаат родителите на децата до шест години, лицата кои користеа продолжено породилно отсуство, додека бремените жени продолжуваат да ги користат мерките, односно се ослободуваат од одење на работа. Согласно владината одлука на работните позиции од 23 септември се враќаат и хронично болните, со исклучок на лицата, кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист. Родилки и мајки на деца до шест годишна возраст најавија протест утре пред Владата, против одлуката која ги обврзува да го прекинат продолженото породилно отсуство и да се вратат на работа. Мајките бараат промена на одлуката, односно продолжување на отсуството до крајот на годината, како што претходно препорача Комисијата за инфективни болести. Реагираа и самохраните родители, кои преку здружението Една може нагласија дека со започнување на вонредната состојба, специфични мерки беа креирани за различни групи, а оваа категорија била изоставена и за нив не биле креирани индивидуализирани пакети на мерки. Голем број самохрани родители останале без работа, дел поради тоа што биле дел од неформалниот пазар на трудот, друг дел, како што наведуваат, ги загубиле работните места поради несензибилност на приватниот сектор и немањето разбирање за оние кои немаат опција за чување на децата. – Трет дел дури сега ќе ги изгубат работните позиции, овој пат поради тоа што на четвратата седница на Влада на Република Македонија одржана на токму оние кои треба да работат и земаат плата од сите граѓани на републикава, донесоа одлука која се коси со здрав разум: „Сите – читај вклучително и самохраните родители, се враќаат на работа од 23 септември – среда, иако учебната година е претумбана да почнува од октомври 2020 година. Од октомври учебната година физички ќе се одвива само од 8:30 до 10:30 часот, порачуваат од Една може. За министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска нема ништо спорно во одлуката на Владата. Таа смета дека мерката за отсуство од работа на родителите на деца до шест години и на оние со продолжено породилни отсуство станало беспредметно со отворањето на градинките. – Со отворањето на градинките мерките за отсуство од работа на родителите и за продолжено породилно отсуство ја изгуби својата смисла, изјави вчера Шахпаска. Таа оцени дека одлуката на Владата за враќање на родителите на децата од нула до шестгодишна возраст во работниот процес од 23 септември е логична и очекувана, со оглед на тоа што градинките и Центрите за ран детски развој од 9 септември се отворени и имаат капацитет да ги примат децата. Во однос на одлуката на Владата за прекин на продолженото породилно отсуство, министерката Шахпаска оцени дека со отворањето на градинките и оваа мерка ја губи смислата. Вчера беше забележан прв случај на дете заразено со коронавирус. Според информациите од Министерството, станува збор за дете кое било згрижено во градинката „13 Ноември“ во општина Центар во Скопје. Детето е на 15-месечна возраст. Шахпаска вчера информираше дека детето престојувало во градинката само еден час на 9 септември, а на 14-ти родителите ги известиле вработените во установата дека детето е позитивно на Ковид-19. Од отворањето на градинките на 9 септември беа пријавени три случаи на позитивни вработени во градински во Скопје, Битола и Свети Николе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodilkite-i-majki-na-deca-do-shest-godini-utre-na-protest-pred-vladata/feed/ 0
Во изминатото деноноќие 415 лица не ја почитувале мерката за носење на маска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-izminatoto-denonokjie-415-lica-ne-ja-pochituvale-merkata-za-nosenje-na-maska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-izminatoto-denonokjie-415-lica-ne-ja-pochituvale-merkata-za-nosenje-na-maska/#respond Wed, 08 Jul 2020 07:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=371399

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата. Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 27741 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 415 прекршоци во изминатото деноноќие, објави на својата Фејсбук страница министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 90 контроли во објекти при што е евидентиран 1 објект кој не ги почитувал одлуките на владата. На територијата на целата држава на вкупно 250 лице им се издадени решенија за изолација, а 3 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки. Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-izminatoto-denonokjie-415-lica-ne-ja-pochituvale-merkata-za-nosenje-na-maska/feed/ 0
Силјановска: Со мерката “Спортски денар” – одвојуваме 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-so-merkata-sportski-denar-odvojuvame-1-denar-od-akcizata-na-naftenite-derivati-vo-maloprodazbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-so-merkata-sportski-denar-odvojuvame-1-denar-od-akcizata-na-naftenite-derivati-vo-maloprodazbata/#respond Tue, 07 Jul 2020 12:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=370874

Со министерот за одбрана Борко Ристовски и поранешниот фудбалер, а сега тренер во Вардар, Игор Кралевски, ја договараме формацијата на теренот. Истакнати професионалци со интернационална кариера, со мотив и желба да помогнат во Обновата на Македонија. Прво квалитетна одбрана, а потоа и брз контранапад, за победа на Македонија! Борко знае и гол да даде. ✅ Со мерката “Спортски денар” – одвојуваме 1 денар од акцизата на нафтените деривати во малопродажбата. Овие средства ќе се користат за развој на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот, пишува во својата Фејсбук објава носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 1 Гордана Силјановска Давкова. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-so-merkata-sportski-denar-odvojuvame-1-denar-od-akcizata-na-naftenite-derivati-vo-maloprodazbata/feed/ 0
Стопанственикот Кучи: Мерката за субвенционирање на плата од страна на владата не беше доволна за да функционира бизнисот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanstvenikot-kuchi-merkata-za-subvencioniranje-na-plata-od-strana-na-vladata-ne-beshe-dovolna-za-da-funkcionira-biznisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanstvenikot-kuchi-merkata-za-subvencioniranje-na-plata-od-strana-na-vladata-ne-beshe-dovolna-za-da-funkcionira-biznisot/#respond Mon, 01 Jun 2020 16:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=352484

Мендерес Кучи стопанственик од Тетово во гостување на телевизија 24 зборуваше за сетот на мерки кои ги донесе Владата на СДСМ каде рече дека не постои доверба во институциите и дека мерката за субвенционирање на плата од 14 500 не била доволна за да компаниите продолжат понатаму. -Да денеска ако земам помош, утре дупло ќе треба враќам. Недовербата во институциите сеуште постои и тоа во голема мерка има негативно влијание врз сите компании. Оттука е и бројката која што гледаме колку е тоа искористено и зошто не е искористено. Гледам дека тие 8 милиони кои беа предвидени за бескаматни кредити, а се искористија некаде околу 6. Гледаме дека бројката на вработените за кој што беше донесена мерката, нема влијание врз задржувањето на работната сила во компаниите. Не се доволни помошта од 14 500 за да продолжат тие да опстојат понатака затоа што бизнисот поинаку функционира, рече стопанственикот Кучи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanstvenikot-kuchi-merkata-za-subvencioniranje-na-plata-od-strana-na-vladata-ne-beshe-dovolna-za-da-funkcionira-biznisot/feed/ 0