мерки на претпазливост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 16 Apr 2021 11:41:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мерки на претпазливост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предложени мерки на претпазливост за лице осомничено за измами при купопродажба на станови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozeni-merki-na-pretpazlivost-za-lice-osomnicheno-za-izmami-pri-kupoprodazba-na-stanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozeni-merki-na-pretpazlivost-za-lice-osomnicheno-za-izmami-pri-kupoprodazba-na-stanovi/#respond Fri, 16 Apr 2021 11:41:54 +0000 https://kurir.mk/?p=498137

Основното јавно обвинителство Скопје денеска оиведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од мај 2020 година до март 2021 година, осомничениот во повеќе наврати, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, довел и држел во заблуда најмалку седум оштетени граѓани. Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, тој како агент во својата агенција за недвижности лажно им прикажувал факти на оштетените дека е овластен од различни сопственици да ги продава нивните станови на други лица. Откако ќе ги огласел становите, ги покажувал пред потенцијалните купувачи, договарал продажба и наплаќал средства на име капар, но потоа не доаѓало до склучување купопродажен договор, а уплатените средства не ги враќал. Осомничениот, по наредба на јавен обвинител беше лишен од слобода и за него ќе биде поднесен Предлог за определување мерки на претпазливост – обврска повремено да се јавува кај определено службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и забрана за преземање определени работни активности. Постапката против осомничениот е во тек, се испитуваат лица и се обезбедуваат и други докази.​​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/predlozeni-merki-na-pretpazlivost-za-lice-osomnicheno-za-izmami-pri-kupoprodazba-na-stanovi/feed/ 0
Судот одреди мерки за Јакимовски и неговите соработници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-odredi-merki-za-jakimovski-i-negovite-sorabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-odredi-merki-za-jakimovski-i-negovite-sorabotnici/#respond Wed, 08 Aug 2018 13:37:48 +0000 https://kurir.mk/?p=85861

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Управата за финансиска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица, а кои е поднесен предлог за определување на мерки за претпазливост. Финансиската полиција денеска соопшти дека е покрената кривична пријава против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, поради злоупотреба на службената положба и овластувања, како и поради соизвршителство против М.Д., раководител на Секторот за јавни набавки, Н.Н. помошник раководител на Секторот за финансиски прашања, С.М. раководител на Одделението за норматива во правниот сектор и А.С., раководител на Одделението за сметководство. Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје за осомничените поднесе Предлог за определување на мерки за претпазливост и тоа обврска на обвинетите повремено да се јавуваат на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.​ Осомничените се товарат дека ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во три постапки за јавни набавки, при што двајца сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување ” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.22 во врска со чл. 45, додека тројца од осомничените за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-odredi-merki-za-jakimovski-i-negovite-sorabotnici/feed/ 0