мерки за штедење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Sep 2022 13:39:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мерки за штедење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штипски ,,Исар” презеде дополнителни мерки за штедење струја https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipski-isar-prezede-dopolnitelni-merki-za-shtedenje-struja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipski-isar-prezede-dopolnitelni-merki-za-shtedenje-struja/#respond Sun, 04 Sep 2022 13:39:49 +0000 https://kurir.mk/?p=728546

Енергетската криза го загрози работењето на сите јавни претпријатија, чијашто примарна цел е водоснабдување, вели директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков. Штипски „Исар“ веќе неколку месеци штеди, но дополнително се преземени мерки. -Ние што можеме, што е во наша полза, ќе реагираме за да заштедиме некој минимален дел од електричната енергија, односно минимално да ги намалиме сметките. Направивме еден план: сите грејни тела коишто се на струја ќе ги отстраниме; апаратите коишто користат електрична енергија, како на пр. апарати за кафе, ќе ги отстраниме; ќе се редуцираат канцелариите, односно повеќе луѓе ќе бидат сместени во една канцеларија за да не се троши греење. Исто така сите светилки ќе бидат заменети со штедливи лед – светилки, вели Здравков. Сепак, според него, тоа е незначително во однос на цената на киловат по час и високите сметки кои допрва им следат. За подолгорочно решение останува планот за фотоволтаици, за кој во тек е и процедура на изработка на студија, но процесот би одзел подолг временски период. Решението кое би се имплементирало сега и веднаш, а кое го бара Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ) е дотации од Владата. -Решението може да биде дотации, односно субвенционирање на јавните претпријатија до одредена цена. Некои држави во околината веќе го прават тоа, тоа се мали, средни државни претпријатија, рече Здравков. Сметката за електрична енергија за последниот месец на ЈП „Исар“ е приближно 4.000.000 денари, но следниот месец се очекува да биде двојно повисока. Јавното претпријатие на почетокот на оваа година имаше речиси петпати повисока сметка од сегашната, бидејќи како и многу други имаше раскинат договор со добавувачот на електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipski-isar-prezede-dopolnitelni-merki-za-shtedenje-struja/feed/ 0
Од утре во сила мерките за штедење струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-utre-vo-sila-merkite-za-shtedenje-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-utre-vo-sila-merkite-za-shtedenje-struja/#respond Wed, 31 Aug 2022 07:52:58 +0000 https://kurir.mk/?p=726438

Од утре стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија. Како што рече министерот за економија Крешник Бектеши кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, пеќатење само потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат. Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки,… На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите,… -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план. Мерките за штедење се креирани за полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, рече министерот Бектеши на 16 август кога ги соопшти мерките. Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Затоа и нивните раководители може да ја изгубат работата ако не ги почитуваат владините препораки и ако не заштедат 15 отсто струја како што е предвидено. И според него и според министерот Бектеши, рестрикции на струја не се очекуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-utre-vo-sila-merkite-za-shtedenje-struja/feed/ 0
Власта со апели и бизнисот и граѓаните да штедат струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlasta-so-apeli-i-biznisot-i-gragjanite-da-shtedat-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlasta-so-apeli-i-biznisot-i-gragjanite-da-shtedat-struja/#respond Mon, 29 Aug 2022 05:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=725237

Во пресрет на очекуваната тешка зима поддршката на земјоделството и менаџирањето со енергетската криза остануваат врвни приоритети на Владата, најави премиерот Димитар Ковачевски, додека во исто време лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара надлежните да произведуваат струја која, ќе завршува како помош во стопанството. Премиерот Ковачевски вчера по пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“ во Општина Ранковце најави дека Економскиот совет ќе ги разгледа барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на струјата за компаниите и штом ќе ги имаат пресметките, Владата ќе интервенира во тој дел. Сепак, според него, евентуално дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, бидејќи таа на слободниот пазар е над 1000 евра. – Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е веќе намалено за електричната енергија. Ако треба ќе се намалува повторно, но тоа не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, кога знаеме дека таа е над 1000 евра поставена на слободниот пазар. Што се однесува до маржите на трговците со електрична енергија, прво треба да се направи анализа и тоа од страна на Регулаторната комисија, да видиме колку се големи тие маржи и дали воопшто има маржи на овие цени на електричната енергија, изјави Ковачевски. Премиерот посочи и дека клучно во следниот период е да се направат заштеди на електричната енергија секаде каде што е можно. – Се наоѓаме во период кога цените на електричната енергија се највисоки и се повисоки од која било економска логика, зборувам за целиот европски континент, а она што го имаат како задача сите ресори во Владата и компаниите кои што се во државна сопственост, тоа ќе мора да го испорачаат со цел да имаме непречено снабдување со електрична енергија, додаде премиерот Ковачевски. Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски од Берово обвини дека македонските бизнисмени плаќаат повисока струја од нивните колеги во регионот и упати апел до надлежните да произведуваат струја која „ќе завршува како помош во стопанството“. – Апелирам до надлежните… да му овозможат на бизнисот и стопанството во овие тешки времиња да преживеат бидејќи тоа се хероите на ова време кои што секој месец се борат да обезбедат егзистенција за вработените. Да се зафатат за работа, да произведуваат струја и таа струја да завршува како помош во стопанството и на тој начин да го направат македонското стопанство конкурентно, изјави Мицкоски. Министерот за финансии Фатмир Бесими, пак, оцени дека седум месеци од почетокот на војната во Украина, економските изгледи и понатаму остануваат со висока доза на неизвесност, со надолни ризици поради растечката инфлација, можноста за запирање на испораката на гас од Русија, растот на цената на електричната енергија и затегнувањето на условите за финансирање. Во колумна Бесими нагласува дека цените на енергијата за европските домаќинства и фирми ќе биде повисока од претходните очекувања. – Ова ќе повлијае на довербата на потрошувачите, која ќе опаѓа и се помалку ќе бидат подготвени да ги трошат своите заштеди, што ќе се одрази на потрошувачката во втората половина од годината. Цената на енергијата ќе има влијание и врз инвестициите. Зголемените трошоци и послабите изгледи за финална потрошувачка ќе повлијаат на фирмите да скратат на несуштествените проекти, додава Бесими. Тој потсетува и дека природниот гас поскапе на над 3.300 долари за 1000 кубни метри, што е раст на неговата цена во според со средината на 2021 година за 700 отсто. – Рекорди руши и цената на електричната енергија. На германската берза на крајот на август цените достигнуваа над 700 евра за мегават час за едногодишна испорака, додека на француската берза над 800 евра за мегават час. Така овие пикови се одразија и на сите регионални берзи и цената достигна и до 600 евра за мегават час. Инаку, во 2021 година, на европските берзи цената над 75-100 евра за мегават час се сметаше за висока, додека на регионалните берзи цените се движеа не повеќе од 50-75 евра, додава Бесими. Тој наведува и дека очекувањата на енергетските експерти се дека до крајот на зимата оваа состојба нема да се менува многу, освен во случај на прекин на војната во Украина и одлука на Германија да увезува руски гас преку Северен поток 1 и 2. – Додека пак, ако Германија, која доминантно влијае на цената на струјата на европските пазари продолжи со намерата за престане со користење на рускиот гас, високите цени на енергијата ќе потраат неколку години, потенцира Бесими. Во вакви услови, додава министерот, Владата презема и ќе презема мерки за амортизирање на растечките цени на електричната енергија, преку субвенции на производството на ЕСМ и намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на пет проценти, што на годишно ниво го чини Буџетот на државата околу 50 милиони евра помалку приходи од ДДВ. – Цената на електричната на енергија на регулираниот пазар кај нас е пет пати пониска во однос на пазарната цена на струјата – тоа е поддршката која ја даваме за домаќинствата и дел од компаниите кои се мали потрошувачи. Разликата во цената на чинење и продажната цена на електричната енергија што се обезбедува од државната компанија ЕСМ на регулираниот пазар за домаќинствата, како и за загубите на преносната и дистрибутината мрежа, надминува 200 милиони евра годишно, додава Бесими, апелирајќи итно да се преземаат мерки за штедење на електрична енергија од сите институции во јавниот сектор и субјекти во приватниот сектор, како и во секое домаќинство, едноставно секој граѓанин треба да даде свој придонес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlasta-so-apeli-i-biznisot-i-gragjanite-da-shtedat-struja/feed/ 0
Кризна состојба во енергетиката ќе биде прогласена утре, од 1 септември на сила мерките за штедење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/krizna-sostojba-vo-energetikata-kje-bide-proglasena-utre-od-1-septemvri-na-sila-merkite-za-shtedenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/krizna-sostojba-vo-energetikata-kje-bide-proglasena-utre-od-1-septemvri-na-sila-merkite-za-shtedenje/#respond Wed, 24 Aug 2022 05:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=722968

Кризна состојба во делот на енергетиката се очекува да биде прогласена утре. Одлуката ќе важи од 1 септември, а според најавите на надлежните, нема да има рестрикции на струја во зимскиот период доколку се се одвива според планираното. Од 1 септември стапуваат во сила и мерките за штедење на струја што ги донесе Владата, а кои ќе важат до 31 март следната година. Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна на прес-конференција рече дека не очекува да има рестрикции ако се оди според планот на Електростопанство на Северна Македонија. Како што соопшти се разговара и со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето. – Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, рече Бектеши на заедничката прес-конференција со директорот на ЕСМ на која беа објавени мерките за штедење на електрична енергија. Според генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, компанијата работи со максимален капацитет и потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство. Во планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. – Блок 3 во РЕК Битола е во застој заради изгорен трансформатор од надворешно влијание во текот на декември минатата година и јануари годинава. Во моментов постојниот трансформатор се наоѓа на сервисирање во Белград, а истовремено извршена е и јавна набавка за купување на нов трансформатор што не е направено 40 години од пуштањето во работа на РЕК Битола. Очекуваме на крајот на септември или на почетокот на октомври еден од трансформаторите да пристигне и на крајот на октомври да бидеме во полна капацитетност со РЕК Битола за да може еден од блоковите да влезе во краток ремонт, рече Ковачевски на неодамнешната прес-конференција во Владата. Во функција ќе биде ставен и РЕК Осломеј кој се очекува да работи со полн капацитет во текот на грејната сезона. – Токму затоа се вршат и дополнителни набавки на јаглен и за РЕК Осломеј за да може и овој важен капацитет за сигурноста и стабилноста на енергетскиот систем да работи во полна кондиција и со полно производство во текот на грејната сезона, рече Ковачевски. Во следните денови се очекува Владата да ги објави и јавните повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија откако на БЕГ и беа одземени лиценците за работа. – Владата ја разгледа и усвои содржината на јавните повици и тендерската документација за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, на постапката за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, како и за спроведување на постапката за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија, соопшти вчера владината прес-служба по седницата на Владата. На 16 август, Владата ги објави и мерките за заштеда на струја до 15 проценти кои ќе важат до март следната година. За домаќинствата и за компаниите, тие се во вид на препораки, додека за државните институции има конкретни задолженија што ќе мора да ги испочитуваат, а во спротивно ќе следат санкции. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење, климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се дел од препораките за државните институции. Според министерот за економија, сите треба да придонесеме за заштеда на електричната енергија, а пример треба да бидат државните институции. – Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, рече Бектеши на прес-конференцијата минатиот вторник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/krizna-sostojba-vo-energetikata-kje-bide-proglasena-utre-od-1-septemvri-na-sila-merkite-za-shtedenje/feed/ 0
Мерки за штедење струја од 1 септември, не се очекуваат рестрикции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/merki-za-shtedenje-struja-od-1-septemvri-ne-se-ochekuvaat-restrikcii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/merki-za-shtedenje-struja-od-1-septemvri-ne-se-ochekuvaat-restrikcii/#respond Wed, 17 Aug 2022 05:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=719553

Мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто ќе стапат во сила од 1. следниот месец. Одлуката ја донесе Владата вчера на седница и со неа за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија. На наредната владина седница треба да биде донесена и одлука за прогласување кризна состојба во енергетиката. Засега нема најава за рестрикции на струја, а од Владата најавуваат зголемување на производството. -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост, рече вчера на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не пониско од 27 степени и греење на не повисоко од 20 степени, исклучување на компјутерите по работата, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од задолженијата за државните институции. На домаќинствата им се препорачува вклучување бојлер само кога има потреба од топла вода и по можност на евтина струја, разумно користење на грејните тела, рационална употреба на сијалици и користење повеќе дневно светло, изолирање на таваните, надворешните ѕидови и прозорците,… За бизнис заедницата укажувањата се: да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина, рационално греење и ладење со клима уредите, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, инсталирање интелигентни системи за управување во електромоторните погони, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, примена на нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки,… Ако не се постигне целта за 15 проценти заштеда на струја, Бектеши најави дека ќе следуваат санкции за раководителите на институциите согласно со етичкиот кодекс. На 15.ти секој месец, почнувајќи од септември, сметките за струја на државните институции ќе бидат јавно објавувани. Целта е, не само граѓаните да имаат увид во потрошувачката, туку и да се знае дали се испочитувани владините задолженија за заштедата. Извештаите на институциите за потрошената електрична енергија ќе ги објавува Министерството за економија. Најавената кризна состојба за електрична и за топлинска енергија ќе важи во текот на наредниот месец. Регулативата предвидува кризата состојба да трае 30 дена, поради што во меѓувреме, до Собранието ќе се испрати барање за продолжување на кризната состојба до крајот на грејната сезона и тоа да ја донесе одлуката. Како што најави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, со планот за производство на АД ЕСМ се предвидува од ноември да профункционираат трите блока во РЕК Битола. Годинава ќе се направи обид да не се прават класични ремонти со застои од 30, 60 или 90 дена, туку тие да се вршат во периоди кога ќе има намалување на снагата, односно простор за санација. Сите вработени, информира Ковачевски, се во функција, а ремонтни активности се извршуваат во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, но се прават и технолошки активности за санација и подготовка на ископите на јаглен. АД ЕСМ, соопшти директорот, работи со максимален капацитет согласно моменталните можности на електраните и на нашите ресурси и целосно исклучиво од наше сопствено домашно производство ги задоволуваме потребите на универзалниот снабдувач ЕВН хоум за граѓаните и малите потрошувачи, односно не набавуваме електрична енергија од увоз, туку набавуваме само јаглен и мазут за производство на струја со кои ќе го зголемиме производството во грејната сезона. Според Ковачевски, моментно има производство на електрична енергија од два блока во РЕК Битола, еден котел во ТЕЦ Неготино, хидропроизводство, производство на енергија од ветер и од сонце со што, како што рече, целосно се задоволуваат потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи, а ноќните вишоци од околу 50 мегавати се продаваат на слободниот пазар по берзански цени. Во првите седум месеци од годинава ЕСМ произвело 2.194 гигават часови електрична енергија или за 15 проценти повеќе од истиот период лани кога беа произведени 1.914 гигават часови. Целиот план за производство на електрична енергија за годинава е направен со 20 процентно зголемување во однос на лани. Планот се реализира преку зголемување на ископот на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, како и со зголемен увоз на јаглен за термоелектраните во Битола и во Осломеј од соседните земји.ТЕЦ Неготино работи со еден котел согласно со потребите на ЕСМ, а се прават залихи од мазут за да се вклучи и вториот котел кога ќе има потреба. -Залихата на депонија во овој момент изнесува околу 100 илјади тони јаглен, а месечно се набавува и по околу 50 илјади тони за зголемување на калоричноста на нашиот јаглен. Досега се набавени 550 илјади тони за РЕК Битола, а во тек е отворана набавка за уште 600 илјади тони. Во Живојно, пак, во тек се завршни активности околу документацијата и се прават технолошки активности и последни подготовки за отпочнување со експлоатација до крајот на годинава, информираше Ковачевски. Во делот на топлинската енергија веќе се формирани компаниите од страна на ЕСМ. На наредната седница на Владата ќе биде објавен јавниот повик на кој, како што рече Ковачевски, најверојатно ќе конкурира ЕСМ иако тоа можеше да го направи и Град Скопје, но најверојатно тие сега веќе немаат ни компанија за таа намена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/merki-za-shtedenje-struja-od-1-septemvri-ne-se-ochekuvaat-restrikcii/feed/ 0