мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 13:15:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рама и Пленковиќ ги повикуваат ЕУ и Западот да донесат мерки против Белград https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-i-plenkovik-gi-povikuvaat-eu-i-zapadot-da-donesat-merki-protiv-belgrad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-i-plenkovik-gi-povikuvaat-eu-i-zapadot-da-donesat-merki-protiv-belgrad/#respond Mon, 02 Oct 2023 13:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=884283

Премиерите на Албанија и на Хрватска, Еди Рама и Андреј Пленковиќ најостро го осудија „насилството на српските паравоени единици на северот на Косово, како и нивното „хероизација“ од Белград, со повик до премиерите на земјите од Европската унија и Западот да донесат мерки против Србија. Рама, кој е во официјална посета на Загреб, на прес-конференција во Бански двори рече дека „агресијата на паравоените сили е еднакво загрижувачка како и реакцијата на Белград“. „Имаме злосторство, убиство на полициски службеник и имаме хероизација на тие кои го извршија“, рече Рама, додавајќи дека тоа „не смее да биде прифатливо во Европа, која има спротивни вредности“. Пленковиќ смета дека тие потези „не можат да останат без одговор“ и дека одлуката на Белград за ден на жалост „речиси подразбира идентификација со тоа што се случило“. Тој изјави дека ќе следи истрага за целосно да се утврди што се случило, по што специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Приштина и Белград ќе предложи мерки. Пленковиќ рече дека и Европската комисија (ЕК) може да донесе мерки автономно, без согласност на сите земји членки, како што тоа го направи пред неколку месеци против Косово. Хрватскиот премиер истакна дека е сигурен оти мерките ќе бидат преземени, а Рама повика тие да се спроведат, како што рече, „без губење време“, бидејќи одлуката на Белград за ден на жалост не остава простор за поинакви интерпретации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-i-plenkovik-gi-povikuvaat-eu-i-zapadot-da-donesat-merki-protiv-belgrad/feed/ 0
Поради високите температури: ОВИЕ мерки и препораки важат следниве два дена – еве што усвои Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-visokite-temperaturi-ovie-merki-i-preporaki-vazhat-slednive-dva-dena-eve-shto-usvoi-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-visokite-temperaturi-ovie-merki-i-preporaki-vazhat-slednive-dva-dena-eve-shto-usvoi-vladata/#respond Tue, 25 Jul 2023 19:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=860003

Владата на Република Македонија ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури и усвои соодветни мерки и препораки со важност за следните два дена, а со цел намалување на ризиците од високите температури согласно Акцискиот план на Министерството. Мерките и препораките се однесуваат за деновите: 26.07.2023 година (среда) и 27.07.2023 година (четврток). Согласно усвоеното, Владата препорачува: • Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години; • Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот; • Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници; • Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Согласно добиените информации, Владата донесе заклучоци: • Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките; • Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот; • Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници; • Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-visokite-temperaturi-ovie-merki-i-preporaki-vazhat-slednive-dva-dena-eve-shto-usvoi-vladata/feed/ 0
Забрана за вршење дејност на 30 работодавачи поради непочитување на мерките за топлото време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-vrshene-dejnost-na-30-rabotodavachi-poradi-nepochituvane-na-merkite-za-toploto-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-vrshene-dejnost-na-30-rabotodavachi-poradi-nepochituvane-na-merkite-za-toploto-vreme/#respond Mon, 17 Jul 2023 14:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=857416

Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа при денешната посета на детската градинка „Кочо Рацин“ во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“, одговорајќи на новинарско прашање рече дека поради новите владини мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури во изминантите неколку дена Државниот инспекторат за труд бил постојано на терен, при што од вкупниот број на надзори, кај 30 работодавачи биле изречени забрани за вршење на работа. Поради топлотниот бран што ја зафати земјава, Владата донесе одлука бремените жени и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа, во установите за згрижување на децата да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. -Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници, стои во соопштението од Владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabrana-za-vrshene-dejnost-na-30-rabotodavachi-poradi-nepochituvane-na-merkite-za-toploto-vreme/feed/ 0
Стапија во сила мерките на ЕУ против Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stapija-vo-sila-merkite-na-eu-protiv-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stapija-vo-sila-merkite-na-eu-protiv-kosovo/#respond Sat, 01 Jul 2023 19:37:48 +0000 https://kurir.mk/?p=851650

Европската унија усвои мерки против Косово за непреземање мерки за деескалација на ситуацијата на северот на земјата, а за тоа косовските институции и Влада беа информирани на 28 јуни, велат од ЕУ. Неименуван портпарол на ЕУ за приштинските медиуми потврди дека работата во работните тела во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација е привремено прекината. Косово исто така нема да биде покането на состаноци на високо ниво, а билатералните посети ќе бидат прекинати. Стапувањето на сила на овие мерки вчера веднаш го потврди и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кога посочи дека Косово не е вклучено во распределбата на фондот од 2,1 милијарди евра одобрен од Оперативниот комитет за инвестиции на Западен Балкан. Според портпаролот на ЕУ, мерките воведени во Косово се привремени во зависност од настаните на терен и одлуката за деескалација што може да ја донесе премиерот на Косово Албин Курти. Најавено е дека Европската унија внимателно следи дали Србија ги исполнува официјалните барања на Брисел и дека се подготвени да преземат мерки доколку тие не се исполнат. -ЕУ очекува Косово да дејствува на деескалација и да ги прекине полициските операции во близина на општинските згради на северот на земјата, градоначалниците привремено да ги извршуваат своите должности и што е можно поскоро да се распишат предвремени избори во четири општини и организирано на целосно сеопфатен начин, со „целосно и безусловно учество на косовските Срби“, рече портпаролот на ЕУ. Тој исто така изјави дека е од суштинско значење брзото спроведување на Охридскиот договор, вклучително и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stapija-vo-sila-merkite-na-eu-protiv-kosovo/feed/ 0
Намалување на границата за кривична одговорност на 12 години, ова се новите мерки кои се предлагаат во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namaluvane-na-granitsata-za-krivichna-odgovornost-na-12-godini-ova-se-novite-merki-koi-se-predlagaat-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namaluvane-na-granitsata-za-krivichna-odgovornost-na-12-godini-ova-se-novite-merki-koi-se-predlagaat-vo-srbija/#respond Wed, 03 May 2023 17:11:33 +0000 https://kurir.mk/?p=830251

По масакрот во основното училиште во Белград, претседателот Александар Вучиќ предложи одредени мерки. Вучиќ изјави дека има  232.310 регистрирани пиштоли и револвери во Србија, 361.716 ловечко оружје и 64.658 спортско оружје, а на Владата на Србија и ги предложи неколку мерки. 1. Воведување мораториум за издавање и носење оружје во следните две години 2. Ревизија на сите дозволи за оружје 3. Контрола на начинот на кој лицата кои имаат дозвола - држат оружје 4. Контрола на стрелиштата 5. Пропишување кривична одговорност за лица кои овозможуваат малолетници да поседуваат оружје и други неовластени лица да дојдат до оружје и кои учат малолетници и други неовластени лица да користат огнено оружје 6. Да се ​​намали старосната граница за кривична одговорност на малолетниците од 14 на 12 години, согласно меѓународните и европските стандарди. 7. Заострување на санкциите за непочитување на регулаторните обврски кон давателите на медиумски услуги - вклучувајќи интернет, телевизија, социјални мрежи 8. Да се ​​воведат задолжителни шестмесечни нарко тестови во средните училишта 9. Да се организираат специјални служби и мобилни тимови за врсничко насилство во Центрите за социјална работа кои веднаш би реагирале 10. Забрана на пристап до сајтовите дарк-нет и слични кои даваат совети за тоа како да се изврши убиство, да се набави дрога итн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/namaluvane-na-granitsata-za-krivichna-odgovornost-na-12-godini-ova-se-novite-merki-koi-se-predlagaat-vo-srbija/feed/ 0
Побарани мерки на претпазливост за вториот напаѓач на Пендиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pobarani-merki-na-pretpazlivost-za-vtoriot-napagach-na-pendikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pobarani-merki-na-pretpazlivost-za-vtoriot-napagach-na-pendikov/#respond Wed, 22 Feb 2023 16:08:28 +0000 https://kurir.mk/?p=803787

Основното јавно обвинителство Охрид до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерки на претпазливост против едно лице од Битола, за кое е поведена постапка за кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како што соопштија од Јавното обвинителство, на 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле. -Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на сега осомничениот да му ги определи следните мерки – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за употреба на лична карта за преминување на државна граница, како и обврска да се јавува повремено – на секои 7 дена на определено службено лице или кај надлежен државен орган, соопштија од ЈО. Осомничениот, исто како и претходно обвинетиот во оваа постапка, тврди дека има само македонско државјанство. Како што посочуваат во соопштение, во тек е собирање докази за проверка на наводите изнесени во поднесената кривична пријава против осомничениот. За правилно утврдување на фактичката состојба ќе биде неопходно и оштетениот да учествува во постапката пред обвинителството во својство на сведок. Со оглед на тоа, Основното јавно обвинителство Охрид ќе се обрати до надлежните органи во Република Бугарија за да ја обезбеди адресата на неговото сегашно престојувалиште.​​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pobarani-merki-na-pretpazlivost-za-vtoriot-napagach-na-pendikov/feed/ 0
Владата усвои сет итни мерки за градење на отпорност и сајбер заштита на институциите од јавниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-usvoi-set-itni-merki-za-gradene-na-otpornost-i-sajber-zashtita-na-institutsiite-od-javniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-usvoi-set-itni-merki-za-gradene-na-otpornost-i-sajber-zashtita-na-institutsiite-od-javniot-sektor/#respond Tue, 21 Feb 2023 14:17:27 +0000 https://kurir.mk/?p=803232

Владата на денешната седница на предлог на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор. Овие мерки, како што информираат од владината прес-служба, следуваат по серијата активности за координација со донаторите и чинителите во областа на сајбер безбедноста, а со цел градење на отпорност кај јавните институции кои се почесто се цел на сајбер напади, а чија цел е оневозможување на системите кои даваат услуги кон граѓаните и има директни, видливи и сериозни последици врз нивниот живот. Во таа насока, Владата ги задолжи органите на државната управа, а им укажа на институциите кои не се органи на државна управа, да определат лице одговорно за информациска безбедност во нивните организации со цел навремено пријавување на инциденти и размена на информации за инциденти, ранливост, закани и ризици поврзани со безбедноста на информациските системи до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Органите на државната управа исто така се должни, а на институциите кои не се органи на државна управа им се укажува, да достават одредени информации до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, како би се регистрирале/ажурирале за услугите на Центарот. -Се задолжуваат органите на државната управа, а им се укажува на институциите кои не се органи на државна управа, сите вработени задолжително да се регистрираат и да завршат обука за сајбер безбедност за вработени во јавна администрација. Истовремено, органите на државната управа неопходно е да направат план за реализација и да ги предвидат финансиските импликации на мерките на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, се наведува во соопштението. Владата му препорача на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации да достави до Владата извештај за спроведена бесплатна надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации на пријавените институции. Усвоените мерки се високо приоритетни заради заштита на ИТ системите на институциите од јавниот сектор, поради што Владата препорача овие мерки да се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, со првенствена цел да се заштитат системите за услуги кон граѓаните.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-usvoi-set-itni-merki-za-gradene-na-otpornost-i-sajber-zashtita-na-institutsiite-od-javniot-sektor/feed/ 0
Во Тетово стапуваат на сила мерките против загадување на воздухот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-tetovo-stapuvaat-na-sila-merkite-protiv-zagaduvanje-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-tetovo-stapuvaat-na-sila-merkite-protiv-zagaduvanje-na-vozduhot/#respond Mon, 26 Dec 2022 15:54:25 +0000 https://kurir.mk/?p=780730

Мерките во случај на надминат праг на алармирање стапуваат на сила во Тетово, каде што е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во текот на два последователни денови, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. – Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Тетово за епизодата на алармантно загадување на воздухот, стои во соопштението од МЖСПП. Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање. Во соопштението се додава дека од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Тетово за епизодата на алармантно загадување на воздухот. -Согласно заклучоците од записникот од 40- та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за град Тетово стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението од МЖСПП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vo-tetovo-stapuvaat-na-sila-merkite-protiv-zagaduvanje-na-vozduhot/feed/ 0
МЖСПП вели расчистен воздухот во Гостивар, Кичево и Кавадарци – мерките се укинуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-veli-raschisten-vozduhot-vo-gostivar-kichevo-i-kavadarci-merkite-se-ukinuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-veli-raschisten-vozduhot-vo-gostivar-kichevo-i-kavadarci-merkite-se-ukinuvaat/#respond Mon, 26 Dec 2022 13:24:11 +0000 https://kurir.mk/?p=780605

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираа дека од денеска во градовите Гостивар, Кичево и Кавадарци се укинуваат мерките и препораките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри, согласно измерените вредности. Имено, поради зголемено загадување на воздухот, од саботата стапија во сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од вчера и во Гостивар. Одлуката за стапување во сила на мерките и препораките ја донесе Владата по информации добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање, откако на мерните места во овие градови во текот на два последователни дена беше надмината вредноста на ПМ10 честичките од 150 микрограми на метар кубен. Во Скопје и Струмица се уште се во сила донесените мерки и препораки.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-veli-raschisten-vozduhot-vo-gostivar-kichevo-i-kavadarci-merkite-se-ukinuvaat/feed/ 0
Скопје, Кичево, Кавадарци, Струмица и Гостивар под мерки поради загадување на воздухот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-kichevo-kavadarci-strumica-i-gostivar-pod-merki-poradi-zagaduvanje-na-vozduhot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-kichevo-kavadarci-strumica-i-gostivar-pod-merki-poradi-zagaduvanje-na-vozduhot/#respond Mon, 26 Dec 2022 06:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=780408

Поради зголемено загадување на воздухот, од саботата стапија во сила препораките и мерките за надминување на прагот на алармирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, а од вчера и во Гостивар. Одлуката за стапување во сила на мерките и препораките ја донесе Владата по информации добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање, откако на мерните места во овие градови во текот на два последователни дена беше надмината вредоста на ПМ10 честичките од 150 микрограми на метар кубен. Согласно оваа Одлука, Владата ги информира надлежните институции и соодветните локални самоуправи дека е потребно да постапат согласно заклучоците од 40-та владина седница одржана на 28 ноември 2017 година, според кои, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство им препорачува на сите правни субјекти да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, како и да го реорганизираат работното време и лица на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот. Исто така, се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, како и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба. Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, здравствените дом и единиците за локална самоуправа, треба да обезбеди прифатилишта за сместување на бездомници и да даде поддршка на стари осамени лица преку организирани посети. Од Владата информираат дека согласно заклучоците, Министерството за здравство треба да ја ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина) за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа, се до незино завршување и една недела по тоа. Државниот инспекторат за животна средина, пак, треба да почне со вршење зачестена контрола на инсталациите што поседуваат А–ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови и мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух. Министерството за животна средина и просторно планирање треба да подготви и достави препорака до инсталациите коишто поседуваат А–ИСКЗ дозвола за намалување на капацитетот на производство до 50 отсто, при што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите што произведуваат топлинска или електрична енергија. Според владините заклучоци, единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на советите на општините. Истовремено, Владата ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на единиците на локална самоуправа да ја намалат до 50 проценти употребата на службените возила и се препорачува ограничување на работите на градежните објекти до престанок на важење на препораките и мерките. Министерството за животна средина и просторно планирање во саботата информира дека на мерното место во Скопје во Центар во четвртокот се измерени концентрации на ПМ10 честички од 160,34 микрограми на кубен метар, а во петокот 248,51 микрограми на кубен метар, а во Лисиче во четвртокот 189,94 микрограми на кубен метар, додека во петокот – 259,01 микрограми на кубен метар. Во Кичево се измерени концентрации на загадувачки честички од 178,04 микрограми на кубен метар во четвртокот и 171.13 микрограми на кубен метар во петокот, во Кавадарци 155,28 микрограми на кубен метар (четврток) и 154,80 микрограми на кубен метар (петок), а во Струмица 188,51 микрограми на кубен метар (четврток) и 244,12 микрограми на кубен метар (петок). Во Гостивар, пак, во петокот се измерени ПМ 10 честички од 182,02 микрограми на кубен метар, а во саботата од 168,65 микрограми на кубен метар.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-kichevo-kavadarci-strumica-i-gostivar-pod-merki-poradi-zagaduvanje-na-vozduhot/feed/ 0