мерни станици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Dec 2022 15:17:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мерни станици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЖСПП: Сите мерни станици за квалитет на амбиентниот воздух се во функција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-site-merni-stanici-za-kvalitet-na-ambientniot-vozduh-se-vo-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-site-merni-stanici-za-kvalitet-na-ambientniot-vozduh-se-vo-funkcija/#respond Fri, 23 Dec 2022 15:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=779737

Сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција, но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. Поради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно планирање пристапи кон набавка на нова опрема. Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во моментот новата серверска опрема е набавена и инсталирана и во тек е мигрирање на системите и базите од стара на нова серверска опрема. Додека се врши миграцијата, како што се наведува, можни се привремени прекини или недостапност до одредени сервиси во текот на следните неколку дена за што посочуват дека навремено ја известиле јавноста преку веб-страницата и социјалните мрежи на МЖСПП. Дополнително се спроведува и процесот на подесување на системот и заштита од надворешни упади преку интернет конекцијата. Од МЖСПП информираат дека се прават напори да се забрза постапката и во најскоро време сите сервиси да бидат достапни. Напоменуваат дека податоците од сите мерни станици се достапни за МЖСПП и се следат, а доколку бидат надминати праговите на информирање или алармирање јавноста/општините ќе бидат навремено информирани и на сила ќе стапат соодветните мерки. Најавуваат дека сите податоци што не биле достапни на јавноста со ставањето во функција на новата серверска опрема ќе бидат ретроактивно достапни/видливи. Заради транспарентност МЖСПП најави дека ќе објавуваат податоци за среднодневни концентрации од извршените мерења за РМ10 и РМ2,5 од претходниот ден. Повлечени се податоци од извршените мерења, со далечински онлајн пристап до логерите за податоци, од следните автоматски мониторинг станици за квалитет на амбиентен воздух: Миладиновци, Лисиче, Ректорат, Кичево, Велес 2, Центар, Лазарополе, Битола 1, Ѓорче Петров. Во моментот не е возможен пристап до податоците од мерните станици Карпош, Тетово, Струмица и Гевгелија. -Во моментот врз основа на добиените и анализираните податоци за концентрациите на РМ10 евидентно се забележува зголемување на загадувањето и надминување на среднодневната гранична вредност од 50 микрограми на метар кубен на повеќе мерни места. Прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 μg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат во Скопје на мерните места Центар и Лисиче и на мерните места во Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Кичево и Велес.Податоците се следат од страна на Министерството и доколку има услови за надминување на прагот на алармирање на РМ10 и стапувањето на сила на мерките, граѓаните ќе бидат навремено информирани, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzspp-site-merni-stanici-za-kvalitet-na-ambientniot-vozduh-se-vo-funkcija/feed/ 0
O2 Иницијатива обелоденува: Не работат вкупно 20 мерни инструменти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-obelodenuva-ne-rabotat-vkupno-20-merni-instrumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-obelodenuva-ne-rabotat-vkupno-20-merni-instrumenti/#respond Wed, 05 Dec 2018 12:59:11 +0000 https://kurir.mk/?p=136058

Вкупно 20 инструменти не работат. Ако еден чини 15,000 евра, тогаш само за да се заменат ќе чини 300,000 евра. За да се постават основните мерења на сите постоечки станици, како за PM2.5, озон, CO, SO2, тогаш потребни се уште 225,000 евра. Само за постоечкиве да се стават во состојба како треба, тоа е 1/3 од буџетот за борба против аерозагадувањето. Ако се обезбедат уште неколку нови мерни станици, резервни делови, тогаш ќе дојдеме и до повеќе од 2/3 од буџетот за борба против аерозагадувањето. 2/3 само за мерењето да е задоволително, што е основа без која не смее. Влада на Република Македонија Каде се конкретните мерки, за да се намали тоа што е детектирано, измерено? Ова го пишуваат од иницијативата О2. Нивното обраќање до јавноста ви го пренесуваме во целост:  Во меѓувреме, заменик министерот за животна средина Макрадули изјавува дека споредбено со претходните 2 години, во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови. Статистиката која е дадена е за PM10, просек од мерни станици, број на денови над дозволените 50 µg/m3 и највисока регистрирана загаденост за 2016, 2017 и 2018 во периодите 1 јануари – 30 ноември. “Јавната комуникација во услови на аерозагадување кое го загрозува здравјето на граѓаните е одговорна работа”, беше укажано пред некој ден од советник на Претседателот на Владата за односи со јавност. Како што не е добро да шириме паника кај граѓаните, ако е неоснована, но со оглед на степенот на загадувањето и неговото долготрајно присуство, тешко може неоснована паника да се шири, не е добро да се манипулира со податоците за да се прикаже подобрена состојба. Мешање ПР од страна на Владата и промовирање на Планот за чист воздух на сметка на стручност и точно информирање на јавноста чие здравје е загрозено со нивото на загадување кое го имаме, не смеело да се случи. Оваа квази-статистика не смеело да се објави, а осбено не смеело МЖСПП да ја сподели на својата страна. Зошто?  Од оваа статистика се исклучени станиците кои покажуваат историски највисоки вредности, најголема загаденост со PM10, Лисиче и Гази Баба. По која основа, не е јасно. Ако се исклучени по основ дека нема податоци за нив, Лисиче од октомври, Гази Баба од август, што е крајно неприфатливо, особено што предизборно беше ставено како приоритет, голем број од другите мерни станици кои се земени за споредба имаат големи “дупки” во податоците. Не ни е јасно како Лисиче не се земало за споредба, но Велес 2 да? За Велес 2 нема податоци од јули, во јануари исто најголем дел од месецот немало податоци, минатата година има цели периоди без податоци. Битола 2 годинава два месеца немаше податоци, минатата година исто цели два месеца, Битола 1 во 2016 скоро цели три месеци нема податоци, во 2018 скоро месец дена, Лазарополе во 2016 немало податоци три и пол месеци, итн.  Годишна статистика и споредување на податоци не е можно, кога има толкави “дупки” во мерењата. Ако веќе се споредува, треба да се земат месечни споредувања само каде има податоци. Самите МЖСПП во својот “Извештај за оценка на квалитетот на воздухот во РМ за периодот 2005-2015 година”, велат “За одредени загадувачки супстанци, не беше возможно да се направи статистичка анализа на трендовите, поради недостатокот на квалитетни податоци од мониторингот, и недоволна покриеност за анализираниот период.” Хорничен проблем кога мерењето е во прашање во државава, кое го прави споредувањето невозможно во најголем број на случаи.  Не се факторирани податоци како температура, брзина и насока на ветер, количина на дожд, снег, температурна инверзија. Овие фактори ја менуваат состојбата драстично, ако има ветер, загаденоста е мала, ќе ја оддува, ако има поголема количина на дожд и снег, повторно ќе има намалено загадување, ќе го спушти на земја, потопли зими, пониска концентрација на PM10, итн. Не може да правите споредба за три години, потполно да ги игнорирате овие фактори и да излезете во јавност со изјава дека споредбено со претходните 2 години, во 2018 година постои намалување на бројот на загадени денови. Крајно манипулативно и непрофесионално од министерство од кое се очекуваат издржани и точни анализи и статистики, не брза пропаганда. Со овој пост, започнуваме со оценка на изјавите, мерките од Министерството за животна средина и Владата на РМ, спроведувањето на барањата потпишани предизборно од градоначалниците на Град Скопје, општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Кисела Вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/o2-inicijativa-obelodenuva-ne-rabotat-vkupno-20-merni-instrumenti/feed/ 0
Се повеќе мерни станици во дефект, случајност или не? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-povekje-merni-stanici-vo-defekt-sluchajnost-ili-ne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-povekje-merni-stanici-vo-defekt-sluchajnost-ili-ne/#respond Tue, 13 Nov 2018 11:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=127299

Откако се обелодени дека надвор од функција се две мерни станици, на мерното место во Гази Баба и Лисиче поради технички проблеми, пред неколку дена се обелодени дека мерната станица во Велес веќе не работи година дена. Инаку, мерната станица во Велес, која е сместена во Детската градинка во Тунел, речиси една година не мери ПМ-10 честички, но затоа ги мери другите параметри на загадување на воздухот: како сулфур диоксид, јаглен моноксид и азотни оксиди. Со започнување на грејната сезона, велешани деновиве се жалат на зголемено загадување на воздухот, а поради што имаат отежнато дишење, особено во вечерните и раните утрински часови. По објавувањето дека овие дека мерни станици не работат, се уште нема соопштение дали дефектот е поправен и зошто не работат. Зошто токму мерните станици во овие најзагадени општини не работат? Дали тоа е случајност или пак власта сака да ја сокрие загаденоста во овие општини. Граѓаните се повеќе мислат дека кампањата на СДСМ е базирана само на ветувања за чист воздух. Токму ветувањето за чист воздух е возможно и да пропадне заедно со другите ветувања што беа за успешна економија, за подобар здравствен систем и подобро образование]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-povekje-merni-stanici-vo-defekt-sluchajnost-ili-ne/feed/ 0
Расте загаденоста на воздухот, а мерните станици во неколку општини изминативе денови не работат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-zagadenosta-na-vozduhot-a-mernite-stanici-vo-nekolku-opshtini-izminative-denovi-ne-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-zagadenosta-na-vozduhot-a-mernite-stanici-vo-nekolku-opshtini-izminative-denovi-ne-rabotat/#respond Wed, 24 Oct 2018 09:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=118800

Нема податоци за нивото на штетните ПМ 10 честички во Лисиче, Гази Баба, Битола и Велес. Мерните станици во изминативе неколку  дена не работат и во други општини. Побаравме одговор од министгерството за животна средина, но заменик министерот Јани Макрадули не сакаше да одговори зошто мерните станици не работат. Одговор втор ден нема ниту од ПР службата во министертсвото. Извори за Сител велат дека овие апарати  требало да бидат сервисирани или заменети и за тоа министерството обезбедило 2 милиони евра, но парите најверојатно завршиле за други  цели. Граѓаните велат дека и без мерачи може да почуствуваат дека воздухот е загаден. Градот Скопје тврди дека вложиле многу труд, ама не во примена на решенијата туку во нивна промоција. Горди се што успеале  да лоцираат и неколку диви депонии и потпалувачи на смет. Граѓанските организации вклучени во процесот открија дека во текот на летото ниту еднаш надлежните не разговарале за активностити и обврските кои ги имаат за исполнување на планот со  39 мерки. Стравуваат дека и годинава единствен спас од загадениот воздух ќе бидат поволните временски услови.   Извор: www.skopjeinfo.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raste-zagadenosta-na-vozduhot-a-mernite-stanici-vo-nekolku-opshtini-izminative-denovi-ne-rabotat/feed/ 0