месечни примања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 20:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png месечни примања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САМО 4 ОД СТО ГРАЃАНИ ИМААТ ДОВОЛНИ ПРИМАЊА Двајца од тројца едвај врзуваат крај со крај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-4-od-sto-gragani-imaat-dovolni-primana-dvajtsa-od-trojtsa-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-4-od-sto-gragani-imaat-dovolni-primana-dvajtsa-od-trojtsa-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj/#respond Mon, 10 Jul 2023 20:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=855186

Само 4 отсто од македонските граѓани рекле дека имаат доволни примања, 64 отсто едвај рзуваат крај со крај, 35 отсто сметаат дека примањата им се недоволни, 29 отсто рекле дека воопшто не им се доволни семејните приходи. Вакви се податоци за економијата во мајската анкета на ИРИ. Она што е различно од другите години е дека пред три ипол години оние кои рекле дека можат да го поминат месецот без финансиски проблеми биле 9 отсто, додека во најтешката категорија биле 17 отсто. Речиси половина од граѓаните, односно 45 отсто рекле дека животот им се влошил, слично како лани, кога овој процент изнесувал 53 отсто. Анкетата на ИРИ, спроведена од април до мај врз примерок од 1.204 испитаници, покажува дека главен проблем за граѓаните се сиромаштијата и нискиот животен стандард – 25 проценти одговориле така. Потоа следат високите цени со 24 проценти, па економската ситуација за која 23 отсто од испитаниците рекле дека е сериозен проблем. Петта на листата е невработеноста со 18 проценти… Потоа, како најголеми проблеми следат корупцијата, криминалот, општата политичка ситуација… Дури 48 отсто сметаат дека во наредните две години ситуацијата во земјата ќе се влоши. Лани во октомври тој процент бил 56 проценти. Цели 78 отсто од испитаниците сметаат дека актуелните владини претставници не работат во согласност со законите. Нешто подобро стои опозицијата – 69 проценти од граѓаните не мислат дека и опозицијата би го почитувала законот ако нејзини членови бидат избрани за одредена функција. Најдобар министер, според истражувањето е Оливер Спасовски. Потоа следи премиерот Ковачевски, па Бујар Османи, па Артан Груби. Груби е на врвот на листата кога граѓаните се прашани „кој министер не работи како што треба“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-4-od-sto-gragani-imaat-dovolni-primana-dvajtsa-od-trojtsa-edvaj-vrzuvaat-kraj-so-kraj/feed/ 0
Потребни 34.128 денари за основни месечни потреби за четиричлено семејство, трошоците поголеми од мајската плата за 5.407 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potrebni-34-128-denari-za-osnovni-mesechni-potrebi-za-chetirichleno-semejstvo-troshocite-pogolemi-od-majskata-plata-za-5-407-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potrebni-34-128-denari-za-osnovni-mesechni-potrebi-za-chetirichleno-semejstvo-troshocite-pogolemi-od-majskata-plata-za-5-407-denari/#respond Tue, 10 Aug 2021 07:41:09 +0000 https://kurir.mk/?p=548639

На едно четиричлено семејство во јули му биле потребни 34.128 денари за да ги покрие основните месечни потреби, покажуваат податоците на синдикалната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Споредено со официјалните статистички податоци објавени за месечно исплатена плата во мај, трошоците на едно четиричлено семејство се поголеми за 5.407 денари. Најмногу пари или 14.417 денари во јули биле потребни за храна и пијалоци, а 10.826 денари за подмирување на режиските трошоци. За превоз минимум биле потребни 2.528 денари, додека за хигиена 2.381 денар. Остатокот е за обувки, облека, одржување на здравјето и за културни активности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potrebni-34-128-denari-za-osnovni-mesechni-potrebi-za-chetirichleno-semejstvo-troshocite-pogolemi-od-majskata-plata-za-5-407-denari/feed/ 0
Македонците трошат 37,8 отсто од приходите за храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-troshat-37-8-otsto-od-prihodite-za-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-troshat-37-8-otsto-od-prihodite-za-hrana/#respond Tue, 17 Dec 2019 10:22:05 +0000 https://kurir.mk/?p=278616

Жителите на Македонија 37,8 отсто од своите месечни приходи трошат за храна, покажува истражувањето на руската агенција „РИА Рејтинг“, со кое се опфатени 40 европски држави врз основа на податоци од националните статистички служби за 2019 година. Наспроти ова, жителите на земјава, според анализата, трошат четири отсто од приходите за цигари и алкохол, 3,6 проценти за трошоци во ресторани, кафулиња и хотели и само 1,8 отсто за култура и рекреација. Истражувањето покажува дека со потрошени 37,8 отсто од месечните приходи за храна, земјава се наоѓа на 37 место на листата, пред Молдавија (43,8 проценти), Казахстан (47,6 отсто) и Украина (50 проценти). На врвот на листата со најмал процент на трошоци за храна е Луксембург (8,4 отсто), пред Холандија и Велика Британија (по 10,6 проценти), Ирска (11,5 отсто) и Финска (11,7 проценти). Од земјите во регионот најдобро рангирана е Словенија на 18-то место со трошоци за храна од 15,4 отсто од вкупните приходи, Грција е 22-ра со (20,2 проценти), Турција е на 23 место (20,3 отсто), Хрватска на 29-та (28,2 проценти), Црна Гора е 30-та (29,7 отсто), Србија е 34-та (34,3 проценти), а Бугарија е едно место пред земјава, односно 37-ма (37,8 отсто). Во категоријата на трошоци за цигари и алкохол, Северна Македонија со 4,0 отсто е на делба на 34 место заедно со Литванија и Турција, а по земјава следуваат Украина (4,1 отсто), Србија (4,9 проценти), Бугарија (5,0 отсто) и Романија (8,2 проценти). На самиот врв е Луксембург со 1,3 отсто трошоци за цигари и алкохол од вкупните приходи, пред Португалија, Кипар и Молдавија (по 1,6 проценти) и Шпанија и Германија (по 1,7 отсто). Словенија е 12-та (2,1 проценти), Хрватска е 24-та (2,9 отсто), а Грција и Црна Гора се на делба на 29-то место со по 3,7 отсто. Кај процентот на трошоци од месечните приходи во ресторани, кафулиња и хотели, земјава е на 11-то место со 3,6 отсто. На врвот на оваа класификација се Романија и Молдавија со 1,9 проценти, пред Белорусија (2,8 проценти) и Хрватска и Украина (со по 2,9 отсто), додека на самото дно се Шпанија (9,9 отсто), Грција (10,8 проценти) и Швајцарија (11 отсто). За Бугарија и Шведска нема податоци во оваа категорија, додека од останатите земји од регионов Србија е шеста (3,1 проценти), Црна Гора 12-та (4,0 отсто), Словенија е на делба на 19-то место со уште четири земји со по 5,7 проценти. Северна Македонија е на делба на вицешампионското место со Казахстан во категоријата процент на трошоци за култура и рекреација со 1,8 отсто. Пред земјава е само Молдавија со 1,5 проценти, а по нас и Казахстанците следуваат Украина (2,1 отсто) и Турција (2,9 проценти). Последните пет места на листата ги заземаат Германија (10,3 проценти), Исланд 11,1 (отсто), Австрија (11,5 проценти), Велика Британија (15 отсто) и Швајцарија (18,7 проценти). Од земјите во регионот Црна Гора е шеста (3,3 отсто), Грција десетта (4,7 проценти), Србија 12-та (5,1 отсто), Хрватска е на делба на 14-то место со Шпанија (5,5 проценти), Бугарија е 17-та (5,9 отсто) и Словенија е 29-та (13 проценти). Албанија, Босна и Херцеговина и Косово не се опфатени со истражувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedoncite-troshat-37-8-otsto-od-prihodite-za-hrana/feed/ 0