месечни трошоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 16:17:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png месечни трошоци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Месечните трошоци на живот за една година пораснале за речиси 20.000 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesechnite-troshotsi-na-zhivot-za-edna-godina-porasnale-za-rechisi-20-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesechnite-troshotsi-na-zhivot-za-edna-godina-porasnale-za-rechisi-20-000-denari/#respond Tue, 10 Jan 2023 16:17:19 +0000 https://kurir.mk/?p=785649

За речиси 20.000 денари пораснале месечните трошоци за една година. Според извештаите на ССМ, ако на едно четиричлено семејство во јануари лани му биле потребни над 30.000 денари за да ги покријат основните потреби за живот во месецот, веќе во декември за тоа им требале над 50.000 денари. Потрошувачката кошница сериозно почна да ги топи примањата на граѓаните. Најголем дел од парите одат за храна, за пијалоци и за домување, пренесува Телма. Од синдикатот за Телма велат дека е крајно време платите да почнат да се зголемуваат, затоа што ценовните шокови стануваат неиздржливи. -ПОКРАЈ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ КОЕ Е НЕМИНОВНО, ЗА ДА СЕ ПОМОГНЕ НА ГРАЃАНИТЕ ДРЖАВАТА И ВЛАДАТА МОРА ДА СПРЕЧИ РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ЖИВОТНИ ПРОДУКТИ, ДА ВОДИ СМЕТКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ КОИ СЕ ВЕЌЕ ДОНЕСЕНИ И ДА НЕ ДОЗВОЛУВА ПРОФИТЕРСТВО ОД СТРАНА НА ОДРЕДЕНИ ГАЗДИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ СТАБИЛНОСТ НА ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА И ПРИТОА ДА СЕ ЗАШТИТАТ НАЈРАНЛИЛВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ И РАБОТНИЦИТЕ И ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ПРАВИЛНА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВАТА И ФИСКАЛНА КОНСОЛИДАЦИЈА. ОЧИГЛЕДНО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ МОРА ДА ГО СЛЕДИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СПРЕЧУВАЊЕ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ПРЕКУ ИНСПЕКЦИСКИТЕ СЛУЖБИ, ОСОБЕНО ПОРАДИ ПОВОЛНОСТИТЕ КОИ СЕ ОВОЗМОЖИЈА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА, СЕ ВЕЛИ ВО ДОПСИОТ ОД ССМ. Вчера и статистика излезе со податок дека 2022 година се заврши со инфлација од над 14 проценти. Најголемите поскапувања има кај храната и кај енергенсите. На почетокот на годинава цените почнаа неконотролирано да растат, а со тоа се вивна и инфлацијата. Најголемиот пик беше во октомври кога достигна речиси 20 отсто. Потоа последните два месеци имаше благо намалување. Народната банка како механизам за ублажување на последиците од високите цени, неколку пати ја зголеми каматната стапка на благајничките записи. Од оваа стапка зависи како ќе се движат каматите и на кредитите и на депозитите. Сепак, експертите не се оптимисти дека нешто ќе се промени годинава. Нивните прогнози се дека цените ќе продолжат да растат и во 2023 година. Властите, пак, веќе неколку пати најавија намалување на цените, откако обезбедија поевтина струја за дел од прехранбените компании, нешто што го бараа подолго време, а која беше клучен фактор за поскапувањето. Сепак, тие ја добија струјата, но намалувањето беше незначително. Цените останаа високи и за време на новогодишните празници. Сега пак компаниите поголеми поевтинувања најавуваат до крајот на месецов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesechnite-troshotsi-na-zhivot-za-edna-godina-porasnale-za-rechisi-20-000-denari/feed/ 0
Во месец август трошоците на живот се зголемија за 1,3 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-mesec-avgust-troshocite-na-zivot-se-zgolemija-za-1-3-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-mesec-avgust-troshocite-na-zivot-se-zgolemija-za-1-3-otsto/#respond Wed, 07 Sep 2022 10:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=729840

Трошоците на живот во август во однос на јули годинава се зголемени за 1,3 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто. Во август годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8 проценти, а цените на мало за 14,2 проценти.објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 6,4 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,8 проценти, млекото за 3,6 проценти, месото за 2,5 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,8 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,4 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 проценти, пивото за 1,2 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 проценти, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото за 0,3 проценти. Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 27,6 проценти, централното греење за 14,2 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 12,4 проценти, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 6,4 проценти, другите печатени материјали за 5,8 проценти, рестораните, кафулињата и слично за 3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 2,8 проценти, патниот патнички транспорт за 2,6 проценти, производите за домаќинставата-нетрајни за 2,5 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,2 проценти, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1,8 проценти, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 1,5 проценти, моторните возила за 1,4 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,9 проценти, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, електричните апарати за лична хигиена, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,8 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,7 проценти, мебелот и покуќнината за 0,4 проценти, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата, другите лични предмети за 0,3 проценти, облеката, поправките и изнајмувањето на обувките, поправката на апаратите за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци, другите медицински производи, другите услуги за опремата за сопствен превоз, услугите за култура, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0,2 проценти. Намалување на трошоците на животот во август во споредба со јули годинава е забележано кај маслото и маснотиите за 4,1 процент. Во август, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 10,9 проценти, течните горива за домаќинствата за 10,3 проценти, воздухопловниот патнички транспорт за 5,3 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 3,1 процент, туристичките аранжмани за 2,9 проценти, чевлите и другите обувки за 2,3 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1,5 проценти, гасот за домаќинствата за 1,4 проценти, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1,1 процент, велосипедите за 0,8 проценти, теписите и другите подни покривки за 0,6 проценти, книгите за 0,3 проценти, големите алатки и опремата, терапевтските помагала и опремата за 0,2 проценти. Минатиот месец ДЗС регистрираше годишен раст на трошоците на живот од 16 проценти, а од 1,9 проценти на месечно ниво. Цените на мало, пак, забележаа зголемување од 14 отсто во јули годинава споредено со јули лани, а за 2,5 отсто во однос на јуни. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-mesec-avgust-troshocite-na-zivot-se-zgolemija-za-1-3-otsto/feed/ 0