мешков брест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 05:47:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мешков брест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кокшаров наскоро го презема Мешков Брест https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koksharov-naskoro-go-prezema-meshkov-brest/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koksharov-naskoro-go-prezema-meshkov-brest/#respond Mon, 06 Mar 2023 05:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=808372

Рускиот ракометен клуб Ростов Дон го смени тренерот. Поранешниот тренер на Вардар и селектор на руската машка репрезентација, Едуард Кокшаров остана без работа, по серијата негативни резултати кои ги принудија клупските челници на клуб за промени. Имено, рускиот клуб мина пет натпревари без победа пред своите навивачи, што е најлошата серија во клупската историја. Нов тренер на Ростов ќе биде Александар Бурмистов. Името на легендарното руско крило, Едуард Кокшаров се вбројува меѓу најсериозните кандидати за тренер на белорускиот Мешков Брест .]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/koksharov-naskoro-go-prezema-meshkov-brest/feed/ 0
ЕХФ му додели службена победа, Вардар 1961 обезбеди место во осминафиналето на ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-mu-dodeli-sluzbena-pobeda-vardar-1961-obezbedi-mesto-vo-osminafinaleto-na-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-mu-dodeli-sluzbena-pobeda-vardar-1961-obezbedi-mesto-vo-osminafinaleto-na-lsh/#respond Fri, 04 Mar 2022 13:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=640955

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 официјално обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска му додели службена победа за неодиграниот натпревар против белоруски Мешков Брест. Извршниот комитет на ЕХФ, како што официјално е соопштено, одлучи двата неодиграни натпревари на Мешков Брест против Вардар и Кил да ги регистрира со службен резултат 10-0 во корист на противниците на белорускиот шампион. Со новите два бода, Вардар е на 5. место во група А со 11 бодови со што „црвено – црните“ се пласираа во нокаут фазата во Лигата на шампиони. Извршниот комитет на ЕХФ претходно одлучи да ги суспендира сите клубови и репрезентации од Русија и Белорусија од учество во сите тековни и тековни активности на ЕХФ до натамошно известување поради инвазијата на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-mu-dodeli-sluzbena-pobeda-vardar-1961-obezbedi-mesto-vo-osminafinaleto-na-lsh/feed/ 0
ЕХФ го откажа мечот Мешков Брест – Вардар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-go-otkaza-mechot-meshkov-brest-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-go-otkaza-mechot-meshkov-brest-vardar/#respond Sun, 27 Feb 2022 20:31:03 +0000 https://kurir.mk/?p=637631

Воената ситуација во Украина влијае на натпреварите на Вардар во Лигата на шампионите. Клубот доби официјален допис од Европската ракометна федерација (ЕХФ) со кој е информиран дека гостувањето во Брест, кое беше предвидено за 2 март е откажано.
„Натпреварот од 13 коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу Мешков Брест и Вардар планиран за 2 март 2022 година нема да се одигра. Вардар 1961 требаше во вторник да патува за Брест, Белорусија на средба од ЛШ, но истиот нема да се одигра. Европската ракометна федерација ги извести клубовите дека 'сегашната ситуација и развојот во овие денови не го прават остварливо овој натпревар да се игра според планираното. Во процедура усогласена со претходните одлуки за натпреварите во наредната недела и со цел да се заштитат сите инволвирани страни и да се обезбеди интегритетот на натпреварувањето, ЕХФ дојде до заклучок да го откаже натпреварот'. За следните чекори во врска со овој натпревар ЕХФ ќе има информација во следниот период“, се вели во информацијата упатена на клубот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-go-otkaza-mechot-meshkov-brest-vardar/feed/ 0
Пуштени во продажба билетите за дуелот од ЛШ помеѓу Вардар и Мешков Брест https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pushteni-vo-prodazba-biletite-za-duelot-od-lsh-pomegju-vardar-i-meshkov-brest/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pushteni-vo-prodazba-biletite-za-duelot-od-lsh-pomegju-vardar-i-meshkov-brest/#respond Sat, 18 Sep 2021 11:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=565200

Билетите за првиот овосезонски натпревар на Вардар 1961 на домашен терен во Лигата на шампиони против белорускиот првак Мешков Брест од денеска се пуштени во продажба. Како што соопшти македонскиот првак, за натпреварот закажан за в среда со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во продажба се пуштени 1.800 влезници по цена од 350, 400 и 450 денари. За влез во салата неопходен ќе биде сертификат за примена најмалку една доза вакцина против коронавирус или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. – Лицата над 18-годишна возраст без соодветен сертификат/потврда нема да можат да влезат во салата дури и во случај да имаат купено билет, се наведува во клупското соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/pushteni-vo-prodazba-biletite-za-duelot-od-lsh-pomegju-vardar-i-meshkov-brest/feed/ 0
Еурофарм Пелистер елиминиран од СЕХА лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-eliminiran-od-seha-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-eliminiran-od-seha-ligata/#respond Sun, 29 Aug 2021 18:14:29 +0000 https://kurir.mk/?p=556366

Еурофарм Пелистер не успеа да ја помине четвртфиналната пресметка во СЕХА лигата, битолскиот колектив е елиминиран од Мешков Брест. По првиот пораз во Битола, Еурофарм Пелистер отпатува на гостувањето со -4, но и таму битолската екипа загуби со иста разлика. Еурофарм Пелистер само неколку минути од почетокот на средбата беше во егал со противникот, за потоа домаќините да си ја преземат иницијативата и играта. На крајот конечни 35:31. Интересен е податокот што сега Мешков Брест кој е патник на завршниот Ф4, би можел да удри на вториот македонски претставник, тимот на Вардар, доколку секако „црвено-црните“ успеат да ја задржат предноста која ја имаат против „плинарите“ од Загреб со +4 од првиот натпревар. Во редовите на Пелистер најефикасни беа Стипе Мандалиниќ и Обрадовиќ со по пет постигнати голови, кај победникот Валјупов беше најефикасен со 11.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eurofarm-pelister-eliminiran-od-seha-ligata/feed/ 0
Мешков Брест го победи Еурофарм Плистер во Битола https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/meshkov-brest-go-pobedi-eurofarm-plister-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/meshkov-brest-go-pobedi-eurofarm-plister-vo-bitola/#respond Sun, 22 Aug 2021 06:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=553513

Битолскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер загуби во првиот натпревар од четвртфиналето во СЕХА лига, вечерва Мешков Брест ја освои Битола и славеше со 27-31. Гостинот од Белорусија доминираше на почетокот од второто полувреме па креираше и највисоки осум гола предност (17-25). Сепак, во финишот од мечот дојде до опуштање, па Еурофарм Пелистер ја преполови убедливата позитива  на противникот и конечниот резултат гласеше 27-31. Кашпарек со 8 гола беше најефикасен во редовите на Мешков Брест, Ваилупау реализираше 6 гола, Скубе и Малуш постигнаа по 5 погодока. Мандалиниќ со 9 погодоци беше прв играч на Еурофарм Пелистер, Периќ реализираше 6 гола. Реваншот се игра во Брест на 29. август]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/meshkov-brest-go-pobedi-eurofarm-plister-vo-bitola/feed/ 0
СЕХА-четвртфиналето во Битола без гледачи https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/seha-chetvrtfinaleto-vo-bitola-bez-gledachi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/seha-chetvrtfinaleto-vo-bitola-bez-gledachi/#respond Fri, 20 Aug 2021 16:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=553118

И покрај вчерашното „зелено светло“ од владата, натпреварот од четвртфиналето на СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест ќе се игра без присуство на гледачи. Сепак, нема потребна документација за организирање на натпреварот од сите релевантни институции, па продажбата на билети нема да започне и натпреварот ќе се игра како сите минатогодишни во Битола, без присуство на гледачи. „РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ја повлекува продажбата на билети за натпреварот од четвртфиналето на СЕХА Гаспром лигата меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест. Причината  е недобивањето „зелено светло“ од сите потребни институции за организација на натпреварот во време на ковид-пандемија. Клубот искрено жали што не доби „зелено светло“ за одржување на натпреварот со присуство на гледачи со вакцинален сертификат во спортската сала „Боро Чурлевски“. Би сакале да ги потенцираме вистинските вредности на спортот, па доколку постои и најмала закана по здравјето на нашите граѓани, ние ќе ги следиме упатствата на надлежните. Веруваме дека наскоро ќе можеме да ви се обратиме со позитивни вести и враќање на гледачите во салата, нешто што нестрпливо го чекаме повеќе од една година. РК Еурофарм Пелистер уредно ги вакцинира своите ракометари, ги следи упатствата на надлежните и ќе продолжи да ги применува потребните протоколи донесени во време на пандемијата од ковид-19., се вели во клупското соопштение. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест ќе го следат само официјалините лица, клупските челници и новинарите, кои ќе приложат вакцинален сертификат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/seha-chetvrtfinaleto-vo-bitola-bez-gledachi/feed/ 0
Вардар изгуби на гостувањето кај Мешков https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-izgubi-na-gostuvanjeto-kaj-meshkov/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-izgubi-na-gostuvanjeto-kaj-meshkov/#respond Wed, 16 Sep 2020 19:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=404254

Европскиот ракометен шампион Вардар доживеа пораз на гостувањето кај Мешков Брест со 24:22 (12:10) во првото коло од новото издание на ракометната Лига на Шампиони. Македонскиот тим одигра одличен натпревар , во последните минути резултатот беше изедначен (22:22) но сепак не успеа да издржи до крај и доживеа пораз. Вујин со шест гола беше најефикасен во редовите на Вардар, четири погодоци реализираше Дисингер Вардар во следното 2.коло во „Јане Сандански“ го пречекува Елверум на 24 септември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-izgubi-na-gostuvanjeto-kaj-meshkov/feed/ 0
Вардар им се врати на победите во Лигата на шампионите https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-im-se-vrati-na-pobedite-vo-ligata-na-shampionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-im-se-vrati-na-pobedite-vo-ligata-na-shampionite/#respond Sun, 03 Nov 2019 18:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=259668

Ракометарите на Вардар се вратија на победите во Лигата на шампионите по двата пораза што ги претрпеа во претходните две кола. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ вардарци беа поуспешни од Мешков Брест со 36:31. За актуелниот европски првак ова беше четврта победа по шест одиграни натпревари во Б-групата од елитното натпреварување. Во ефикасниот меч најдобар стрелец кај домаќините беше Даинис Криштопанс со девет голови, Иван Чупиќ седум пати ја погоди противничката мрежа. Кај белорускиот првак Ваљупов девет пати реализираше. Со трите освоени бода, Вардар се искачи на второто место на табелата. Македонскиот шампион има вкупно осум бода, три помалку од лидерот Кил. Мешков Брест остана на само една победа доволна за претпоследно, 7. место. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-im-se-vrati-na-pobedite-vo-ligata-na-shampionite/feed/ 0
Точно напладне Вардар ги пушта во продажба билети за дуелите со Мешков и Кјелце https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tochno-napladne-vardar-gi-pushta-vo-prodazba-bileti-za-duelite-so-meshkov-i-kjelce/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tochno-napladne-vardar-gi-pushta-vo-prodazba-bileti-za-duelite-so-meshkov-i-kjelce/#respond Mon, 21 Oct 2019 08:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=254207

РК Вардар од денес напладне ги пушта во продажба поединечните билети за следниот два домашни натпревари во ЕХФ лигата на шампионите против Мешков Брест и Кјелце. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и онлајн преку www.ticketplus.mk Натпреварот Вардар - Мешков е закажан за 3 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански" 17 часот. Натпреварот Вардар - Кјелце е закажан за 9 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански" во 17:30 часот Цената на поединечните билетите за натпреварите со Мешков и со Кјелце се: * трибина - 350 денари * А блок - 400 денари (Цената се однесува за еден натпревар) Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн - www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tochno-napladne-vardar-gi-pushta-vo-prodazba-bileti-za-duelite-so-meshkov-i-kjelce/feed/ 0