мешовита комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jan 2022 18:26:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мешовита комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Османи: Можно е да има промена во структурата и составот на Мешовитата историска комисија, односите со Бугарија не треба да се во замрзнат конфилкт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-mozno-e-da-ima-promena-vo-strukturata-i-sostavot-na-meshovitata-istoriska-komisija-odnosite-so-bugarija-ne-treba-da-se-vo-zamrznat-konfilkt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-mozno-e-da-ima-promena-vo-strukturata-i-sostavot-na-meshovitata-istoriska-komisija-odnosite-so-bugarija-ne-treba-da-se-vo-zamrznat-konfilkt/#respond Mon, 17 Jan 2022 18:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=620468

Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за можна промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Мешовитата историска комисија, изјавил во интервју за „БНТ“ министерот за надворешни работи, Бујар Османи Според него, односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не треба да влегуваат во состојба на замрзнат конфликт. -На македонскиот народ не му е толку јасно објаснето дека не преговараме за идентитетот и јазикот, истакнал Османи и додал: -Говорот на омраза има два аспекта. Ние веќе не сме во сојуз со Југославија, но сакаме да влеземе во сојуз со Бугарија. Сите прашања во нашиот однос кон Бугарија, останати од времето на Југославија, мора да се корегираат, појаснил шефот на македонската дипломатија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-mozno-e-da-ima-promena-vo-strukturata-i-sostavot-na-meshovitata-istoriska-komisija-odnosite-so-bugarija-ne-treba-da-se-vo-zamrznat-konfilkt/feed/ 0
Македонија се откажа од „македонски“ и прифати „официјален јазик на РСМ“ кој од двата е тој?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-otkaza-od-makedonski-i-prifati-oficijalen-jazik-na-rsm-koj-od-dvata-e-toj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-otkaza-od-makedonski-i-prifati-oficijalen-jazik-na-rsm-koj-od-dvata-e-toj/#respond Sat, 23 Jan 2021 20:03:17 +0000 https://kurir.mk/?p=459038

Преговорите околу историските факти помеѓу Македонија и Бугарија се водат во тајност, што наиде на рекации и противење во јавноста и струката на историчарите, а повремено заради тоа од “неидентификувани извори“ дознаваме што се случува, наместо да добиваме официјлоани информации. Придавката “македонски” ќе се користи само во цитатите од записниците, во официјалните заклучоци од средбите, наместо македонски/Македонија ќе се употребува “уставното име на земјава“. Високи извори од македонскиот дел од Мешовитата историска комисија брифираат дека и покрај тоа што и двете страни генерално се држат до своите позиции, вчерашната средба покажала дека има желба за напредок. За македонската страна е прифатливо што во дискусиите придавката останува во употреба. Договор има и за името на самата комисија. Нема да се употребува македонска или бугарска страна на комисијата, а терминологијата е усогласена според официјалниот назив на ова тело – Комисијата на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија. “Беа предложени решенија кои се взаемно прифатливи за двете страни. Продолжува дискусијата по записниците за 10-та средба токму по тие прашања. Во таа смисла, постигнавме договор во согласност со меѓудржавната и меѓусебната пракса. Зборувам за, да речеме, учебници на РСМ, а не за македонски учебници” Она што и за двете страни сега претставува тема за договор е македонскиот јазик. Дискусијата за тоа како ќе се нарекува во официјалните заклучоци од средбите и натаму останува отворена, но најавите се дека во иднина би се користел терминот официјален јазик на РСМ. А Македонија има два службени јазици, на кој од нив мисли Бугарија под терминот “официјален јазик на РСМ“. ЗАКОН ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Член 1 (1) На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. (2) Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик), исто така, е службен јазик и неговото писмо, согласно овој закон. “Во врска со јазикот има јасна формулација која се применува во меѓусебните односи. Станува збор за официјален јазик, македонски јазик според Уставот на РСМ. И не очекувајте од Комисијата да врши некакви промени во однос на тоа. Нашата комисија не е ниту јазична, ниту пак политичка или дипломатска. Таа не се занимава со јазици, туку со историски и образовни прашања” Решенијата по овие прашања, според двете страни, продолжуваат и во наредниот период. До одржувањето на средбата во полн формат која треба да биде одржана на 25 и 26 февруари, ќе бидат разменувани предлози и идеи по електронски пат, со цел надминување на проблемите во официјалната терминологија. “Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски “ се заменува со уставното име, велат од Комисијата. Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба. Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката македонски ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, наведуваат од македонскиот тим на Комисијата.“ - објавија некои провладини портали. Но, повторно, не е наведен ниту извор ниту кој точно, конкретно, демантира, туку стои “Комисијата“, што не значи ништо без наведено име на изворот. Потворно се работи нетранспарентно. Ако се е во ред, нема потреба од криење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-se-otkaza-od-makedonski-i-prifati-oficijalen-jazik-na-rsm-koj-od-dvata-e-toj/feed/ 0
Се брише придавката „македонски“ од официјалните записници на комисиите, ќе се користи Северна! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-brishe-pridavkata-makedonski-od-oficijalnite-zapisnici-na-komisiite-kje-se-koristi-severna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-brishe-pridavkata-makedonski-od-oficijalnite-zapisnici-na-komisiite-kje-se-koristi-severna/#respond Sat, 23 Jan 2021 18:08:46 +0000 https://kurir.mk/?p=459015

Уставното име „Република Северна Македонија“, наместо придавката „македонски“ ќе се користи во записниците на Мешовитата макеонско-бугарска комисија. Ова е компромисот кој, според телевизија Сител, бил постигнат во врска со употребата на придавката „македонски“ во записниците од Мешовитата комисија. Високи извори од македонскиот дел од комисијата за Сител рекле дека договорот се состои во тоа што придавката македонски ќе се користи само во цитатите од записниците, додека во официјалните заклучоци од средбите ќе се употребува уставното име на земјава, односно имињата кои произлегуваат од него. Па така, наместо македонски, да се употребува „на Република Северна Македонија“. Договор наводно имало и околу името на самата комисија, односно, во записниците нема да има повеќе македонска страна и бугарска страна, туку во записниците ќе стои Комисија на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија во зависност на што се однесува. Македонската страна била задоволна што придавката македонски сепак останува во употреба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-brishe-pridavkata-makedonski-od-oficijalnite-zapisnici-na-komisiite-kje-se-koristi-severna/feed/ 0
Нов состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sostanok-na-meshovitata-makedonsko-bugarska-ekspertska-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sostanok-na-meshovitata-makedonsko-bugarska-ekspertska-komisija/#respond Tue, 19 Feb 2019 06:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=165481

Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира  на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство што ќе се одржи денеска и утре во Скопје. Директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓоргиев за МИА изјави дека се очекува да се продолжи со работата по темите од претходно одржаниот состанок во Софија, пред се, за цар Самоил, како и на забелешките на учебниците по историја од V. и VI. одделение, кои веќе се направени и се разменети меѓу двете страни со цел да се надминат проблематичните толкувања. Материјалот што е предмет на работа на Комисијата го опфаќа перидот на праисторијата, за антиката и за средниот век, при што различните толкувања практично почнуваат со средниот век, а браќата Кирил и Меториј и  Самоиловата држава се два елемента каде се најголемите разидувања во самите учебници. Според него, целта на Комисијата е сето тоа толкување на минатото од пред илјада и повеќе години да се денационализира, да не им се дава на тие настани и личности национална конотација од современ аспект, односно нашето денешно национално чувство да не се рефлектира 1000 години наназад, бидејќи објективно такво чувство и не постоело во тоа време. -Не можете вие да го национализирате свети Климент или свети Наум, или браќата Кирил и Методиј. Тие се христијански просветители, духовни лица на кои не може вие да им дадете националност.Тие дејствувале во одредени држави, во Византија и во Бугарската средновековна држава, меѓутоа нив тоа не ги прави ниту Бугари, ниту Грци, ниту Македонци во современа смисла. Целта е да им се даде на идните генерации кои ќе учат од бугарските и од македонските учебници идеја за космополитизмот на тие луѓе, за некои општи вредности кои тие ги оставиле на следните генерации, а не да ги присвојуваме како теснонационални херои. Во таа смисла ќе одат и дискусиите околу учебниците, вели Ѓоргиев. Смета дека цар Самоил треба да го чествуваме заедно бидејќи, нагласува, тој постои и во меморијата на бугарскиот народ и во меморијата на македонскиот народ, поседува голема симболика во двата историски наративи и традиции поради што може да биде мост на поврзување околу кој треба се согласиме, мост што ги поврзува денешните народи и културите на современите држави на Балканот и особено на Р Македонија и Р Бугарија. Најголемите проблеми, сепак, според него, се очекуваат во разгледувањето на настаните и личностите од 19. и почетокот на 20 век, периодот на појавата на културни, духовни и политички движења кои се јавуваат на територијата на Македонија. Протагонситите на овие движења, меѓу другото, за себе кажуваат дека се и Бугари, меѓутоа тие дејствуваат на оваа територија, посебно политичките дејци кои се појавуваат подоцна и кои се борат за автономијата на Македонија. Всушност тоа се личности кои пројавуваат политички сепаратизам во однос на Бугарија уште во времето на османлиската држава, меѓутоа во своите мемоари, во своите изјави кажуваат дека се Бугари. -Тука има сериозни разидувања во двете историографии и повторно, сметам дека без сериозни дискусии, без сериозно толкување на изворите придржувајќи се на академските принципи, и без желба да се погледне храбро во слабостите на сопствените историографии предизвикани, пред се, од политички и идеолошки причини, ние нема да може да дојдеме до решение, посочува Ѓоргиев. Тој период, подвлекува, ќе биде најмакотрпниот и најдолготрајниот, а секое брзо политичко наметнување на одлуки и решенија ќе не донесе во ќорсокак. -Не може тие прашања да се решат со политичка одлука. Она што ние како Комисија, па дури и јавноста во Македонија го чувствува, е чувството на триумфализам во Бугарија, дека сега е моментот да се докаже дека Македонците до 1944 г. беа Бугари, а по таа година станаа Македонци. Ако тое е идејата со цел да се наметне еден таков заклучок во кој едната страна ќе се прикаже како победник, тогаш Комисијата нема да има резултати, дециден е директоротот на Институтот за национална историја. Решението го гледа во критичка анализа на историографските наративи во двете држави и во взаемно почитување на граѓаните и културите на двете држави. -Според мене, решението, договорот се наоѓа на средина. Не може бугарската страна да очекува дека ние ќе прифатиме се согласно бугарскиот историски национален наратив. Исто така, не можеме ние историјата од 19. и почетокот на 20. век да ја претставуваме како кристално јасна македонска национална историјаи да го негираме присуството на бугарското национално и политичко влијание во интелктуалниот и политичкиот македонски сепаратизам. Тоа е перидот кога, всушност, започнува процесот на постепеното и макотрпно издвојување, најпрвин политичко, а потоа и национално, на Македонците, на Македонија, на појавата на македонизмот и тоа бугарската страна не може да го негира, како што ние не можеме да тврдиме дека постои континуитет на македонска нација од времето на цар Самоил до денес. Тоа се работите околку кои двете страни треба да се усогласат, да отстапат, да прифатат одредени податоци и толкувања, за да дојдеме до решение кое ќе биде во функција на двете држави, на двата народа за да продолжиме напред, без да бидеме заложници на историјата, вели Ѓоргиев иако и самиот е историчар. Инаку, состаноците на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се одржуваат наизменично во Бугарија и во нашата држава, а ова е вро состанок чиј домаќин е македонската страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-sostanok-na-meshovitata-makedonsko-bugarska-ekspertska-komisija/feed/ 0