Месна индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Dec 2022 11:22:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Месна индустрија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Месарите ги намалија цените, но дел од нив одбиени за субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesarite-gi-namalija-cenite-no-del-od-niv-odbieni-za-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesarite-gi-namalija-cenite-no-del-od-niv-odbieni-za-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/#respond Thu, 01 Dec 2022 11:22:34 +0000 https://kurir.mk/?p=769437

На околу десетина компании од месната индустрија им се одбиени апликациите за добивање субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици. Тие веќе ги намалиле цените на 50-на производи, на свежото свинско месо и на дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе трае поевтинувањето, не знаат. Очекуваат во најбрз можен рок да се надмине проблемот и да ги потпишат договорите за фиксна цена на електричната енергија, за што вчера добиле и ветување од ЕВН. Според Групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора, цените се намалени за пет проценти, пред се на домашното свежо свинско месо, но, сепак, секоја компанија поединечно си одлучува по колку ќе ги продава своите производи. За да се намали, пак, цената на месните проозводи веднаш, за над 10 – 15 проценти, потребно е ослободување од царините за увоз на смрзнато свинско месо за преработка што беше во сила четири години и заврши во јуни 2022 и доведе до поскапувања. Групацијата порача дека правилата за добивање субвенционирана струја мора да се објават јавно и јасно и да важат еднакво за сите правни субјекти од секоја соодветна гранка. -Уште денеска ги намаливме цените на одредени производи, верувајќи и на Владата дека мерките ќе бидат ефективни. Намалени се околу 50-на проиузводи, дел од свежото свинско месо и дел од пилешкиот асортиман, но до кога ќе важи тоа не знаеме зашто некои компании се одбиени и се ставени во нерамноправна положба. Очекувавме мерката за струјата да биде јасна и целата работа да биде завршена со доставување на документацијата. Но, вчера и завчера дел од компаниите се одбиени, а немаме објаснување зошто. Единствено заедничко е што имаат фотоволтаици, истакна претседателот на Групацијата Гоце Трајчев. Трајчев на прес-конференција во Комората напомена дека компаниите се подготвени вишокот струја да го дадат гратис, за тоа да не биде пречка и да добијат субвенционирана електрична енергија. -Сите овие компании инвестирале во фотоволтаици за сопствени потреби што е одлично, но сега се покажа како недостиг и ќе ги обесхрабри за ваков тип вложување во иднина, потенцира Трајчев, додавајќи дека компаниите требале да ги видат договорите, но договорите се уште ги немаат добиено. Од Комората информираат дека вчера попладне добиле соопштение од ЕВН во кое се информира дека компаниите кои имаат фотонапонски централи, имаат вишоци струја и за нив договорите ќе треба да се доработат за да се регулира продажбата на тие вишоци. -Заедно со ЕСМ и Министерството за економија ќе се направи се за да се доработат договорите. Насоката е дека тоа ќе се случи најбрзо што може, можеби утре, во понеделник или во јануари. Станува збор за вишоци кои компаниите никаде не може да ги користат и се подготвени да го надминат овој проблем, рече Даниела Михајловска од Комората. Недоследности, доаде Михајловска, се откриваат во од и се прават напори за нивно надминување. Месната индустрија и официјално ја најави кампањата „Домашно, квалитетно, евтино“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesarite-gi-namalija-cenite-no-del-od-niv-odbieni-za-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/feed/ 0
Месна индустрија: Ако се укинат давачките на увозните суровини поевтинување на производите за над 10 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesna-industrija-ako-se-ukinat-davachkite-na-uvoznite-surovini-poevtinuvanje-na-proizvodite-za-nad-10-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesna-industrija-ako-se-ukinat-davachkite-na-uvoznite-surovini-poevtinuvanje-na-proizvodite-za-nad-10-otsto/#respond Tue, 29 Nov 2022 07:03:00 +0000 https://kurir.mk/?p=767947

Преработувачите на месо, како одговор на кризата и намалената куповна моќ на потрошувачите, најавуваат акција „Домашни квалитетни евтини месни производи достапни за секој наш граѓанин“. Ова е договорено на работниот состанок што го организира Групацијата за преработка на месо и производи од месо во Стопанската комора на Северна Македонија. Месната индустрија уште еднаш апелира Владата да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која, како што потсетува, беше активна до јуни 2022 година. Во таков случај, веднаш може да дојде до поевтинување на месните преработки и за над 10 проценти. Како што објаснуваат за МИА од Стопанската комора, месната индустрија не бара субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. Србија, нагласуваат, има осум отсто давачка, другите земји немаат царина на замрзнато месо, а државава има 18 до 35 проценти во зависност од тарифниот број. -Ја поздравуваме одлуката на Владата за фиксна цена на струјата и истовремено бараме да ги укине давачките на увозните суровини кои не се произведуваат во државата, мерка која беше активна до јуни 2022 година. Целта за намалување на цените е заедничка – и на Владата и на граѓаните и на индустријата. Сите ќе бидат задоволни доколку намалувањето на цените на месните преработки бидe што поголемo, на пример над 10 проценти, што може да се случи веднаш ако се донесе одлука за ослободување од плаќање на царината на одредени тарифи на суровина за крајна употреба за овој кризен период, а за трајно решение да се прифати Предлог-законoт кој е доставен до Министерството за финансии и Владата, велат од Комората.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mesna-industrija-ako-se-ukinat-davachkite-na-uvoznite-surovini-poevtinuvanje-na-proizvodite-za-nad-10-otsto/feed/ 0
Субвенционирана струја и за месната индустрија, се очекува поевтинување на основните прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/subvencionirana-struja-i-za-mesnata-industrija-se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/subvencionirana-struja-i-za-mesnata-industrija-se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/#respond Fri, 11 Nov 2022 06:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=758865

Владата денеска треба да донесе дополнителна одлука со која и компаниите од месната индустрија ќе бидат ставени на списокот за добивање субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час. Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, а согласно одлуката, покрај „одгледувањето живина“, додадени ќе бидат и шифрите на дејности за одгледување свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана струја. Стопанската комора на Северна Македонија го поздрави ваквиот чекор и јавно и заблагодари на Владата што му излегува во пресрет на бизнисот во вакви услови на криза. Според Комората, податоците од терен велат дека компаниите одгледувачи на животни работат во отежнати услови зашто сточната храна веќе е поскапена за 70 отсто. Тие бележат екстремен раст на транспортните трошоци, но и на сметките за струја, а сето тоа го доведува во прашање нивниот опстанок. -Утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија, рече вчера министерот Бектеши откако одржа брифинг со новинарите. Поради воведувањето на оваа мерка, тој очекува, како што нагласи, до крајот на наредната недела да се намалат цените на месните производи. -Владата ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора за проширување на списокот со дејности кои ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час. Со новата Одлука за преземање мерка во услови на кризна состојба со електрична енергија, што според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде усвоена утре, покрај „одгледувањето живина“, ќе бидат додадени и шифрите на дејности за одгледување свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија. Оваа нова Одлука ќе овозможи сите што имаат фарми за одгледување животни и се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија, да бидат подеднакво третирани со мерките. Воедно, тоа ќе придонесе и за зачувување на сточниот фонд во земјата, наведе Комората. Наредните денови намалување на цените и на лебот и млекото Според министерот Бектеши кој порача дека сите треба да придонесат во справувањето со кризата и да бидат општествено одговорни, во наредните десет дена се очекува намалување и на цените на лебот и млекото. -Во наредните десет дена очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. И во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, рече Бектеши. Од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања, дополни министерот, ако суровините останат со истите увозни цени, а тогаш стапува во сила и мерката за субвенционирано снабдување со струја. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/subvencionirana-struja-i-za-mesnata-industrija-se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0
И месната индустрија чека поддршка од Владата за субвенционирана струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-mesnata-industrija-cheka-poddrshka-od-vladata-za-subvencionirana-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-mesnata-industrija-cheka-poddrshka-od-vladata-za-subvencionirana-struja/#respond Fri, 28 Oct 2022 09:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=751707

По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Северна Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат субвенционирана струја, за да обезбедат опстанок на бизнисот во услови на енергетска криза. -Во разговорите со претставниците на Кризниот штаб раководствата на овие компании, кои произведуваат исто така основни прехранбени производи (месо и месни производи), потенцираа дека цената на струјата што ќе ја обезбеди Владата, според најавите, ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулираниот пазар. Тоа за нив ќе значи не само опстанок на компаниите, туку и намалување на продажните цени на нивните производи и нивна поголема конкурентност. Сето тоа ќе придонесе за зачувување на економската активност во државата, како и одржување на животниот стандард на населението, соопшти Стопанската комора. Во однос на моменталната состојба, информираа дека сметките за струја сега се и до десет пати повисоки во однос на истите месеци минатата година. Паралелно со тоа во постојан пораст се и цените на амбалажите и суровинската база. Одгледувачите на животни, пак, укажуваат дека ова е најлошата година од почетокот на нивното работење. Сточната храна веќе е поскапена за 70 проценти, бележат екстремен раст на транспортните трошоци и на сметките за струја. Сето ова го доведува во прашање опстанокот на овие бизниси. -Од страна на Кризниот штаб беше нагласено дека Комората останува доследна на својата определба да им помогне на компаниите на слободниот пазар на електрична енергија. И понатаму ќе биде во дневен контакт со нив, ќе предлага решенија и ќе биде проактивна и кооперативна со цел да се дојде до решение бидејќи тоа е во интерес не само на бизнисот туку и на самата држава, информира комората.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-mesnata-industrija-cheka-poddrshka-od-vladata-za-subvencionirana-struja/feed/ 0
НОВ ЦЕНОВЕН ШОК ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ: Сувомесните производи ќе поскапат ако не се дозволи увоз на 6.400 тони замрзнато свинско месо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nov-cenoven-shok-za-potroshuvachite-suvomesnite-proizvodi-kje-poskapat-ako-ne-se-dozvoli-uvoz-na-6-400-toni-zamrznato-svinsko-meso/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nov-cenoven-shok-za-potroshuvachite-suvomesnite-proizvodi-kje-poskapat-ako-ne-se-dozvoli-uvoz-na-6-400-toni-zamrznato-svinsko-meso/#respond Mon, 22 Mar 2021 10:47:10 +0000 https://kurir.mk/?p=486036

Месната индустрија најавува драстични поскапувања ако Владата за максимум еден месец не ги врати редовно одобруваните количини од 6.400 тони за увоз на замрзнато свинско месо. Како што беше речено денеска на прес-конференција, освен ценовен шок за домашните потрошувачи, може да се очекува и згаснување на некои од преработувачките капацитети. Отпуштања засега нема, велат преработувачите и додаваат дека ако се исполни нивното барање за враќање на моментно преполовените количини за увоз, сите вработени ќе бидат задржани. -Месната индустрија не бара субвенции од државата, туку изедначување на условите за стопанисување, со оглед дека оваа суровина целосно ја увезуваме од ЕУ каде нема царина. На тој начин, домашната месна индустрија ќе може да опстои и да го задржи постоечкото ниво на производство, нема да има отпуштање на вработените и не би биле на товар на државата, истакна претседателот на Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанаскта комора на Северна Македонија, Гоце Трајчев. Во случај на неприфаќање на брањето, Групацијата покрај поскапувањата и затворањето на капацитетите, најавува дека ќе бара вклучување во идните социјални пакет-мерки на Владата. Групацијата минатата недела до Министерството за економија поднесе барање за враќање, односно за ослободување на скратените количини од последната мерка на Владата за укинивање на царинските давачки на замрзнато свинско месо за преработка. Целта на барањето е да се вратат редовните количини кои во регуларни услови на стопанисување и беа одобрувани во изминатите три години, а во октомври 2020 година беа преполовени на 3.200 тони, иако беше измината скоро една година од појавата на пандемијата. -Апелите за стимулирање на домашната потрошувачка преку пакет-мерките донесени од страна на Владата делумно ја одржаа потрочувачката, но се далеку од доволни за да може месната индустрија во земјата да продолжи да опстојујва. Досега домашните производители на месни преработки не бараа никакви субвенции, ниту има користено некој од пакет-мерките, а помагаа за решавање на проблемите на домашните фармери – производители на свинско месо преку откуп на целиот вишок што го има на пазарот. Доколку не се одобрат количините кои и претходно беа одобрувани и тоа навремено, односно за помалку од еден месец, може да случи пропаѓање на уште некој капацитет од месната индустрија. Индустријата користејки ја оваа мерка од 2018 година наваму, соодветно одговори на увозот на готови роизводи од странство преку негово намалување за над 28 отсто или од 13 милиони килограми во 2017-та на 9 милиони во 2020 година. Притоа, дел од капацитетите остварија и извоз во земјите на ЦЕФТА, истакна Трајчев. Месната индустрија во февруари побара од Владата со петтиот пакет антикризни мерки да ги врати картичките „Купувај домашно“ за граѓаните да ја трошат државната помош на домашни производи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nov-cenoven-shok-za-potroshuvachite-suvomesnite-proizvodi-kje-poskapat-ako-ne-se-dozvoli-uvoz-na-6-400-toni-zamrznato-svinsko-meso/feed/ 0