месни заедници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Jun 2022 17:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png месни заедници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Избрани се новите претседатели на месните и урбаните заедници од Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izbrani-se-novite-pretsedateli-na-mesnite-i-urbanite-zaednici-od-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izbrani-se-novite-pretsedateli-na-mesnite-i-urbanite-zaednici-od-kisela-voda/#respond Mon, 06 Jun 2022 17:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=687411

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски попладнево им ги врачи уверенијата на новите Претседатели на месните и урбаните заедници од Кисела Вода, кои ја освоија довербата од Советите избрани од граѓаните. -Се работи за укажана чест, но најмногу од се’, се работи за одговорна задача на која ќе треба да одговорите најдобро што умеете. Работата започнува веднаш. Ваша обврска ќе биде да ги евидентирате новонастанатите проблеми, да информирате за теренскиот дел од решавањето на тековните проекти, да бидете првата станица каде што граѓаните ќе се обратат кога ќе имаат било каков проблем. Вакви средби ќе имаме барем еднаш во месецот за навремено да ме информирате мене, како градоначалник и општинските служби, како би можеле што побрзо да реагираме, истакна градоначалникот во своето обраќање. Додаде дека е свесен за лошата финансиска состојба во која беше оставена Општината и децениските инфраструктурни комунални проблеми на жителите за кои никој ниту нарачал, ниту изработил проект, посебно акцентирајќи ги Стаклара и Пинтија. Таму, информираше, сега се нарачани проекти. Во Стаклара за водоводна и фекална, а во Пинтија за фекална канализациона мрежа, кои би требало да стартуваааат во наредниот период. На средбата информираше и за интервенциите во другите месни и урбани заедници, го издвои селото Драчево, интервенциите на улицата “Речиште”, каде се направи измена на постоечкиот проект, скратување на трасата, но и вметнување на пумпи во канализацијата, па од среда веќе ќе се пристапи и кон асфалтирање на тој потег. Подоцна ќе се продолжи и кон другиот потег за кој исто така немаше проект, но сега е изработен и таму се решава децениски проблем, додаде Ѓорѓиевски, најавувајќи дека на друг потег на “Речиште” во должина од 1450 метри, заедно со ЈП “Водовод и канализација”, многу скоро ќе отпочне и промена на водоводна мрежа. Проговори и за реконструкцијата на сите улици во Црниче и Пржино, како и целосната реконструкција на километрите патна мрежа во населбата Драчево на битни сообраќајници на кој никој не интервенирал децении наназад. Ќе се работи во сите месни и урбани заедници, целта ние да постигнеме рамомерен развој во целата општина, за што, нагласи, клучна ќе биде добрата соработка меѓу вас и граѓаните, но многу битна ќе биде и нашата комуникација, бидејќи целта ни е заедничка-ефикасно и брзо да одговориме на сите прашања и да ја подобриме работата на Општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. Во наредниот период, најави посета и средби со граѓаните во месните заедници за кои термините дополнително ќе се утврдат. Сите жители на општина Кисела Вода кои имаат потреба од телефонски контакт со месната заедница во која живеат, истиот можат да го пстварат преку телефонските броеви достапни на општинската веб страница на следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/2012-11-08-11-26-20 .]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izbrani-se-novite-pretsedateli-na-mesnite-i-urbanite-zaednici-od-kisela-voda/feed/ 0
Во Лабуништа средба на полициски службеници со претседатели на месни заедници за преземање мерки за заштита од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-labunishta-sredba-na-policiski-sluzbenici-so-pretsedateli-na-mesni-zaednici-za-prezemanje-merki-za-zashtita-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-labunishta-sredba-na-policiski-sluzbenici-so-pretsedateli-na-mesni-zaednici-za-prezemanje-merki-za-zashtita-od-koronavirusot/#respond Sun, 15 Mar 2020 13:09:08 +0000 https://kurir.mk/?p=316825

Полициски службеници на иницијатива на ОВР Струга во струшкото село Лабуништа, вчера одржаа работен состанок со членови на советодавна група граѓани и председателите на месните заедници од селата Лабуништа, Октиси, Подгорци, Боровец и Јабланица. Средбата, како што соопшти МВР, имала информативно-превентивен карактер во врска со актуелната состојба со појавата на вирусот Ковид-19, прогласената кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, како и преземање мерки за заштита на целото подрачје од корона вирусот. На работната средба, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на присутните им било укажано на потребата од доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и сузбивање на коронавирусот, што ги презема Владата. Посебно била нагласена потребата од почитување на препораките за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високоризичните земји, со посебен акцент на лица од Италија. – Договорена е засилена координација на председателите на месните заедници со полициските службеници за прецизно утврдување на идентитетот на лица кои во изминативе денови допатувале од високоризичните земји, со насоки и укажувања за доследна примена на препораката за 14-дневна самоизолација во сопствените домови. Договорено е, на таквите лица да им се укаже на обврската за задолжителни телефонски контакти со Центарот за јавно здравје во Охрид на мобилниоот телефон 070 723 029, се наведува во соопштението. Во случај на потреба од дополнителни информации, сите правни и физички лица можат да се обратат на полицискиот телефон 192 и исклучително да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, додаваат од МВР, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-labunishta-sredba-na-policiski-sluzbenici-so-pretsedateli-na-mesni-zaednici-za-prezemanje-merki-za-zashtita-od-koronavirusot/feed/ 0