места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Jul 2022 07:37:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Топ 10 најпознати забранети места на Земјата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/top-10-najpoznati-zabraneti-mesta-na-zemjata-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/top-10-najpoznati-zabraneti-mesta-na-zemjata-2/#respond Mon, 04 Jul 2022 07:37:53 +0000 https://kurir.mk/?p=699449

Многумина тајно сакаат да посетат, или барем „да фрлат поглед“ на места каде што ниту еден обичен човек никогаш не стапнал, или пак, не смее да стапне… Интернет-страницата „Квизклаб“ издвои 10 од можеби најпознатите забранети места на планетата Земја. 1. Змискиот Остров, во Бразил Малиот Змиски Островот кај брегот на Бразил на Атлантскиот Океан, е можеби најопасното место на Земјата. Ова е единствениот дом на критично загрозениот, отровен златен јамски вајпер. Бразилската влада го затвори островот за јавна посета со цел да ги заштити и луѓето и змиите на него. 2. Межгорје, Русија Межгорје е затворен град во Русија. А, не се знае многу за тоа… Гласините говорат дека тука се или биле сместени два воени батаљони, тајна нуклеарна ракетна база и огромен подземен објект. 3. Област 51, Невада, Соединети Американски Држави Областа 51 често е предмет на теории на заговор за вонземјани. Многу луѓе веруваат дека тука американската Влада има складирано и крие тела на вонземјани и НЛО-а. Областа е означена со портокалови столпчиња и околу неа патролираат чувари во бели камиончиња и маскирни облеки. На стражарите не им е дозволено да зборуваат за нивните работодавци. 4. „Роуз тауер“ – „државата“ Силенд Кнежевството Силенд е самопрогласена држава од 1967 година, што како нејзина територија, „ја зазема“ кулата „Роуз тауер“ – воена платформа во Северното Море од Втората светска војна. „Роуз Тауер“ е „окупирана“ од семејството и соработниците на Педи Рој Бејтс, кој воведе и устав на Силенд, национално знаме, национална химна, валута и пасоши. Ако сакате да ја посетите „земјата“ Силенд, ќе треба да добиете дозвола од нејзината Влада. 5. Островот Северен Сентинел, Индија Северен Сентинел е мал остров, опкружен со плиток гребен. Тоа е дом на Сентинелезите, а тие јасно ставиле до знаење дека не сакаат странци, бидејќи го убиваат секој посетител. Индиските власти ја признаваат желбата на островјаните да бидат оставени сами. Тие забрануваат патување на островот и со цел да спречат жителите на племињата да се заразат со болести на кои немаат имунитет. 6. Зградата „Форт Нокс“ во САД „Форт Нокс“ е американска владина зграда чувана од Армијата на САД, во сојузната држава Кентаки. Се нарекува најобезбедуваното место на планетата и тука се сместени околу половина од златните резерви на САД. „Форт Нокс“ е опкружен со челична ограда, а самото здание е своевидна тврдина од гранит обложен со бетон и зајакнат со челик. 7. Чернобил, Украина Чернобил е делумно напуштен град во Украина. Бил евакуиран на 5 мај 1986, девет дена по нуклеарната несреќа во нуклеарната централа „Чернобил“, која се смета за најголемата нуклеарна катастрофа во историјата. Денес, посетите во Чернобил се дозволени, но ограничени со строги правила. Има и две продавници и туристички хотел. 8. Светскиот трезор за семиња „Свалбард“ во Норвешка „Свалбард“ е објект за долгорочно складирање семиња. Местото се наоѓа на островот Спитсберген, а местоположбата се смета за идеална бидејќи нема тектонска активност и има вечен мраз, што помага семињата да бидат зачувани. Пристапот до Светскиот трезор е ограничен само за вработените таму. 9. Пештерите Ласко во Франција Ласко е група пештери во југозападна Франција, познати по палеолитските пештерни слики. Цртежите се заеднички напор на многу генерации праисториски луѓе. Местото е затворено за јавноста бидејќи јаглерод-диоксидот, топлината и влажноста, со еден збор – посетителите може да ги уништат сликите. 10. Големиот храм „Исе“ во Јапонија „Исе“ е шинтоистички храм што Јапонците го обожуваат како „Душата на Јапонија“. Зградите на светилиштето се направени од цврсто дрво чемпрес и не се користени клинци, туку дрва се само прилепени. Пристапот е строго ограничен. На туристите не им се дозволува само поглед оддалеку – зад четирите високи дрвени огради.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/top-10-najpoznati-zabraneti-mesta-na-zemjata-2/feed/ 0
УНЕСКО: Охридското Езеро може да биде тргнато од Списокот на светско наследство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-mesta-koi-mozat-da-bidat-otstraneti-od-spisokot-na-svetsko-nasledstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-mesta-koi-mozat-da-bidat-otstraneti-od-spisokot-na-svetsko-nasledstvo/#respond Tue, 22 Jun 2021 11:01:57 +0000 https://kurir.mk/?p=526575

Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) препорача отстранување на крајбрежјето на Ливерпул од Списокот на светско наследство, поради опасност од „прекумерен развој“ на урбанизмот. За местото се вели дека е „сопственост предложена за отстранување од списокот на светско наследство“. Овој потег на светската агенција разгневи многумина во тој северозападен англиски град. И Долината Катманду во Непал е предложена за вклучување во Листата на светско наследство во опасност, како и подрачјето околу Охридското Езеро на албанската и македонската страна. Тоа значи дека постои опасност целосно да се отстранат од тој список. Препораките, УНЕСКО ги објави пред состанокот на Комитетот за светско наследство, којшто го следи одобрувањето. Средбата ќе се одржи во Фужоу, Кина, од 16 до 31 јули. Во извештајот се предложени и Големиот Корален Гребен на Австралија, Венеција и Будимпешта – да бидат вклучени во списокот „Светско наследство во опасност“. Учесниците на состанокот ќе донесат конечна одлука за предлозите за бришење и предупредување. Градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам го опиша потегот како „длабоко разочарувачки“. – Ние сме горди на нашата историја, но нашето наследство е витален дел од нашата преродба. Би ги повикал надлежните да ја прифатат нашата покана за посета, наместо да ја донесат својата одлука седејќи околу маса на другата страна од светот, истакна тој во објава на социјалните мрежи. Резерватот „Селоус гејм“ во Танзанија, исто така, е предложен за отстранување од списокот. Во Европа, места изложени на опасност се Будимпешта и Венеција – и двете се предмет на преразгледување и загриженост поради развојот на бродскиот туризам. – Ова би било многу сериозна работа за нашата земја доколку се укине Венеција, рече италијанскиот министер за култура, Дарио Франческини, истакнувајќи ја важноста од наоѓање долгорочни решенија за проблемот со крстарењата. Австралија денеска веќе најави дека силно ќе се спротивстави на препораката на УНЕСКО – Големиот Корален Гребен да се именува како „опасност“, поради влошување предизвикано од климатските промени. И вулканите во руската област Камчатка се препорачуваат за во списокот на загрозени места. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-mesta-koi-mozat-da-bidat-otstraneti-od-spisokot-na-svetsko-nasledstvo/feed/ 0
Локации на кои од убавина застанува здивот: Веднаш ќе посакате да ги посетите (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lokacii-na-koi-od-ubavina-zastanuva-zdivot-vednash-kje-posakate-da-gi-posetite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lokacii-na-koi-od-ubavina-zastanuva-zdivot-vednash-kje-posakate-da-gi-posetite-foto/#respond Thu, 04 Feb 2021 10:10:30 +0000 https://kurir.mk/?p=464029

Најголемиот континент на планетава секогаш нуди по нешто ново за љубопитните туристи и авантуристи. Следуваат 10 помалку познати дестинации во Азија…
1. Плажите со бел песок на островот Кох Ронг во Камбоџа. 2. Островите Јаејама во Јапонија изгледаат како да биле отсечени од рајската градина Еден.
3. Островите Раџа Ампат во Индонезија. 4. Националниот парк Кириром во Камбоџа е прилично авантуристички предел. 5. Островите Чампасак во Лаос. 6. Ако пак, претпочитате одмор, мир и спокојство, тогаш идеална дестинација е Северен Малуку, во Индонезија. 7. Тука се и прекрасните острови од архипелагот Кон Дао, во Виетнам, заплиснувани со брановите на Индискиот Океан. 8. Тиркизните води во Тајландскиот Залив. 9. Подземните пештери и во Фонг На, Виетнам. 10. Карпестите пештери во областа Вади Рум, во Јордан, се совршени за подолги пешачења. Па, доколку одлучите да ја посетите Азија, имајте ги овие места на ум. (МИА)  
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/lokacii-na-koi-od-ubavina-zastanuva-zdivot-vednash-kje-posakate-da-gi-posetite-foto/feed/ 0
Осум нови возбудливи места за секс https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/osum-novi-vozbudlivi-mesta-za-seks/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/osum-novi-vozbudlivi-mesta-za-seks/#respond Sun, 22 Jul 2018 18:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=77722

Зачинете го својот сексуален живот и израдувајте го партнерот.

Столица Можеби на почетокот ќе ви биде неудобно, но штом ќе ја најдете згодната позиција, ќе сфатите зошто сексот на сртолица е поинтересен од креветот. Када или туш кабина Ова и бездруго е место каде сте без облека, па зошто не би биле голи со вашиот партнер заедно! Во зависност од каква када имате или каква туш кабина имате, ќе бидете лимитирани во поглед на позите, но сепак ќе уживате. Под Слично како кај креветот, но секако нешто ново што ќе ги запали страстите помеѓу вас. Терпезариска маса Не го планирајте сексот на маса, нека се случи спонтано. Исфрлете се што е на масата и уживајте во моментот. Автомобил Доколку немате гаража, пронајдете некое тајно место на кое никој нема да ве вознемирува и започнете ја играта. Можеби овој чин е помалку тунејџерски, но секако возбудува. Од прозори до врати Заборавете на досадениот секс на едно место. Играјте си и менувајте ги просториите, атмосферата и позите. Таван Овие простории се темни и страшни, што доведува до зголемено возбудување. Машина за перење алишта Машината која не работи и не некој посебен предизвик. Но доколку уклучите центрифуга, тоа потполно ги менува работите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/ljubov-i-seks/osum-novi-vozbudlivi-mesta-za-seks/feed/ 0