Мет Хенкок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Mar 2021 06:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мет Хенкок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британскиот министер за здравство се огласи во врска со вакцината на АстраЗенека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-zdravstvo-se-oglasi-vo-vrska-so-vakcinata-na-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-zdravstvo-se-oglasi-vo-vrska-so-vakcinata-na-astrazeneka/#respond Wed, 17 Mar 2021 06:13:23 +0000 https://kurir.mk/?p=483485

Откако повеќе држави привремено го запреа вакцинирањето во вакцината на АстраЗенека, се огласи и британскиот министер за здравство. Станува збор за Оксфордска вакцина, а како причина за привременото запирање на имунизацијата се наведуваат случаи со несакани ефекти, најчесто згрутчување на крвта. По реакцијата на првиот човек на СЗО, министерот Мет Хенкок за Би-Би-Си истакна дека британската вакцина е целосно безбедна. Тој апелираше до луѓето да ги слушаат надлежните регулаторни тела и да се вакцинираат кога ќе имаат можност за тоа. -Знаеме дека вакцината Оксфорд-АстраЗенека во овој момент спасува животи во Велика Британија. Затоа, ако добиете повик, прифатете го и одете да се вакцинирате, порача Хенкок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskiot-minister-za-zdravstvo-se-oglasi-vo-vrska-so-vakcinata-na-astrazeneka/feed/ 0
Се влошува ситуацијата со Ковид-19 во Велика Британија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vloshuva-situacijata-so-kovid-19-vo-velika-britanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vloshuva-situacijata-so-kovid-19-vo-velika-britanija/#respond Fri, 18 Sep 2020 07:52:43 +0000 https://kurir.mk/?p=404928

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок изјави дека се влошува епидемиолошката ситуација во земјата и оти бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 двојно се зголемува на секои осум дена. Но, тој одби да одговори дали во текот на следниот месец ќе биде воведен карантин. – Воведување на мерката карантин е последна опција, но Владата ќе направи се што е потребно во борба против вирусот, посочи Хенкок. Според податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, Велика Британија по бројот на смртни случаи од последици на Ковид-19 е на петто место во светот, по САД, Бразил, Индија и Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-vloshuva-situacijata-so-kovid-19-vo-velika-britanija/feed/ 0
Хенкок бара враќање на карантинот во Лестер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/henkok-bara-vrakjanje-na-karantinot-vo-lester/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/henkok-bara-vrakjanje-na-karantinot-vo-lester/#respond Tue, 30 Jun 2020 05:58:28 +0000 https://kurir.mk/?p=365480

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок вчера изјави дека ќе мора да се вратат строгите мерки на карантин во градот Лестер бидејќи стапката на зараза е повисока во однос на другите делови на земјата. Додека во другите делови на Велика Британија од 4 јули се ублажуваат мерките за физичко дистанцирање, Хенкок најави дека училиштата и продавниците кои не продаваат артикли од суштинска важност ќе мора да бидат затворени во Лестер и апелираше до граѓаните да не патуваат во и од градот. – Ваквите одлуки не ги донесуваме лесно, туку во интерес на луѓето во Лестер, истакна Хенкок. Тој додаде дека минатата недела во Лестер се регистрирани околу 10 отсто од сите позитивни случаи во Велика Британија, истакнувајќи дека седумдневата стапка на зараза во градот била 135 случаи на 100.000 луѓе, што е трипати повеќе во споредба со бројот на заразени во другите градови во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/henkok-bara-vrakjanje-na-karantinot-vo-lester/feed/ 0
Хенкок: Луѓето кои ги игнорираат владините совети се себични https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/henkok-lugjeto-koi-gi-ignoriraat-vladinite-soveti-se-sebichni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/henkok-lugjeto-koi-gi-ignoriraat-vladinite-soveti-se-sebichni/#respond Mon, 23 Mar 2020 15:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=320858

Луѓето кои ги игнорираат владините совети за справување со пандемијата на коронавирусот се многу себични, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок. Тој рече дека Владата во Лондон е подготвена да преземе повеќе мерки доколку е потребно за да се спречи ширењето на вирусот. Во текот на изминатиот викенд на социјалните мрежи и во медиумите беа објавени фотографии на кои се гледаат многу луѓе кои посетуваат отворени места во многу делови на Велика Британија, јави Би-Би-Си. Британските пратеници подоцна ќе расправаат за законите за вонредни ситуации врз чија основа би биле дадени овластувања за борба против пандемијата. Според најновите бројки, бројот на починати во Велика Британија достигна 281, вклучувајќи лице на возраст од 18 години, додека бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирусот е 5.683. Во меѓувреме, Националната здравствена служба на Англија идентификуваше и контактира со 1,5 милиони луѓе со најголем ризик, кои треба да останат дома 12 недели. Од родителите се бара да ги остават децата дома доколку не е неопходно да излезат, а повеќето училишта во земјата се затворени. Во изјава за Би-Би-Си, Хенкок рече дека не знае зошто некои луѓе ги игнорирале советите на Владата. – Тоа е многу себично, рече тој во емисијата „Тудеј“ и доаде дека Националната здравствена служба прави сè што може и се подготвува за ширење на вирусот. Британскиот министер за здравство рече дека советите на владата за социјална дистанцираност се „навистина јасни“, дека луѓето треба да бидат на два метри оддалеченост едни од други и да останат дома доколку е можно. На прашањето дали Владата денеска ќе разгледа построги мерки, тој рече дека сè е можно и оти Велика Британија гледа што прават другите европски земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/henkok-lugjeto-koi-gi-ignoriraat-vladinite-soveti-se-sebichni/feed/ 0