метан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 09:49:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png метан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН со сателити ќе пронаоѓаат истекување на метан на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/#respond Fri, 11 Nov 2022 09:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=759042

Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) во петокот објави дека ќе покрене јавна база на податоци за светските истекувања на метан, снимени од вселенските сателити, што ќе биде нова иницијатива за поттикнување на компаниите и владите да ги намалат емисиите на стакленички гасови. Новиот систем наречен МАРС е резултат на ветувањето потпишано минатата година од 119 земји за намалување на емисиите на метан за 30 отсто оваа деценија. Научниците нагласуваат дека оваа цел е клучна за борбата против климатските промени. -МАРС е голем чекор во помагањето на владите и земјите да ја постигнат оваа важна, краткорочна цел за климата. Намалувањето на емисиите на метан може да донесе брза и голема промена бидејќи овој гас ја напушта атмосферата многу побрзо од јаглерод диоксидот, рече Ингер Андерсен, извршниот директор на УНЕП, во изјавата на самитот за климата COP27 во Египет. Метанот е безбоен, запалив гас без мирис, кој најмногу се појавува во депониите, во земјоделството, сточарството и при екстракција на нафта и гас. Во однос на количината, по јаглерод диоксидот, тој е втор најзастапен стакленички гас во атмосферата и е одговорен за околу една четвртина од затоплувањето на планетата. На глобално ниво, според Обединетите нации, метанот е одговорен за околу 30 проценти од затоплувањето. Иако метанот ја загрева планетата 80 пати посилно од јаглерод диоксидот, тој исчезнува од атмосферата за две децении, додека јаглеродниот диоксид останува стотици години, па се верува дека неговото намалување брзо ќе влијае на глобалното затоплување. Системот МАРС ќе користи постоечка мрежа на сателити за откривање на гасот ширум светот, одредување на степенот на истекување и идентификување на компанијата и владата кои се одговорни, соопшти УНЕП. Програмската опсерваторија потоа ќе ги сподели овие информации со одговорните засегнати страни за да се поправи истекувањето. По период од 45 до 75 дена, опсерваторијата ќе објави информации за истекувањето и одговор од компанијата или владата во базата на податоци. Системот прво ќе се фокусира на светските капацитети за нафта и гас, еден од најголемите извори на метан, пред да се префрли на индустријата за јаглен, отпадот, сточарството и производството на ориз. Иницијативата делумно ќе биде финансирана од САД и Европската унија, заедно со филантропските организации на основачот на Амазон Џеф Безос и Глобалниот центар за метан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-so-sateliti-kje-pronaogjaat-istekuvanje-na-metan-na-zemjata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Од пиунот Ковачевски, народот глава го боли, поскапеа струјата, парното, метанот, следи зголемена инфлација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-od-piunot-kovachevski-narodot-glava-go-boli-poskapea-strujata-parnoto-metanot-sledi-zgolemena-inflacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-od-piunot-kovachevski-narodot-glava-go-boli-poskapea-strujata-parnoto-metanot-sledi-zgolemena-inflacija/#respond Tue, 04 Jan 2022 08:05:06 +0000 https://kurir.mk/?p=615870

Народот го боли глава од Ковачевски, пиунот на Заев и продолжувачот на заевизмот. Заевизмот и пиунот Ковачевски им го загорчија животот на граѓаните со поскапувањата кои ги испорачаа како новогодишна честитка, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Стандардот на граѓаните е на удар поради поскапувањето на електричната енергија за над 15%, ако се земе предвид дека покрај основното поскапување од 9,5% укината е и евтината дневна тарифа. Ова значи дека секое семејство ќе плати поскапа струја на крајот на годината исто како да плаќа две дополнителни сметки. Заевизмот само во рок од една и пол година поради неспособноста, криминалот и неодговорноста во енергетскиот сектор ја покачи струјата за 40%. Дополнително за граѓаните на Скопје поскапи парното греење за 14,05%. Ова значи дека близу 60 илјади домаќинства ќе бидат на удар и дополнително осиромашени. Капак на се е поскапувањето на ЦНГ метанот за неверојатни 120%, гориво кое патем се користи и од страна на ЈСП при што, директно ќе биде погоден буџетот на град Скопје. Ваквите поскапувања дополнително ќе ја разгорат инфлацијата, која и така веќе го разјадува семејниот буџет на секој човек. Цените на производите и услугите и без овие нови покачувања се качија до плафон, а сега дополнително ќе растат. Но тоа не ги интересира милионерите од власта на заевизмот, кои јадат со златни лажици и уште без срам го уверуваат народот дека поскапувањата не се големи. Ете ова е цената која ја плаќаат граѓаните заради криминалот на заевизмот. Одговорност за ова мора да има, се вели во соопштението на ВНРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-od-piunot-kovachevski-narodot-glava-go-boli-poskapea-strujata-parnoto-metanot-sledi-zgolemena-inflacija/feed/ 0
ОД ДЕНЕС ЦЕНОВЕН ШОК ЗА СИТЕ КОИ ВОЗАТ НА ЦНГ МЕТАН ИЛИ КОРИСТАТ МЕТАН – Раст на цената од неверојатни 120%! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-cenoven-shok-za-site-koi-vozat-na-cng-metan-ili-koristat-metan-rast-na-cenata-od-neverojatni-120/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-cenoven-shok-za-site-koi-vozat-na-cng-metan-ili-koristat-metan-rast-na-cenata-od-neverojatni-120/#respond Mon, 03 Jan 2022 14:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=615790

Пазарната Цена на ЦНГ (CNG - Compressed Natural Gas) МЕТАН од денес 03.01.2022 година во Република Македонија порасна на ниво од 110 мкд кг/цнг и тоа порасна за неверојатни 120% во однос на последната промена од 28.12.2021 кога истата изнесуваше 50 мкд кг/цнг. (Доколку се земе во предвид просечната цена на ЦНГ Метан од претходниот месец која изнесуваше 46.83 мкд кг/цнг добиена како просек од 3-те ценовни промени во 12.2021 (30.11 44мкд кг/цнг, 07.12 46,5 мкд кг/цнг, 28.12 50 мкд кг/цнг), тогаш растот на цената (денешната во однос на просечната цена од претходниот месец) изнесува дури 135%!!!) Единствена компанија која го снабдува македонскиот пазар со овој енергенс/погонско гориво и која што го нуди на своите бензински пумпи е Макпетрол АД Скопје. Од неодамна од последниот квартал компанијата Окта АД Скопје го понуди овој енергенс во малопродажба на една од своите бензински пумпи, но со директна ценовна зависност од ценовната политика на Макпетрол АД Скопје имајќи го предвид фактот дека ја снабдува својата пумпа преку набавка на ЦНГ директно од Макпетрол. Со други зборови Макпетрол АД Скопје е Монопол на македонскиот пазар од аспект на понуда на ЦНГ Метан, но и од аспект на формирање на ценовна политика. ЦНГ Метан е единствениот енергенс/погонско гориво чија што цена не е регулирана од Регулаторна Комисија за Енергетика на Република Северна Македонија (РКЕ). Зошто РКЕ не ја регулира цената на ова погонско гориво и зошто Владата на Република Северна Македонија дозволува слободно пазарно формирање на цена на одреден енергенс во услови кога една компанија може преку ноќ да направи драстична ценовна промена или со други зборови да прави што сака со цената на овој енергенс? Логиката за основање и постоење на РКЕ (нејзини основни начела за работење) се: воведување и заштита на конкурентен пазар на енергија врз начелата на објективност, транспарентност и недискриминираност, заштита на потрошувачите (од монополско делување и драстични ценовни шокови), сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија, заштита на животната средина и природата. Се поставува прашањето зошто до сега е дозволено овој енергенс да се продава на македонскиот пазар со слободно формирање на цената од страна на единствениот снабдувач Макпетрол АД Скопје и зошто Владата на Република Македонија дозволува ваква состојба на делување и шокантно ценовно нарушување без заштита на компаниите кои користат метан како погонско гориво? Дополнително со ваквата ценовна политика се врши целосна дестимулација да се користи во иднина Метанот како енергенс / погонско гориво во нашата земја, што е тотално нелогично од аспект на заштита на животната средина кај нас во услови на висока загаденост, а истото гориво со истата намена и цел масовно се користи во Европска Унија и е развиена целосна политика од ЕУ за стимулација на негово користење како зелено гориво, имајќи ја предвид еколошката карактеристика на ова гориво кое се смета за зелена енергија и е со речиси нулта емисија на штетни гасови, при што по струјата како погонска енергија се смета за гориво кое најмалку загадува и кое е гориво на иднината. За споредба за разлика од цената на метан во Република Северна Македонија која што денес во компанијата Макпетрол АД Скопје изнесува 110 мкд цнг/кг, а во компанијата Окта АД Скопје (која се снабдува со количини метан од Макпетрол) изнесува 112 мкд цнг/кг, во околните земји како и во Земји на ЕУ денешната цена на ЦНГ метан изнесува: Согласно наведените цени од останатите земји, во Република Северна Македонија се плаќа моментално најскап килограм ЦНГ Метан. Согласно сето горе наведено: •РКЕ треба итно да го вклучи овој енергенс како дел од енергенсите предмет на нејзино регулирање •Владата на Република Северна Македонија да застане во заштита на компаниите кои го користат метанот како погонско гориво и тоа од аспект на замрзнување на цената на метанот на нивото од 12.2021 година или од аспект на субвенционирање на компаниите во делот на ценовната разлика - 12.2021 година vs 01.2022 година Неофицијално станува збор за 50тина компании од транспортната дејност директно погодени од овој ценовен шок од кои 10тина компании се со поголеми флоти на возила на погонско гориво ЦНГ (CNG) метан вклучително и голем дел од Флотата на ЈСП Скопје (последно набавените автобуси), при што, директно ќе биде погоден буџетот на град Скопје, а со тоа и џебот на граѓаните на Град Скопје и нивното задоволство како жители. Со ова се доведува во прашање економското делување на ваквите компании, како и економската исплатливост на нивното постоење, а воедно се загрозува настојувањето на овие компании за еколошко делување и нивната посветеност за општествена одговорност изразена преку заштита на животната средина со оглед дека истите немаат никаква заштита од државата која со дозволувањето на вакви ценовни шокови покажува целосна незаинтересираност за заштита на животната средина во нашата земја, при што паѓаат во вода нејзините плокрамирани заложби за зелена иднина!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-denes-cenoven-shok-za-site-koi-vozat-na-cng-metan-ili-koristat-metan-rast-na-cenata-od-neverojatni-120/feed/ 0
Речиси 100 држави ќе го намалат метанот и ќе го забават затоплувањето за 0,3 степени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-100-drzavi-kje-go-namalat-metanot-i-kje-go-zabavat-zatopluvanjeto-za-0-3-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-100-drzavi-kje-go-namalat-metanot-i-kje-go-zabavat-zatopluvanjeto-za-0-3-stepeni/#respond Tue, 02 Nov 2021 15:11:14 +0000 https://kurir.mk/?p=589817

САД и ЕУ денеска во Глазгов го претставија глобалното ветување за намалување на метанот, потпишано од речиси сто држави, кое до 2030 година треба да го запре глобалното затоплување за 0,3 степени. Глобалното ветување со кое државите се обврзуваат на намалување од 30 проценти до 2030 година го потпишаа половина од 30-те најголеми емитери на метан. Последен се приклучи Бразил, еден од петте најголеми загадувачи. На иницијативата не и се приклучија Кина, Русија и Индија кои исто така се меѓу првите пет емитери на метан. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на конференцијата за климатски промени COP26 денеска рече дека намалувањето на метанот не само што ќе го забави глобалното затоплување, туку и ќе спречи 200.000 предвремени смртни случаи и стотици илјади случаи на астма и ќе спречи загуба на 20 милиони тони посеви. Американскиот претседател Џо Бајден најави дека САД ќе го предводат намалувањето со нови мерки за запирање на истекување на метан од гасоводот, а властите ќе работат на намалување на емисиите на тој гас и на фармите. САД и ЕУ ја започнаа иницијативата во септември на Генералното собрание на ОН. Тогаш ја потпишаа само девет држави, а денес се близу сто – само во периодот непосредно пред конференцијата во Глазгов, под дипломатската офанзива на САД, го потпишаа 60 држави. Метанот е безбоен, без мирис, запалив гас кој најмногу се произведува во депониите, во земјоделството, сточарството и при вадењето нафта и гасот. Во однос на количината, тој е втор најприсутен стакленички гас во атмосферата по јаглерод диоксидот и е одговорен за околу една четвртина од глобалното затоплување. Иако метанот ја загрева планетата 80 пати посилно од CO2, тој исчезнува од атмосферата за две децении, додека јаглерод диоксидот се задржува стотици години, па се смета дека неговото намалување има брз ефект врз глобалното затоплување. Во мајскиот извештај на Обединетите нации се сугерира дека намалувањето на метанот оваа деценија би можело да влијае на 0,3 степени помалку глобално затоплување до 2040 година. Американскиот претставник за климата Џон Кери денеска во Глазгов изјави дека метанот е виновен за 0,5 од вкупно 1,1 степени колку што се загреала Земјата во споредба со прединдустрискиот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-100-drzavi-kje-go-namalat-metanot-i-kje-go-zabavat-zatopluvanjeto-za-0-3-stepeni/feed/ 0
Австралија нема да го поддржи глобалното Ветување за метанот, за намалување на емисиите до 2030 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-nema-da-go-poddrzi-globalnoto-vetuvanje-za-metanot-za-namaluvanje-na-emisiite-do-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-nema-da-go-poddrzi-globalnoto-vetuvanje-za-metanot-za-namaluvanje-na-emisiite-do-2030-godina/#respond Thu, 28 Oct 2021 06:22:40 +0000 https://kurir.mk/?p=586813

Австралија нема да го поддржи глобалното Ветување за метанот, иницирано од Европската унија и САД, за намалување на емисиите на метан за 30 отсто до 2030 година поради загриженоста за влијанието врз земјоделството, производството на јаглен и гас, изјави портпаролот на австралискиот министер за енергетика. Од друга страна, Нов Зеланд, уште еден голем емитер на метан преку својата млечна и овчарска индустрија, може да го потпише глобалното ветување за метан. -Нов Зеланд активно размислува за потпишување на ветувањето и наскоро ќе донесе одлука, изјави портпаролот на министерот за климатски промени Џејмс Шо. САД и ЕУ во септември го објавија Ветувањето за метан со цел да се здружат брзите климатски активности пред почетокот на климатската конференција на ОН, COP26 во Глазгов, која почнува во недела. Емисиите на метан, што доаѓаат од природниот гас, рудниците за јаглен и говедата и овците, се втората најголема причина за климатските промени, веднаш зад јаглерод диоксидот (CO2). Австралискиот премиер Скот Морисон одби да го поддржи Ветувањето за метан за да може да добие поддршка за нула емисии на јаглерод до 2050 година од помладиот партнер во коалициската влада-Националната партија, која ги претставува руралните Австралијанци, вклучувајќи ги и земјоделците и рударите. Лидерот на Националната партија, Барнаби Џојс, изјави дека исклучувањето на метанот од австралиската цел за 2050 година е неопходно бидејќи намалувањето на емисиите на метан за 30 отсто би предизвикало катастрофа во месната и млечната индустрија и производството на гас. -Единствениот начин на кој можете да постигнете 30 проценти намалување на метанот до 2030 година е да земете пушка и да почнете да пукате во својот добиток, им рече Џојс на новинарите во Канбера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstralija-nema-da-go-poddrzi-globalnoto-vetuvanje-za-metanot-za-namaluvanje-na-emisiite-do-2030-godina/feed/ 0
Расте бројот на загинати рудари по експлозија на метан во Чешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-rudari-po-eksplozija-na-metan-vo-cheshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-rudari-po-eksplozija-na-metan-vo-cheshka/#respond Fri, 21 Dec 2018 07:47:02 +0000 https://kurir.mk/?p=143074

Бројот на загинати во експлозијата во рудникот за јаглен во Чешка се зголеми на 13 жртви, јави националната информативна агенција. Претходните информации беа за најмалку петмина загинати рудари и осуммина се водеа како исчезнати. Вкупно 10 рудари се повредени. Портпарол на компанијата ОКД која управуа со рудникот, изјави дека речиси е сигурно оти загинатите се Полјаци, кои биле ангажирани од полската компанија Алпекс. Експлозијата на метан се случила доцна синоќа во рудникот ЧСМ во близина на чешкиот град Карвина, на околу 300 километри од Прага.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-rudari-po-eksplozija-na-metan-vo-cheshka/feed/ 0
Се запали камион со метан пред Македонска Каменица, спречена поголема несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zapali-kamion-so-metan-pred-makedonska-kamenica-sprechena-pogolema-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zapali-kamion-so-metan-pred-makedonska-kamenica-sprechena-pogolema-nesrekja/#respond Fri, 07 Sep 2018 19:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=97912

Камион кој превезувал 265 празни единици под притисок и со носивост од 90 литри метан, денеска попладне се запали на влезот во Македонска Каменица. Во несреќата изгорел кабинскиот дел на камион марка Волво со бугарски регистарски таблички. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица поради брзата реакција на камемничките пожарникари избегната е поголема катастрофа. - Брзата и присебна реакција на ТППЕ од Македонска Каменица спречи катастрофа од поголеми размери, успевајќи во последен момент да спречат ширење на огнот кон товарниот дел од камионот. Наши екипите на ТППЕ се уште се на терен и ќе останат на лице место за да не дојде од било каква компликација на ситуацијата, велат од ТППЕ од Македонска Каменица. Од полицијата го истражуваат случајот од каде допрва ќе следуваат информации за настанатата штета како и за утврдување на последиците и причините за настанувањето на несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zapali-kamion-so-metan-pred-makedonska-kamenica-sprechena-pogolema-nesrekja/feed/ 0