Мете Фредериксен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 20:41:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мете Фредериксен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба на Зеленски и Фредериксен за нов пакет данска воена помош за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-zelenski-i-frederiksen-za-nov-paket-danska-voena-pomosh-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-zelenski-i-frederiksen-za-nov-paket-danska-voena-pomosh-za-ukraina/#respond Wed, 06 Sep 2023 20:41:26 +0000 https://kurir.mk/?p=875445

Претседателот на Украина Володимир Зеленски разговараше со данската премиерка Мете Фредериксен, која денеска престојува во Киев, за нов пакет воена помош за Украина. „Денеска разговаравме за нов пакет воени мерки. Ова ќе биде дванаесеттиот пакет што се подготвува за овој месец“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција. Тој потсети дека украинските пилоти се обучуваат да работат со ловци Ф-16 во Данска. „Украинската војска има задача што поскоро да ја подготви потребната инфраструктура во нашата земја. И ова е една од клучните задачи што мора да ги исполнат одбранбените сили во моментов“, нагласи Зеленски. Тој додаде дека во моментов се разговара за прашања поврзани со проширување на можностите за обука и забрзување на вистинската интеграција на современите борбени авиони во одбраната на Украина. Генерално, Зеленски денешните разговори со Фредериксен ги нарече многу значајни и уште еднаш се заблагодари на Данска за сета поддршка што и ја дава на Украина, истакнувајќи дека високо ги цени актуелните билатерални односи. зеленски и фредериксен (епа) Данската премиерка, пак, рече дека Данска и дава на Украина воена опрема и муниција, но сака да направи многу повеќе, вклучително и во областа на воздушната одбрана. „Ќе ја продолжиме нашата поддршка за граѓанското општество, за цивилите“, нагласи таа. Притоа, Фредериксен изрази сочувство за загинатите цивили по рускиот напад на пазарот во Костантиновка, во регионот Доњецк. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-na-zelenski-i-frederiksen-za-nov-paket-danska-voena-pomosh-za-ukraina/feed/ 0
Фредериксен: Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО, ја има нашата поддршка и за ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frederiksen-albanija-e-visoko-tsenet-partner-za-danska-i-mnogu-doverliv-sojuznik-na-nato-ja-ima-nashata-poddrshka-i-za-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frederiksen-albanija-e-visoko-tsenet-partner-za-danska-i-mnogu-doverliv-sojuznik-na-nato-ja-ima-nashata-poddrshka-i-za-eu/#respond Mon, 06 Mar 2023 13:30:43 +0000 https://kurir.mk/?p=808652

Данската премиерка Мете Фредериксен, која, е во официјална посета на Тирана, изјави дека Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО. -Албанија е високо ценет партнер за Данска и вие сте многу доверлив сојузник на НАТО. Во време кога Европската Унија е поважна од кога било досега, се надевам дека можеме да изградиме уште посилно партнерство и многу сум сигурна дека ќе го направиме тоа, изјавила Фредериксен, јави АТА. На заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин Еди Рама, додала дека нејзината земја ќе ја поддржи Албанија на патот на интеграцијата, за влез во ЕУ и го пофалила Рама за неговата посветеност на интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија. -Мислам дека вие сте еден од најсилните гласови во Европа кога станува збор за важноста на целосна интеграција меѓу Западен Балкан и остатокот од Европа, а тоа станува се поважно. Пред 10 дена ја одбележавме првата годишнина од војната во Украина, а вие реагиравте многу жестоко за ова прашање. Бевте силен поддржувач на Украина, тоа е силна работа. Сите ние треба да бидеме свесни за многу кревката ситуација во многу земји од Западен Балкан. Мислам дека вашата посветеност на европските вредности е важна и ова е исто така многу силен дел од отворањето на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Знам дека е многу долг пат, но ние ќе ве поддржиме, изјавила Фредериксен. За членството во ЕУ, Рама рече дека „целта не е брзо членство туку исполнување на условите за достоинствен влез“. -Никој не прави повеќе, ниту Данска, ниту Албанија. Данска беше многу фер кон нас и имаме многу посебен однос и горд сум за тоа. Не се работи за брзање да станеме членка, туку за извршување на домашната задача онака како што треба. Искористување на ова знаење и надополнување на капацитетите на ЕУ. Ако немате знаење, не можете да го направите тоа. Нема компромис за стандардите, туку многу повеќе да се биде отворен, изјавил Рама, изразувајќи голема благодарност за поддршката на Данска за нејзината земја. Двајцата кажаа дека разговарале за разни теми за унапредување на билатералната соработка, посебно во областа на инвестициите и туризмот. -Постои нашиот интерес за данското претприемништво. Тие придонесоа за промена на нашата држава. Посакувам и се надевам дека премиерката преку социјалните мрежи го поттикнува доаѓањето на младите во Албанија. Ви благодариме за посетата и мило ми е што сте тука. Не ја сметам за последна посета, но од она што го разбрав ќе продолжите да победувате на изборите во Данска, посочил Рама. Сите ние треба да бидеме свесни за многу кревката ситуација во многу земји од Западен Балкан. Мислам дека вашата посветеност на европските вредности е важна и ова е исто така многу силен дел од отворањето на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Фредериксен е прв дански премиер што ја посетил Албанија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/frederiksen-albanija-e-visoko-tsenet-partner-za-danska-i-mnogu-doverliv-sojuznik-na-nato-ja-ima-nashata-poddrshka-i-za-eu/feed/ 0
Данската премиерка Фредериксен ја претстави новата влада, Расмунсен е шеф на дипломатијата својот кабинет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskata-premierka-frederiksen-ja-pretstavi-novata-vlada-rasmunsen-e-shef-na-diplomatijata-svojot-kabinet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskata-premierka-frederiksen-ja-pretstavi-novata-vlada-rasmunsen-e-shef-na-diplomatijata-svojot-kabinet/#respond Thu, 15 Dec 2022 10:40:37 +0000 https://kurir.mk/?p=775995

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска го претстави својот кабинет, во кој се вклучени министри од три коалиции и ги надминува поделбите лево-десно, а во неа се и лидерот на Либералната партија, Елеман Јенсен, како министер за одбрана и поранешен премиер Ларс Локе Расмусен како министер за надворешни работи. За првпат по 44 години е формирана ваква центристичка влада, со што се стави крај на децениската конфронтација меѓу двата блока. Владата ќе има 23 министерства, од кои социјалдемократите на Фредериксен ќе добијат 11, додека либералите седум, а умерените пет. Новата владејачка коалиција беше објавена во вторникот вечерта, на крајот од 42-от ден од разговорите по општите избори одржани на 1 ноември. Трите партии контролираат 89 места во 179-члениот парламент и се поддржани од четворица пратеници кои ги претставуваат полунезависните дански територии Гренланд и Фарските Острови. Последен пат со Данска владееше центристичка коалиција во 1978 година, кога социјалдемократите ги здружија силите со либералите, а таа коалиција траеше само осум месеци.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danskata-premierka-frederiksen-ja-pretstavi-novata-vlada-rasmunsen-e-shef-na-diplomatijata-svojot-kabinet/feed/ 0
Фредериксен во петок ги почнува преговорите за составување нова влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-vo-petok-gi-pochnuva-pregovorite-za-sostavuvanje-nova-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-vo-petok-gi-pochnuva-pregovorite-za-sostavuvanje-nova-vlada/#respond Wed, 02 Nov 2022 19:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=754800

Мете Фредериксен, која денеска поднесе оставка на функцијата данска премиерка по предвремените избори, прва ќе добие шанса да формира нова влада. Фредериксен за ТВ2 изјави дека в петок, во нејзината официјална резиденција северно од Копенхаген, ќе ги почне преговорите и на нив ќе ги покани сите партии, како и претставниците од Гренланд и Фарски Острови. Фредериксен повеќе не сака да ја води Данска со малцинска влада, туку се стреми кон поширока соработка во рамките на политичкиот центар. Таа денеска претходно ѝ ја поднесе оставката на кралицата и притоа изјави дека почнува да ја истражува можноста за коалиција преку политичкиот центар. Преговорите се очекува да бидат долготрајни бидејќи и пријателите и непријателите на Фредериксен се сомнителни во таквата коалиција, што го прави исходот неизвесен. Левичарскиот блок, чиј дел е и Социјалдемократската партија, освои 90 места, што е најмалото можно мнозинство во парламентот со 179 места. Десничарскиот блок освои 72 места, а новооснованата центристичка партија 16 места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-vo-petok-gi-pochnuva-pregovorite-za-sostavuvanje-nova-vlada/feed/ 0
Социјалдемократите победија на изборите во Данска, Фредериксен се повлекува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/socijaldemokratite-pobedija-na-izborite-vo-danska-frederiksen-se-povlekuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/socijaldemokratite-pobedija-na-izborite-vo-danska-frederiksen-se-povlekuva/#respond Wed, 02 Nov 2022 08:36:02 +0000 https://kurir.mk/?p=754289

Премиерката на Данска Мете Фредериксен најави дека ќе поднесе оставка на нејзината влада и покрај тоа што нејзините социјалдемократи треба да останат најсилната сила во Данска по парламентарните избори, јави ДПА. Фредериксен утрово им рече на партиските поддржувачи во Копенхаген дека ќе поднесе оставка како премиерка и ќе ја разгледа „можноста за широка влада низ политичкиот спектар“. И покрај тоа што оваа форма на владеење е ретка во Данска, Фредериксен рече дека тоа е вистинскиот пристап со оглед на моменталните кризи. Иако нејзините социјалдемократи повторно беа најсилната сила на изборите, освојувајќи 27,5 отсто од гласовите што е најдобар резултат во последните 20 години, Фредериксен им рече на поддржувачите дека е јасно оти повеќе нема „мнозинство зад владата во нејзината сегашна форма“. Со оглед на изборните резултати, Фредериксен најверојатно повторно ќе го добие мандатот за формирање нова влада. По пребројувањето на сите гласови, левичарскиот „црвен блок“ успеа да добие 87 места во данскиот Парламент. Се очекува тие да освојат мнозинство откако резултатите од Гренланд ќе станат официјални. Се очекува блокот да добие три или четири од четирите парламентарни места определени за претставниците на Фарските Острови и Гренланд, кои официјално му припаѓаат на кралството Данска. Новата партија на поранешниот премиер Ларс Расмусен освои 16 пратенички места според прелиминарните резултати, додека „синиот блок“ предводен од либерално-конзервативната партија Венстре на која порано и припаѓаше доби 72 места. Според ДПА, новата центристичко-либерална партија на Расмусен, Умерените, се позиционираше во средината помеѓу двата традиционални политички блока. Фредериксен е на власт во Данска од 2019 година со социјалдемократска малцинска влада, која најмногу се потпира на парламентарната поддршка од левичарските партии, но и на гласовите од десницата, на пример кога станува збор за строгата политика за имиграција. Овој пат, цел на 44-годишната шефица на владата е широка влада со партии од двете страни. Таа во последната ТВ дебата на партиските лидери во понеделникот вечерта рече дека тоа ќе биде случај и доколку нејзиниот левичарски табор повторно освои мнозинство. Речиси 4,3 милиони Данци имаа право да го дадат својот глас; меѓу нив имаше околу 200.000 лица кои гласаа за првпат. Кампањата се фокусираше на домашните прашања, како и на борбата против инфлацијата и високите цени на енергијата. Фредериксен беше принудена да распише предвремени избори во октомври по незадоволствата откако за време на летото беше објавен критички извештај за начинот на кој нејзината Влада се справила со убивањето визони низ целата земја на фармите за крзно во екот на пандемијата. Според извештајот, наредбата на Владата да се убијат до 17 милиони визони во 2020 година, немала правна основа. Иако беше утврдено дека Фредериксен не знаела оти наредбата е незаконска, извештајот ја разниша нејзината коалиција, при што една од партиите се закани дека ќе ја повлече својата поддршка за владата, доколку таа не распише избори. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/socijaldemokratite-pobedija-na-izborite-vo-danska-frederiksen-se-povlekuva/feed/ 0
Фредериксен повторно ќе ја формира Владата на Данска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-povtorno-kje-ja-formira-vladata-na-danska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-povtorno-kje-ja-formira-vladata-na-danska/#respond Wed, 02 Nov 2022 07:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=754248

Блокот партии од левиот центар во Данска освои најголем број од гласовите на парламентарните избори, што се смета како гласање за доверба на лидерката на земјата Мете Фредериксен, јави Би-Би-Си. Данската премиерка Фредериксен ќе формира нова влада со 90 места во парламентот. Спротивно на предвидувањата, нејзината Социјалдемократска партија освои две пратенички места што е нејзин најдобар резултат во изминатите две децении. Резултатот од изборите беше неизвесен до крајот на пребројувањето на гласовите, затоа што разликата меѓу „црвениот блок“ од левиот центар на Фредериксен или „синиот блок“ од десниот центар, предводен од либералите на Јакоб Елеман-Јенсен, беше мала. Познавачите претпоставуваа дека ниту една од коалициите нема да освои мнозинство, и нема да може да владее без центристичката партија Умерени, основана од поранешниот либерален премиер Ларс Расмусен. Иако владејачката коалиција сепак не зависи од Умерените, партијата оствари значителни резултати на изборите и стана трета по големина партија во Данска, што се смета за значителен успех со оглед на тоа што е формирана пред пет месеци. „Црвениот блок“ на Фредериксен обезбеди 87 места во континентална Данска. Тие, исто така, освоија едно место на Фарските Острови и се предвидува дека ќе освојат уште две места на Гренланд – автономна територија зависна од Данска која често избира левичарски кандидати. Ова ќе им обезбеди 90 места во парламентот со што ќе имаат едно место мнозинство. Фредериксен беше принудена да распише предвремени избори во октомври по незадоволствата откако за време на летото беше објавен критички извештај за начинот на кој нејзината Влада се справила со убивањето визони низ целата земја на фармите за крзно во екот на пандемијата. Според извештајот, наредбата на Владата да се убијат до 17 милиони визони во 2020 година, немало правна основа. Иако беше утврдено дека Фредериксен не знаела оти наредбата е незаконска, извештајот ја разниша нејзината коалиција, при што една од партиите се закани дека ќе ја повлече својата поддршка за владата, доколку таа не распише општи избори.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-povtorno-kje-ja-formira-vladata-na-danska/feed/ 0
На 1-ви ноември ќе се одржат општи избори во Данска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-1-vi-noemvri-kje-se-odrzat-opshti-izbori-vo-danska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-1-vi-noemvri-kje-se-odrzat-opshti-izbori-vo-danska/#respond Wed, 05 Oct 2022 18:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=741500

Данската премиерка Мете Фредериксен денеска распиша општи избори за вторник, 1 ноември, седум месеци пред крајот на нејзиниот мандат. Во јуни, комисијата назначена од данскиот парламент остро ја критикуваше владата на Фредериксен за нејзината одлука да изврши еутаназија на милиони здрави куни за време на пандемијата на коронавирус за да ги заштити луѓето од мутација на вирусот. Анкетите покажуваат дека блокот на левиот центар е изедначен со централнодесничарската опозиција, која вклучува партии кои сакаат да ја намалат имиграцијата. На изборите ќе бидат избрани членовите на Фолкетинг, односно парламентот со 179 места. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-1-vi-noemvri-kje-se-odrzat-opshti-izbori-vo-danska/feed/ 0
Фредериксен за нападот во Копенхаген: Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-za-napadot-vo-kopenhagen-nashiot-ubav-i-inaku-bezbeden-glaven-grad-beshe-promenet-vo-del-od-sekundata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-za-napadot-vo-kopenhagen-nashiot-ubav-i-inaku-bezbeden-glaven-grad-beshe-promenet-vo-del-od-sekundata/#respond Mon, 04 Jul 2022 11:41:31 +0000 https://kurir.mk/?p=699666

Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди пукањето во трговскиот центар во Копенхаген, нарекувајќи го „ужасен напад“, јави ДПА. Таа ја повика јавноста да застане заедно и луѓето да си понудат поддршка едни на други. -Сите ние бевме брутално растргнати од светлото лето што штотуку започна. Неразбирливо е. Срцепарателно. Бесмислено. Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата, изјави премиерката. Фредериксен им се заблагодари на полицијата, спасувачите и на сите други кои помогнаа за нивните напори. Три лица беа убиени а три други се во критична состојба по вчерашниот напад. Уапсен беше 22-годишен Данец. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frederiksen-za-napadot-vo-kopenhagen-nashiot-ubav-i-inaku-bezbeden-glaven-grad-beshe-promenet-vo-del-od-sekundata/feed/ 0
Премиерите на Данска и Шпанија денеска ќе се сретнат со Зеленски во Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierite-na-danska-i-shpanija-deneska-kje-se-sretnat-so-zelenski-vo-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierite-na-danska-i-shpanija-deneska-kje-se-sretnat-so-zelenski-vo-kiev/#respond Thu, 21 Apr 2022 07:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=666376

Премиерите на Данска и Шпанија денеска во Киев ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Шпанскиот премиер Педро Санчез веќе пристигна во главниот град на Украина за да се сретне со лидерот на земјата, соопшти утринава неговиот кабинет. Санчез на Твитер објави снимка на која е заедно со премиерката Мете Фредериксен по пристигнувањето во Украина. Страните ќе разговараат за натамошна поддршка за Украинците и гонење на „воени злосторства и кршење на човековите права“, се вели во соопштението на данската премиерка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/premierite-na-danska-i-shpanija-deneska-kje-se-sretnat-so-zelenski-vo-kiev/feed/ 0
Два месеци откако ја укина, Данска повторно воведува здравствена пропусница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-meseci-otkako-ja-ukina-danska-povtorno-voveduva-zdravstvena-propusnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-meseci-otkako-ja-ukina-danska-povtorno-voveduva-zdravstvena-propusnica/#respond Tue, 09 Nov 2021 10:42:34 +0000 https://kurir.mk/?p=593067

По речиси два месеци без ограничувања, Данска повторно ќе воведе здравствена пропусница поради наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19, соопшти премиерката. -Епидемиската комисија препорача Владата да го класифицира коронавирусот како „болест што го загрозува општеството” и повторно да воведе здравствена пропусница. Владата ќе ја следи таа препорака, рече премиерката Мете Фредериксен на прес-конференција. Кон крајот на минатата недела, здравствените власти предупредија на опасноста од „преоптоварување” на болниците поради Ковид-19, грип и други заразни болести. Вчера петти ден по ред, има повеќе од 2.000 новозразени во Данска, која има 5,8 милиони жители, а 36 пациенти се на интензивна нега. -Здравствената пропусница же биде задолжителна за влез во кафулиња, ресторани и ноќни клубови. Со корона-пропусница може да се живее. Таа ви овозможува да бидете мирни кога одите во кино или на концерт, рече премиерката. Во Данска, 85,9 отсто од луѓето постари од 12 години примиле две дози од вакцината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-meseci-otkako-ja-ukina-danska-povtorno-voveduva-zdravstvena-propusnica/feed/ 0