метеор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 10:37:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png метеор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Во Турција снимен метеор и силно зелено светло https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-turtsija-snimen-meteor-i-silno-zeleno-svetlo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-turtsija-snimen-meteor-i-silno-zeleno-svetlo/#respond Mon, 04 Sep 2023 10:37:39 +0000 https://kurir.mk/?p=874333

Викендов во Турција беше снимен метеор којшто го обои небото со зелена светлост. Спектакуларните снимки се од истокот на земјата. На видеата се гледа како светлечкото тело минува зад облаците, го осветлува небото и потоа исчезнува, па за миг ноќта ја претвори во ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-turtsija-snimen-meteor-i-silno-zeleno-svetlo/feed/ 0
Меѓуѕвезден метеор се судрил со Земјата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/megjudzvezden-meteor-se-sudril-so-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/megjudzvezden-meteor-se-sudril-so-zemjata/#respond Thu, 14 Apr 2022 07:52:35 +0000 https://kurir.mk/?p=662809

Неодамна објавен документ од Командата за вселенски операции на САД, го потврди првиот познат меѓуѕвезден метеор што во поблиското минато ја погодил Земјата. Меѓуѕвездените метеори потекнуваат вон нашиот Сончев Систем, и се многу ретки. Но, според наводите, на 8 јануари 2014 година, еден се урнал североисточно од Папуа Нова Гвинеја – во Тихиот Океан. Телото било идентификувано како меѓуѕвезден метеор во научен труд од 2019 година, од Амир Сираџ – тогашен студент на Универзитетот Харвард. Во тоа време, Сираџ, заедно со проф. Абрахам Леб, го истражуваше „Оумуаму“ – и тогаш познат објект, откриен 2017 година. Но, големата брзина е она што на Сираџ му паднало во око на почетокот. Пресметките покажале дека вселенското тело се движи со брзина од 60 километри во секунда кон Сонцето. Мапираната патека пак, открила дека тоа е во самостојна орбита, за разлика од затворените орбити на движење на други метеори. Тоа значи дека не орбитира околу Сонцето како другите метеори, т.е. доаѓа надвор од Сончевиот Систем. Лоеб и Сираџ, сепак, не можеле да ги објават своите научни наоди, бидејќи нивните податоци биле преземени од базата на податоци „ЦНЕОС“ (CNEOS) на НАСА, што не открива колку се точни читањата. По долги години обиди да ги добијат потребните дополнителни информации, тие сега добија официјална потврда дека навистина се работи за меѓуѕвезден метеор, од Џон Шо – заменик командант на американската Вселенска команда. „Д-р Џоел Мозер, главен научник на Командата за вселенски операции, ја прегледа анализата на дополнителните податоци со кои располага Министерството за одбрана во врска со ова откритие. Д-р Мозер потврди дека проценката на брзината пријавена во НАСА била доволно точна за да укаже на меѓуѕвездено тело“, пишува Шо во писмото. Откако добија потврда од властите, Сираџ и неговиот тим повторно се потрудиле да ги објават своите наоди во научно списание. Тој, исто така, би сакал да се обиде да земе примерок од метеорот од Тихиот Океан, но признава дека тоа би било многу тешко изводливо, поради големината на потфатот. Кога истражувачите би можеле „да го зграпчат светиот грал кај меѓуѕвездените тела“, вели Сираџ, тоа ќе биде научна револуција што ќе помогне многу повеќе да дознаеме за подрачјето вон Сончевиот Систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/megjudzvezden-meteor-se-sudril-so-zemjata/feed/ 0
Магична глетка над Хрватска – падна метеор со зелен отсјај, видеото со воодушевување ќе го гледате неколку пати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/magichna-gletka-nad-hrvatska-padna-meteor-so-zelen-otsjaj-videoto-so-voodushevuvanje-kje-go-gledate-nekolku-pati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/magichna-gletka-nad-hrvatska-padna-meteor-so-zelen-otsjaj-videoto-so-voodushevuvanje-kje-go-gledate-nekolku-pati/#respond Thu, 21 Oct 2021 10:33:58 +0000 https://kurir.mk/?p=583041

Интересен астрономски настан се случи вчеравечер на небото над Хрватска, каде според Танјуг, паднал метеор којшто можел да се забележи од речиси сите делови на оваа земја. Бројни набљудувачи објавија дека станувало збор за доста светол објект на североисточниот хоризонт кој горел неколку секунди. Хрватскиот астрономски сојуз објави видео од падот на метеорот и порака околу тоа. „Сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност, бидејќи предвидената максимална активност на метеорскиот дожд Орионид е предвидена за раните утрински часови на 21 октомври“, соопшти Сојузот. Според порталот „Далмација“, метеорот имал зеленкаст сјај, а забележани биле три посилни блесоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/magichna-gletka-nad-hrvatska-padna-meteor-so-zelen-otsjaj-videoto-so-voodushevuvanje-kje-go-gledate-nekolku-pati/feed/ 0
„Огнена топка“ го проби звучниот ѕид над Англија: Сe слушна силен удар на небото, граѓаните мислеа дека е земјотрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ognena-topka-go-probi-zvuchniot-dzid-nad-anglija-se-slushna-silen-udar-na-neboto-gragjanite-mislea-deka-e-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ognena-topka-go-probi-zvuchniot-dzid-nad-anglija-se-slushna-silen-udar-na-neboto-gragjanite-mislea-deka-e-zemjotres/#respond Sun, 21 Mar 2021 20:04:18 +0000 https://kurir.mk/?p=485784

Екстремно редок метеор познат како „дневна огнена топка“ денес го проби звучниот ѕид над Велика Британија. Луѓето во англиските провинции Дорсет, Сомерсет, Девон и Џерси објавија дека денес слушнале силен тресок и виделе зрак светлина на небото, пренесува Би-Би-Си. По анализата на сликите и видеата, експертите потврдија дека станува збор за метеор. Тие ги повикаа луѓето да внимаваат и да пријават какво било паѓање на фрагменти од вселенски карпи. Ричард Кацерек, од британската мрежа на аматерски метеорски астрономи, рече дека само најсветлиот метеор „класа болид“ може да произведе ретка „дневна огнена топка“. Тој додаде дека оној што се виде во саботата мора да биде „многу голем“ за да може да се види во текот на денот. Астрономот и научен новинар Вил Гајтер, кој меѓу првите го поврза звучниот бум со метеор, за Би-Би-Си изјави дека би било „многу возбудливо“ да се најдат делови од метеорот. Податоците од камерата исто така се анализираат за да се добијат детали за патувањето на метеорот. По „огромниот шок“, за кој луѓето велат дека ги потресе нивните домови и прозорци, британскиот геолошки институт го исклучи земјотресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ognena-topka-go-probi-zvuchniot-dzid-nad-anglija-se-slushna-silen-udar-na-neboto-gragjanite-mislea-deka-e-zemjotres/feed/ 0
Голем метеор синоќа го осветли небото над Велика Британија – погледнете го овој неверојатен феномен (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-meteor-sinokja-go-osvetli-neboto-nad-velika-britanija-poglednete-go-ovoj-neverojaten-fenomen-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-meteor-sinokja-go-osvetli-neboto-nad-velika-britanija-poglednete-go-ovoj-neverojaten-fenomen-video/#respond Mon, 01 Mar 2021 12:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=475466

Голем метеор синоќа го осветли небото над Велика Британија и го привлече вниманието кај луѓето кои имаа можност да присуствуваат на небесниот спектакл. Вселенското тело било забележано нешто пред 22 часот по локално време и можело да се види околу седум секунди. Британската „Служба за метеори“ – група астрономи-аматери кои снимаат вакви појави од 2012 година, напиша на Твитер дека метеорот изгледал како огнена топка. „На две видеа можеме да видиме дека метеорот се движи релативно бавно и е видливо како тоа тело се распаѓа во Земјината атмосфера“, се вели во твитер-објавата. Метеорот бил снимен од градовите Манчестер, Кардиф, Хонитон, Бат, Мидсомер Нортон и Милтон Кинс. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-meteor-sinokja-go-osvetli-neboto-nad-velika-britanija-poglednete-go-ovoj-neverojaten-fenomen-video/feed/ 0
Метеор од 100 килограми го проби звучниот ѕид над САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meteor-od-100-kilogrami-go-probi-zvuchniot-dzid-nad-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meteor-od-100-kilogrami-go-probi-zvuchniot-dzid-nad-sad/#respond Wed, 13 Nov 2019 18:50:32 +0000 https://kurir.mk/?p=263733

Камен метеор од 100 килограми „пролета“ над американската држава Мисури и го проби звучниот ѕид. НАСА денеска соопшти дека метеорот што блеснал на небото над Сент Луис се отргнал од Појасот астероиди меѓу Марс и Јупитер и стигнал до Земјата. Иако тежок околу 100 килограми, тоа бил со големина на топка за кошарка, велат астрономите. Утврдено е дека камениот метеор, кој бил забележан во понеделникот навечер, се движел со брзина од 53.910 километри на час, со што предизвикал силен звук на експлозија, односно го пробил звучниот ѕид. Голем број очевидци го снимиле метеорот, со чија помош НАСА утврди дека тој бил посјаен од најсјајното небеско тело – Венера. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meteor-od-100-kilogrami-go-probi-zvuchniot-dzid-nad-sad/feed/ 0
ФОТО: Експлодира метеор над Куба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-eksplodira-meteor-nad-kuba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-eksplodira-meteor-nad-kuba/#respond Sat, 02 Feb 2019 08:14:35 +0000 https://kurir.mk/?p=159308

На небото над Куба експлодира метеор чии делови паднаа на тлото. Според очевидците на небото се појавила огнена топка и чад, а потоа „дожд“ од црни камчиња почнала да паѓаат врз туристичкото место Виналес и други делови на провинцијата Пинар дел Рио. Експлозијата се слушнала и во Хавана. Директорот на одделението за геологија на Кубанскито институт за геофизика и астрономија, Ефрем Хаимес Салгадо изјави дека е испратен  тим експерти кои ќе ги соборат и анализираат примероците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-eksplodira-meteor-nad-kuba/feed/ 0
Ледени топки паѓаа од небото: Исплашените мештани мислеле дека е метеор, а тоа било нешто грозно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ledeni-topki-pagjaa-od-neboto-isplashenite-meshtani-mislele-deka-e-meteor-a-toa-bilo-neshto-grozno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ledeni-topki-pagjaa-od-neboto-isplashenite-meshtani-mislele-deka-e-meteor-a-toa-bilo-neshto-grozno/#respond Mon, 22 Jan 2018 14:49:52 +0000 http://kurir.mk/?p=13966

Ледени топки тешки околу 10 до 12 килограми паднале врз селото Фалзипур Бадли во Индија, а на сите во првиот момент им се чинело дека се почеток на некоја временска непогода. Бидејќи се слушнала голема бука, помислиле дека паднал метеор. Сепак се чини дека нешто сосема друго е во прашање. Индиските власти се сомневаа дека огромното парче мраз всушност е заледен измет кој паднал од патнички авион. Авионите всушност отпадот од тоалетите го фрлаат откако авионот ќе слета на аеродром. Меѓутоа постои можност отпадот да го испуштат во текот на летот, поради што стравуваат локалните власти. Локалните истражители испратиле примерок од ледот на анализа за да се утврди дали навистина се работи за човечки измет. -Тоа било една тешка ледена топка, која предизвика реакции зошто луѓето слушнале дека непто паднало и трчале да видат што се случува, вели еден мештанин.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ledeni-topki-pagjaa-od-neboto-isplashenite-meshtani-mislele-deka-e-meteor-a-toa-bilo-neshto-grozno/feed/ 0
Експлодираше метеор и предизвика земјотрес (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplodirashe-meteor-i-predizvika-zemjotres-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplodirashe-meteor-i-predizvika-zemjotres-video/#respond Wed, 17 Jan 2018 11:15:46 +0000 http://kurir.mk/?p=12199

Метеор навлезе во атмосферата на Земјата и експлодира над небото на американската сојузна држава Мичиген, што беше проследено со силна светлина и неколку ненадејни моменти на бучава. Американската Геолошка опсерваторија притоа забележала и земјотрес со јачина од два степена според Рихтеровата скала. Американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) соопшти дека вселенското тело се движело со брзина oд oкoлу 90.000 километри на час.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eksplodirashe-meteor-i-predizvika-zemjotres-video/feed/ 0