метеоролози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Sep 2023 13:19:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png метеоролози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија може да остане без метеоролози: Нема интерес за студирање метеорологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-mozhe-da-ostane-bez-meteorolozi-nema-interes-za-studirane-meteorologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-mozhe-da-ostane-bez-meteorolozi-nema-interes-za-studirane-meteorologija/#respond Sat, 02 Sep 2023 08:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=873642

Во изминатите две години на студиите по метеорологија студираат само тројца студенти. Доколку овој тренд продолжи, државата ќе се соочи со дефицит на метеоролози бидејќи и во Управата за хидрометеоролошки во наредните пет години голем број од вработените ќе го остварат правото за пензија. Ограничените вработувања, искуствата од претходните генерации дипломирани метеоролози кои сѐ уште чекаат вработување, недостатокот на стипендирање и неатрактивните студии со мали месечни приходи се само дел зошто младите сѐ поретко избираат да студираат метеорологија. Д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во изјава за МИА вели дека доколку овој тренд продолжи, ситуацијата многу брзо ќе стане загрижувачка. - Во наредните три до четири години државата ќе остане со само неколку дипломирани метеоролози. Ако не се вработат оние кои долго чекаат вработување и со љубов завршиле метеорологија, ситуацијата ќе биде драматично влошена. Во меѓувреме, ако не се преземат чекори за едукација на нови високо образовни кадри, како и специјални среднообразовани кадри за потребите на оперативната метеорологија неопходни за функционирање на хидрометеоролошкиот набљудувачки систем, ситуацијата на среднорочен и долгорочен план ќе постане алармантна, вели Спиридонов. Додава дека Институтот за физика при ПМФ отсекогаш давал поддршка за развојот на метеорологијата и дека од 2022/23 година студентите можат да студираат според новата студиска програма за I циклус студии по геофизика-метеорологија или пак да се запишат на некоја од останатите програми (теориска, наставна, применета, медицинска или астрономија). - Во завршна фаза е и одобрувањето на студиската програма за II циклус студии по метеорологија од страна на Одборот за акредитација така што се надеваме дека интересот за студирање на младите во иднина ќе биде поголем, посочува Спиридонов. Според него, младите не гледаат перспектива бидејќи сметаат дека се ограничени вработувањата во само мал број институции, првенствено Управата за хидрометеоролошки работи, Центарот за управување со кризи, Метео службата на Аеродромот во Скопје и во медиумите. Како дел од причините ги наведува и искуствата од претходните генерации дипломирани метеоролози кои чекаат вработување, и по неколку години, а се принудени да работат на други струки. - Недостаток на финансиски ресурси за студирање, стипендирање, неатрактивни студии со мали месечни приходи, недостаток на организиран и системски пристап, отсуство на координација и кооперативност во однос на потребите за градење на капацитетот и јакнење на кадровскиот дефицит во оваа област и потреба од поголема афирмација и промоција на метеорологијата како стратешка и интердисциплинарна дејност и култура на едно општество се само дел од причините, наведува Спиридонов. Прашањето, вели тој, е комплексно и неопходен е сеопфатен и современ пристап за подобрување на оваа состојба. -  Постојана координирана институционална активност во насока на промоција на метеорологијата, преку одржување трибини, промоции во средните образовни установи, семинари, обуки, преку социјалните мрежи, научни предавања, практични посети на УХМР,  и слични активности, како би се истакнале предностите за студирање метеорологија во време на климатски промени и екстремни временски настани. Исто така, користење на можностите за едукација и обуки во рамките на програмите на Светската Метеоролошка Организација СМО, чија членка е нашата земја, Стратешкото значење на оваа современа гранка, интердисциплинарната примена во општеството и можност за вработување во различни сектори (енергетика, земјоделство, водостопанство, шумарство, здравство, туризам, одбрана, внатрешни работи, осигурување), медиуми и локалната самоуправа, набројува професорот Спиридонов. Токму ова е наведено и во неговата Визија за развој на метеорологијата во земјава 2020-2024 како платформа за иден развој, модернизација, градење и јакнење на капацитетот во областа на хидрометеороошката дејност. Во неа се опфатени целите, современите трендови и идните предизвици за развој на метеорологијата во 21 век. Како пример колку е актуелна метеорологијата, Спиридонов ја посочува Австрија. - Додека бев визитинг професор по метеорологија на Универзитетот во Виена 2017-2019 година, имав 33 студенти на мастер и 18 студенти по метеорологија на додипломски студии и 16 студенти на интердисциплинарни студии кои земаа метеорологија кај мене, вели Спиридонов. Доколку има иницијатива за поддршка и стимулација на уписот на студенти на овој тип на студии, од МОН ќе ја разгледаат МИА побара одговор и од Министерството за образование и наука од каде информираа дека во изминатите три академски години, на студиите по геофизика и метеорологија се запишале вкупно четворица студенти. - Во 2020/21 година немало упис на студиска програма по метеорологија, нема објавени слободни места за таа програма, таа година бидејќи студиската програма била ставена во мирување. Во 2021/22 година на студиската програма по геофизика и метеорологија при ПМФ имало 20 слободни места, а се запишал само 1 студент по метеорологија. Во 2022/23 година на студиската програма по геофизика и метеорологија при ПМФ имало 20 слободни места, а се запишале 3 студенти, велат од МОН. За претстојната академска година, како што дополнуваат, има повторно 20 слободни места. - Запишувањето е во тек, конечни податоци МОН ќе има кога ќе завршат сите уписни рокови, наведуваат оттаму. На прашањето дали планираат да преземат нешто за да ги актуелизираат студиите по метеорологија со цел зачувување на кадарот во струката, од МОН одговорија дека досега не е пристигната иницијатива за поддршка и стимулација на уписот на студенти на овој тип на студии, но, доколку биде доставена, како што наведоа, истата ќе биде разгледана и ќе се донесе соодветна одлука. Според податоците од Институтот за физика, кои ни ги сподели професорот Спиридонов, во изминатите три академски години на студиите по метеорологија при ПМФ се запишал само еден кандидат и дипломирал и магистрирал, исто така, по еден студент. Во моментов, метеорологија студираат само тројца студенти. - Оваа година во првиот уписен рок не се запиша ниту еден кандидат, но, претстојат уште два уписни рокови на 18-19 септември и 28 септември, вели Спиридонов. УХМР: Доколку состојбата не промени може да има дефицит на метеоролози Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека доколку овој тренд продолжи во иднина, може да се појави дефицит на стручен кадар-метеоролози, имајќи предвид дека во наредните пет години голем број од вработените метеоролози ќе го остварат правото за пензија. - Во моментов во Управата за хидрометеоролошки работи вработени се 145 лица, од кои 88 се вработени во Скопје, додека, останатите 57 се распоредени во мрежата на метеоролошки станици и радарски центри во другите градови во државата. Тековниот статус на Управата од аспект на образовниот профил, укажува дека приближно околу 35 проценти од вработените се со високо образование, додека 65 отсто со средно или нижо образование. Околу 8 проценти од нив се метеоролози, 2 проценти се хидролози, 4 проценти се останати технички струки, а само 1 отсто припаѓа на кадар од информатичките технологии, појаснуваат од УХМР. Сегашната кадровска состојба ги задоволува потребите за непречено извршување на тековните задачи на Управата, велат од УХМР, од каде се надеваат дека ќе се зголеми интересот за студирање на метеорологија. - Согласно информациите од Природно-математичкиот факултет во моментов сѐ уште нема заинтересирани студенти по метеорологија, што не значи дека состојбата нема да се промени во наредниот период. Сепак, се надеваме дека во иднина ќе се зголеми интересот за студирање на овој факултет, со оглед на тоа што метеорологијата е наука која во времето на евидентните климатски промени и зголемената честина на екстремни временски и климатски настани е сѐ поактуелна и ги зафаќа сите сфери на општественото живеење, велат од УХМР. За претстојната академска година, како што дополнуваат, има повторно 20 слободни места. - Запишувањето е во тек, конечни податоци МОН ќе има кога ќе завршат сите уписни рокови, наведуваат оттаму. На прашањето дали планираат да преземат нешто за да ги актуелизираат студиите по метеорологија со цел зачувување на кадарот во струката, од МОН одговорија дека досега не е пристигната иницијатива за поддршка и стимулација на уписот на студенти на овој тип на студии, но, доколку биде доставена, како што наведоа, истата ќе биде разгледана и ќе се донесе соодветна одлука. Според податоците од Институтот за физика, кои ни ги сподели професорот Спиридонов, во изминатите три академски години на студиите по метеорологија при ПМФ се запишал само еден кандидат и дипломирал и магистрирал, исто така, по еден студент. Во моментов, метеорологија студираат само тројца студенти. - Оваа година во првиот уписен рок не се запиша ниту еден кандидат, но, претстојат уште два уписни рокови на 18-19 септември и 28 септември, вели Спиридонов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-mozhe-da-ostane-bez-meteorolozi-nema-interes-za-studirane-meteorologija/feed/ 0
Метеоролозите со попрецизни прогнози, еве каква зима не’ очекува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meteorolozite-so-poprecizni-prognozi-eve-kakva-zima-ne-ochekuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meteorolozite-so-poprecizni-prognozi-eve-kakva-zima-ne-ochekuva/#respond Fri, 14 Oct 2022 07:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=745113

Температурите оваа зима ќе бидат една од главните грижи на Европејците кои се справуваат со поскапувањето на енергенсите. Степен повисоко или пониско одамна не играл толку важна улога, а метеоролозите ширум континентот работат на тоа да направат што попрецизни прогнози за овогодишната грејна сезона, коментираат светските агенции. – Веројатно е дека зимата ќе биде потопла од вообичаено, изјави за француските медиуми Карло Буонтемпо, директор на програмата за следење на климатските промени Коперникус. – Но, сè уште постои значителна шанса за блокирање на струењата што може да донесе студен воздух и ниски ветрови над Европа, нагласи тој. Блокирањето на струењата во зима често носи стабилно, но екстремно студено време. Коперникус вообичаено произведува сезонски прогнози за Европскиот центар за временски прогнози (ECMWF). – Ни се чинеше дека овие настани може да се случат во ноември, но сега се чини дека ќе има значително продирање на студ во декември, рече Буонтемпо, уште еднаш потсетувајќи дека синоптичарите го прогнозираат времето, но не можат да го предвидат. Се очекува европската зима да биде потопла поради глобалниот временски феномен „Ла Ниња“, кој е поврзан со ладењето на површинските температури во централниот и источниот екваторијален дел на Тихиот Океан. Агенцијата ќе ја обнови својата зимска прогноза следниот месец кога ќе бидат активни сите подвижни сили кои го одредуваат времето во зимските месеци, па прогнозата веројатно ќе биде попрецизна]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meteorolozite-so-poprecizni-prognozi-eve-kakva-zima-ne-ochekuva/feed/ 0
Британските метеоролози со предупредување дека 17 јули би можел да биде најтоплиот ден досега https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-meteorolozi-so-predupreduvanje-deka-17-juli-bi-mozel-da-bide-najtopliot-den-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-meteorolozi-so-predupreduvanje-deka-17-juli-bi-mozel-da-bide-najtopliot-den-dosega/#respond Tue, 12 Jul 2022 09:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=703740

Британската метеоролошка служба предупреди на екстремно високи температури на воздухот следните денови, истакнувајќи дека за 17 јули постои 30 отсто шанси да биде најтоплиот ден во Обединетото Кралство. Во реткото предупредување се наведува дека може да има опасност по животот или евентуално сериозно заболување како последица на високите температури. Како други проблеми се наведуваат затворање патишта и доцнење или откажување на железничките и воздушните услуги. Британската метеоролошка служба Метеоролошката канцеларија најави дека предупредувањето ќе стапи во сила на 16 јули навечер, кога се предвидува дека температурите ќе се искачат над 30 степени. Најтоплиот ден во Обединетото Кралство беше во јули 2019 година кога во ботаничката градина во Кембриџ беа измерени 38,7 степени Целзиусови. Велс го забележа најтоплиот ден во годината вчера кога живата достигна 28,7 степени во паркот Буте во Кардиф. Во Англија температурата достигна максимум од 32 степени во Нортолт, западен Лондон. Најтоплиот ден во Англија досега оваа година останува температурата од 32,7 степени забележана во Сантон Даунхам во Сафолк на 17 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanskite-meteorolozi-so-predupreduvanje-deka-17-juli-bi-mozel-da-bide-najtopliot-den-dosega/feed/ 0
Утре дожд, во сабота северен ветер и пониски температури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-dozd-vo-sabota-severen-veter-i-poniski-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-dozd-vo-sabota-severen-veter-i-poniski-temperaturi/#respond Thu, 12 Nov 2020 10:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=428455

Зголемена облачност со услови за слаб локален дожд најавуваат за утре синоптичарите. По контлините ќе има магла и ниска облачност. Температурите ќе бидат околу нулата, освен во Берово каде се очекува утринската температура да се спушти до минус два степена. Дневните температури ќе бидат максимум до 18-тиот степен. Во сабота ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе услови и пониски утрински температури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-dozd-vo-sabota-severen-veter-i-poniski-temperaturi/feed/ 0
Викенд прогноза: Еве какво ќе биде времето во следниот период https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikend-prognoza-eve-kakvo-kje-bide-vremeto-vo-sledniot-period/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikend-prognoza-eve-kakvo-kje-bide-vremeto-vo-sledniot-period/#respond Fri, 06 Nov 2020 11:05:42 +0000 https://kurir.mk/?p=425808

Стабилно и суво време но со пониски утрински температури, каде наместа ќе се спуштат и под нулата, не очекуваат за време на викендот и почетокот на  наредната недела. Од УХМР информираат дека од денеска следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини бидејќи ќе биде и претежно тивко наутро. Утринската температура утре ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната од 11 до 19 степени. Во недела утринската од минус четири до четири, дневната од 15 до 21, во понеделник утринската ќе биде од минус четири до пет, дневната од 15 до 20, во вторник утринската од минус три до шест и дневната од 14 до 19 степени, среда утринската од минус три до шест, со дневната температура од 11 до 18 и во четврток утринската ќе се движи од минус три до два, а дневната максималната од 10 до 17 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikend-prognoza-eve-kakvo-kje-bide-vremeto-vo-sledniot-period/feed/ 0
УХМР најавува локален дожд и мал пад на температурите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-najavuva-lokalen-dozd-i-mal-pad-na-temperaturite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-najavuva-lokalen-dozd-i-mal-pad-na-temperaturite/#respond Thu, 29 Oct 2020 11:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=422069

Повремен дожд во северните делови од земјата и мало опаѓање на температурите најавуваат од УХМР за утрешниот ден. Во утринските часови во северните делови ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uhmr-najavuva-lokalen-dozd-i-mal-pad-na-temperaturite/feed/ 0
Метеоролозите најавуваат: Еве до кога ќе врне снег и до кога ќе има температури под нула https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/meteorolozite-najavuvaat-eve-do-koga-kje-vrne-sneg-i-do-koga-kje-ima-temperaturi-pod-nula/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/meteorolozite-najavuvaat-eve-do-koga-kje-vrne-sneg-i-do-koga-kje-ima-temperaturi-pod-nula/#respond Wed, 01 Apr 2020 10:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=325485

Сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер ќе преовладува во текот на утрешниот ден. Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Утринските температури до сабота во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, денеска снежната покривка до изутрина е 16 сантиметри во Дебар, 15 на Попова Шапка, 14 во Крушево, 11 во Маврово, Пожаране, осум во Лазарополе, Ѓуриште, седум Прилеп, шест Битола, пет Тетово, четири Тополчани, три во Скопје-Зајчев Рид, Штип и еден сантиметар во Берово. Врнежи за изминатите 24 часа се регистрирани во Дебар – 18 литри на метар квадратен, 12 л/м2 во Маврово, Претор, Крушево, 11 Пожаране, 10 Охрид, осум Лазарополе, седум Тетово, Битола, Прилеп, шест Тополчани, Штип, Демир Капија, Дојран, пет во Ѓуриште, Берово, четири Крива Паланка, Струмица и три литри на метар квадратен во Скопје-Зајчев Рид. Времето денеска, како што најави УХМР, ќе биде облачно со врнежи од снег, а само во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места количината на наврнат воден талог ќе биде над 25 л/м2, а најмногу врнежи ќе има во западните и јужните делови. Снежна покривка ќе се формира речиси во целава земја, на пониските места и над 10 сантиметри, во Пелагонија околу 20 см, а на планините и повеќе. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено кон крајот на денот. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 4 Целзиусови степени. Во Скопје облачно со врнежи од снег во текот на целиот ден и во вечерните часови, при што ќе се формира снежна покривка, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/meteorolozite-najavuvaat-eve-do-koga-kje-vrne-sneg-i-do-koga-kje-ima-temperaturi-pod-nula/feed/ 0
Метеоролозите го најавија првиот снег https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/meteorolozite-go-najavija-prviot-sneg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/meteorolozite-go-najavija-prviot-sneg/#respond Sun, 18 Nov 2018 11:01:29 +0000 https://kurir.mk/?p=129150

На повеќе места во државата попладнево се очекуваат врнежи од снег, освен на југоистокот каде врнежите ќе бидат од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и југозападните делови од Македонија каде се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен и на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на денот и во Скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка. Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а дневните од 1 до 10 степени. Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/meteorolozite-go-najavija-prviot-sneg/feed/ 0