Метју Лосон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Aug 2023 08:04:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Метју Лосон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на Бигорски манастир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/britanskiot-ambasador-metju-loson-vo-poseta-na-bigorski-manastir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/britanskiot-ambasador-metju-loson-vo-poseta-na-bigorski-manastir/#respond Fri, 11 Aug 2023 08:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=865765

Британскиот амбасадор во нашата земја, Метју Лосон со семејството престојуваше во посета на Бигорскиот манастир. - Како споменик на вечните вредности, заеднички за сите христијански народи, и како стожер за обединувачката моќ на културната размена, Свештената Бигорска Обител на Чесниот Претеча, во текот на вчерашниот празничен ден, срдечно го пречека британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, кој допатува во десетвековното светилиште заедно со своето благородно семејство. Посетата имаше пријателски и семеен карактер и помина во атмосфера на другарство и на меѓусебно запознавање, информираа од манастирот. Додаваат дека угледниот гостин дошол во манастирот со цел запознавање на културното наследство, богатата историја и значењето на Бигорски. Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на Бигорски манастир За време на посетата, амбасадорот Лосон се сретна со епископот Антаниски г. Партениј. Средбата се карактеризирала со дух на топлина и отвореност и пријателски дискусии за духовноста и за улогата на верата во современиот свет. - Во атмосфера на взаемна почит, владиката и амбасадорот споделија сознанија за вредностите што ги поврзуваат општествата. Особен интерес амбасадорот покажа околу милениумската историја на манастирот, како и за монашкиот живот на нашиот Старец и за неговата мисија со зависниците и со социјално ранливите категории, додаваат од манастирот. Според нив, во продолжение посетата се одвивала во дух на спознајна љубопитност и восхит. Британскиот амбасадор Метју Лосон во посета на Бигорски манастир - Ценетите гости имаа можност да ја разгледаат прекрасната архитектура на манастирот, да се нурнат во спокојството на неговата околина и од прва рака да се запознаат со посветениот начин на живот што го водат монасите. Ова извонредно искуство им овозможи да го сфатат длабокото значење на Манастирот како светилник на духовноста и на културно богатство, посочуваат од манастирот. Амбасадорот Лосон и членовите на неговото семејство срдечно се заблагодариле за топлиот пречек во Манастирот од чија убавина и историја биле восхитени]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/britanskiot-ambasador-metju-loson-vo-poseta-na-bigorski-manastir/feed/ 0
Лосон: Нема потреба да дебатираме дали постои македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loson-nema-potreba-da-debatirame-dali-postoi-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loson-nema-potreba-da-debatirame-dali-postoi-makedonskiot-jazik/#respond Wed, 14 Jun 2023 17:57:09 +0000 https://kurir.mk/?p=845754

Не треба да дебатираме дали постои македонскиот јазик. Го зборуваме, го предаваат на нашите универзитети, се пишуваат деловни договори на македонски јазик, рече амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, на вечерашното одбележување на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје. -Ми се чини дека секој што негира дека постои македонскиот јазик не му кажал на Виз Ер, бидејќи секој месец се пријавувам на македонски јазик за мојот лет кога се враќам дома. Ова е мојот начин, нашиот британски начин да кажеме, „ние сме ваши партнери, пријатели и сојузници, продолжуваме да го негуваме нашето пријателство и понатаму, рече Лосон. По повод одбележувањето и на 30 години партнерство и дипломатски односи меѓу двете земји, амбасадорот рече дека секогаш ќе ја поддржуваат Македонија како рамноправен партнер. -Секогаш ќе ја поддржуваме Северна Македонија како рамноправен партнер во трговијата, инвестициите, во НАТО, ОБСЕ, Обединетите Нации. Нашето партнерство се протега и во вашата култура, јазик и историја. Ние сме горди на нашата историја и нашиот јазик во Обединетото Кралство, особено оваа година со крунисувањето на нашиот нов крал и разбираме и почитуваме дека и вие сте горди за вашиот јазик и вашата историја, дополни Лосон. Специјалниот британски претставник за Западен Балкан, Стјуарт Пич, на настанот што се одржа во Музеј на современа уметност во Скопје, истакна дека се гордеат што и Македонија стои со Украина, не само со тоа што е значаен билатерален донатор, туку и со тоа што придонесува на пошироката европска безбедност преку НАТО. - Како специјален претставник, дел од мојата улога е да промовирам отпорни и отворени општества. Додека беснее војна во Украина, на едвај 700 километри оттука, ова никогаш не било поважно. Стоиме заедно со Украина соочени со руската агресија затоа што веруваме во демократијата и меѓународниот систем заснован на правила. Горди сме што и Северна Македонија стои со Украина, не само со тоа што е значаен билатерален донатор, туку и со тоа што придонесува на пошироката европска безбедност преку НАТО, рече Пич, дополнувајќи дека вежбата „Брз одговор 22“ која се одржа минатата година беше јасен показател на оваа посветеност. Тој рече дека Македонија игра водечка улога на меѓународно ниво не е само преку НАТО. - Северна Македонија претседава со ОБСЕ во време кога Русија се обидува да го поткопа пристапот на организацијата базиран на консензус. Го поздравувам ова лидерство и одбрана на основните принципи на ОБСЕ - отсуство од употреба на сила, почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и заштита на основните права и слободи, рече Пич. Сподели дека политичката посветеност на реформите е клучна и Обединетото Кралство работи заедно со Македонија во поддршка на институциите, граѓанското општество, слободните медиуми, истовремено промовирајќи го почитувањето на човековите права вклучително и родовата еднаквост. - Нашата програма Чивнинг им даде шанса на над 200 граѓани да студираат на престижни британски универзитети. Стабилното инвестициско опкружување и пазарот на трудот ја поткрепуваат стабилноста. Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство во Западен Балкан, во 2022 година вкупната трговска размена изнесуваше 2,3 милијарди фунти со значителни инвестиции од британските компании како Џонсон Мети, Сопро и Централ Ејжа Металс, рече Пич. Тој информираше дека наскоро ќе биде отворена бизнис комора на Обединетото Кралство/Северна Македонија, што ќе им овозможи на другите да ги споделат плодовите од ова партнерство. - Да резимираме, ќе продолжиме да стоиме заедно со сите граѓани на Северна Македонија кои работат на обезбедување стабилна иднина во срцето на евроатлантската заедница. Ќе ве поддржиме во градењето на робусни институции за поддршка на оваа цел, во развојот на економијата и создавањето на работни места за обезбедување на посветла иднина на следната генерација, рече Пич. Во рамките на одбележувањето на роденденот на британскиот крал Чарлс Трети во Скопје денеска се одигра и фудбалски натрпевар помеѓу женската селекција на Македонија и армиската екипа на Велика Британија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/loson-nema-potreba-da-debatirame-dali-postoi-makedonskiot-jazik/feed/ 0
По САД и Велика Британија со обвинување: Корупцијата во Македонија го поткопува владеењето на правото, мора да ставиме крај на тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-sad-i-velika-britanija-so-obvinuvanje-korupcijata-vo-makedonija-go-potkopuva-vladeenjeto-na-pravoto-mora-da-stavime-kraj-na-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-sad-i-velika-britanija-so-obvinuvanje-korupcijata-vo-makedonija-go-potkopuva-vladeenjeto-na-pravoto-mora-da-stavime-kraj-na-toa/#respond Fri, 09 Dec 2022 09:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=772982

Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Македонија се влошува на секое поле, а нема подобрување во ниту еден сегмент. Корупцијата во Македонија го поткопува владеењето на правото, таа создава голема недоверба во судството и ги ослабува институциите во државата. Приоритет е да се справиме со оваа ситуација, напиша на својот Твитер профил британскиот амасадор во Република Македонија, Метју Лосон. Ваквата опомена за корупција во земјава е втора, откако пред неколку дена јасно и директно, обвини  новата амбасадорка на САД во земјава, Анџела Агелер, за која може да се каже дека за прв пат се  добиени волку директни обвинувања од странски дипломати. Агелер најави дека во земајва е пристигнат и тим од Вашингтон кој ќе гони поранешни и актуелни носители на функции кои направиле криминал, а ваквата реакција на САД доаѓа откако излегоа податоците дека судството во Македонија има едноцифрен процент на доверба, а тие како држава вложиле многу труд и пари за тоа да не биде така. Слободно може да се каже дека Македонија за прв пат од нејзината самостојност добива волку директни обвинувања од земји како САД и Велика Британија за висок степен на корупција, а со самото тоа паѓаат во вода и изјавите на владините функционери за борба против криминалот и корупцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-sad-i-velika-britanija-so-obvinuvanje-korupcijata-vo-makedonija-go-potkopuva-vladeenjeto-na-pravoto-mora-da-stavime-kraj-na-toa/feed/ 0
Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-obedinetoto-kralstvo-na-velika-britanija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-obedinetoto-kralstvo-na-velika-britanija-vo-makedonija/#respond Wed, 19 Oct 2022 15:33:11 +0000 https://kurir.mk/?p=747853

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите  Александар Николоски и Владо Мисајловски оствари средба со новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија во Република Македонија, Метју Лосон. Мицкоски му посака добредојде и му честита за назначување на функцијата и упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Обединетото Кралство на Велика Британија, потенцирајќи дека во интерес на државата и граѓаните потребно е продлабочување на соработката и добрите односи меѓу двете земји. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза. Мицкоски рече дека власта лошо менаџира со институциите и тоа е една од причините зошто Македонија се соочува со енергетската криза, објаснувајќи дека доколку се направи на време план за модернизација на производните капацитети со кои располага тогаш Македонија наместо увозно зависна земја, ќе има доволно електрична енергија да извезува. Во однос на надворешната политика, Мицкоски го информираше амбасадорот Лосон дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и работи исклучиво во интерес на граѓаните и за зачувување на државните и национални интереси, укажувајќи дека има визија, план и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат. Мицкоски се заблагодари на амбасадорот Лосос за средбата и истакна дека се надева ваквите средби ќе продолжат и во иднина со цел плодотворна соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorot-na-obedinetoto-kralstvo-na-velika-britanija-vo-makedonija/feed/ 0
ВИДЕО: Негувајте го вашиот јазик и културата, порача британскиот амбасадор Лосон кој го положи испитот по македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-neguvajte-go-vashiot-jazik-i-kulturata-poracha-britanskiot-ambasador-loson-koj-go-polozi-ispitot-po-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-neguvajte-go-vashiot-jazik-i-kulturata-poracha-britanskiot-ambasador-loson-koj-go-polozi-ispitot-po-makedonski-jazik/#respond Mon, 17 Oct 2022 12:10:49 +0000 https://kurir.mk/?p=746478

Новиот британски амбасадор во земјава Метју Лосон денеска на Твитер се пофали со сертификатот за положен испит по македонски јазик, Ц1 неполни три месеци по доаѓањето на служба во амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје. -Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик, напиша Лосон на Твитер и објави видео на кое зборува на македонски јазик и порача „Негувајте го вашиот јазик и вашата култура“. Лосон дојде во Скопје по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Претходно бил заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година. Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-neguvajte-go-vashiot-jazik-i-kulturata-poracha-britanskiot-ambasador-loson-koj-go-polozi-ispitot-po-makedonski-jazik/feed/ 0
Новиот британски амбасадор Лосон му ги предаде копиите од акредитивните писма на министерот Османи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-britanski-ambasador-loson-mu-gi-predade-kopiite-od-akreditivnite-pisma-na-ministerot-osmani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-britanski-ambasador-loson-mu-gi-predade-kopiite-od-akreditivnite-pisma-na-ministerot-osmani/#respond Wed, 20 Jul 2022 12:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=707915

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, Метју Лосон, при што му посака му успешна мисија и го истакна задоволството од одличните македонско- британски односи, кои се карактеризираат со интензивна размена на посети и средби на високо ниво, што претставува потврда на силната определба и интерес за натамошно зацврстување на традиционалното пријателство меѓу двете земји. - Соговорниците ја поздравија динамиката во рамки на трговските односи меѓу двете земји, со очекување дека истите ќе продолжат да се унапредуваат интензивно и во наредниот период, пред сé имајќи го предвид напредокот во трговската соработка постигнат со потпишувањето на Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември 2020 година и одржувањето на првиот инаугуративен Совет во Скопје во октомври 2021 година, како највисоко тело за негова имплементација во иднина, информира Министерството за надворешни работи. Како што се наведува во соопштението во контекст на динамиката на европската перспектива на регионот, Османи се заблагодари за поддршката и експертизата која Северна Македонија во континуитет ја добива од Обединетото Кралство во рамки на реформските процеси. - Министерот за надворешни работи Османи го информираше амбасадорот Лосон за последниот статус на евроинтегративниот процес на нашата земја, одржувањето на Првата политичка меѓувладина конференција и стартот на скрининг процесот, ветувајќи посветена работа во процесите кои следуваат поврзани со процесот на пристапување на нашата земја во ЕУ, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-britanski-ambasador-loson-mu-gi-predade-kopiite-od-akreditivnite-pisma-na-ministerot-osmani/feed/ 0
Метју Лосон од јули нов британски амбасадор во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metju-loson-od-juli-nov-britanski-ambasador-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metju-loson-od-juli-nov-britanski-ambasador-vo-makedonija/#respond Thu, 14 Apr 2022 08:21:08 +0000 https://kurir.mk/?p=662823

Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во Република Македонија. Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава. Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година. Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metju-loson-od-juli-nov-britanski-ambasador-vo-makedonija/feed/ 0