метла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Jun 2019 18:18:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png метла – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СДСМ Скопје со услов до Заев: „Тевдовски и Анѓушев, отстранете ги двајцата или ниту еден од нив“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-skopje-so-uslov-do-zaev-tevdovski-i-angjushev-otstranete-gi-dvajcata-ili-nitu-eden-od-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-skopje-so-uslov-do-zaev-tevdovski-i-angjushev-otstranete-gi-dvajcata-ili-nitu-eden-od-niv/#respond Sun, 09 Jun 2019 18:18:36 +0000 https://kurir.mk/?p=207348

Дали има несогласувања во партијата на СДСМ за реконструкција на Владата? ТВ21 од свои извори неофицијално дознава дека огранокот на СДСМ во Скопје настојува доколку „метлата“ го опфати министерот за финансии, Драган Тевдовски, заедно со него да биде опфатен и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. -Бараат да се разрешат или двајцата или ниту еден од нив. Од СДСМ негираат дека има несогласувања во партијата. Од таму велат дека се ќе се знае до крајот на јуни, информира телевизијата. Од друга страна, ТВ21 дознава дека Заев исто така сака да направи родов баланс на ниво на функциите, затоа бара да се зголеми бројот на жени кои раководат со владините ресори. Целата анализа прочитајте ја на ТВ21.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-skopje-so-uslov-do-zaev-tevdovski-i-angjushev-otstranete-gi-dvajcata-ili-nitu-eden-od-niv/feed/ 0
Следните неколку дена ќе се знаат конкретните чекори околу најавената „метла“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slednite-nekolku-dena-kje-se-znaat-konkretnite-chekori-okolu-najavenata-metla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slednite-nekolku-dena-kje-se-znaat-konkretnite-chekori-okolu-najavenata-metla/#respond Fri, 07 Jun 2019 09:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=206484

Разговорите околу најавената „метла“ во Владата се уште траат и се очекува,  следните неколку дена премиерот да излезе со конкретен став околу ова прашање. Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој е и новиот генерален секретар на СДСМ, денеска изјави дека во следните неколку дена премиерот ќе излезе со конкретен став околу датумот и чекорите што ќе бидат преземени. – Вчера вечер ние имавме координација и консултациите на премиерот Зоран Заев со сите останати политички субјекти траат. Во следните неколку дена сигурно ќе излезе со конкретен став околу датумот и конкретните чекори и одлуки што ќе бидат преземени. Сето тоа зависи и од останатите прашања поврзани со ЕУ и со датумот за преговори така што, не би имал што да додадам, изјави Николовски, одговарајќи на новинарско прашање до каде е процедурата и дали се познати новите имиња на министри. Во делот на екипирањето и структуирањето на новото раководство во партијата, Николовски рече дека сите активности ќе се извршуваат во текот на следната недела. – Тој дел секако ќе се движи, но за се друго премиерот ќе ја извести јавноста, рече Николовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slednite-nekolku-dena-kje-se-znaat-konkretnite-chekori-okolu-najavenata-metla/feed/ 0
Заев откри кога ќе заигра метлата: Знае кого ќе испрати, а разговара со нивните наследници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-otkri-koga-kje-zaigra-metlata-znae-kogo-kje-isprati-a-razgovara-so-nivnite-naslednici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-otkri-koga-kje-zaigra-metlata-znae-kogo-kje-isprati-a-razgovara-so-nivnite-naslednici/#respond Thu, 30 May 2019 10:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=203572

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека знае кои лица би ги поставил на местата кои ќе бидат испразнети по најавената „метла “ во Владата и други државни институции, и дека веќе разговара со некои од нив. Очекува првите промени да се случат најдоцна до средината на јуни. -Веќе разговарам со луѓе особено нови луѓе кои треба да дојдат на позиции кои ќе бидат променети и испразнети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со тие луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат и прифаќаат да ја работат таа работа, така што верувам дека ќе стигнам не подоцна од крајот на првата половина на јуни, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром. Прашан за неговите советници и како ги избира, Заев одговори – „ги избирам по потреба на државата“. Последните двајца што ги избрал, за кои договорите се привремени и не подолги од една година, се писателот Венко Андоновски и Александар Ружин. Андоновски е задолжен за постапката за отворање македонски културен центар во Србија, а Ружин работи на неколку проекти и инвестиции од компании од Белгија и Франција и на обезбедување претставништво на  полска компанија за оружје како дел од НАТО-агендата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-otkri-koga-kje-zaigra-metlata-znae-kogo-kje-isprati-a-razgovara-so-nivnite-naslednici/feed/ 0
Метла од СДСМ за Спасовски, Шилегов, Манчевски, Зекири, Кирацовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metla-od-sdsm-za-spasovski-shilegov-manchevski-zekiri-kiracovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metla-od-sdsm-za-spasovski-shilegov-manchevski-zekiri-kiracovski/#respond Sun, 26 May 2019 18:53:24 +0000 https://kurir.mk/?p=202245

Според неофицијални информации, шесте потпретседатели на СДСМ ќе бидат разрешени како дел од чистката што ја најави премиерот Зоран Заев, објави ФОКУС. Потпретседатели во СДСМ се Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. Сите денес добија метла од нивниот партиски челник Зоран Заев. Метла добива и Александар Кирацовски. За нов генерален секретар на партијата е предложен министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој нема да биде повеќе на министерската функција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metla-od-sdsm-za-spasovski-shilegov-manchevski-zekiri-kiracovski/feed/ 0
Седница на највисокиот орган на СДСМ за најавените кадровски промени: Ќе почне ли Заев да игра со метлата? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-najvisokiot-organ-na-sdsm-za-najavenite-kadrovski-promeni-kje-pochne-li-zaev-da-igra-so-metlata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-najvisokiot-organ-na-sdsm-za-najavenite-kadrovski-promeni-kje-pochne-li-zaev-da-igra-so-metlata/#respond Sun, 26 May 2019 07:03:49 +0000 https://kurir.mk/?p=202013

Во седиштето на Бихаќка денеска попладне се очекува седница на Центарлниот одбор на СДСМ на која треба да стане збор за кадровските промени во партиските редови, но и во извршната власт што ги најави премиерот и лидер на партијата Зоран Заев меѓу двата круга од претседателските избори. Еден од првите потези на Заев во рамки на т.н. операција „метла“, беше смената на претседателите на 78 општински организации на СДСМ, а за почетокот на јуни најави дека ќе следат смените во општествениот сектор, односно во јавните претпријатија, министерствата, Владата и сите владини институции. Во врска со најавените промени во извршната власт, Заев на почетокот од оваа недела на „Илинденска“ бр.2, имаше средба со коалицисикиот партнер – лидерот на ДУИ Али Ахмети на која е договорено да се спроведат прво консултации во двете политички партии, а за следната недела најави нивна нова средба. -Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните, соопштија од Владата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во изјава за медиуми рече дека остануваат на барањето за проверка на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност и дека барал совети за примена на ветингот, со што ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето лажни вести. Според пратеникот од ДУИ Артан Груби, ветингот што ДУИ го предлага, нема врска со метлата на Заев.  Партијата планира да има двоен ветинг, еден партиски со кој ќе се проверуваат кандидатите за членство во ДУИ, и еден институционален. -Било да е пратеник, министер, директор или кој било треба да биде проверен пред да се именува. Да се гарантира дека човекот кој ќе го изгласаме во Собранието е кристално чиста личност без дамка во кариерат, изјави Груби. Во коментар на неговата изјава Заев  рече дека сите коалициски партнери имаат право да даваат свои коментари, но и да знаат што ќе се случи со реконструкцијата на Владата. - Јас сум мандатар, тие можат да гласаат во Парламентот или не кога ќе ги дадам предлозите за промени во Парламентот. Артан Груби е пратеник во Парламентот. Тој и неговата пратеничка група од ДУИ ќе се изјаснат за решенијата. Затоа имав средба со лидерот на нивната политичка партија, ДУИ , за да знаат  навремено кои чекори ќе ги преземам, согласно тоа да си донесат одлуки, да се разговара во партијата и сл.,  рече Заев, одбивајќи да лицитира со имиња. На трибина по првиот круг од претседателските избори на 21-ви минатиот месец Заев обраќајќи се на поддржувачите кои останале дома и се незадоволни од власта најави дека ќе има „чистка“ на функционери на локално и на централно ниво, а актерот Драган Спасов – Дац му подари метла. Главни критериуми за „метлата“, според Заев, ќе бидат ароганцијата, неисполнувањето на очекувањата, неагилниот однос и непотизмот. По неговата најава поголемиот дел од министрите  од СДСМ оценија дека ќе ја почитуваат одлуката ако бидат дел од смените во Владата, а дел од министрите од ДУИ изјавија дека работат според програмата, а за кадровските смени одлучува лидерот Ахмети. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати упати критики до Заев за целиот процес со порака дека „метлата“ треба да почне од него. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-najvisokiot-organ-na-sdsm-za-najavenite-kadrovski-promeni-kje-pochne-li-zaev-da-igra-so-metlata/feed/ 0
Таравари: Метлата на Заев започна во Гостивар, поставуваат присилни директори https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/taravari-metlata-na-zaev-zapochna-vo-gostivar-postavuvaat-prisilni-direktori/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/taravari-metlata-na-zaev-zapochna-vo-gostivar-postavuvaat-prisilni-direktori/#respond Tue, 21 May 2019 09:06:33 +0000 https://kurir.mk/?p=200295

„Метлата на Заев, започна од Гостивар“-обелоденува градоначалникот на општината. -Денеска се поставени нови присилни директори по училиштата, по 6-ти пат се менуваат директорите во училиштата во нашата општина за 18 месеци. #ПродолжувамеИсто“, напиша на Фејсбук, Арбен Таравари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/taravari-metlata-na-zaev-zapochna-vo-gostivar-postavuvaat-prisilni-direktori/feed/ 0
Метлата на Заев ќе заиграла во јуни- промени и во Владата и во СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metlata-na-zaev-kje-zaigrala-vo-juni-promeni-i-vo-vladata-i-vo-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metlata-na-zaev-kje-zaigrala-vo-juni-promeni-i-vo-vladata-i-vo-sdsm/#respond Mon, 20 May 2019 16:44:03 +0000 https://kurir.mk/?p=200110

Премиерот Зоран Заев по завршување на Виенскиот економски форум оствари серија средби со претставници на неколку реномирани компании од Република Австрија коишто веќе имаат свои претставништва во Македонија, како што се ЕВН и А1 Телеком Груп. По состанокот тој најави дека т.н. метла ќе заигра во јуни. – Тоа е тој квалитативен период којшто од некои десеттина дена – дванаесет го имаме пред нас, до почетокот на јуни буквално. Во јуни месец и тоа првата половина на јуни имам намера да излезам со конкретните решенија за промени и тоа во Владата, во владините институции, значи директорски места, Управни одбори, надзорни одбори, во локалната средина, значи едно трето ниво подоле, а секако ќе се случат и персонални промени во СДСМ, коишто ќе значат и подобрување на перформансите на најголемата владејачка партија, којшто има директен импакт квалитативен и врз владеењето во државата. – рече Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/metlata-na-zaev-kje-zaigrala-vo-juni-promeni-i-vo-vladata-i-vo-sdsm/feed/ 0
Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brodot-shto-tone-ne-e-mesto-za-zabava-masovna-operacija-za-napushtanje-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brodot-shto-tone-ne-e-mesto-za-zabava-masovna-operacija-za-napushtanje-na-zaev/#respond Sat, 18 May 2019 11:37:40 +0000 https://kurir.mk/?p=199413

Миле Бошњаковски, Бранимир Јовановиќ и Асаф Адеми први се затрчаа да си грабнат гума за спасување. Срам-несрам подобро е да знаеш дека си обезбеден кога неизбежно доаѓа моментот во кој што ќе се случи општа борба за спасување. Апсурдно е да се очекува дека оркестарот на Титаник ќе продолжи да свири до целосното потонување, а сите на бродот дека нема да ја видат сантата мраз во која што удриле и покрај тоа што водата веќе им е до колена. Зоран Заев така силно го удри бродот во „Северно море” , што вода почна да навлегува од сите страни. Изборите покажаа дека повеќе од половина бродот е под вода. 43 кабини се целосно изгубени, а во останатите Заев нема контрола , бидејќи му бараат се и сешто само за да му статираат додека човекот си ја игра животната улога да глуми капетан. Секое министерство, секоја афера беше уште една нова длабока пукнатина во бродот. Одговорност немаше од никого. Истите кои го оштетуваа бродот продолжија да прават нови пукнатини и да се забавуваат. Зошто и би правеле нешто друго кога нивнит капетан бара мито по едно евро , а на сопствениот брат му го издаде половина брод. Затоа Македонија потона на листите за корупција. Капетанот Заев најави метла за да ги смири гостите. Мисли дека сите ќе веруваат дека со метлата ќе ја исчисти водата и ќе ги закрпи пукнатините додека шлапкаат во вода. Гостите може да се обидува да ги подлажува од каде е водата во која што газат, но екипажот знае за катастрофата што се случува. Миле Бошњаковски го напушта Заев за да си обезбеди уште 5 години функција во кабинетот на Стево Пендаровски. Имено Бошњаковски од местото портпарол на владата заминува на местото генерален секретар на Претседателот. Портпаролското место во владата кое беше причина за расправија помеѓу повеќе новинари сега е прво на удар. За време на именувањето на портпарол на владата пред две години дојде до жестока расправија помеѓу повеќе новинари блиски до СДСМ. Имено Пред Бошњаковски да биде именуван за портпарол, новинарката Јасмина  Аневска од Телма која беше позната по црвениот телефон се до именувањето на Бошњаковски изјавуваше дека уште размислува да биде портпарол на владата. Но, извори од Влада пак, неофицијално брифираа дека воопшто не е точно дека таа била планирана за тоа место. Бошњаковски во текот на својата кариера како портпарол на владата мораше да лаже и да измислува за да го оправда Заев за ветувањата дека нема да се менува уставот. Имено на пресконференција од владата на 7 февруари 2018  година изјави дека не се преговара за промена на Уставот, пресконференцијата  беше веднаш по средбата на Заев и Ципрас во Давос, после се дозна дека во Давос биле договорени рамките на договорот, со што може да се заклучи дека Бошњаковски во тој момент не ја кажувал вистината. Бранимир Јовановиќ, кој го напушти министерството за финансии, изврши покачување на даноците и избега. Штетата која е направена во министерството е огромна, а последиците кои ги плаќаат граѓаните од аматеризмот на СДСМ ќе бидат огромни. - Браниславче, му го скршија носот на протести и као едно време ќе гинеше за народот, а чим си го смести газето у кожњак, одма крена акциза на нафта , па грлато го бранеше Тевдовски, дотаму да едно време тврдеа двајцава дека со тие пари ќе го чистеле воздухот, напиша новинарката Јорданка Ивановска - Јоци. - Наместо тоа, ги крена сите цени во малопродажба, па сега ќе се повлекувал. Се крие во ров, мисли ќе го заборават сите. Маче, ја нема да те заборавам. Ааа, неее ! Продолжува таа во статусот. Биди сигурен дека ќе те лепам со слика во наредни 5 години како темен пример на службениче кое се ушлепа за кикиритки, ни го смести за да наполниш Буџет со даноци за да кркате ајкули и волови на скара, а сеа – кидавела, му порача Јоци преку фејсбук статус на Богоевски. Министерот за култура, Асаф Адеми, кој како и претходниот го искористи министерството само за испумпување на пари кон невладини организации формирани непосредно пред да се распише огласот. Додека манифестации како Скопскиот џез фестивал имаа кратење на средствата пари добиваа непознати организации од Тетово и Гостивар. Курир веќе пишуваше дека Адеми заминува од култура, тогаш напишавме и за шпекулациите околу неговите можни наследници. Имено како најсериозни кандидати фигурираат Едмонд Адеми и Цветанка Ласкова, а од втор план повторно се јавува и Роберт Алаѓозовски, но не може да се исклучи и некое изненадување. Делењето пари од годишните програми веќе две години по ред е пропратено со огромни скандали. Се делат пари на здруженија и организации формирани непосредно пред да бидат распишани конкурсите, без никакво искуство во област и традиција, за сметка на тоа без финансиска помош остануваа здруженија со долгогодишно, децениско творештво. Еден по еден функционерите на Заев сами го напуштаат бродо кој тоне, наречен  влада и со време си обезбедуваат сигурност  на друга позиција. Кој е следниот ?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brodot-shto-tone-ne-e-mesto-za-zabava-masovna-operacija-za-napushtanje-na-zaev/feed/ 0
Според Османи „метлата“ на Заев не мете во ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-osmani-metlata-na-zaev-ne-mete-vo-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-osmani-metlata-na-zaev-ne-mete-vo-dui/#respond Wed, 15 May 2019 10:19:19 +0000 https://kurir.mk/?p=198150

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во емисијата „200“ на Алсат телевизија, во врска со најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев истакна дека за смена на кадрите на ДУИ кои се дел од владата може да одлучува само Али Ахмети и партијата. Водителот се надоврзува на ова и го праша вицепремиерот дали е ова дуалност, паралелност, бидејќи премиерот сепак е вашиот шеф од организациски аспект за тоа како функционира Владата на што Османи вели дека нема ништо чудно во тоа имајќи предвид дека Владата била политичка, а не експертска. - Нема тука ништо чудно. Владата е политичка, не е експертска, ја сочинуваат партиите од коалицијата. Секоја партија има свои форуми каде се предлагаат кадрите кои ќе раководат со институциите. Јас сум избран во претседателството на ДУИ и сум предложен кај премиерот да ме предложи во Собрание. Според ова премиерот има можност само да побара од Али Ахмети да биде сменет некој функционер на ДУИ и тоа да се потврди во претседателството на ДУИ, па дури и Али Ахмети треба да ја потврди таквата одлука во раководството на ДУИ, рече Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-osmani-metlata-na-zaev-ne-mete-vo-dui/feed/ 0
Премиерот Заев не си остана на зборот- Најавената „Метла“ одложена за наредниот месец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-zaev-ne-si-ostana-na-zborot-najavenata-metla-odlozena-za-naredniot-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-zaev-ne-si-ostana-na-zborot-najavenata-metla-odlozena-za-naredniot-mesec/#respond Wed, 15 May 2019 09:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=198111

Иако беше најавена владина реконструкција за веднаш по изборите премиерот Зоран Заев ретерира од првичните ставови. Тој денеска најави дека смената на функционерите ќе започне од наредниот месец. -Верувам дека во почетокот на јуни ќе излезам со промени во раководни структури на министерско ниво, раководни структури на државни институции, а при крајот на јуни верувам дека ќе се пуштиме и во општините каде државата е претставена со одредени институции. Ова го кажа премиерот oдговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на Презентацијата на Извештајот на ОБСЕ со резултатите од истражувањето за благосостојбата и безбедноста на жените. Заев кажа дека во следните две недели ќе донесат големи одлуки за државата, ќе се направат промени во сите структури, почнувајќи од највисоката хиерархија. „Ќе се дискутира за промени на некои министри, заменици министри, директорите, но можностите за промена се уште се дискутираат. Откако ќе можеме да ги балансираме позициите ќе ги објавиме имињата и причините“, истакна премиерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-zaev-ne-si-ostana-na-zborot-najavenata-metla-odlozena-za-naredniot-mesec/feed/ 0