Методија Андонов Ченто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 06:25:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Методија Андонов Ченто – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 121 година од раѓањето на Методија Андонов – Ченто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/121-godina-od-raganeto-na-metodija-andonov-chento/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/121-godina-od-raganeto-na-metodija-andonov-chento/#respond Thu, 17 Aug 2023 06:25:06 +0000 https://kurir.mk/?p=867682

На 17 август во 1902 година во Прилеп е роден Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/121-godina-od-raganeto-na-metodija-andonov-chento/feed/ 0
Сеќавање: 66 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на АСНОМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekavane-66-godini-od-smrtta-na-metodija-andonov-chento-prviot-pretsedatel-na-asnom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekavane-66-godini-od-smrtta-na-metodija-andonov-chento-prviot-pretsedatel-na-asnom/#respond Mon, 24 Jul 2023 07:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=859292

Пред 66 години, на 24 јули 1957 година во Прилеп умрел Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. За претседател на Президиумот Методија Андонов - Ченто бил избран и на Второто заседание на АСНОМ, на 29 и 30 декември 1944 година. Бил и прв претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ. Со своите политички ставови Ченто се залагал за поголема самостојност на Републиката во однос на федералните органи. Истовремено го поставувал прашањето за обединување на Македонија. Таквите негови ставови дошле во судир со официјалната политика. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умрел како маченик, а бил рехабилитиран во октомври 1990 година. Роден бил во Прилеп, на 17 август 1902 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekavane-66-godini-od-smrtta-na-metodija-andonov-chento-prviot-pretsedatel-na-asnom/feed/ 0
Општина Гази Баба организира чествување на 120 години од раѓањето на Ченто https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/#respond Wed, 17 Aug 2022 07:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=719607

Денес, 17.08.2022 година (среда) се навршуваат 120 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто. За таа цел Ве покануваме денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него. Покана до граѓаните упати и градоначалникот Бобан Стефковски кој во објава на својата официјална страна на фејсбук напиша: Запишано е дека "Држава која нема својата историја, има народ без иднина", а Македонија има долга и богата историја која имаме должност да ја негуваме. За таа цел Ве поканувам денес 17.08.2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот во паркот Ченто, каде што пред точно 20 години е поставен споменикот на Методија Андонов Ченто заедно да ја оддадеме наша должна почит кон него. - напиша Стефковски На настанот е потврдено присуството и на членови на семејството на Методија Андонов Ченто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-organizira-chestvuvanje-na-120-godini-od-ragjanjeto-na-chento/feed/ 0
120 години од раѓањето на Методија Андонов – Ченто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/120-godini-od-ragjanjeto-na-metodija-andonov-chento/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/120-godini-od-ragjanjeto-na-metodija-andonov-chento/#respond Wed, 17 Aug 2022 05:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=719543

На 17 август 1902 во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година. Долги години по смртта, Методија Андонов-Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов-Ченто е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година. На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија посмртно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и три реномирани македонски институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/120-godini-od-ragjanjeto-na-metodija-andonov-chento/feed/ 0
Пред 65 години почина Методија Андонов Ченто: „Верував во се, но не верував дека Македонците ќе ме судат за Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-65-godini-pochina-metodija-andonov-chento-veruvav-vo-se-no-ne-veruvav-deka-makedoncite-kje-me-sudat-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-65-godini-pochina-metodija-andonov-chento-veruvav-vo-se-no-ne-veruvav-deka-makedoncite-kje-me-sudat-za-makedonija/#respond Sun, 24 Jul 2022 10:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=709524

По затвор во Идризово почина првиот претседател на Македонија На 24 јули 1957 година во Прилеп умрел М. А. Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умре како маченик, а рехабилитиран е во октомври 1990 година. Ченто е роден во Прилеп на 17 август 1902 година.Поради неговата функција претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто често се именува и како прв Претседател на Македонија. Тој е син на Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Во младоста бил одличен гимнастичар, завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвориле бакалско-угостителски дуќан со што си обезбедил пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучил граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова што предизвикало бурни реакции во конзервативната прилепска средина. И, по враќањето во Прилеп, на 5 мај биле казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење. Со Василка, Ченто има четири деца, а нивниот најстар син, Илија Андонов – Ченто, во 1990-те напишал биографија за својот татко.Ченто ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествувал на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем. Организатор на Илинденските демонстрации Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залагал за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно бил затворен и интерниран во Баина Башта. Тој бил осуден на смрт, дури и бил одведен на стрелање, но бил ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 – 1940 бил претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку Македонија им се остави на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За ваквите изјави бил известено Белград од каде биле оценети како сепаратистички и автономистички. Ченто бил многу почитувана личност во прилепската чаршија. Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добил покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбил поканата и наместо тоа одбрал да соработува со тие што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори кои ги замениле српските. Бугарските власти во 1942 година го интернирале прво во селото Мелницаф, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот Чучулигово, Петричко во Пиринска Македонија.По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски – Питу, по што Ченто се приклучил на НОБ.Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржала на 24 јуни при што македонската делегација го поставила прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата.По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание на кое Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).За време на извршување на својата функција, Ченто бил многу почитуван од народот зашто се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Првите несогласици на Ченто со комунистите, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнале многу брзо по неговото преминување на слободна територија.По ослободувањето на Македонија несогласиците со тогашниот македонски врв продолжиле. Ченто бил против тоа 15 македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залагал за обединување и поголема самостојност на Македонија, а бил против враќање на имотот на избеганите српски колонисти од Мекдонија и се залагал за поголема финансиска независност и за сопствен буџет на Македонија. Комунистите полека му ја одземале реалната власт и поради несогласувањето со мерките што ги преземале комунистите, Ченто на 14 март 1946 година поднесол оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија. Неправдата кон Ченто е исправена по 44 години Сакал да се повлече од политиката и мирно да живее во Прилеп, но на 14 јули бил уапсен пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него било покренато обвинение, а на 19 ноември бил изведен пред суд во состав: Панта Марина (претседател), а Лазар Мојсов и Коле Чашуле, членови. Судењето траело доста кратко и по два дена, на 21 ноември, Ченто бил осуден на 11 години затвор. Казната ја издржувал во скопскиот затвор Идризово, каде во најтешки услови бил во „специјалната ќелија“ и бил чуван од посебна стража. Му биле дозволувани само 30 минутни прошетки на одредено место во затворот и еднаш неделно посети на членовите на неговото семејство. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и да потпише дека згрешил и дека се покајува, а потоа животот да му биде целосно обезбеден. Но, Ченто ја одбивал оваа непристојна понуда од комунистичките власти. По поминати речиси 9,5 години во затвор условно бил пуштен на 4 септември 1955 година, со длабоки траги од затворскиот живт врз неговото здравје. Побарал од Тито да му дадат пасош за да замине да се лекува во Швајцарија, но бил одбиен и починал на 24 јули 1957 година во својот дом во Прилеп.Но, и по излегувањето од затворот не се откажал од идеите за самостојна и обединета Македонија. Долги години по смртта, Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго контролирани. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија, бил обновен судскиот процес против Ченто и на 22 октомври, по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укинал пресудата од 1946 година.На 22 октомври 2010 година, Претседателот на Република Македонија постхумно го одликувал Ченто со Орден на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pred-65-godini-pochina-metodija-andonov-chento-veruvav-vo-se-no-ne-veruvav-deka-makedoncite-kje-me-sudat-za-makedonija/feed/ 0
119 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/119-godini-od-ragjanjeto-na-metodija-andonov-chento/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/119-godini-od-ragjanjeto-na-metodija-andonov-chento/#respond Tue, 17 Aug 2021 06:12:14 +0000 https://kurir.mk/?p=551439

Во Прилеп на 17 август 1902 година е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се борел за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија. Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умрел во Прилеп, на 24 јули 1957 година. Во октомври 1990 година бил рехабилитиран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/119-godini-od-ragjanjeto-na-metodija-andonov-chento/feed/ 0
Во Прилеп промовирана Моноиграфијата за Методија Андонов Ченто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-prilep-promovirana-monoigrafijata-za-metodija-andonov-chento/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-prilep-promovirana-monoigrafijata-za-metodija-andonov-chento/#respond Sun, 03 Nov 2019 13:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=259589

Во рамки на одбележувањето на 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, денеска во фоајето во Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше промовирана фото-монографијата „Ченто – биографија низ фотографија“ од прилепскиот историчар од Заводот и музеј, Рубинчо Белчески. Според Белчески, Монографијата е заокружување на неговото повеќегодишно истражување за првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. На издавањето на Монографијата и претходеа изложби низ повеќе градови во земјава за материјалите кои ги истражувал и ги собирал Белчески за Методија Андонов Ченто. -Монографијата содржи 250 фотографии, 150 хронолошки настани, текстови, голем број мисли, говори на Ченто, како и неговата позната статија која ја пишува пред одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. Монографијата ги содржи и фактите од 90-ите години кога со осамостојувањето на Македонија, голем број уметници и творци на различен начин го овековечуваа делото на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Дел од оваа фотомонографија се голем број споменици, спомен-обележја, ликовни и други дела за Ченто. Значи, во фото-монографијата е ставено сѐ што е создадено од творци, новинари, историчари за Ченто, како и сите дела кои се создавани по неговата смрт, особено кога во 1990 година беше и судски рехабилитиран, објаснува Белчески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-prilep-promovirana-monoigrafijata-za-metodija-andonov-chento/feed/ 0