метро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 13:59:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png метро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицотакис во првото пробно возење на метрото во Солун https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-vo-prvoto-probno-vozene-na-metroto-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-vo-prvoto-probno-vozene-na-metroto-vo-solun/#respond Thu, 18 May 2023 13:59:46 +0000 https://kurir.mk/?p=835946

Солун ќе го има не само најмодерното, туку и најубавото метро во Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис откако беше дел од првото, пробно возење на солунското метро, јави дописничката на МИА од Атина. Метрото во Солун се очекува да биде пуштено во употреба на почетокот од 2024 година, а според информациите од грчката Влада, главната линија што е во должина од 9,6 километри и има 13 станици се очекува да ја користат околу 250.000 патници дневно. Мицотакис истакна дека метрото веќе почнува со пробната работа и лично тој имаше можност да ја помине целата главна линија, паралелно истакнувајќи дека Владата го исполни ветувањето. -Се обврзав дека Солун ќе добие метро и истовремено ќе го истакне своето исклучително богато археолошко богатство, кое излезе на виделина со ископувањата при изградбата на овој важен инфраструктурен проект, истакна грчкиот премиер. Процените се дека до јули 2024 година, метрото ќе се прошири до Каламариа, со пет нови станици и речиси 4,8 километри, а планирано е проширување и до северозападните делови на Солун. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-vo-prvoto-probno-vozene-na-metroto-vo-solun/feed/ 0
Станицата „Аргентина“ на париското метро преименувана во „Франција“ и „Алез лес блеус“! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stanicata-argentina-na-pariskoto-metro-preimenuvana-vo-francija-i-alez-les-bleus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stanicata-argentina-na-pariskoto-metro-preimenuvana-vo-francija-i-alez-les-bleus/#respond Sun, 18 Dec 2022 12:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=777241

Лоцирана на линијата 1 на париското метро, станица „Аргентина’ беше преименувана синоќа во „Аргентина – Франција, напред сини!“. На сликите, кои кружат на Твитер, откриваме дека неколку табли што го означуваат името на станицата се заменети со табли „Франс“ и „Алез лес блеус!“, јави дописникот на МИА. Оваа промена на името е привремена, изјавија од РАТП за Франс Инфо. Во 2018 година, по крунисувањето на сините во Русија, шест од париските метро станици беа преименувани: „Шарл Де Гол – Етоал (ѕвезда)“ стана „Имаме две ѕвезди“, а станицата Нотр Дам беше преименувана во „Нотр Дидие Дешамп“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stanicata-argentina-na-pariskoto-metro-preimenuvana-vo-francija-i-alez-les-bleus/feed/ 0
Штрајк на метрото предизвика транспортен хаос во Лондон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-metroto-predizvika-transporten-haos-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-metroto-predizvika-transporten-haos-vo-london/#respond Fri, 19 Aug 2022 11:24:55 +0000 https://kurir.mk/?p=721032

Транспортната мрежа на Лондон запре денеска, бидејќи вработените во метрото и автобусите стапија во штрајк поради платите и условите за работа. Сите лондонски подземни и надземни железнички линии се целосно или делумно во прекин, а десетици автобуски линии во западниот дел на градот не сообраќаат, објави Транспорт за Лондон (TfL). Членови на синдикатот на железнички, морски и други транспортни работници, RMT, протестираат поради низа проблеми, вклучувајќи ги оние поврзани со работните места и пензиите. Нарушен е сообраќајот и на автобуските услуги во западниот и југозападниот дел на градот, како и на делови од Суреј, поради штрајк на автобуски возачи, членови на синдикатот „Unite“, што се очекува да трае и денеска и утре. Засегнати се 63 автобуски линии. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-na-metroto-predizvika-transporten-haos-vo-london/feed/ 0
Уапсен напаѓачот кој рани десет луѓе во метро во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-napagjachot-koj-rani-deset-lugje-vo-metro-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-napagjachot-koj-rani-deset-lugje-vo-metro-vo-njujork/#respond Thu, 14 Apr 2022 05:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=662724

Уапсен е мажот кој со огнено оружје изврши напад во воз во метрото во Њујорк и рани десет луѓе. Френк Р. Џејмс (62) е приведен на Менхетен, изјави полициски претставник. Претходно, напаѓачот на социјалните мрежи објавувал видеа на кои вели дека САД се расисти, преплавени со насилство и го критикува градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс. Тој зборувал и за неговата борба со ментална болест. Вооружениот напаѓач активирал димни бомби во преполн вагон на метрото, а потоа со пиштол пукал најмалку 33 пати, соопшти полицијата. Петорица од десетината ранети се во критична состојба, а на уште десет им е укажана помош од вдишување чад и повреди. Напаѓачот избега за време на хаосот по нападот во метрото, но оставил многу траги и предмети, меѓу кои пиштол купен кај заложник и клучот од комбето што го изнајмил, и врз основа на тоа бил идентификуван и пронајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapsen-napagjachot-koj-rani-deset-lugje-vo-metro-vo-njujork/feed/ 0
Исповед на очевидец во Њујорк: На подот имаше многу крв, луѓето се газеа едни со други https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ispoved-na-ochevidec-vo-njujork-na-podot-imashe-mnogu-krv-lugjeto-se-gazea-edni-so-drugi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ispoved-na-ochevidec-vo-njujork-na-podot-imashe-mnogu-krv-lugjeto-se-gazea-edni-so-drugi/#respond Tue, 12 Apr 2022 20:35:35 +0000 https://kurir.mk/?p=662157

Кондуктер кој бил во вагонот на метрото каде што се случи пукањето во Њујорк, во кое се повредени најмалку 13 лица, во исповед за Си-ен-ен раскажал што се случувало во моментот на пукањето. Тој кажал дека возот доцнел неколку минути пред да стигне до станицата лоцирана на 36-та улица во Сансет Парк. - Видов дека чадот почна да се шири низ вагоните. Потоа слушнав звуци кои звучеа како огномет, сега кога знам дека беше пукање, среќен сум што се скрив зад едно седиште. Сè уште немам зборови да го опишам она што го доживеав, кажал тој. Инаку очевидецот во моментот на нападот бил во предниот дел на третиот вагон, во кој се пукало. Кога чадот почнал да се шири, сите луѓе почнале да преминуваат преку вагоните. Возачот се обидел да ја отвори вратата, но едноставно не можел“, вели тој. Кондуктерот потоа опишал како изгледало местото на несреќата веднаш по пукањето. - Имаше крв на подот. Имаше многу крв. Во тоа време, не мислев дека тоа е пукање бидејќи сето тоа ми звучеше како огномет. Сè што видов беше луѓе кои трчаат и се прегазуваат едни со други, обидувајќи се да излезат низ заклучена врата. Настана голема паника, но за среќа возот брзо отиде до следната станица и потоа се отвори вратата. Сите излегоа набрзина од метрото, раскажал тој. Имал маска во метрото, но морал да ја симне бидејќи по нападот била црна од чад. - Се обидов да се сокријам и да направам место за една постара жена која беше во моја близина, изјавил тој. Според првите проценки, во споменатиот вагон во моментот на пукањето имало околу 50 патници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ispoved-na-ochevidec-vo-njujork-na-podot-imashe-mnogu-krv-lugjeto-se-gazea-edni-so-drugi/feed/ 0
МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО АМЕРИКА: Објавени вознемирувачки снимки од метрото во Њујорк каде се застрелани неколкумина (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovno-pukanje-vo-amerika-objaveni-voznemiruvachki-snimki-od-metroto-vo-njujork-kade-se-zastrelani-nekolkumina-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovno-pukanje-vo-amerika-objaveni-voznemiruvachki-snimki-od-metroto-vo-njujork-kade-se-zastrelani-nekolkumina-foto-video/#respond Tue, 12 Apr 2022 14:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=661949

Повеќе луѓе се застрелани, а пронајдени се и неактивирани експлозивни направи на метро станица во Њујорк, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извори од противпожарната служба. Инцидентот се случил утринава на метро станицата на 36-та улица во населбата Сансет Парк во Бруклин. Сообраќајот е во прекин. Лицето кое го преживеал ова се огласи на Фејсбук и напиша: „Преживеав масовното пукање“, напиша Армен Ермен. Вооружен маж со гас-маска и портокалов градежен елек е во бегство во Бруклин, откако застрелал најмалку пет лица во вторникот на преполната платформа на метрото во паркот Сансет. Не е познато каде е сега напаѓачот, но полициските единици во Њујорк трагаат по него. Полицијата на Њујорк на Твитер напиша дека „во моментов нема активни експлозивни направи“ на местото на инцидентот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovno-pukanje-vo-amerika-objaveni-voznemiruvachki-snimki-od-metroto-vo-njujork-kade-se-zastrelani-nekolkumina-foto-video/feed/ 0
Од сон станаа и се спакуваа – хаос во метрото во Киев, луѓето со солзи во очите очајно бараат да заминат од градот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-son-stanaa-i-se-spakuvaa-haos-vo-metroto-vo-kiev-lugjeto-so-solzi-vo-ochite-ochajno-baraat-da-zaminat-od-gradot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-son-stanaa-i-se-spakuvaa-haos-vo-metroto-vo-kiev-lugjeto-so-solzi-vo-ochite-ochajno-baraat-da-zaminat-od-gradot-foto/#respond Thu, 24 Feb 2022 07:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=635685

Откако утрово рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека одлучил Русија да покрене специјална воена операција во Донбас, социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа од уплашеното население. Метеж има насекаде, во метрото во Киев, на Аеродромот, низ улиците... Украинската војска соопшти дека денес одобрила пет руски авиони и еден хеликоптер во Лаганската област, а амбасадорите на НАТО ќе одржат вонредно заседание во текот на утрово, објавува Ројтерс. Инаку на социјалната мрежа Твитер од утрово се шират застрашувачки видеа и фотографии од гранатирањето во Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-son-stanaa-i-se-spakuvaa-haos-vo-metroto-vo-kiev-lugjeto-so-solzi-vo-ochite-ochajno-baraat-da-zaminat-od-gradot-foto/feed/ 0
ВИДЕО: Напад во метро во Токио, десетмина повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-napad-vo-metro-vo-tokio-desetmina-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-napad-vo-metro-vo-tokio-desetmina-povredeni/#respond Sat, 07 Aug 2021 07:25:33 +0000 https://kurir.mk/?p=547475

Најмалку десет луѓе се повредени вчера во воз во метро во Токио, кога засега неидентификуван маж ги нападнал патниците со нож, а потоа избегал. Еден од патниците е тешко повреден, а напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор. Некои од повредените се прободени со нож, а некои се повредиле при обидот да избегаат од напаѓачот. Осомничениот за нападот при бегството го оставил ножот во возот и мобилниот телефон, тврдат извори од истрагата, јавија јапонските медиуми. Тој доброволно се предал, откривајќи му на вработениот во една продавница што направил, кој веднаш повикал полиција. Напаѓачот, исто така, се обидел и да подметне пожар во вагонот, објави новинската агенција Кјодо. Триесет и шест годишниот маж истурил сончогледово масло во возот и се обидел да го запали. Подоцна, при неговото апсење, кај него биле пронајдени шише со масло и запалка. За време на сослушувањето во полиција, човекот го објаснил својот план со желба да убие. Според напаѓачот, тој го избрал возот бидејќи во затворен простор би имало повеќе жртви. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-napad-vo-metro-vo-tokio-desetmina-povredeni/feed/ 0
Расте бројот на загинати во несреќата во Мексико Сити https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-nesrekjata-vo-meksiko-siti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-nesrekjata-vo-meksiko-siti/#respond Tue, 04 May 2021 07:16:21 +0000 https://kurir.mk/?p=505132

Надвозник се урна во главниот град на Мексико во момент кога низ него минуваше метро. Има најмалку 20 загинати и над 70 повредени, јавија локалните медиуми. Засега не се познати причините за трагедијата. Инцидентот се случил на отворен дел од системот за брз транзит. Снимките за надзор покажуваат движење на автомобили и моментот на уривањето. Сообраќајот со метрото е запрен. На местото на трагедијата се упати и градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум. Речиси 5,5 милиони луѓе користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-nesrekjata-vo-meksiko-siti/feed/ 0
Научници предлагаат молчење во метро и јавен превоз поради ширење на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-predlagaat-molchenje-vo-metro-i-javen-prevoz-poradi-shirenje-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-predlagaat-molchenje-vo-metro-i-javen-prevoz-poradi-shirenje-na-koronavirusot/#respond Mon, 02 Nov 2020 07:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=423509

Научниците вработени во Шпанскиот национален совет за истражување (ЦСИК) препорачуваат луѓето да молчат во метро и јавниот превоз за да се спречи ширењето на коронавирусот. Тие го објаснија ова мислење со фактот дека податоците укажуваат оти оваа мерка значително ќе го намали ризикот од зараза. Со месеци експертите за епидемиологија и аеросоли ширум светот повикуваат на поостри мерки за спречување на ширење на коронавирусот низ воздухот, а покрај одржување растојание, хигиена и носење заштитни маски, се препорачува проветрување како една од клучните мерки за спречување на ширење на вирусот. Истражувачката на ЦСИЦ, Марија Круз Мунгијон, ја истакна важноста на проветрувањето, но исто така рече дека треба да се почитува друга мерка – молчење во јавниот превоз. – Би било идеално ако метрото иницира „постојана тишина“. Молчењето и добра соодветна маска го намалуваат ризикот. Ако зборувам на телефон или зборувам гласно затоа што е бучно во метрото, се емитуваат 50 пати повеќе аеросоли, истакна таа. Таа објасни дека оваа мерка е многу важна, бидејќи во метро нема вентилација и оти ако некој има вирус и се вози со метро, важно е воздухот да биде што помалку загаден. Исто така, истакнува дека оваа мерка треба да важи и за други видови јавен превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-predlagaat-molchenje-vo-metro-i-javen-prevoz-poradi-shirenje-na-koronavirusot/feed/ 0