мф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Mar 2023 11:29:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДЗР изразува резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-izrazuva-rezerva-za-vistinitosta-i-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mf-za-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-izrazuva-rezerva-za-vistinitosta-i-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mf-za-2021-godina/#respond Thu, 23 Mar 2023 11:29:45 +0000 https://kurir.mk/?p=815435

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за финансии за 2021 година. Од извршената ревизија на финансиските извештаи на МФ и ревизијата на усогласеност на сметката на основен буџет (631) за 2021 година, ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. - Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар, како и во делот на усогласување на фактички утврдената состојба со сметководствена евиденција на средствата. За утврдената состојба дадена е препорака до одговорните лица во МФ со цел преземање мерки за надминување, наведува ДЗР во резимето за ревизијата. Од извршената ревизија на финансиските извештаи на Министерство за финансии и ревизија на усогласеност на сметката на основен буџет (637) за 2021 година, исто така е изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, ревизорите констатирале дека е извршено осигурување на дел од недвижниот имот и опрема со кои располага МФ, земјиштето како и дел од објектите за кое МФ има стекнато право на трајно користење, не се сметководствено евидентирани, 35 објекти за кои Министерството има обезбедено имотни листови, сметководствено се евидентирани без вредност, поради необезбедена документација за утврдување на вредноста, пописот на средствата, побарувањата и обврските не е целосно извршен, а во дел од постапките за јавни набавки, предметот на набавка не е утврден како делив заради обезбедување на целосна конкуренција. Ревизорите истакнуваат дека постои потреба од усогласување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со поодделните закони кои го регулираат основањето на државни органи и институции и дека во тек е постапка на донесување Предлог закон за вработените во јавниот сектор во кој е утврдена висината на платата на посебните советници во одделните институции. Целосните извештаи од ревизијата се достапни линкот на страницата на ДЗР https://dzr.mk/mk/230323-revizija-na-usoglasenost-2022-ministerstvo-za-finansii.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-izrazuva-rezerva-za-vistinitosta-i-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mf-za-2021-godina/feed/ 0
МФ: Измени на Законот за финансиски друштва за заштита на граѓаните, се дефинира максималниот износ на трошоци за кредит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-izmeni-na-zakonot-za-finansiski-drushtva-za-zashtita-na-gragjanite-se-definira-maksimalniot-iznos-na-troshoci-za-kredit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-izmeni-na-zakonot-za-finansiski-drushtva-za-zashtita-na-gragjanite-se-definira-maksimalniot-iznos-na-troshoci-za-kredit/#respond Wed, 28 Dec 2022 08:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=781533

Поголема заштита на граѓаните, кои користат услуги на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва се дел од целите на измените на Законот за финансиските друштва, што ги предложи Министерството за финансии, а ги усвои Владата на последната седница. Со измените на Законот за финансиските друштва во насока на заштита на потрошувачите, кои се корисници на услугите од овие друштва, се утврдува максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот, се укинува можноста за земање кредит за затворање на претходно доспеан кредит во исто финансиско друштво, а се укинува и можноста трговските друштва кои поседуваат дозвола или лиценца согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри да можат да бидат кредитни посредници на финансиско друштво, односно да нудат кредитни производи. Предложените измени предвидуваат финансиското друштво да не може да склучи договор за потрошувачки  кредит, ако трошоците кои не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуват 60% од износот на одобрениот кредит. Надоместоците се однесуваат на сите трошоци што потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот, а кои произлегуваат или на било каков начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги. Исклучок од ова се трошоците настанати во постапка за извршување и законската казнена камата. Финансиското друштво ќе има обврска задолжително транспарентно и јавно да го објави тарифникот со надоместоците на својата интернет страница или да го истакне на видливо место во своите работни простории. Со новиот предлог закон, финансиските друштва ќе треба да воспостават систем за управување со кредитен ризик, кој се однесува на загуба на финансиското друштво поради неможност клиентот да ги намирува своите обврски во договорениот износ или рокови. Законот го зајакнува и надзорот врз работењето на финансиските друштва, по примерот на останатите регулатори (како на пример Народната банка и Комисијата за хартии од вредност), а за што ќе биде пропишан и донесен посебен правилник. Исто така, предвидени се и глоби од 8.000 до 10.000 евра за непочитување на законските одредби. Дополнително,  измените се и во насока на зајакнување на  регулаторната рамка за работење на финансиските друштва на пазарот во Република Македонија, а во насока финансиските друштва да претставуваат сериозни финансиски институции кои нудат алтернатива на банакарското работење, а не само друштва кои нудат краткорочни кредити на населението. Позначајни промени во оваа насока се зголемување на износот на основната главнина за основање на финансиското друштво од 100.000 евра на 500.000 евра, при што таа не може да биде обезбедена од заеми или кредити,  да има најмалку двајца вработени, управителот да биде вработен во финансиското друштво и да поседува репутација. Законските измени пропишуваат дека дозволата ќе му биде одземена на финансиското друштво ако во рок од една година му се изречат две мерки, односно глоба или привремена забрана за вршење активност. Со законските измени се доуредува и финансиската активност – факторинг. Измените на Законот произлегоа од потребата за зајакнување на регулаторните барања и стандарди кои треба да ги исполнуваат финансиските друштва, чиј број  значително се зголеми, а се зголеми и бројот на корисници на потрошувачките кредити што тие ги издаваат.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-izmeni-na-zakonot-za-finansiski-drushtva-za-zashtita-na-gragjanite-se-definira-maksimalniot-iznos-na-troshoci-za-kredit/feed/ 0
МФ апелира да се усвојат измените на Законот за игри на среќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-apelira-da-se-usvojat-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-apelira-da-se-usvojat-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja/#respond Thu, 29 Sep 2022 08:19:46 +0000 https://kurir.mk/?p=738888

Собранието што побрзо да ги усвои измените на Законот за приредување игри на среќа со кои ќе се обезбеди 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училиштата, апелираат од Министерството за финансии, на чиј предлог од јуни лани законот е во собраниска процедура и чека расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет. – Измените и дополнувањата на Законот за игри на среќа и за забавни игри, кој е подготвен од Министерството за финансии, е повеќе од една година испратен во Собранието на РСМ и е во собраниска процедура, во прво читање. Односно во јуни 2021 година е испратен во Собранието, а на дневен ред на седница на Комисијата за финансирање и буџет, како матично работно тело, беше ставен на разгледување на 34-тата седница закажана за 9 февруари 2022 година, на истата не се изгласа ниту дневниот ред. Оттогаш не е закажано ново продолжение на седницата за да може да се разгледа ова законско решение кое е насочено пред се да ја заштити малолетната популација од стекнување несоодветни навики, велат за МИА од Министерството за финансии. Новото законско решение, како што објаснуваат, предвидува оддалеченост на објектите во кои се приредуваат игри на среќа и забавни игри да биде најмалку 500 метри од образовни институции, подигнување на критериуми и услови за добивање лиценца и значително зголемување на давачките за приредувачите на игри на среќа и забавни игри. Исто така, со цел да се оневозможи лесниот пристап на малолетните лица со Законот се предлага и воведување ограничување на бројот на уплатно-исплатни места на обложувалниците, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца, како и воведување надомест за секое ново уплатно-исплатно место, односно деловна просторија за автомат клуб. – Оттука, може да истакнеме, дека апелираме до законодавната власт за побрзо донесување на ова законско решение, но од друга страна апелираме и до приредувачите на игри на среќа и забавни игри да не поднесуваат барање за отварање уплатно-исплатни места на игри на среќа во близина на образовни институции, затоа што со донесувањето на новото законско решение истите ќе треба да се затворат, посочуваат од Министерството за финансии. Од Комисијата за финансирање нема најава за одржувањето на седницата, но посочуваат на тоа дека за Предлог законот, ќе се постапува согласно со собранискиот Деловник, а откако ќе бидат исцрпени двете точки што се на дневен ред на комисиската седница. Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојановски за МИА изјави дека Предлог законот е трета точка на дневен ред на Комисијата. -Согласно со Деловникот на таа Комисија е закажана седница со три точки: Првата е Предлог финансикиот план на Агенцијата за супревизија на осигурувањето, втората се Предлог измените на Законот за ДДВ, а третата Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа. Согласно Деловникот мора да ја испочитуваме листата на пријавени за првата точка, а од вкупно 30 поминат е само еден пријавен. Потоа ќе следи широка дебата за измени на Закон за ДДВ за кои ги немаше потребните консултациии, изјави Стојановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-apelira-da-se-usvojat-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-srekja/feed/ 0
МФ: Јавниот долг заклучно со 31 декември е 60,9 отсто од БДП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-javniot-dolg-zakluchno-so-31-dekemvri-e-60-9-otsto-od-bdp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-javniot-dolg-zakluchno-so-31-dekemvri-e-60-9-otsto-od-bdp/#respond Mon, 31 Jan 2022 16:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=625110

Јавниот долг заклучно со 31.12.2021 година изнесува 60,9 отсто од БДП, соопшти денеска Министерството за финансии. Според Министерството, јавниот долг се менаџира и се одржува на стиблно ниво и на крајот на 2021 година е понизок за 0,1 процентен поен во однос на 2020 година. -Јавниот долг се одржува на стабилно ниво. И во услови на здравствена криза која трае во последните две години, а последниот квартал на 2021 година се соочуваме и со енергетска криза, со политиките и мерките што ги преземаме нивото на јавниот долг на крајот на 2021 година забележа намалување во споредба со нивото на јавниот долг на крајот на 2020 година. На крајот на 2021 година јавниот долг забележа намалување од 0,1 процентен поен во споредба со состојбата на јавниот долг на крајот на 2020 година, додека во третиот квартал имаше намалување од 3,8 процентни поени во однос на претходниот квартал. Остануваме на определбата јавниот долг да го позиционираме под Мастришкиот критериум од 60 отсто од БДП, така што согласно проекциите со Стратегијата за управување со јавниот долг во 2026 година тој треба да се намали на ниво од 57,7 отсто од БДП, наведува Министерството. Министерството за финансии ги објавува податоците за јавниот долг на квартално ниво, додека за државниот долг на месечно ниво. Според последните податоци државниот долг на 31.12.2021 година е на ниво од 51,9 проценти од БДП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mf-javniot-dolg-zakluchno-so-31-dekemvri-e-60-9-otsto-od-bdp/feed/ 0