Мице Јанкуловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Apr 2023 10:18:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мице Јанкуловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изложба „Најцрната црна“ на Мице Јанкуловски во галеријата „Остен“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozhba-najtsrnata-tsrna-na-mitse-jankulovski-vo-galerijata-osten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozhba-najtsrnata-tsrna-na-mitse-jankulovski-vo-galerijata-osten/#respond Mon, 24 Apr 2023 10:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=826907

Од 20 април до 4 мај во галеријата „Остен“ е поставена самостојна изложба на слики (карбон на платно) од Мице Јанкуловски, насловена „Најцрната црна“. Уметникот подолго време работи слики во големи формати со црна боја, а од минатата година почна да слика со карбон црна боја (најцрната црна) и сликите од оваа негова најнова фаза ги претстави премиерно на изложби во Њујорк. Во декември 2022, црните слики од циклусот „Најцрно црно“ / „Blackest black“ на Јанкуловски беа премиерно поставени во галериите Артефактс и МЦ Галерија во Њујорк. -Станаа дел од светската уметничка сцена одразувајќи ги сите контроверзии и дубиози, но и сета привлечност, заводливост и убавина на фасцинантниот спектакл кој се вика современа ликовна уметност денес, наведува „Остен“. Уметникот Емил Алексиев во освртот кон изложбата на Јанкуловски наведува дека станува збор за користење боја која ја апсорбира речиси сета светлина. -Сликите на Јанкуловски се црни. Тука се работи за процес во нашето око, предизвикан од прелевањето на црните тонови и нивна интеракција, а не за нешто што може да се наслика и што постои пред самиот чин на сликање... Пред овие слики имате впечаток дека стоите пред бескрајната и бесконечна Вселена од чија длабока темнина допира до вас светлината на одамна мртвите ѕвезди. Чувството е возвишено и застрашувачко, посочува Алексиев. Додава дека воопшто не е случајно премиерното пертставување и големиот интерес на овој циклус слики на Мице Јанкуловски токму во Њујорк. -Овие слики и припаѓаат на американската њујоршка школа и можат да се поврзат со црните слики на некои од најзначајните американски уметници како што се Роберт Раушенберг (1925-2008), Ед Рајнхард (1913-1967), Марк Ротко (1903-1970) и Френк Стела (1936), и на се уште актуелната традиција на американскиот апстрактен експресионизам од педесеттите и шеесеттите години од минатиот век кога Њујорк го победи Париз како светско средиште на модерната уметност, додава Алексиев во освртот кон изложбата на Јанкуловски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozhba-najtsrnata-tsrna-na-mitse-jankulovski-vo-galerijata-osten/feed/ 0
„Најцрната црна“ – самостојна изложба на слики на Мице Јанкуловски во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najcrnata-crna-samostojna-izlozba-na-sliki-na-mice-jankulovski-vo-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najcrnata-crna-samostojna-izlozba-na-sliki-na-mice-jankulovski-vo-njujork/#respond Fri, 16 Dec 2022 07:23:47 +0000 https://kurir.mk/?p=776358

Во галеријата МЦ во Њујорк синоќа е отворена самостојната изложба на слики на Мице Јанкуловски „Најцрната црна“. На изложбата се претставени слики од најновата продукција на Јанкуловски кој слика со најцрната боја – карбонот, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски се претстави пред публиката во Њујорк со поставка од слики со геометриска апстракција од карбон на платно и акрил на платно. Ова е втората од двете изложби на уметникот во декември 2022 во Њујорк. Првата изложба беше отворена во Галеријата Артифакт на 7 декември 2022 година. Корнелија Конеска, куратор на изложбата нагласува дека во уметнички живот на Јанкуловски, постојаното движење од една во друга боја и од една во друга форма доведе до голема пресвртница во неговата уметничка продукција – да се ослободи од боите (слика со специјално произведен црн пигмент, а неодамна со карбон – најцрната воопшто позната боја откриена со новите нано-технологии), но и од четките. Во процесот на создавање, авторот користи разни алатки, гребла, чешли, прсти,… со кои интервенира врз дебелите слоеви на црната боја на платната… и тоа, вели таа, резултира со фантастични, многу специфични структури каде што светлината е составен дел од сликата, а тоа стана и негов уметнички белег. Историчарот на уметност и писател Емил Алексиев, е автор на текстот за изложбите насловен „Црно сликарство“ за уметничкото дело на Јанкуловски. -Пред црните слики на Мице Јанкуловски стоиме пред бескрајното црно море. Тоа е морето што го опкружува светот. Последното море на крајот на светот. Крај на познатото и видливото. Почеток на непознатото и невидливото. Застрашувачко место каде длабоките темни води на несвесното бледнеат во темнината на непостоењето. Црно и црно. Простор во кој престануваат да важат законите на светот и каде владее не-вид. Тоа е темнината зад границата на видливото, надвор од хоризонтот на настаните. Крајот на вселената и нејзиниот почеток. Тука сè завршува и сè започнува .., наведува Алексиев кој е исто така и куратор на изложбата на Јанкуловски. Мице Јанкуловски како уметник во своето творештво е посветен на истражувањето во сликарството и цртежот, додека со децении е јавно присутен преку повеќе уметнички дисциплини како сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми… Неговата биографија содржи повеќе од шеесет самостојни изложби во земјата и во странство и забележителни презентации на значајни меѓународни изложби и манифестации. Јанкуловски е овогодишен добитник на највисоката државна награда за животно остварување „11 Октомври“ за уметност и е еден од најуспешните македонски уметници со меѓународна кариера. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/najcrnata-crna-samostojna-izlozba-na-sliki-na-mice-jankulovski-vo-njujork/feed/ 0
Изложба „Форми во црно” од Јанкуловски во НУЦК „ Марко Цепенков“ во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-formi-vo-crno-od-jankulovski-vo-nuck-marko-cepenkov-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-formi-vo-crno-od-jankulovski-vo-nuck-marko-cepenkov-vo-prilep/#respond Fri, 30 Aug 2019 06:11:45 +0000 https://kurir.mk/?p=234875

Во ликовната галерија на НУЦК „ Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложбата „Форми во црно” на авторот Мице Јанкуловски во рамките на која ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно од неговата најнова продукција „-Форма 3“. За „-Форма 3“ Јанкуловски ја доби наградата за животно остварување „Лоренцо ИлМагнифико“ на Биеналето Фиренца 2019, Италија, наградата „Уметник на светот“ на Биеналето Ларнака 2018, Кипар и „Гран при“ на Меѓународното биенале за графика Варна 2017, Бугарија. Јанкуловски годинава одбележува 50 години уметничко творештво и докрајот на годината ќе има и самостојни изложби во Торино, Италија, Санкт Петербург, Русија и Солун, Грција. Јанкуловски е роден 1954 година во Сливово, Охрид. Живее и работи во Скопје. Неговата изложба во Прилеп ќе биде отворена за јавноста до 5 септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izlozba-formi-vo-crno-od-jankulovski-vo-nuck-marko-cepenkov-vo-prilep/feed/ 0
Мице Јанкуловски добитник на наградата Уметник на светот на Биеналето Ларнака 2018 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mice-jankulovski-dobitnik-na-nagradata-umetnik-na-svetot-na-bienaleto-larnaka-2018/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mice-jankulovski-dobitnik-na-nagradata-umetnik-na-svetot-na-bienaleto-larnaka-2018/#respond Sat, 01 Dec 2018 10:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=134463

На македонскиот сликар и карикатурист Мице Јанкуловски синоќа во просториите на Градската галерија на Ларнака, Кипар, во рамки на Биеналето Ларнака 2018, му е доделена наградата Уметник на светот. Јанкуловски на Биеналето Ларнака 2018 се претстави со делото „Форми од Венеција“ 2017, полиптих од 5 дела, сериграфија со примена на фрок. Делото е куратирано од Енцо ди Мартино и печатено во графичкото студио Фалани, Венеција.
Годинашното издание на Биеналето Ларнака се одржа од 17 октомври до 30 ноември. Целта на оваа културна манифестација е да ги претстави уметниците од цел свет со дела со висок кавалитет и професионализам.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mice-jankulovski-dobitnik-na-nagradata-umetnik-na-svetot-na-bienaleto-larnaka-2018/feed/ 0