Мицевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 May 2020 20:27:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мицевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе донира средства од платите на пратениците за справување со корона кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-kje-donira-sredstva-od-platite-na-pratenicite-za-spravuvanje-so-korona-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-kje-donira-sredstva-od-platite-na-pratenicite-za-spravuvanje-so-korona-krizata/#respond Thu, 07 May 2020 20:27:01 +0000 https://kurir.mk/?p=343264

Ние како пратеничка група дел од средствата, примањата на пратениците ќе ги донираме за справување со корона кризата, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21. -Гледаме што се случува и сакаме да помогнеме. Помагавме и претходно за клучни работи, ќе помогнеме и сега и ќе ги донираме парите за справување со последиците. Но и апелираме до владата дека тоа не се пари за неа, туку за оние на кои им е најпотребна, посочи Мицевски. Според него парите кои се донираат мора да бидат транспарентно потрошени. -Владата мора тие пари да ги дава на оние на кои помош им е потребна, а потребна е меѓудругото на медицинските лица кои немаат доволно и соодветна опрема, тука е и полицијата, армијата. Потребна е пред се на оние кои се на првата линија за справување со кризата, рече Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-kje-donira-sredstva-od-platite-na-pratenicite-za-spravuvanje-so-korona-krizata/feed/ 0
Мицевски: Единствената цел на Законот за ЈО е СДСМ да не одговара за криминалите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-edinstvenata-cel-na-zakonot-za-jo-e-sdsm-da-ne-odgovara-za-kriminalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-edinstvenata-cel-na-zakonot-za-jo-e-sdsm-da-ne-odgovara-za-kriminalite/#respond Fri, 14 Feb 2020 20:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=304192

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во вклучувањето на телевизија 24 истакна дека единствената цел на Законот за јавно обвинителство е СДСМ, односно власта да се заштити од кривичните дела кои ги стори изминатите три години. Тој посочи дека во Собранието беше организирана јавна дебата токму за Законот, а правните експерти имаа низа забелешки за законот, но власта не прифати ниту една од забелешките. -Во процедура имаме закон за јавно обвинителство за кој што имаше јавна расправа и од чија што јавна расправа не беа прифатени забелешките на експертите од оваа област. Се пушти законот во кратка постапка со одложено дејство за 4 ипол месеци. Навистина не гледам причина зошто тоа би се направило доколку не ја имаме едната и единствена причина, обид на власта за бегство односно за заштита со законот за јавно обвинителство и неможност за одговарање од одредени кривични дела кои што оваа власт изминативе три години ги има направено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-edinstvenata-cel-na-zakonot-za-jo-e-sdsm-da-ne-odgovara-za-kriminalite/feed/ 0
Мицевски: Овие предлози се неделовнички, ако не ги вратите назад во Владата учествувате во кршењето на Деловникот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-ovie-predlozi-se-nedelovnichki-ako-ne-gi-vratite-nazad-vo-vladata-uchestvuvate-vo-krshenjeto-na-delovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-ovie-predlozi-se-nedelovnichki-ako-ne-gi-vratite-nazad-vo-vladata-uchestvuvate-vo-krshenjeto-na-delovnikot/#respond Mon, 10 Feb 2020 22:12:16 +0000 https://kurir.mk/?p=302095

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната Собраниска седница која се одложуваше повеќе часа, а на која треба да се гласа за новиот Закон за јавно обвинителство истакна дека Талат Џафери учествува во кршењето на Деловникот на Собранието бидејќи одлука од Владата нема, а седницата на Собранието е закажана. -Почитуван господине Џафери вие треба да го вратите овој материјал бидејќи на седницата на Владата нема одлука за повлекување и одлука за доставување на нов материјал во Собранието на Република Македонија. Врз основа на ова предлозите се неделовнички и соогласно деловникот имате обрска и право да го вратите предлогот на Законот за јавно обвинителство и советот на јавни обвинители до Владата и Владата откако на седница ќе го помине соогласно деловникот на Владата да ви ги достави предложените закони за да може вие да закажете седница. Вака господине Џафери учествувате во кршењето на Деловникот на Собранието, бидејќи одлука немаме, а седницата е закажана, вели Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-ovie-predlozi-se-nedelovnichki-ako-ne-gi-vratite-nazad-vo-vladata-uchestvuvate-vo-krshenjeto-na-delovnikot/feed/ 0
Мицевски: Нашиот став за Законот за одбрана е јасен и непроменет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-nashiot-stav-za-zakonot-za-odbrana-e-jasen-i-nepromenet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-nashiot-stav-za-zakonot-za-odbrana-e-jasen-i-nepromenet/#respond Fri, 24 Jan 2020 14:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=294242

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска истакна дека нивниот став во однос на членството на НАТО и Законот за одбрана е непроменет и јасен. – Не можеме да прифатиме обезличување на Армијата на Република Македонија, нешто што никој не го бара од нас. Впрочем поради таа работа ние поднесовме идентичен закон, тој што е отфрлен од страна на власта и во кој што единствена разлика беше непромената на името на Република Македонија, рече Мицевски, како одговор на прес-конференцијата на пратеникот Хари Локвенец од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ, потсети тој, ниту го поддржа Преспанскиот договор, ниту ги гласаше уставните измени, па така нема да гласа ниту за промена на името на Армијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-nashiot-stav-za-zakonot-za-odbrana-e-jasen-i-nepromenet/feed/ 0