мицотакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мицотакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски, Вучиќ, Пленковиќ, Абазовиќ, Курти и Мицотакис на работен појадок на Економскиот форум во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/#respond Wed, 25 May 2022 11:55:14 +0000 https://kurir.mk/?p=681351

Важноста на стабилноста на Западен Балкан и важноста на стабилно и безбедно снабдување со енергија на регионот, биле истакнати на работниот појадок на Светскиот економски форум во Давос, на кој присуствувале претседателите на Северна Македонија и Србија и премиерите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Косово, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Додаваат дека за енергетиката Грција може да игра уште поважна улога, благодарение на развојот на клучните инфраструктури за енергетското снабдување. На работниот појадок посветен на Западен Балкан на маргините на форумот, меѓу другите, присуствувале претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Србија Александар Вучиќ, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и косовскиот премиер Албин Курти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pendarovski-vuchikj-plenkovikj-abazovikj-kurti-i-micotakis-na-raboten-pojadok-na-ekonomskiot-forum-vo-davos/feed/ 0
Мицотакис ќе се вакцинира првиот ден кога вакцината ќе биде достапна во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-kje-se-vakcinira-prviot-den-koga-vakcinata-kje-bide-dostapna-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-kje-se-vakcinira-prviot-den-koga-vakcinata-kje-bide-dostapna-vo-grcija/#respond Mon, 21 Dec 2020 13:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=446246

Лично јас, како што се обврзав, ќе се вакцинирам на првиот ден кога вакцината ќе биде достапна во Грција, ако сè биде во ред, на 27 декември, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека вакцината е „најголемиот извор на оптимизам“ и ако се задржат европските временски рокови, првите дози во Грција ќе пристигнат на 26 декември, а ден подоцна да започне вакцинацијата. -Најважно е да ги убедиме нашите сограѓани дека треба да се вакцинираат, дека вакцината е безбедна и ефикасна, од моментот кога е одобрена од сите надлежни тела, кои се одговорни за лиценцирање на вакви производи. А секако личната симболика на секој од нас, има свое посебно значење. Јас лично, како што се обврзав, ќе се вакцинирам првиот ден кога вакцината ќе биде достапна во Грција, ако се биде во ред, на 27 декември, рече Мицотакис. Грчката претседателка рече дека периодот е особено тежок, но позитивно е тоа што „се гледа светло на крајот од тешкиот пат“. -Можеби сите сме под голем притисок, а некои повеќе од другите, но наскоро ќе имаме позитивен резултат. Ова е многу важно и се надевам дека сите ќе ги разберат важноста и значењето на вакцинацијата, истакна претседателката на Грција. На почетокот од средбата, Сакеларопулу и Мицотакис се осврнаа и на претстојните празници и потребата да се прослават во потесниот круг на семејството, без големи собири. Грчкиот премиер рече дека во овој момент, најголема загриженост предизвикуваат собирите во домовите, но изрази надеж дека граѓаните ќе се придржуваат до мерките и препораките. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-kje-se-vakcinira-prviot-den-koga-vakcinata-kje-bide-dostapna-vo-grcija/feed/ 0
Мицотакис: На 26 декември првите вакцини во Грција, ден подоцна вакцинација во пет болници во Атина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-na-26-dekemvri-prvite-vakcini-vo-grcija-den-podocna-vakcinacija-vo-pet-bolnici-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-na-26-dekemvri-prvite-vakcini-vo-grcija-den-podocna-vakcinacija-vo-pet-bolnici-vo-atina/#respond Fri, 18 Dec 2020 10:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=445145

Оценуваме дека првите пратки од вакцината во нашата земја ќе стигнат на 26 декември и од следниот ден, од 27 декември дека ќе може да почнеме со првите вакцинации во пет болници во Атина, а веднаш потоа и во Солун, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од работниот состанок за националниот план за вакцинација и откри дека први ќе се вакцинираат една медицинска сестра и еден повозрасен граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објасни дека согласно препораките од Националната комисија за вакцинација, ќе има строг приоритет во однос на тоа кои граѓани ќе бидат вакцинирани први. Здравствените работници се први на листата, заедно со лицата згрижени во Домовите за стари лица, потоа ќе следат граѓаните над 65 години, кои според Мицотакис се околу 2,4 милиони. Грчкиот премиер повтори дека лидерите на политичките партии и политичарите ќе бидат меѓу првите кои ќе се вакцинираат „за на тој начин да ја покажат доверба во науката“, но и истакна дека со почетокот на вакцинацијата, нема да заврши пандемијата и уште еднаш упати апел до граѓаните, особено за празниците, да бидат двојно повнимателни и да ги почитуваат мерките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-na-26-dekemvri-prvite-vakcini-vo-grcija-den-podocna-vakcinacija-vo-pet-bolnici-vo-atina/feed/ 0
Мицотакис: Процените се дека првите вакцини во Грција ќе пристигнат пред крајот на годината https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-procenite-se-deka-prvite-vakcini-vo-grcija-kje-pristignat-pred-krajot-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-procenite-se-deka-prvite-vakcini-vo-grcija-kje-pristignat-pred-krajot-na-godinata/#respond Mon, 30 Nov 2020 14:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=436361

Процените се дека првите вакцини, откако ќе бидат одобрени од надлежните европски организации, ќе пристигнат во Грција пред крајот на годината, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина. Уште еднаш повтори дека вакцината ќе биде бесплатна за сите и нема да биде задолжителна, а ќе постои кампања за информирање на јавноста за потребата што повеќе граѓани да се вакцвинираат. Говорејќи за актуелната ситуација со пандемијата во земјата, Мицотакис рече дека има мало подобрување, со намален број нови случаи и постепено намалување на притисокот врз здравствениот систем во северна Грција, но потенцираше дека сепак претстојат тешки денови, со оглед на тоа дека набргу ќе започне дискусија за начинот на олабавување на строгите рестрикции. -Сакам уште еднаш да истакнам дека не треба да зборуваме со датуми, треба да говориме со податоци. Тие ја одредуваат нашата политика. Најважниот податок што треба да го оцениме во овие околности се можностите на Националниот здравствен систем. Според тоа, морам да истакнам дека треба да бидеме многу внимателни во одлуките што треба да ги донесеме, земајќи ги предвид препораките на експертите. Можеби патот ќе биде побавен, но ќе биде посигурен и побезбеден, порача Мицотакис и уште еднаш повтори дека индивидуалната одговорност е должност на сите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-procenite-se-deka-prvite-vakcini-vo-grcija-kje-pristignat-pred-krajot-na-godinata/feed/ 0
Мицотакис: Почетокот на контакти со Турција е охрабрувачки чекор во правилна насока https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-pochetokot-na-kontakti-so-turcija-e-ohrabruvachki-chekor-vo-pravilna-nasoka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-pochetokot-na-kontakti-so-turcija-e-ohrabruvachki-chekor-vo-pravilna-nasoka/#respond Fri, 09 Oct 2020 09:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=414292

Почетокот на прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција е охрабрувачки чекот во правилна насока, преферираме да ѝ дадеме шанса на дипломатија за да најдеме взаемно прифатливо решение, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за француски „Ле фигаро“, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за односите со Турција, Мицотакис вели дека постојат два патишта, едниот на дијалог и дипломатија врз база на меѓународното право, а вториот на ескалација и тензии, кој „неизбежно ќе доведе до мерки од Европа за Турција“. -Грција како и ЕУ, посакуваат подобрување на односите со Турција, но правилата се тука за да ги почитуваме. За време на последниот Самит на ЕУ, беа поставени за разгледување клучни прашања во врска со односите со Турција, како што се царинската унија и управувањето со миграциските бранови. И беше јасно ставено на знаење дека ако продолжи да дејствува еднострано и агресивно, ќе се соочи со последици, вели Мицотакис, објаснувајќи дека се очекува набргу да започнат прелиминарните контакти меѓу двете земји и не ја исклучи можноста за средба со турскиот претседател, иако во овој момент не е планирано такво нешто. Во однос на завчерашната одлука на атинскиот суд за Златна зора, грчкиот премиер коментира дека тоа е „вистинска победа за демократијата“ и се затвора „една мрачна епизода во јавниот живот на земјата“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-pochetokot-na-kontakti-so-turcija-e-ohrabruvachki-chekor-vo-pravilna-nasoka/feed/ 0
Оставка на советникот за национална безбедност на Мицотакис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ostavka-na-sovetnikot-za-nacionalna-bezbednost-na-micotakis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ostavka-na-sovetnikot-za-nacionalna-bezbednost-na-micotakis/#respond Thu, 20 Aug 2020 06:55:04 +0000 https://kurir.mk/?p=392911

Советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Александрос Диакопулос, си поднесе оставка, поради, како што вели „изјавата што предизвика забуна и создаде проблем за премиерот и Владата“, што во никој случај не било негова намера, јави дописничката на МИА од Атина. Диакопулос во понеделникот, за време на гостувањето во емисија на телевизијата „Open“ рече дека турскиот број „Оруч рејс“, извршил истражувања во Источниот Медитеран, но додавајќи дека „прашањето е сложено“. Оваа изјава беше спротивна од ставот на официјална Атина дека „Оруч рејс“ не започнал истражувања во рамиите на издадената навигациска информација (Navtex), која Грција смета дека е нелегална и опфаќа дел од нејзиниот континентален гребен. Кусо подоцна, советникот за национална безбедност на Мицотакис излезе со писмена изјава во која објасни дека во утринското интервју сакал да каже дека Турција се обидела да изврши, а не дека извршила. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на неговиот советник за национална безбедност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ostavka-na-sovetnikot-za-nacionalna-bezbednost-na-micotakis/feed/ 0
Мицотакис: Ниту една провокација нема да остане неодговорена https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-nitu-edna-provokacija-nema-da-ostane-neodgovorena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-nitu-edna-provokacija-nema-da-ostane-neodgovorena/#respond Wed, 12 Aug 2020 16:43:43 +0000 https://kurir.mk/?p=389907

Нашата татковина не се заканува, но и не се уценува, токму затоа и не потпаѓа под закани и уцени. Но, ниту пак толерира провокативни активности, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до граѓаните во однос на последните случувања во односите со Турција и додаде дека „ниту една провокација нема да остане неодговорена“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис истакна дека Грција е подговена за дијалог и не се плаши дури ни од најтешкиот дијалог, но не прифаќа „дијалог со провокации и во тензична клима“. Тој во пораката до граѓаните наведе дека „милитаризирањето од страна на Турција претставува признавање на непостоењето на силни правни позиции“ и додава дека на распоредувањето на турската флота, Грција одговорила со својата флота, но и „поставувајќи ги во готовност вооружените сили“. -Сите нека знаат: Опасноста од несреќа демне кога толку воени сили се концентрирани на ограничен простор, а одговорноста во таков случај ќе ја има оној кој ги предизвикува овие околности, посочи грчкиот премиер. Тој се осврна и на дипломатските активности на земјата, односно како што рече, ги информираат прјателските земји и меѓународната јавност и Грција не е сама во напорите, а како пример го спомена вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ -Одново истакнувам. Одговараме, не провоцираме. И со сериозност се надеваме, конечно да надвладее логиката кај нашата соседна земја за да може да се започне добронамерен дијалог. Базиран на меѓународното право и меѓусебно почитување за спорот што е предмет на дискусија, порача Мицотакис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-nitu-edna-provokacija-nema-da-ostane-neodgovorena/feed/ 0
Мицотакис: Направивме најдобра можна подготовка за туристичката сезона https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/micotakis-napravivme-najdobra-mozna-podgotovka-za-turistichkata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/micotakis-napravivme-najdobra-mozna-podgotovka-za-turistichkata-sezona/#respond Tue, 30 Jun 2020 13:09:35 +0000 https://kurir.mk/?p=365875

Направивме најдобра можна подготовка, нема отстапки во прашањата поврзани со безбедноста и јавното здравје, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната владина седница, говорејќи за почетокот на туристичката сезона. На безбедноста на граѓаните и заштитата на јавното здравје се задржа и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај’’. Тој рече дека се преземени сите неопходни мерки за да може земјата да ја гарантира безбедноста и на туристите и на локалното население, но и на туристичките работници. -За нас, од стратешка важност се и економијата и туризмот, но секогаш со главен приоритет здравјето, јавното здравје, безбедноста на граѓаните. Ова е динамичен начин како ќе одиме напред, ќе тестираме, ќе собираме податоци, рече Кикиљас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/micotakis-napravivme-najdobra-mozna-podgotovka-za-turistichkata-sezona/feed/ 0
Мицотакис: Не нудиме само убавини, туку и безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-ne-nudime-samo-ubavini-tuku-i-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-ne-nudime-samo-ubavini-tuku-i-bezbednost/#respond Thu, 25 Jun 2020 15:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=362996

Одбравме внимателен рестарт, нешто што секако ја зголемува одговорноста на сите нас, на државата, на владата, на локалната самоуправа, но и на сите луѓе во туризмот, не поседуваме само убавини, туку и безбедност, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на годишното собрание на Здружението на грчките туристички бизниси, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека првата жртва на вирусот е туризмот и истакна дека сите се свесни за суровата реалност дека „голем дел од годинешниот туристички бран е изгубен“. Се осврна и на тестирањата што по случаен избор се вршат на аеродромите во Солун и Атина, велејќи дека во изминатите денови, позитивни на Ковид-19 биле околу еден од 1.000 патници, а сите случаи биле асимптоматски. -Овој тренд, во последните денови се намалува. Ова не прави да се чувствуваме побезбедни, бидејќи како што ќе ги отвориме нашите граници за посетителите од Европа, ќе се намалува текот на епидемијата во земјите од кои ќе дојдат првите групи посетители и многу многу мал процент на луѓе позитивни на коронавирусот ќе дојдат во нашата, рече Мицотакис. Грчкиот премиер потсети дека како за транспортот, така и за хотелите постојат посебни здравствени протоколи, како и хотели – карантин наменети за евентуалните позитивни случаи. Во однос на собите карантин во хотелите, Мицотакис објасни дека тоа не важи за малите туристички објекти, бидејќи веќе ќе постојат хотели карантин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-ne-nudime-samo-ubavini-tuku-i-bezbednost/feed/ 0
Мицотакис и Мишел разговарале за односите меѓу Турција и ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-i-mishel-razgovarale-za-odnosite-megju-turcija-i-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-i-mishel-razgovarale-za-odnosite-megju-turcija-i-eu/#respond Thu, 25 Jun 2020 13:05:43 +0000 https://kurir.mk/?p=362812

Односите меѓу ЕУ и Турција и подготовката за вонредниот Самит на ЕУ на 17 и 18 јули 2020 година на кој главната тема ќе биде Фондот за закрепнување, биле во фокусот на разговорите меѓу претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба преку видеоконференција, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека станало збор и за односите меѓу Европа и Турција, како и за прекршувањата на Турција во источниот Медитеран.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-i-mishel-razgovarale-za-odnosite-megju-turcija-i-eu/feed/ 0