Мигел Дијас  Канел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 May 2018 13:32:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мигел Дијас  Канел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кастро и Дијас-Канел за прв пат во јавност на парада во Хавана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kastro-i-dijas-kanel-za-prv-pat-vo-javnost-na-parada-vo-havana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kastro-i-dijas-kanel-za-prv-pat-vo-javnost-na-parada-vo-havana/#respond Wed, 02 May 2018 13:32:08 +0000 https://kurir.mk/?p=48789

Лидерот на Комунистичката партија на Куба, Раул Кастро и неодамна избраниот претседател на државата, Мигел Дијас-Канел ја предводеа парадата за 1 мај во Хавана. Тие за прв пат се појавија заедно во јавност со обид да покажат континуитет и единство на оваа островска држава, пренесува Ројтерс. -Ова се луѓе на Фидел и Раул, а денес и на Дијас-Канел, рече официјалниот спикер на парадата. На плоштадот на Револуцијата се собраа повеќе стотици илјади луѓе од кои многумина носеа постери со ликот на покојниот Фидел Кастро. Кастро и Дијас-Канел заедно се качија на бина на која беа и други лидери на младите генерации вклучувајќи го и министерот за надворешни работи, Бруно Родригес и потпретседателот Мерседес Лопес Ачеа. Дијас-Канел на 19 април беше избран за наследник на Раул Кастро кој заедно со својот брат беше на чело на Куба шест децении, а кубанските лидери настојуваат да истакнат континуитет и единство на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kastro-i-dijas-kanel-za-prv-pat-vo-javnost-na-parada-vo-havana/feed/ 0
Крај на ерата на Кастро: Новиот претседател е роден за време на левичарската револуција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-erata-na-kastro-noviot-pretsedatel-e-roden-za-vreme-na-levicharskata-revolucija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-erata-na-kastro-noviot-pretsedatel-e-roden-za-vreme-na-levicharskata-revolucija/#respond Thu, 19 Apr 2018 14:16:55 +0000 https://kurir.mk/?p=43204

Мигел Дијас  Канел стана нов лидер на Куба. Неговото доаѓање на власт означува и крај на една ера во комунстичка Куба. Откако се повлече, претседателот Раул Кастро власта ја предаде на својата десна рака, Мигел Дијас Канел, кој е роден во 1959, во годината кога Фидел и Раул ја направија левичарската револуција на островот. Според Ројтерс, без оглед на оваа промена, по 60 години власт на браќата Кастро, не може да се очекува таа да направи реформи во кубанската економија под контрола на државата и еднопартискиот систем, како еден од последните во светот. Кубанската влада вчера го номинираше првиот потпретседател Дијас-Накел како единствен кандидат за претседател, со што загарантира дека тој 57-годишен инженер ќе го наследи генералот Раул Кастро. За нов прв потпретседател предложен е Салвадор Валдес Меса (72), поранешен сидикален претставник кој во кубанската влада беше на повеќе значајни функции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kraj-na-erata-na-kastro-noviot-pretsedatel-e-roden-za-vreme-na-levicharskata-revolucija/feed/ 0