Мигел Дијаз Канел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 05:49:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Мигел Дијаз Канел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дијаз-Канел доби нов петгодишен претседателски мандат на Куба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dijaz-kanel-dobi-nov-petgodishen-pretsedatelski-mandat-na-kuba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dijaz-kanel-dobi-nov-petgodishen-pretsedatelski-mandat-na-kuba/#respond Thu, 20 Apr 2023 05:49:37 +0000 https://kurir.mk/?p=825692

Мигел Дијаз-Канел, 63-годишниот претседател на Куба, доби нов петгодишен мандат како прв човек на таа карипска земја, а воедно и последен. Поддршка за Дијаз-Канел, кандидатот на тамошната Комунистичка партија, изрази кубанското национално собрание, со 97,66 отсто од пратениците. Дијаз-Канел сега очекува да продолжи со тешката работа во земјата која минува низ веројатно најтешката економска криза во изминатите триесет години, со галопирачка инфлација и растечки бран на емиграција. На сето тоа влијаеше заострувањето на американското ембарго, но и пандемијата и структурната слабост на домашната економија. Незадоволството на локалното население е поттикнато од се поголемиот недостиг од храна, лекови и многу други основни животни потреби. Дијаз-Канел ги наследи Фидел и Раул Кастро на чело на Куба и со тоа, по револуцијата, стана првиот лидер на оваа карипска земја надвор од кругот на семејството Кастро. Инаку, на 20 април Дијаз-Канел го прославува својот 63-ти роденден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dijaz-kanel-dobi-nov-petgodishen-pretsedatelski-mandat-na-kuba/feed/ 0
Мигел Дијаз-Канел нов лидер на Комунистичката партија на Куба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/migel-dijaz-kanel-nov-lider-na-komunistichkata-partija-na-kuba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/migel-dijaz-kanel-nov-lider-na-komunistichkata-partija-na-kuba/#respond Tue, 20 Apr 2021 06:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=499596

Владејачката Комунистичка партија на Куба денеска го избра претседателот Мигел Дијаз-Канел за наследник на Раул Кастро за прв секретар на партијата, за време на последниот ден од конгресот на партијата. Со повлекувањето на Раул Кастро од најмоќната позиција во земјата завршува ерата на владеење на семејството Кастро, која траеше речиси 60 години. „Мигел Дијаз-Канел Бермудез е избран за прв секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Куба на осмиот Конгрес на партијата“, соопшти партијата преку Твитер на крајот од изборите. Шеесетгодишниот Дијаз-Канел го наследи Раул Кастро на претседателската функција во 2018 година и се очекуваше тој да биде номиниран за лидер на партијата. Тој го потенцираше континуитетот откако стана претседател и според аналитичарите не се очекува да ја изведе Куба од еднопартискиот социјалистички систем. – Диаз-Канел не е плод на импровизација, туку на внимателен избор на млад револуционер, кој има се што е потребно за да напредува на повисоките позиции, рече Раул Кастро во својот воведен говор на партискиот конгрес во петокот. Воената униформа на Кастро беше во контраст со цивилната облека на неговиот избран наследник. Стотици делегати се собраа на најважниот партиски состанок во Хавана, што се одржува на секои пет години, и на кој се утврдува насоката на политиката и се избира ново раководство. Раул Кастро на претходниот конгрес во 2016 година рече дека тоа ќе биде последниот конгрес со кој ќе претседава таканаречената историска генерација која се бореше во Сиера Маестра за соборување на диктаторот Фулгенсио Батиста, поддржуван од САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/migel-dijaz-kanel-nov-lider-na-komunistichkata-partija-na-kuba/feed/ 0
Куба пред криза заради санкции на САД на гориво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-pred-kriza-zaradi-sankcii-na-sad-na-gorivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-pred-kriza-zaradi-sankcii-na-sad-na-gorivo/#respond Thu, 12 Sep 2019 07:01:20 +0000 https://kurir.mk/?p=239714

Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел предупреди дека земјата се соочува со сериозна енергетска криза поради недостигот на дизел гориво. Претседателот ги обвини американските санкции за недостигот и ги предупреди Кубанците да се подготват за непосредни ефекти од недостигот на гориво. „Можни се проблеми со дистрибуцијата на производи што зависат од транспортот дизелот, јавниот транспорт и производството на енергија и ние се обидуваме да преземеме мерки за да ги избегнеме“, изјави тој за националната телевизија. Дијаз-Канел им се обрати на луѓето по неколкудневното забележително намалување на јавниот превоз, што предизвика долги редици во сообраќајот. Иако деталите за мерките не се прецизирани, претседателот и министерот за економија Алехандро Гил изјави дека ќе има голем број на забележителни рестрикции во наредните денови. Дијаз-Канел ги наведе зголемените санкции во САД како виновник за моменталната состојба, која вклучува мерки против нафтените компании што превезуваат нафта на островот, особено од Венецуела –  главниот сојузник на Куба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kuba-pred-kriza-zaradi-sankcii-na-sad-na-gorivo/feed/ 0
Претседателот на Куба се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-kuba-se-sretna-so-severnokorejskiot-lider-kim-dzong-un/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-kuba-se-sretna-so-severnokorejskiot-lider-kim-dzong-un/#respond Mon, 05 Nov 2018 15:59:40 +0000 https://kurir.mk/?p=123777

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и претседателот на Куба Мигел Дијаз Канел на денешната средба во Пјонгјанг се согласија да ги прошират и зајакнат своите стратешки односи.

Дијаз канел, кој е во Азија на својата прва меѓународна турнеја откако ја презеде функцијата во април, во Пјонгјанг стаса вчера, заедно со сопругата. На средбната со Ким тие ја нагласиле заедничката социјалистичка историја и се заложиле за продолжување на солидарноста. Севернокорејските медиуми известија за средбата без да изнесат детали, наведувајќи само дека разговорите минале во „другарска и пријателска атмосфера“. Диаз Канел утре ќе отпатува од Пјонгјанг, од каде ја продолжува турнејата во Кина, Виетнам и Лаос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-kuba-se-sretna-so-severnokorejskiot-lider-kim-dzong-un/feed/ 0
Еден кандидат за нов претседател на Куба- еве кој ќе го наследи Кастро https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-kandidat-za-nov-pretsedatel-na-kuba-eve-koj-kje-go-nasledi-kastro/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-kandidat-za-nov-pretsedatel-na-kuba-eve-koj-kje-go-nasledi-kastro/#respond Wed, 18 Apr 2018 19:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=42795

Кубанската Влада денеска го предложи 57-годишниот Мигел Дијаз-Канел за единствен кандидат за нов претседател на Куба. Дијаз-Канел, кој е актуелен прв потпретседател на Куба, на претседателската функција ќе треба го наследи Раул Кастро. Во исто време за нов кубански прв потпретседател, Владата го номинираше 72-годишниот поранешен синдикален активист Салвадор Валдес Меса. Дијаз-Канел и припаѓа на младата генерација на кубански лидери и важи за човек кој се залага за модернизација на земјата. Овој инженер по електроника, доколку биде избран, ќе биде првиот претседател на Куба роден по Кубанската револуција. Сепак, аналитичарите не очекуваат дека Дијаз-Канел ќе инсистира на големи политички промени, имајќи пред вид дека е долгогодишен истакнат функционер на владејачката Комунистичка партија на Куба. Актуелниот кубански претседател, 86-годишниот Раул Кастро, нема целосно да се повлече од политиката, бидејќи ќе остане лидер на владејачката Комунистичка партија до 2021 година, па се очекува тој и натаму да има влијание при носењето одлуки во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-kandidat-za-nov-pretsedatel-na-kuba-eve-koj-kje-go-nasledi-kastro/feed/ 0