миграција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Mar 2023 07:07:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png миграција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За 167 отсто зголемен бранот мигранти во Грција во првите два месеци од годинава споредбено со лани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-167-otsto-zgolemen-branot-migranti-vo-grtsija-vo-prvite-dva-mesetsi-od-godinava-sporedbeno-so-lani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-167-otsto-zgolemen-branot-migranti-vo-grtsija-vo-prvite-dva-mesetsi-od-godinava-sporedbeno-so-lani/#respond Tue, 28 Mar 2023 07:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=817187

Мигрантските бранови во Грција во првите два месеци од годинава се зголемиле за 167 отсто, споредбено со истиот период лани, додека пак минатиот месец, пристигнувањата се за 49 отсто намалени во споредба со јануари, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција.

Според месечниот извештај, во јануари и февруари годинава пристигнале 2.505 бегалци и мигранти, наспроти 939 во истиот период во 2022 година.

Вкупниот број на бегалци и мигранти во земјата во февруари изнесува 13.798 од 29.071 истиот месец лани и 14.766 во јануари 2023 година.

Во однос на бегалците од Украина, биле доставени 23.661 електронски барања за привремена заштита и издадени 22.279 дозволи.

Согласно официјалните податоци од надлежното Министерство, во Грција, легално престојуваат 748.709 странски државјани, од кои 30 отсто се граѓани од ЕУ, 62 проценти се од трети земји со валидна дозвола за престој, а осум отсто се лица кои имаат право на меѓународна заштита.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-167-otsto-zgolemen-branot-migranti-vo-grtsija-vo-prvite-dva-mesetsi-od-godinava-sporedbeno-so-lani/feed/ 0
Галуп: Секој четврти Бугарин сака да емигрира во друга држава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/galup-sekoj-chetvrti-bugarin-saka-da-emigrira-vo-druga-drzhava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/galup-sekoj-chetvrti-bugarin-saka-da-emigrira-vo-druga-drzhava/#respond Fri, 03 Feb 2023 10:42:39 +0000 https://kurir.mk/?p=795646

Секој четврти Бугарин би заминал да живее во друга држава доколку ги има сите потребни документи за тоа, покажува студијата на Галуп интернешнал. Само осум отсто се двоумат додека 67 отсто би останале да живеат во најсиромашната држава од Еверопската унија. Сепак, останатите се категорични - доколку имаа можност би ја напуштиле Бугарија, се наведува во резултати од анкетата. Анкетата е спроведена во 57 држави. Блиски до бугарските ставови се земји како Шпанија (27 отсто), Холандија (29 отсто), Шведска (23 отсто) и Австрија (23 отсто). Во ЕУ секој трет би сакал да живее во друга земја, доколку тоа е можно, додека 59 отсто од Европејците претпочитаат да останат во државата во која се наоѓаат сега. Објаснувањето за ставовите за Бугарија, коментираат од Галуп, делумно може да се должи на долгата децениска миграција во земји од Западна Европа и Северна Америка од 90-тите години на минатиот век.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/galup-sekoj-chetvrti-bugarin-saka-da-emigrira-vo-druga-drzhava/feed/ 0
За три децении Албанија ја напуштиле околу 1,64 милиони жители https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-tri-decenii-albanija-ja-napushtile-okolu-1-64-milioni-ziteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-tri-decenii-albanija-ja-napushtile-okolu-1-64-milioni-ziteli/#respond Thu, 19 Nov 2020 10:44:37 +0000 https://kurir.mk/?p=431669

По падот на тоталитарнот режим,за неполни три децении, околу 1,64 милиони албански граѓани или 36 отсто живеат и работат во странство, главно во Грција, Италија, Германија, САД, Канада, Велика Британија и Швајцарија. Албанија доживеа интензивен период на емиграција од 90-тите години на минатиот век, кој продолжува и денес, иако со различна стапка и не со ист интензитет. Имигрантскиот бран се објаснува со низа социо-економски фактори, но и како резултат на неефикасните владини политики за управување со масовно иселување. Според државниот Институт за статститика,ИНСТАТ, само во периодот 2011-2019 година, 13 отсто од населението се иселило, или над 360 илјади лица. Над 53 отсто од оние кои ја напуштиле земјата имаат средно или високо образование, при што повеќето се млади. Околу 60 отсто од нив како причина ја наведуваат сиромаштијата. Според Армела Џахо, од Институт за демократија и медијација и понатаму, главно младите, користат и најмала можност да ја напуштат земјата. -Од јануари до август годинава 30.000 албански граѓани,од нив 79 отсто млади, побарале азил во некоја од земјите на ЕУ, главно Германија и Франција. Ние сме при крај на третата деценија од почетокот на емиграцијата а во Албанија сеуште не е завршен овој циклус на миграциска транзиција, вели таа. Додава дека иако Албанија се вбројува во безбедни земји сепак таа е на врвот на списокот на земји по бројот на апликациите за азил на нејзини граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-tri-decenii-albanija-ja-napushtile-okolu-1-64-milioni-ziteli/feed/ 0
Европратениците се прашуваат дали новиот пакт за азил и миграција ќе донесе вистински промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-se-prashuvaat-dali-noviot-pakt-za-azil-i-migracija-kje-donese-vistinski-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-se-prashuvaat-dali-noviot-pakt-za-azil-i-migracija-kje-donese-vistinski-promeni/#respond Thu, 24 Sep 2020 13:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=407945

Новиот пакт за азил и миграција, претставен вчера од Европската комисија е недоволен за мнозинството од групите на Европскиот Парлемент. Некои повикуваат на задолжително преместување на бегалците, други на поголема цврстина при илегалните пристигнувања, јави дописникот на МИА. Комисијата за граѓански слободи во денешната прва дебата за предлозите на Комисијата со потпретседателот Маргиритис Схинас и комесарот Илва Јохансон, во која некои пратеници ја нарекоа иницијативата „чекор во вистинската насока“ за да им се помогне на земјите од првата линија, додека другите признаа дека ова може да биде единствениот пат кој може да се следи со оглед на позиција на неколку земји-членки. Сите побараа појаснување за примената на овие предлози на теренот. Многу говорници зборуваа за ситуацијата во Лезбос, по пожарот во бегалскиот камп Морија, и прашаа дали новите правила ќе спречат повторување на ваква хуманитарна катастрофа. Тие поставија прашања во врска со почитувањето на основните права во контекст на новите процедури за проверка и гранични процедури и во контекст на административното задржување на барателите на азил. Неколку европратеници жалеа што Комисијата не го укина принципот утврден во сегашната регулатива во Даблин, кој предвидува дека земјата за влез е онаа што мора да ја процесира апликацијата за азил. Околу можноста земјите кои не сакаат да бидат префрлени бегалците на нивната територија, да финансираат враќање на оние што немаат дозвола за престој, европратениците се прашуваа што ќе се случи ако повеќето земји-членки ја изберат ова опција. Тие исто така прашаа за механизмите за спроведување за да се обезбеди ефикасно спроведување на новите правила. Некои европратеници го критикуваа фактот дека соработката со трети земји не вклучува формирање центри за прием за обработка на апликации за азил надвор од европска територија и инсистираат ЕУ да биде построга со шверцерите на мигранти и бегалци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropratenicite-se-prashuvaat-dali-noviot-pakt-za-azil-i-migracija-kje-donese-vistinski-promeni/feed/ 0
Германија има рекордни 83,2 милиони граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-ima-rekordni-83-2-milioni-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-ima-rekordni-83-2-milioni-gragjani/#respond Fri, 17 Jan 2020 10:59:56 +0000 https://kurir.mk/?p=291113

Германија, заедно со миграцијата, достигна рекордни 83,2 милиони жители минатата година, но ова е најбавниот раст од 2012 година, објави денеска Канцеларијата за статистика. Германија има една од најстарите популации во светот, а минатата година се регистрирани повеќе смртни случаи отколку раѓања од 1972 година. Стареењето на населението е предизвик за јавниот пензиски систем во земјата и проблем за компаниите кои сакаат да ангажираат квалификувани работници. Нето миграцијата е проценета на 300.000 до 350.000 во 2019 година, што е намалување во однос на претходната година кога беше 400.000, соопшти Канцеларијата за статистика. Повеќе од милион луѓе кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот исток, Африка и другите делови на светот дошле во Германија откако канцеларката Ангела Меркел ги отвори границите во 2015 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-ima-rekordni-83-2-milioni-gragjani/feed/ 0
Од 20 другари, само 3 останале во Македонија – Миграцијата ги празни куќите во Гостиварско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-20-drugari-samo-3-ostanale-vo-makedonija-migracijata-gi-prazni-kukjite-vo-gostivarsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-20-drugari-samo-3-ostanale-vo-makedonija-migracijata-gi-prazni-kukjite-vo-gostivarsko/#respond Mon, 04 Nov 2019 09:01:39 +0000 https://kurir.mk/?p=259807

РАЗГОВОР ПРЕКУ ВИБЕР: Како си, како поминуваш? Добро брат, ти како поминуваш? Како е на печалба, како поминувате? Како на печалба. Работиме. Ти недостига ли родната земја? Не прашувај, многу ни недостига. Тројца другари од Чегране за да се потсетат на старите времиња кога заедно пиеле кафе, разговараат на Вибер. Јасир работи во Германија, но не ги заборава другарите од својата населба. Секој ден разговараат за старите времиња кога биле заедно. Миграцијата ги погоди и овие другари од гостиварско Чегране како и многу млади од земјава. „Ние бевме 20 другари, по 2 години разлика во години, плус или минус. Во населбата сега останаа само тројца, односно 17 се иселија. 60% од селото е испразнето, сите куќи се затворени“, вели жител на Чегране. Нусрет ги открива причините за иселувањето на младите од земјава. Вели дека 50% од младите заминуваат во потрага по работа, бидејќи овде не можат да се вработат. „Си одат бидејќи овде нема живот, немаат едно кафе да си платат, нема што да работат, не знаат што да прават и си заминуваат“, вели Рамадани. Во последно време колку мислите дека се иселиле? „50% од Чегране се иселило“, рече Рамадани. Според претседателот на месната заедница, од 3150 домови во Чегране, останати се само 1500. Селото е речиси без млади луѓе и со сите со кои разговаравме планираат да ја напуштат земјава. Жителите велат дека гостиварско Чегране некогаш броело 13 илјади жители, а сега некаде околу 7 до 8 илјади. Дали Јасир планира да се врати од Германија и да живее во Македонија? -Би се вратил, кој не сака да се врати дома. Кога би се вратил? -Не знам што да кажам, кога ќе биде подобро, не верувам дека таму ќе биде подобро. Извор: ТВ21]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-20-drugari-samo-3-ostanale-vo-makedonija-migracijata-gi-prazni-kukjite-vo-gostivarsko/feed/ 0
Драматично иселување- цели делови од Македонија напуштени и запуштени (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramatichno-iseluvanje-celi-delovi-od-makedonija-napushteni-i-zapushteni-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramatichno-iseluvanje-celi-delovi-od-makedonija-napushteni-i-zapushteni-video/#respond Mon, 17 Dec 2018 13:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=141221

Заробен во сопствениот дом..вака ја започнува својата животна приказна 74-годишниот Славчо Дичов од кочанското село Кучичино. Трагајќи по подобра егзистенција на 26 години го напуштил селото и заминал во странство. Сите спечалени пари ги вложил во куќата за да обезбеди пристоен дом за своите четири деца. Но судбината си поиграла. Неговите четири деца заминале во странство, па сега најголемата и најубавата куќа во селото е празна. По прележан мозочен удар, оставен сам на себе единствена врска со потомците му се фотографиите на ѕидот. Надежта дека куќата ќе врие од детски џагор одамна го напуштила. Никој од децата не сака да се врати во родната земја. Истата судбина на Дичов ја делат уште илјадници семејства во Источна Македонија. Селата одамна се испразнети, а истото се случува и во градовите. Виница, Пехчево, Делчево, Берово, Македонска Каменица стареат. Младите масовно заминуваат во Европа. Единствена причина за иселувањето е лошата економска состојба во која ни се наоѓа државата, тврдат граѓаните. Негативната миграција не го заобиколи ниту Штип. Последните податоци на Секторот за јавни дејности во Општина Штип покажуваат дека за неполна година од средните и основни училиште во градот се отпишани 77 ученици. Се претпоставува дека најголем дел од нив се отпишани поради иселување на фамилиите во странство. ИЗВОР: ТВ АЛФА ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dramatichno-iseluvanje-celi-delovi-od-makedonija-napushteni-i-zapushteni-video/feed/ 0
Македонија забрзано се иселува: За 10 месеци од Штип и Кочани 130 ученици се испишале поради иселување на фамилиите во странство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zabrzano-se-iseluva-za-10-meseci-od-shtip-i-kochani-130-uchenici-se-ispishale-poradi-iseluvanje-na-familiite-vo-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zabrzano-se-iseluva-za-10-meseci-od-shtip-i-kochani-130-uchenici-se-ispishale-poradi-iseluvanje-na-familiite-vo-stranstvo/#respond Thu, 13 Dec 2018 11:24:01 +0000 https://kurir.mk/?p=139666

Иселувањето стана сериозен проблем во Македонија. Изминатите денови беа пласирани фрапантни податоци дека за три месеци од почетокот на оваа учебна година од основните и средните училишта во Општина Кочани се отпишале 20 ученици, за кои родителите навеле дека причината е иселување во странство. За една година, пак, од штипските основни и средни училишта заминале во странство со своите родители вкупно 77 ученици. Податоците на Секторот за јавни дејности во Општина Штип покажуваат дека бројките се поголеми во основните училишта, од каде што биле отпишани 48 ученици, а од средните 29. Според истражувањата на терен бројката на отпишани ученици поради иселување на фамилиите во странство процентуално е приближно иста како во Кочани и Штип односно изнесува околу десетина проценти на годишно ниво. Истражувањето на Центарот за истражување и креирање политики покажа покрај тоа дека 76,7 отсто од младите кои живеат во државава размислуваат да се иселат. Клучна причина за иселувањето е лошиот квалитет на живот кој, покрај материјалните аспекти, ја опфаќа целокупната ситуација на политичка и економска несигурност во државата, квалитетот на јавните услуги во образованието, здравството, социјалната заштита, можностите за личен и кариерен развој, вклученоста во процесите на носење одлуки што ги засегаат. Овие тенденции се сосема спротивни од најавите на актуелната Влада дека ќе ги врати иселените млади лица од државава но реалноста е сосема поинаква до тој степен што во последнава година иселувањето дури и е драстично забрзано. За негативниот тренд на миграции неодамна предупреди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Ако дискутираме за иселувањето, сега никогаш не било по интензивно тоа иселување. Сега можам да ви кажам дека имаме и статистички и фактографски најмасовно иселување на младите и тоа го докажуваат сите оние автобуси кои секој ден тргнуваат од Република Македонија кон другите земји, кон побогатите земји во Европа. Проблемот со лошата социо -економска ситуација не е договорот и не е НАТО или нешто друго туку криминалната транзиција која се случуваше во Македонија, континуираното осиромашување на овој народ, немањето реална државничка политика, потенцира Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zabrzano-se-iseluva-za-10-meseci-od-shtip-i-kochani-130-uchenici-se-ispishale-poradi-iseluvanje-na-familiite-vo-stranstvo/feed/ 0
Сијарто: Унгарија ќе се повлече од договорот на ОН за миграција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-kje-se-povleche-od-dogovorot-na-on-za-migracija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-kje-se-povleche-od-dogovorot-na-on-za-migracija/#respond Wed, 18 Jul 2018 12:31:36 +0000 https://kurir.mk/?p=78239

Унгарија ќе се повлече од договорот на Обединети нации за миграција пред неговото конечно усвојување, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, додавајќи оти договорот претставува „закана по светот“. - Тој документ е целосно против безбедносните интереси на Унгарија, посочи Сијарто. Договорот треба да биде усвоен во декамври, но Сијарто наведе дека Унгарија нема да учествува на состанокот во Мароко. Тој истакна и дека за договорот треба да се гласа во Генералното собрание на ОН. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-ungarija-kje-se-povleche-od-dogovorot-na-on-za-migracija/feed/ 0
Лидерот на АфД: Решението за миграцијата на самитот на ЕУ е „глупост“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-afd-reshenieto-za-migracijata-na-samitot-na-eu-e-glupost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-afd-reshenieto-za-migracijata-na-samitot-na-eu-e-glupost/#respond Sat, 30 Jun 2018 13:25:56 +0000 https://kurir.mk/?p=71518

Лидерот на десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија (АфД) Александер Гауланд смета дека решението на самитот на ЕУ за ограничување на миграцијата е „глупост". Тој го даде овој коментар на дводневниот партиски Конгрес, кој денеска беше отворен во Аугсбург (Баварија). Според Гауланд, договорите за самитот не вредат ништо и само го одложуваат усвојувањето на вистински решенија за надминување на миграциската криза. -Меркел ќе падне, без оглед на тоа колку долго уште ќе весла со раце, изјави лидерот на Алтернатива за Германија пред 500-те делегати на Конгресот. Тој ја спореди актуелната политичка ситуација во Германија со ситуацијата во поранешната Германска Демократска Република во 1989 година. Пред почетокот на Конгресот, стотици луѓе излегоа на улиците на Аугсбург, за да протестира против Алтернатива за Германија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-afd-reshenieto-za-migracijata-na-samitot-na-eu-e-glupost/feed/ 0