мигрантка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 16:40:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мигрантка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинение против полицискиот инспектор што застрела мигрантка кај Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-politsiskiot-inspektor-shto-zastrela-migrantka-kaj-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-politsiskiot-inspektor-shto-zastrela-migrantka-kaj-gevgelija/#respond Tue, 26 Sep 2023 16:40:08 +0000 https://kurir.mk/?p=881959

По спроведена севкупна истражна постапка, предметен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Како што соопшти Јавното обвинителство, настанот се случил на 19.04.2023 година, во раните утрински часови близу Гевгелија, кај местото викано „Стара Касарна“ кога полициски службеник, распореден за опсервирање на теренот, го известил обвинетиот – раководител на смена, дека група мигранти илегално ја преминале државната граница на РСМ. Обвинетиот контактирал со полициски службеници за ГН Богородица кои требало да ги пресретнат и спречат мигрантите, по што полициските службеници се поставиле во близина на објект во изградба кај поранешната касарна Гевгелија. Откако во дворот на касарната биле забележани две возила во движење – ПМВ марка „Форд Фокус“ и ПМВ марка „Мерцедес“, обвинетиот издал наредба на двајца полициски службеници да се упатат кон главниот влез на касарната, додека тој тргнал кон групата мигранти. Кога обвинетиот се приближил на околу педесетина метри зад ПМВ марка „Форд Фокус“ го забележал сега осудениот како излегува од возилото. Во меѓувреме групата мигранти се стрчале кон ПМВ марка „Мерцедес“, а обвинетиот откако им дал звучен сигнал од неговото возило се упатил кон нив со цел да го лиши од слобода второосудениот кој веќе ги прифаќал мигрантите туркајќи ги и обидувајќи се да смести што повеќе од нив внатре во возилото. Притоа второосудениот не се одзвал на предупредувањето од обвинетиот кој извикал „Стоп Полиција“, по што обвинетиот полициски службеник уште еднаш го предупредил држејќи во раце службен пиштол, се наведува во соопштението. Иако знаел, како што се додава во соопштението, дека може да реагира и со тоа свесно да го доведе во ризик животот и телото на останатите присутни, обвинетиот му се приближил на второосудениот кој наеднаш се свртел и се втурнал во обвинетиот, замавнувајќи со десната рака кон вратот на обвинетиот, по што се нафрлил врз него обидувајќи се да му го одземе пиштолот. Обвинетиот и покрај тоа што бил свесен дека на местото на настанот има поголема група на лица – мигранти, како и тоа дека во раката држи огнено оружје полно со муниција, се впуштил во борба со второосудениот и притоа испукал еден истрел предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на насобраните лица. Испуканиот истрел, ја погодил Фатмата Камара од Сиера Леоне, која седела на задното седиште во возилото нанесувајќи и повреда во задниот дел на десното рамо, па како резултат на здобиените повреди мигрантката починала откако била пренесена во ЈЗУ Општа болница Гевгелија. За кривично правниот настан пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се водеше уште една постапка во која по признание на вина две лица се правосилно осудени на затворски казни за кривично дело „криумчарење на мигранти“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-politsiskiot-inspektor-shto-zastrela-migrantka-kaj-gevgelija/feed/ 0
Детали за застреланата мигрантка кај Гевгелија: Почина на рацете на нејзиниот сопруг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-zastrelanata-migrantka-kaj-gevgelija-pochina-na-ratsete-na-nejziniot-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-zastrelanata-migrantka-kaj-gevgelija-pochina-na-ratsete-na-nejziniot-soprug/#respond Wed, 26 Apr 2023 08:07:10 +0000 https://kurir.mk/?p=827718

Фатмата е 23-годишната мигрантка која минатата среда почина, откако двајца полицајци ги запреа возилата во кои нелегално се пренесувале мигранти. Несреќата се случи кога еден од криумчарите нападнал полицаец, по што се обидел да му го одземе пиштолот, а притоа во мешаницата бил истрелан куршум кој завршил во 23-годишната Фатмата. Организацијата „Second Tree“ објави на Инстаграм детали од несреќата која се случи кај Гевгелија. -Фатмата имаше 23 години. Беше полна со живот, секогаш подготвена да ја сподели својата сила и енергија. Танцуваше и пееше, како што опишува нејзината сестра Бринтина. Сопругот бил присутен кога ја застрелале. Таа го викаше неговото име и молеше за помош, пишува во статусот на „Second Hand“. Обвинителството претходно со детали се огласи за случајот во кој трагично настрада мигрантката. -Полициските службеници од ПС за ГП и ГН „Богородица” вчера, во раните утрински часови, при вршење на работи од нивна надлежност, на паркинг просторот на метото „Стара касарна” во Гевгелија ги затекнале осомничените во вршење на наведеното кривично дело. Имено, второосомничениот во улога на чистач со патничко возило марка „Форд Фокус” што го управувал, на илегалните мигранти кои чекале во близина им дал звучен сигнал за да излезат. Првоосомничениот пак, во патничко возило марка „Мерцедес” со бугарски регистерски ознаки, кои ознаки минатиот месец биле пријавени за украдени од подрачјето на Гевгелија, ги прифатил со намера да ги превезе и започнал да ги сместува во задниот дел од возилото. Додека траело сместувањето на мигрантите, со цел да бидат обезбедени затекнатите лица, полициски службеник презел дејствие и ги предупредил со „Стој полиција”. Додека преземал дејствија за лишување од слобода на првоосомничениот, осомничениот физички го нападнал полицискиот службеник и во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка која веќе била сместена на задното седиште во возилото, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-zastrelanata-migrantka-kaj-gevgelija-pochina-na-ratsete-na-nejziniot-soprug/feed/ 0
Што се случило пред смртта на мигрантката? Обвинителството објави детали, две лица во притвор! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shto-se-sluchilo-pred-smrtta-na-migrantkata-obvinitelstvoto-objavi-detali-dve-litsa-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shto-se-sluchilo-pred-smrtta-na-migrantkata-obvinitelstvoto-objavi-detali-dve-litsa-vo-pritvor/#respond Thu, 20 Apr 2023 09:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=825833

Постапувајќи по кривичната пријава доставена од Министерството за внатрешни работи, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, поднесе предлог за определување на мерката притвор против лица. Лицата се осомничени дека во текот на вчерашниот ден сториле кривично дело Криумчарење на мигранти од член 418 – б став 2 во врска со член 22 од КЗ. Полициските службеници од ПС за ГП и ГН “Богородица” вчера, во раните утрински часови, при вршење на работи од нивна надлежност, на паркинг просторот на м.в. “Стара касарна” во Гевгелија ги затекнале осомничените во вршење на наведеното кривично дело. Имено, второосомничениот во улога на чистач, со ПМВ марка “Ford Focus” што го управувал, на илегалните мигранти кои чекале во близина им дал звучен сигнал за да излезат. Првоосомничениот пак, во ПМВ марка “Mercedes” со бугарски регистерски ознаки, кои ознаки минатиот месец биле пријавени за украдени од подрачјето на Гевгелија, ги прифатил со намера да ги превезе и започнал да ги сместува во задниот дел од возилото. Додека траело сместувањето на мигрантите, со цел да бидат обезбедени затекнатите лица, полициски службеник презел дејствие и ги предупредил со “Стој полиција”. Додека преземал дејствија за лишување од слобода на првоосомничениот, осомничениот физички го нападнал полицискиот службеник и во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка која веќе била сместена на задното седиште во возилото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на двајцата осомничени кои се гонат по скратена постапка им определи мерка притвор. Воедно, надлежен обвинител од Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел да се испита одговорноста на полицискиот службеник формира предмет и донесе Наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол, како и на други траги врз основа на кои ќе се утврди кој го испукал куршумот со кој е предизвикана смртта кај мигрантката.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shto-se-sluchilo-pred-smrtta-na-migrantkata-obvinitelstvoto-objavi-detali-dve-litsa-vo-pritvor/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА: Пронајдена почината мигрантка кај Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pronajdena-pochinata-migrantka-kaj-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pronajdena-pochinata-migrantka-kaj-gevgelija/#respond Mon, 12 Sep 2022 14:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=731717

На местото „Змиите“ во атар на гевгелиското село Петрово вчера била пронајдена почината мигрантка. Според соопштението од СВР Струмица, настанот бил пријавен вчера во 9 часот во Полициската станица во Гевгелија, а лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија ја констатирал смртта кај мигрантката. Бил извршен увид на местото од полицијата, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pronajdena-pochinata-migrantka-kaj-gevgelija/feed/ 0
Мигрантка родила бебе и продолжила да пешачи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/migrantka-rodila-bebe-i-prodolzila-da-peshachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/migrantka-rodila-bebe-i-prodolzila-da-peshachi/#respond Thu, 14 May 2020 21:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=346034

Индијка која со своето семејство патувала низ својата земја без превозно средство, родила бебе и веднаш продолжила да пешачи уште 160 километри. Жената, чие име не се знае, како што пренесува Си-Ен-Ен, со својот сопруг, нивните досегашни четири деца, а сега и со нејзиното женско новороденче, патувале пешки од градот Нашик во индиската сојузна држава Махараштра до Сатна, Мадја Прадеш. Пред извесно време, а неколку дена по раѓањето, тие биле запрени од Кавита Канеш, патролна полицајка од Мадја Прадеш. – Родилката одморила само 1,5 – 2 часа по раѓањето, и веднаш продолжила да пешачи. Семејството немало пари, немале со што да патуваат и никој не им понудил превоз, изјави Канеш. Според неа, бебето се родило на 5 мај. Според нивното кажување, семејството поради корона-кризата, веќе не можело да заработува за живот, па морало да го напушти својот дом во Нашик. Индија досега има над 78.000 лица заболени од коронавирус, од кои 2.551 се починати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/migrantka-rodila-bebe-i-prodolzila-da-peshachi/feed/ 0
Нов случај на Ковид-19 кај мигрантка во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-sluchaj-na-kovid-19-kaj-migrantka-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-sluchaj-na-kovid-19-kaj-migrantka-vo-grcija/#respond Mon, 20 Apr 2020 10:26:23 +0000 https://kurir.mk/?p=334553

Позитивна на Ковид-19 е бремена бегалка од Сомалија сместена во хотел за бегалци и мигранти во надлежност на Меѓународната организација за миграција, а се наоѓа на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштија дека 28-годишната жена, која што е во шестиот месец од бременоста, вчера, од други причини, неповрзани со коронавирусот, побарала лекарска помош во една грчка болница, каде што меѓу другото, иако немала симптоми и бил направен тест за Ковид-19, а резултатот бил позитивен. Жената е во домашна изолација, а претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција денеска ги проверуваат сместените во хотелот, како и вработените. Конкретниот хотел, во кој престојуваат 470 баратели на азил, повеќето од нив од Супсахарска Африка, од четвртокот вечерта, превентивно е во карантин откако бил потврден позитивен случај на коронавирус кај вработена, иако таа претходните 12 дена не доаѓала на работа. Паралелно, од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека во саботата на пат кон болницата починала 39-годишна жена од Судан, која била негативна на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-sluchaj-na-kovid-19-kaj-migrantka-vo-grcija/feed/ 0
Уапсена јорданката Фатима која зарази неколку лица со ХИВ во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsena-jordankata-fatima-koja-zarazi-nekolku-lica-so-hiv-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsena-jordankata-fatima-koja-zarazi-nekolku-lica-so-hiv-vo-srbija/#respond Thu, 28 Jun 2018 11:48:39 +0000 https://kurir.mk/?p=70734

Триесетиосумгодишна мигрантка од Јордан беше уапсена денеска во Белград под сомнение дека заразила со ХИВ неколку лица, пишува весникот „Блиц“. Полицајци ја нашла Фатима на улица во Белград и кога се обиделе да и  напишат казна за проституција, таа немала пари за да плати и била приведена. Фатима била барана од полицијата откако било откриено дека во последните десетина дена нудела сексуални услуги за пари во Белград. Се верува дека мигрантката е заразена со ХИВ, а во последниве денови изложила на опасност неколку лица. Претходно, Блиц пишуваше дека Фатима шири ХИВ вирус цела година во Србија. Пред една година, Фатима се обидела да ја премине границата со Унгарија во близина на Суботица, но била фатена. Потоа таа била испратена во бегалски центар, од каде што избегала на 22 јуни. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsena-jordankata-fatima-koja-zarazi-nekolku-lica-so-hiv-vo-srbija/feed/ 0