мигрантски камп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jan 2021 10:24:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png мигрантски камп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку двајца полицајци и еден вработен се повредени во синоќешниот инцидент во мигрантскиот камп во близина на Сараево https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-dvajca-policajci-i-eden-vraboten-se-povredeni-vo-sinokjeshniot-incident-vo-migrantskiot-kamp-vo-blizina-na-saraevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-dvajca-policajci-i-eden-vraboten-se-povredeni-vo-sinokjeshniot-incident-vo-migrantskiot-kamp-vo-blizina-na-saraevo/#respond Thu, 21 Jan 2021 10:24:00 +0000 https://kurir.mk/?p=457937

Припадници на специјалните полициски единици интервенираа ноќеска за да ги смират инцидентите што избувнаа во еден од центрите за прием на илегални мигранти во околината на Сараево, при што некои беа повредени, потврди портпаролот на сараевската полиција, Мирза Хаџиабдиќ. Тој рече дека најмалку двајца полицајци и еден вработен во Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која управува со прифатниот центар, се повредени во судирите предизвикани од мигранти во кампот близу Блажуј. Како што пренесуваат локалните медиуми, мигрантите оштетиле и неколку полициски возила, а има и превртени автомобили со искршени стакла. Полицијата потврди дека неколку мигранти биле приведени за насилно однесување. Конфликтот избил кога вработените во ИОМ се обиделе да пренесат еден од мигрантите од кампот во Блажуј во друг камп. Мигрантот претходно ги охрабрувал инцидентите. – Станува збор за мигрант, кој всушност е водач на една од групите во овој камп. Мигрантите се обидоа насилно да го ослободат, по што дојде до конфликт, изјави портпаролот на полицијата. Постојат два кампа со илегални мигранти во околината на Сараево, а нивниот капацитет е нешто повеќе од две и пол илјади легла. Најголем број мигранти живеат во Унско-санската жупанија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najmalku-dvajca-policajci-i-eden-vraboten-se-povredeni-vo-sinokjeshniot-incident-vo-migrantskiot-kamp-vo-blizina-na-saraevo/feed/ 0
„Има преписка со Светска банка и владини документи покажуваат дека владата планира градба на мигрантски камп“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-prepiska-so-svetska-banka-i-vladini-dokumenti-pokazuvaat-deka-vladata-planira-gradba-na-migrantski-kamp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-prepiska-so-svetska-banka-i-vladini-dokumenti-pokazuvaat-deka-vladata-planira-gradba-na-migrantski-kamp/#respond Thu, 12 Jul 2018 20:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=76217

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување на телевизија Сонце во емисијата ,,Јади Бурек’’ истакна дека постои огромна какафонија во изјавите на владини претставници околу изградбата на мигрантски кампови во Македонија. Мицкоски забележа дека во јавноста постојат документи кој ја потврдуваат намерата на Владата на СДСМ за изградба на прифатни центри за странци, односно мигрантски кампови. -Гледаме какафонија во соопштувањето на информациите на владата има па нема. Излегува премиерот има. Министерката за труд и социјала вели нема да има. Па излегува директорот на БЈБ ќе има ама тоа е поради ова. Фактот е едно. Фатени се во лага. Македонија односно прифатилиштето за странци, таканаречен мини мигрантски камп кој што ќе се гради, мислам дека беше во Бардовци, Визбегово, потенцираше Мицкоски и додаде: „Ние имаме една сериозна преписка која што е помеѓу Светска Банка и канцеларијата на ЕУ овде во Македонија, каде што јасно и гласно е посочена парцелата која што ја гледавме на медиумите каде што имаме одговор дека се чека одобрение за градба и веднаш да почне изградбата на тој инфраструктурен објект. И намената тој инфраструктурен објект. На крајот од денот ја гледавме и урбанистичката документација која точно се однесува на прифатилиште за странци“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ima-prepiska-so-svetska-banka-i-vladini-dokumenti-pokazuvaat-deka-vladata-planira-gradba-na-migrantski-kamp/feed/ 0
Директорот на БЈБ потврди: Ќе се гради мигрантски камп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-bjb-potvrdi-kje-se-gradi-migrantski-kamp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-bjb-potvrdi-kje-se-gradi-migrantski-kamp/#respond Sat, 07 Jul 2018 10:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=74084

МВР призна дека ќе се гради центар за странци бидејќи е потребно да се подобрат капацитетите на веќе постоечкиот. Ова е прва институција која јавно одговори дека документите за изградба на ваков центар во Бардовци се точни. Директорот на БЈБ вели има нова локација но тој не располага со елаборатот. Велковски тврди дека нема опасност од враќање на мигранти во земјава од државите на ЕУ. -Министерството за внатрешни работи преку ИПА фондовите доби гранд кои ќе ги употреби во изградба на еден ист ваков објект, со иста намена, и од таа причина не гледам зошто се шпекулира во јавноста дека станува збор за некој центар со голем обем, само локацијата е сменета. Се останува исто, наместо во Гази Баба, во Бардовци, вели Лазо Велковски директорот на БЈБ. Во Стратешкиот план на МВР за 2018-2020 пишува дека парите за овој центар ќе бидат обезбедени  од странски донации. На локацијата која е наведена во годишната стратегија за урбанизам на  Владата, објавена во службен весник,  за што вчера премиерот тврдеше дека е лага и вели дека никој не побарал ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија. Се работи за површина од околу 7 хектари на која има запуштени  воени магацини и ниви. Местото е веќе оградено и според стратешките планови би требало да се изгради до крајот на следната година. Инаку во Центар за странци  до сега  беа сместувани дел од мигрантите. Во најголем број на почетокот од бегалската криза. Во меѓувреме, на состанокот во Виена претседателот на ЕК Жан Клод Јункер најави  дека извршното тело во септември ќе претстави предлог за заштита на надворешните граници на Унијата. Австрискиот канцелар Курц и неговиот заменик пак порачаа дека Австрија нема да ги прифати вратените бегалци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-bjb-potvrdi-kje-se-gradi-migrantski-kamp/feed/ 0