Михаил Аларов. – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Jan 2023 13:29:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Михаил Аларов. – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вардар ќе ги има Јагуриновски и Аларов во битката за титулата! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vardar-ke-gi-ima-jagurinovski-i-alarov-vo-bitkata-za-titulata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vardar-ke-gi-ima-jagurinovski-i-alarov-vo-bitkata-za-titulata/#respond Thu, 12 Jan 2023 13:29:49 +0000 https://kurir.mk/?p=786497

Репрезентативецот на Македонија, Томислав Јагуриновски и повремениот член на репрезентацијата Михаил Аларов во пролетниот дел од сезоната ќе играат за Вардар. Управата на Вардар се договори со скопскиот суперлигаш Пролет каде досега играа двајцата ракометари да се преселат во СЦ „Јане Сандански“ и да му помогнат на тимот во одбрана на двојната титула. Двајцата ракометари требаше да дојдат во Вардар од јуни, и да останат две сезони. Сега порано ќе го облечат шампионскиот дрес на „црвено-црните“ и ќе имаат шанса побрзо да се вклопат во играта на Вардар. Михаил Аларов веќе тренира со тимот, а Јагуриновски се очекува да се приклучи по завршувањето на настапот на СП во Полска каде тој е со репрезентацијата на Македонија. Јагуриновски по две сезони повторно ќе биде дел од Вардар, и тој е дете кое потенува од школата на клубот. По една полусезона мината на Исланд се врати во Македонија, а од следната сезона пак ќе биде дел од Вардар. Игра на позиција на десен бек, а по потреба може и да игра како десно крило. Леворакиот играч веќе е стандарден дел од репрезентацијата на Македонија и со своите игри покажува дека е зрел играч. Михаил Аларов важи за еден од перспективните пивотмени во првенството. Неколку сезони игра стандардно и заслужува да биде дел од најдобрите. Се наоѓа на поширокиот список за репрезентацијата на Македонија и сериозно се наметнува за во иднина. Тој ќе биде колега на Милан Лазаревски, Стефан Атанасовски и Стојанче Стоилов со што сигурно Вардар ќе ја има најквалитетните пивотменска позиција во првенството.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vardar-ke-gi-ima-jagurinovski-i-alarov-vo-bitkata-za-titulata/feed/ 0
Вардар обезбеди домашни засилувања за следната сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-obezbedi-domashni-zasiluvanja-za-slednata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-obezbedi-domashni-zasiluvanja-za-slednata-sezona/#respond Tue, 15 Nov 2022 06:12:40 +0000 https://kurir.mk/?p=760638

Актуелниот македонски шампион и поранешен двоен европски шампион, екипата на Вардар, без разлика што сезоната се уште е во првата фаза веќе обезбеди две засилувања за следното лето и тоа од домашното првенство. Станува збор за Томислав Јагуриновски, кој се враќа во добро позната средина со оглед што беше дел од црвено-црните во сезоната 2020/21, по што изнесен период мина на Исланд па се пресели во дресот на скопски Пролет. Од оваа екипа е и второто ново засилување за вардарци почнувајќи од идната сезона и тоа Михаил Аларов. „Со ова го зголемуваме бројот на македонски репрезентативци, а плановите на клубот околу засилувањата не застануваат тука. Двајцата ракометари и покрај другите клубови решија да му се приклучат на Вардар, кој е препознатлив спортски бренд во светот, свесни за големината на најдобриот македонски клуб“, велат од таборот на Вардар.
 
https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/vardar-obezbedi-domashni-zasiluvanja-za-slednata-sezona/feed/ 0